Испечати | Затвори го прозорот

Кирил Пејчиновиќ

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23030
Датум на принтање: 16.Ноември.2024 во 20:31
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Кирил Пејчиновиќ
Постирано од: Vercingetorix
Наслов: Кирил Пејчиновиќ
Датум на внесување: 15.Август.2010 во 00:43
Роден е во село Теарце, Тетовско, а учел црковно училиште во манастирот Св. Пречиста Кичевска и Хиландар на Света Гора. Целото семејство било верски настроено, па татко му и чичко му го продале имотот во Теарце и заедно со Кирил отишле во Хиландар каде се закалуѓериле. Тие останале таму, а Кирил се вратил и работел во Марковиот манастир, близу Скопје. Тука го обновил оштетениот манастир и собирал стари текстови со што ја збогатил манастирската библиотека. Во Марковиот манастир Пејчиновиќ живеел дваесетина години. Отворил манастирско училиште и се истакнал како активен проповедник и просветител на населението. Тука ја напишал својата прва книга „Огледало“, печатена во Будим 1816 година.
1818 година дошол во родниот крај, во селото Лешок и го обновил манастирот Св. Атанасија. Во манастирските конаци отворил училиште, каде поучувал и млади и стари. И тука ја збогатил и уредил библиотеката. Во слободните часови пишувал. Освен „Огледало“, тој ги напишал и делата: „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“, како и „Епитафот“ кој е врежан на неговата надгробна плоча. Починал 1845 година и е погребан во дворот на Лешочкиот манастир (Св. Атанасија).
„Огледало“ е требник, прирачна книга за свештениците која ја користеле при вршењето на црковните обреди. Содржи неколку молитви и прозни текстови за различни обреди и една голома проповед - „Слово за празниците“. Молитвите и црковните текстови се напишани на црковнословенски јазик, а „Словото“ на народен јазик - тетовски говор.
„Утешение грешним“ - содржински е продолжение на „Огледало“. Немал средства да ја отпечати, но на крај своите заштедени пари ги дал за обнова на печатницата на Теодосиј Синаитски во Солун, каде 1840 година е отпечатена книгата , а Синаитски напишал пригоден „Предговор“.
„Житие кнеза Лазара“ е книшка за животот на кнезот Лазар, кој го сметал за оснивач на Лешочкиот манастир.
„Епитаф“ - е последно негово дело, но и прв обид да се изрази во стихови. „Епитафот“ нема уметничка вредност, но тоа е првата песничка напишана на македонски народен јазик.

Слово за празниците
(од „Огледало“)

„Слово за празниците“ е оригинален текст на Кирил Пејчиновиќ напишан на народен јазик, тетовски говор.
Темата е празнувањето на христијанските празници, а идејата - како да се поправат грешките при празнувањето.
За разлика од традиционалните црковни проповеди каде примерите се земени од светите книги, Пејчиновиќ примерите ги земал од секојдневниот живот на селаните. Освен тоа, во текстот има и дијалози во кои зборуваат селаните што за првпат се сретнува во нашата литература и тоа во книга наменета за црковна богослужба. Затоа овој текст дава слика за положбата и начинот на живот на нашиот народ во почетокот на XIX век.
На почетокот од текстот авторот ги потсетува луѓето на нивните христијански должности и дава совети како да се празнуваат празниците: Водици, Прочка и Велигден. Всушност тој ги истакнува негативните појави: суеверието (носењето на амајлии) и к*рбанот (принесување на жртви), кои се спротивни на христијанските обичаи.
Понатаму, го критикува непочитувањето на постот, прекумерното пијанчење, невоздржаноста и примитивноста на селаните. Но, не се задржува само на нив, туку ја критикува и примитивноста и неукоста на поповите кои наместо да бидат духовни водачи на народот, тие станале негови ограбувачи.
Целта на Пејчиновиќ не била да им се потсмева, туку да ги насочи на вистинскиот пат и селаните и поповите: „...да живуемо како браќа, еден за другаго да се молимо, еден другаго да жалимо, еден другому да помажемо, еден другому тежина да носимо...“   
                                      
во 1835, Пејчиновиќ за себе составил надгробен натпис (епитаф) во облик на стихотворба. Ова е најраниот познат авторски пример на пишување стихови на народен говор во развитокот на македонскиот јазик. Епитафот гласи:

Овде лежи
Кирилово
У манастир
и у Лешок село
да Бог да
за доброе дело

-------------
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов

Коментари:
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 15.Август.2010 во 06:11
Originally posted by Vercingetorix Vercingetorix напиша:

во 1835, Пејчиновиќ за себе составил надгробен натпис (епитаф) во облик на стихотворба. Ова е најраниот познат авторски пример на пишување стихови на народен говор во развитокот на македонскиот јазик. Епитафот гласи:

Овде лежи
Кирилово
У манастир
и у Лешок село
да Бог да
за доброе дело

Цитатот ти не е точен и затоа прилича на бесмислица. Ете го целиот надгробен натпис:

Овде лежи
Кирилово
тело
У манастир
и у Лешок
село
Да бог за
доброе
дело

http://www.promacedonia.org/bugarash/prerodbenici/pejchinovich/pejchinovich.html - Кирил Пејчиновиќ

-------------
Мунгос - цензорот на Мисирков

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 18:27
Во познатиот „Епитаф“ што Кирил Пејчиновиќ сам го издлабил на мермерна плоча на десетина години пред неговата смрт, стихот „Зере у гроб црвите ги гостил“ бил пречка овој македонски преродбеник, просветител, писател и народен пеец, да не биде прогласен за светител. Монах Теодосиј, старешина на Лешочкиот манастир, каде што Кирил Пејчиновиќ бил 20 години игумен, ни потврди дека Македонската православна црква повела иницијатива за графолошко испитување токму на овој стих, бидејќи постојат оправдани сомневања е подметнат и дека не бил издлабен од рацете на Кирил Пејчиновиќ. Ако тоа научниците го докажат, а графолошките испитувања да ја потврдат спорноста во авторството, тогаш сосема е отворен процесот за поведување иницијатива за прогласување светец.

Во проучувањето на животот и делото на Кирил Пејчиновиќ на времето најмногу работел покојниот академик Харалампие Поленаковиќ. Тој уште пред седумдесетина години, на еден научен собир ќе рече дека „спорниот дел од Епитафот бил подметнат од неговиот соработник и соселанец од родното Теарце, јермонахот Арсениј“, чие родено име му е Аризан од родот Маркови од Теарце. Според Поленаковиќ кај текстови на Арсениј на две места се наоѓаат слични содржини „Сех октоих мое Арсенија, кои не го прочита да рече Бог да би го простил зере у гроб црвите и гостил“. Слична содржина има и на надгробната плоча на игуменот Самоил од Варвара. Поленаковиќ уште и со тврдење дека „оваа надгробна плоча се наоѓа покрај олтарот на црквата „Св. Богородица“.

Илија Петрушевски и Бранислав Светозаревиќ во заедничкиот труд „Лешочкиот манастирски комплекс“, дошле до сознание дека „јеромонахот Арсениј бил мошне писмен и талентиран човек за тоа време. Цело време во Лешочкиот манастир бил во сенка на веќе славниот игумен Кирил Пејчиновиќ“. Борис Момироски – Лешанин, професор во пензија, наоѓа дека „Арсениј веројатно бил љубоморен што не ја поседувал божјата дарба, моќта за исцелителство што ја имал Кирил. Лешочкиот манастир го напуштил раководен од демони, бесен на Кирил што не го назначил за старешина и игумен на манастирот, а тоа со сигурност го очекувал. Наместо Арсениј, Пејчиновиќ за наследник го именувал својот најдобар ученик Серафим од Варвара (во монаштвото познат како Силвестер)“. Арсениј во Лешочкиот манастир се враќа по смртта на Кирила во 1845 година, кога за игумен веќе бил Силвестер и останал се до 1865 година. Борис Момироски зборува за несогласувања, нетрпеливост, завидливост а „можеби и болниот ум на Арсениј кон Кирила, што е причина за поттурање на споменатиот стих“. Стои и фактот до кој дошле истражувачите дека Арсениј, или како самиот се нарекол „Будалетина теаречка“ имал склоности кон цртање и благодарејќи на тоа најдени се портрети на Кирил, негови автопортрети. Арсениј и пишувал. Неговото оригинално сочувано дело е „Седмогрехник“, што го напишал по барање на извесен Мирослав од Тетово, во кое има и седум цртежи.

За игуменот Кирил Пејчиновиќ наоѓаме дека починал 25 (12) март 1845 година. Погребан бил во тогашните манастирски гробишта во Лешок. Околу 1900 година моштите на Кирил биле пренесени до конакот што го изградил игуменот Езекил, кој бил убиен од бугарските врховисти во 1898 година. На двајцата игуменим гробовите им биле еден до друг. На 4 април 1967 година Кириловите мошти повторно биле пренесени, источно од црквата „Св. Атанасиј“, каде што и денес се наоѓаат. Монахот Теодосиј, како сегашен старешина на Лешочкиот манастир, вели дека поради настаните од 2001 година, четири години подоцна биле отворени моштите. Според него, коските биле сместени во ковчеже. „Не беа распаднати ниту коските ниту глуждовите. Така било одредено од Бога, зашто Кирил верувал во Господ, во црковното, библиското, евангелистичкото учење“. Истражувачите Петрушевски и Светозаревиќ дошле до сознание дека „Кирил бил со среден раст, средно нахранет, со црвен тен на лицето, со големи веѓи, долга брада, мирен, искрен, решителен, работлив, незавидлив, лесно подвижен, комуникативен, секогаш спремен да им помогне на сиромасите, а во неговите творби, силно зрачи човекољубие“.

Борис Момироски, пак, со сознание дека „Кирил бил познат по исцелувачката моќ. Исцелувал мажи, жени, деца (христијански, турски и каурски) од разни болести и хендикепи. Многу луѓе кренал од постела. Особено се прочул и се прославил со исцелувањето на Милена од тешка депресија. Таа била Србинка од Гњилане, жена на Реџеп-паша, мајка на Абдурахман-паша. Неа не успеале да ја излекуваат пашините лекари и лекарите од Скопје“.

Според Момироски, Теодосие Синаитски, Кирил го нарекува „блажен“. „Блажен ест од љубочитатели христијани и твој человек преподобниј јеромонах Кирил что обретајетсја у манастир светого Анастасија“. Во „Предусловие“, единственото дело на Синаитски, за „Утешение на грешните“ на Кирил Пејчиновиќ вели дека „имал особен култ кон божјата мајка Света Богородица, како учителка и застапница за грешните“. Синаитски за „Утешение на грешните“ уште и со „и кога ќе читате во таја книжица, да хвалите и благодарите на Бога, оти е дал таков учител за време наше“.

Најпосле, треба да се подвлече и наводот на лингвистот Благоја Корубин, кој на научен собир пред повеќе од 30 години, навраќајќи токму на спорниот стих, истакнал „За Кирила, кој тврдо верувал во трајноста и бвесмртноста на човековото свето дело, а преку тоа и на самиот човек, крајот на работите не можел да биде таков – се да заврши со нахранување на црвите. Не би дозволил да изведе такво самопотсмевање и самопонижување со таков завршеток на својот надгробен споменик“.

Истражувачите и научниците веројатно имаат и други докази за спорноста на стихот „Зере у гроб црвите ги гостил“. Науката и графолозите ќе изведат и други сознанија. Едно од нив е „очигледното графирање на кратката заменска форма „ги“ како отпосле втисната, надредено на маргината“ како што наведува Борис Момироски.

Епитаф

Теарце му негово рождение

Пречиста и Хилендар пострижение

Лешок му е негоо воспитание

Под плочава негоо почивание

От негово свое отшествие

До Христово второ пришествие

Молит вас браќа негои љубимија

Хотјаштија прочитати сија

Да речете Бог да би го простил

Зере у гроб црвите ги гостил

Овде лежи Кирилово тело

У манастир и у Лешок село

Да Бог за доброе дело

(Кирил Пејчиновиќ го напишал својот епитаф во 1835 година)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=063FC5252FD60C4A8C7BAA4FEE741163

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 18:32
Само да се знае дека си го нарекува јазикот болгарски.

Kako i site de, ama neka si se snae

-------------

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 18:43
Samo da se znae,kako i za site,ne mislel na vas?Sopi nikoj ne sakal da se pravi.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 18:59
Да де, знаеме дека Македонците од времето на суштинската преродба се имале за баш Бугари, а останатите Бугари ги имале за шопе, демек нешто пониско од нив.

Зошто треба да мисли на нас? Тогаш сите сме биле Бугари.

-------------

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 19:05
Stvarno??? A jas pak si mislev deka toj predel od kade sto e ovoj bil srpski???Taka ti zboruvase za Pulevski,ili sum greska?

Da te prasam sto se mijacite???

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 21:28
Пулевски не го мешај со пределите.

Лугето од пределите не се едуцирале по историја како Пулевски. Прости биле - Бугари. Шо да прајш?

-------------

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 21:49
Како бре така???Па ако се од едно село од 10 куќи ќе да не се поделени по една третина на срби,бугари и власи,а тој едниот албанец,онака за да е балкански.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 22:45
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Зошто треба да мисли на нас? Тогаш сите сме биле Бугари.

Да извиниш, во Бугарија не се мислеле сите за Буагри, тоа и Априлов а и св. Отец Паисиј го признаваат. Голем дел си имале грчко национално самосознание, за што говори и односот на бугарското население кон Грчката Црква.

-------------

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 22:59
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Зошто треба да мисли на нас? Тогаш сите сме биле Бугари.

Да извиниш, во Бугарија не се мислеле сите за Буагри, тоа и Априлов а и св. Отец Паисиј го признаваат. Голем дел си имале грчко национално самосознание, за што говори и односот на бугарското население кон Грчката Црква.

Извинението е прифатено, но едно е да се представуваш како Грк, а истовремено да имаш мајчин јазик, различен од грчкиот и самиот многу добро да знаеш дека се представуваш за некаков, каков што не си во својата суштина.
Точно тоа ти го обајснува Паисиј, ама ти не сакаш да го прочиташ.

Тоа се вика гркоманија, грчеење.

Едно е да си гркоман, а сосема друго е да си грк.

Правиш ли разлика???

-------------

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 23:10

Фамилијата на Априлов е пример за грчка фамилија. Мајката не ја знаеме, таткото го воспитал детето во грчки дух, синовите ги оженил за Гркињи, па и Априлов.
Самото тоа што синовите ги оженил за Гркињи, значи дека тие знаеле грчки и се разбирале со жените, па дури Априлов, по смртта на таткото, го чуваат брат му и снаа му.

Јасно е дека си биле Грци, кои вие, во обид да си ги зачувате историските толкувања, ги прогласувате за гркомани.

-------------

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 23:13
Едно е да си етнички македонец а друго е да си политички бугарин.
Правиш разлика

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 23:17
Originally posted by Македон Македон напиша:

Јасно е дека си биле Грци, кои вие, во обид да си ги зачувате историските толкувања, ги прогласувате за гркомани.

Чекај бе Македоне. Буги и Платеник тврдат дека Русите не креирале, ти пак сега ми тврдиш дека Грците се бугарееле....

Што ли нема да прочита човек.

Бугарите ли се представувале како Грци или Грците како Бугари.

Последно?

-------------

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 23:19
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Јасно е дека си биле Грци, кои вие, во обид да си ги зачувате историските толкувања, ги прогласувате за гркомани.

Чекај бе Македоне. Буги и Платеник тврдат дека Русите не креирале, ти пак сега ми тврдиш дека Грците се бугарееле....

Што ли нема да прочита човек.

Бугарите ли се представувале како Грци или Грците како Бугари.

Последно?

Тие си се декларирале како Грци и такви си останале. Грците кои биле побугарени се оние кои по креацијата на бугарската држава морале да станат Бугари, иако не сакале. Дел од тие се и оние кои живееле во Источна Румелија.

-------------

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 23:19
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Едно е да си етнички македонец а друго е да си политички бугарин.
Правиш разлика

Како може да си етнички Македонец кога никогаш не си го знаел тоа и си умрел со свеста дека си Бугарин?

Тоа објасни ми го.

-------------

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 23:22
Originally posted by Македон Македон напиша:

Тие си се декларирале како Грци и такви си останале. Грците кои биле побугарени се оние кои по креацијата на бугарската држава морале да станат Бугари, иако не сакале. Дел од тие се и оние кои живееле во Источна Румелија.

Не сакам да си правам ветер на устата со празни прикаски.

-------------

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 01:24
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Едно е да си етнички македонец а друго е да си политички бугарин.
Правиш разлика

Како може да си етнички Македонец кога никогаш не си го знаел тоа и си умрел со свеста дека си Бугарин?

Тоа објасни ми го.

А кој вели дека никогаш не знаеле?

Јаков од Софија на својот ”Псалтир” кој го испечатил во 16 век, напишал за себе: „Аз Јаков от пределех македонских, од места зовом Софија, Крајков син… И аште кому која потреба, всхоштет от светих книг, то вса сија сут принесена в места Скопје, у Кара Трифуна.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 11:49
Сакаш да кажеш дека сите од македонските предели се етнички Македонци?

-------------

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 11:55
Skopje vo koi predeli e?
Znaci jasno sto praime, spored predelite.

-------------

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 16:39
Не туку во Македонските предели живееат и други народи освен Македонци,а Скопје??е видиш појма немам од каде е Скопје.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 13.Јануари.2011 во 11:11
Во предисловието на книгата од Пејчинович „Утешение грешним“ Теодосиј Синаитски ги објаснува некои термини како болгарски јазик, словенски и руски јазици.

-------------

Постирано од: чоли
Датум на внесување: 13.Јануари.2011 во 11:26
Кога шетал низ Македониjа, Евлиjа не сретнал ниту еден Македонец :

Евлија Челеби за муслиманите ги употребува имињата Правоверни, Муслимани, Јуруци, Читаци или заедно Читаци- Јуруци. Јуручките и циганските бегови во Солун, пак, ги издвојува од преостанатите правоверни, односно ги реди по тристотините француски (европски) претставници и конзули. За христијанското население во Македонија патописецот најчесто го користи терминот неверници (грчки и бугарски), Христијани, Грци- православни, грко-православни Бугари, Грци, Бугари, Срби, еднаш се споменати Власи-христијани, Латини, Франки...
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1121111641&id=17&prilog=0&setIzdanie=22179 - Нова Македониjа

Да не е чудно оти и Пеjчинович не е видол Македонци, току Бугари...

-------------
Мунгос - цензорот на Мисирков

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk