Испечати | Затвори го прозорот

Footballidentity.com

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Електронски игри
Опис на форумот: За PC, Play station, Xbox, Gamecube...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23054
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 08:33
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Footballidentity.com
Постирано од: Danielmc
Наслов: Footballidentity.com
Датум на внесување: 18.Август.2010 во 19:04
ФИДА/FID
www.foodballidentity.com
Fid e онлајн фудбал во кој можете да одберете една од трите професии:
1- Фудбалер
2- Менаџер
3- Новинар

Која е целта на фудбалерот?
Најнормално да игра фудбал, но има и повеќе. Обврска на фудбалерот е да биде редовен со индивидуалните тренинзи и тимскиот тренинг кој се одработува еднаш неделно. Да биде присутен на утакмици 2 пати неделно и да ги слуша наредбите на менаџерот.

Која е целта на менаџерот?
Исто како и секој менаџер негова работа е да креира сопствен или да превземе постоечки тим(во МКД по можност да креира нов), откако ќе го креира својот тим, ќе му даде име, изглед на дресови и сл. Менаџерот бара слободни играчи или играчи кои сакаат да преминат во неговиот тим, откако ќе собере над 14 играчи неговиот тим има право да се натпреварува во лигата. останатиот дел од работата на менаџерот е да ја одбере најдобрата постава, да го изгради тимот со играчи и да креира тактика за неговиот тим да игра подобро.

Која е целта на новинарот?
Новинарот има најмалку работа, но неговите текстови се најпровокативното нешто во секоја лига. Новинарот има свој весник во кој пишува текстови за лигата, пренесува резултати од други утакмици, интервјуа со играчи, регрутира нови играчи и ја популаризира играта.

Каков е гејмплејот?
Начинот на играње ФИДА е уникатен, односно се работи за прва онлајн игра од ваков тип и засега има регрутирано над 1500 членови кои активно играат.

http://i914.photobucket.com/albums/ac342/Nikola_adriano/Untitled-3.png?t=1282004138

Ова е теренот со 22 играчи, секој контролиран од посебен човек. Доколку имате профил на фудбалер и се наоѓате во стартниот состав вие контролирате еден од тие, основното мени со кое го ракувате играчот е едноставно. Секој потег на играчот и негово позиционирање е ваша работа, вие одредувате каде ќе стои вашиот играч и во принцип треба да ги следите инструкциите на менаџерот(на сликата одбраната на Харелбеке стои во линија). Кога ја допирате топката се отвара мени во кое можете да му дадете наредба на играчот што треба да прави со неа(краток пас, долг пас, дриблинг, шут итн.). Оценките на играчот за секоја акција директно влијаат на неговата игра, ако играчот има високи оценки за шут и прецизност тогаш лесно ќе може да шутира кон голот и да погоди, но ако има слаби оценки тогаш може и да го промаши целиот гол.
Играчот секојдневно има право по еднаш да надгради една од своите оценки, а еднаш неделно на тимскиот тренинг да покачи три.

Моментално во Македонија постои само првата Македонска лига со формирани 5 клубови и околу 100 играчи. Во секоја држава во светот постои креирана лига и во зависност од популарноста на играта може да има многу или малку играчи. Најстара лига е Шведската, таму активни се две лиги со по 12 тима во секоја, а во Индонезија има 4 лиги по 12 тимови.
Најмоќните клубови од секоја држава играат УФЦЛ куп, нешто налик на ЛШ, во која сите прваци на активните земји си ги одмеруваат силите.



Коментари:
Постирано од: Danielmc
Датум на внесување: 20.Август.2010 во 19:01
Има некој тука? :D



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk