Промена на сега важечкиот Црковен Календар
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22997
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 09:39 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Промена на сега важечкиот Црковен Календар
Постирано од: novace
Наслов: Промена на сега важечкиот Црковен Календар
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 12:17
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121733 -
Треба ли во Македонија да се менува Јулијанскиот со Грегоријанскиот календар (во употреба само кај МПЦ) кој е прифатен од поголемиот дел земји во светот.
Бизнис заедницата тоа неколку пати го побара поради вакуумот од безмалку еден месец кој на пример за божиќ се создава во бизнис релациите со партнерите од другите земји.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Коментари:
Постирано од: brza
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 12:37
normalno!
...mi sk*rchilo vekje od raboti koishto ,...cel svet gi pravi,.
.a samo tuka kontra svetot.....
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 12:53
brza напиша:
normalno!
...mi sk*rchilo vekje od raboti koishto ,...cel svet gi pravi,.
.a samo tuka kontra svetot.....
|
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 13:25
Немам свое мислење...
|
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 14:26
Гласав против... Заради Цезар не за друго...
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 15:02
да
зошто да сме ...*поназад*...од другите
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 17:25
Од инает сме поназад,а овие суеверија и сите тие работи кои се од старо време,да може да се потсетуваме во проказните за нив,но само промена и прифаќање на новото носи кон напред.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 18:30
Не само што треба да го сменат клендарот, туку треба да се одцепат од Цариград и да влезат во унијатство со Рим.
------------- Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 20:24
Slepoto i formalnoto veruvanje vo neshto shto bilo recheno nekogash od nekogo, bez razbudenost i svesnost deka s'e teche i s'e se menuva i deka nishto ne ostanuva onakvo kakvo shto prvobitno se pojavilo, vodi kon edna zacimentiranost, dogmatichnost so edinstvena cel da se zadrzhi dogmatichnosta i do edno zandanisuvanje vo tradicii, zakoni i propisi koi pochnuvaat da zhiveat samite za sebe.
Za takvoto prakticiranje i zhiveenje Isus na farizeite im reche deka go sledat gjavolot.
Nitu edna institucijalizirana religija mema lesno da priznae deka treba da se menuva bidejki toa go gleda kako slabost, kako udar na nejzinata dogma deka e nepogreshliva i vechna zatoa shto e navodno bukvalen Bozhji zbor. Egoto i umot na sveshtenicite velat deka ako dozvolat takvo neshto, togash nivnoto stado kje je izgubi doverba vo Niv i vo Nivnata nepogreshlivost vodena od Svetiot Duh koj navodno vechno prebiva vo Nivnata Crkva.
Koga formata stanuva presudna, a sodrzhinata minuva vo vtor plan, od seto toa nema nitu edna bukva od Religioznost, Svetost, Svest i Bozhenstvenost, a ima s'e od lichni i Crkovni institucijalni interesi.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 20:33
ти се дивам меси нашиша сриста чуда а нишо за промена на календарот се е тоа твоето општо па велиш овие универални мои реченици можам да ги бутнам на секое веронаутичко питање
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 20:46
anakine, ova beshe moja najostra kritika na institucijaliziranata religija shto bilo koga sum ja napishal na ovoj forum i ti mi velish deka nishto ne si razbral shto sum sakal da kazham so nea vo vrska so postavenata tema ...
Ajde ushte ednash prochitaj ja prvata rechenica...
... pa potoa prochitaj ja tretata rechenica.
Potoa chetvrtata i zabelezhi so kakvi pochetni bukvi se napishani nekoi imenki.
Poslednata rechenica e zakluchok koj e relevanten za site institucijalizirani religii.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 21:29
Против. Најмногу заради аргументите на бизнис елитата. Види молимте, ај ако побараат и верата да ја промениме, да ја промениме.
-------------
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 08.Август.2010 во 21:39
za zatoa sto toa nema vrska so religijata nego so Sonceto i nasata Planeta a tocno treba da bide, vremeto i kalendarot ne e zaebancija da si igrame igracki so nego
1 januari se znae koga e na 1 januari a ne na 13
toa so kasnime zboruva za inaet i gluposta
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 00:06
mamamd напиша:
Против.Најмногу заради аргументите на бизнис елитата. Види молимте, ај ако побараат и верата да ја промениме, да ја промениме.
| ete! ....tipichna makedonska pamet,...
...ne za drugo,..tuku za toa koj go dal predlogot,..
..makar i dobar bil,.
..ama , za inat ne sum za nego...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 00:58
да,треба да се промени...мора ли секогаш ние да сме црната овца бре...ние најпаметни од сите,а?...или најголеми инаетчии...ама само онаму каде нема место за инает
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 03:11
и двата календари се резултат на различно толкување на една религија, не знам зошто се форсира толку тој Грегоријански календар, кога според Јулијанскиот се води целото православно верување, заедно со специфичните обичаи за православјето и овие простори
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 03:13
mamamd напиша:
Против. Најмногу заради аргументите на бизнис елитата. Види молимте, ај ако побараат и верата да ја промениме, да ја промениме.
| еве сум го пропуштил мислењето на мамамд, а во поголема мера се согласувам со нејзе
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 09:06
Какво православие какви бакрачи.Календарот не е корегиран од нечие незнаење и сега грешката во пресметкиата велиме дека е добра бидејки ова е црква а не памет?
Па и останатите православни цркви го сменија.Само три уште останаа?
Инаку оваа тема беше поставена на расправа пред повеќе од десет години но со оправдание дека верниците се противеле си остана по старо. ..
Испаѓа дека тие што го смениле се глупавите??? ?
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 09:30
Божееее повик на едноумие Нит е ова инат, нит е македонски синдром.Само став и размислување. Каде е различноста, каде е почитување на традицијата? Зошто мора и во прославувањето на празниците да сме унифицирани? Православните прославувања одат во тој термин и готово? Впрочем што е со методистите, протестантите, јаховистите???? И тие ли слават заедно со католиците или не? Доколку не (оти не сум информирана, незнам како слават и дали воопшто слават) дали тие бараат промена и ускладување? Зошто православието е најподатливо за менување? И точно, не се согласувам најмногу заради предлогот од бизнис елитата (иако никој и не го есапи моето мислење оти ако решат ќе сменат). Испочитуваа се господово и човечко, па сега дојде на ред заедничкото славење Ај да не се праиме мали деца, нивната е само да не губат, да заработуваат-кој шиша традиција, вера. Јаз,к бре кога и во верата замешуваат прсти.
-------------
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 09:37
Може и да сменат може и не, но верата не е врзана со календарот.Затоа што видете во календарот Исус е роден на 25 декември, е кај нашите верници постои уверување дека е на 7 јануари.Зошто?Затоа што ги применуваат двата календари, а не црковниот кој е ист по дати како за католиците така и за православните .Нели оние кои го промениле црковниот сега имаат ЕДИНСТВЕН календар...тоа е работата...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 09:48
marsovec напиша:
Може и да сменат може и не, но верата не е врзана со календарот.Затоа што видете во календарот Исус е роден на 25 декември, е кај нашите верници постои уверување дека е на 7 јануари.Зошто?Затоа што ги применуваат двата календари, а не црковниот кој е ист по дати како за католиците така и за православните .Нели оние кои го промениле црковниот сега имаат ЕДИНСТВЕН календар...тоа е работата... |
Нашите предцис е раководеле по тој календар, традиција е на тој датум да се слави.Кој сме па ние, во име на добри бизнис релации да се сомневаме во нивното рсудување за прославата на празниците?
-------------
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 09:52
Па нашите предци ниту знаеле дека погрешно се броеле годините т.е. календарот не бил точен.Со такво броење, со време ќе се славел божик во лето...
Инаку бизнис елитата нема врска, на Русите ништо не им пречи...а пак на кинезите...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 11:37
zabegan напиша:
и двата календари се резултат на различно толкување на една религија, не знам зошто се форсира толку тој Грегоријански календар, кога според Јулијанскиот се води целото православно верување, заедно со специфичните обичаи за православјето и овие простори |
Од познати секому причини ..викани и ТОЧНОСТ..односно ПОголема точност на Грегоријанскиот м наспроти Јулијанскиот...
Оти календарот ..поред се она што преставува..во основа е МАТЕМАТИКА+АСТРОНОМИЈА (може и во спротивен редослед)
пс
И секако дека со тоа не(ма да) е се завршено..во иднина..на луѓето им предстои уште КОРЕКЦИИ на важеките Календари..оти точноста во континуитет се зголемува...и секојпат ќе се вршат корекции!?.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: Diogen
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 13:31
Јас сум ЗА промена на календаротод Јулијански во Грегоријански. Од математичка и астрономска гледна точка, Грегоријанскиот календар е попрецизен, а православните празници нема автоматски да исчезнат, едноставно се поместуваат датите....
Ние во моментот имаме во употреба два календари -Грегоријански официјален, и Јулијански -верски православен.На оваа тема се сетив на една сцена од филм за војната во бившата Ју, кога еден православен поп во Босна вели: Ова вака ни е оти нас Господ не не слуша. Еве на пример, денес е ден на св. Илија, јас му се молам ама тој не ме слуша, не е таму, бил таму пред 13 дена.....
Од економска гледна точка, и заради тоа се согласувам, едноставно од 20 Декември до 10 Јануари, речиси еден месец губиме во работа со странство заради наши и нивни празници,плус велигденски празници,и т.н. Цел свет прифаќа дека Исус е роден 25 Декември , ама само Македонија , Србија и Русија ја знаат вистината, па затоа имаме наш Божик и наша Нова година, за инат на неписмениот свет... Цел свет се адаптира на тој календар, ама ние сме во све оригинални па и во оваа работа....
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 13:46
zabegan напиша:
и двата календари се резултат на различно толкување на една религија, не знам зошто се форсира толку тој Грегоријански календар, кога според Јулијанскиот се води целото православно верување, заедно со специфичните обичаи за православјето и овие простори
|
dvata kalendari se rezultat na astonomija religija nema vrska so toa... no nekoi mislat deka ima vrska.. pa od inaet imaat pogresen kalendar.... zapravo imame nie ne pravoslavnite.. oti bugarite rumuncite grcite i drugi pravoslavni vo afrika si terat po ispravna astronomija
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 17:11
anakin напиша:
dvata kalendari se rezultat na astonomija religija nema vrska so toa... no nekoi mislat deka ima vrska.. pa od inaet imaat pogresen kalendar.... zapravo imame nie ne pravoslavnite.. oti bugarite rumuncite grcite i drugi pravoslavni vo afrika si terat po ispravna astronomija
| види вака, календарот, астрономски што викаш ти, е за сите ист, денеска е 9-ти Август и кај нас, и секаде во светот, тие се деновите, месеците и годините, секаде се исти и исто се смета времето (освен часовите нормално) работата е што се различни религии си имаат различни обичаи и различни празници, и затоа си имаат и свои датуми и време, кога како се слави зошто, ако не, да славиме во исто време и муслимански и еврејски и будистички и не знам уште какви празници?
тука се работи чисто за форсирање на нечија култура и реличија, чисто ради негова корист, срамота...
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 17:57
zabegan напиша:
види вака, календарот, астрономски што викаш ти, е за сите ист, денеска е 9-ти Август и кај нас, и секаде во светот, тие се деновите, месеците и годините, секаде се исти и исто се смета времето (освен часовите нормално) работата е што се различни религии си имаат различни обичаи и различни празници, и затоа си имаат и свои датуми и време, кога како се слави зошто, ако не, да славиме во исто време и муслимански и еврејски и будистички и не знам уште какви празници?
тука се работи чисто за форсирање на нечија култура и реличија, чисто ради негова корист, срамота...
|
Календарот за секого НЕ Е ИСТ...односно ...за сите не е 9-ти Август денес...
На/за пример ...за Евреите денес е : Av 29, 5770
Еврејскиот календар е луносоларен календар, т.е. претставува комбинација од лунарниот и соларниот календар. Календарот тежнее кон тоа должината на годината да биде еднаква со должината на тропската година, а должината на месецот еднаква со должината на синодичкиот месец. Затоа овој календар е доста сложен, а понекогаш е неразбирлив и за самиот еврејски народ.
За творец на овој календар се смета некогашниот Санхедрински претседател Хилел II (Hillel II), кој најверојатно го создал календарот околу 359 година од новата ера. Еврејскиот календар е официјален календар во државата Израел, а како религиозен календар го користат сите Евреи во светот.
Обичната (непрестапна) година во Еврејскиот календар има 353, 354 или 355 дена, додека престапната година има 383, 384 или 385 дена. Овие три типа на години се нарекуваат: непотполна, регуларна и комлетна година. Обичната година има 12 месеци, а престапната 13. Почетокот на секој нов месец приближно се совпаѓа со денот на младата Месечина.
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=457 - http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=457
За Арапите ..денес е : 9-ти Шабан (или Шабан ал Моазам) 1388 година
Исламскиот календар Муслиманскиот календар ( /wiki/%D0%90%D1%80%D0%B0%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA - арапски : التقويم الهجري; /wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA - персиски : تقویم هجری قمری /wiki/%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA - турски : Hicri Takvim; уште се нарекува и Хичри календар) е /wiki/%D0%9B%D1%83%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80 - лунарен календар кој е во службена употреба во многу /wiki/%D0%98%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%BC - муслимански земји, а исто така се користи од сите муслимани во одредувањето на верските празници.
Календарот е лунарен, составен од дванаесет месеци, а годината трае околу 354 дена. Бидејќи лунарната година има 11 дена помалку од соларната, исламските празници, иако се прославуваат на фиксни дати според нивниот календар, обично се поместуваат за 11 дена порано секоја следна соларна година, т.е. според /wiki/%D0%93%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80 - грегоријанскиот календар .
Првата година од календарот се вика Хиџра, годината кога пророкот /wiki/%D0%9C%D1%83%D1%85%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%B4 - Мухамед се преселил од /wiki/%D0%9C%D0%B5%D0%BA%D0%B0 - Мека во /wiki/%D0%9C%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0 - Медина , и календарот ги брои годините од тој настан.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80 - http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80
Повеќе овде:
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=444 - http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=444
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 19:03
добро ај, заборави се што сум спомнал во постот и фокусирај се на последната моја реченица
едит: уствари убаво си пишав, астрономскиот календар за кој збореше Анакин, нити спомнав Лунарен, ни некој муслимански таму...
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 19:56
против сум и ќе бидам...не гледам причина зошто би смениле?
уште нешто има ли што треба да смениме само заради другите
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 10.Август.2010 во 01:15
Немјоте само календарот на Маите и Ацтеките да го прифатиме,оти по две години одиме сите к*рбан у неповрат.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 10.Август.2010 во 09:36
Не треба ние да се мешаме тука од форумот во црковни прашања. ЦРКВАТА Е ОДВОЕНА ОД ФОРУМОТ.
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 10.Август.2010 во 14:41
Сепак црквата е од верниците и за верниците...сама како институција не би постоела ниту ден, да ги нема верниците...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: DragancoLeskoec
Датум на внесување: 10.Август.2010 во 18:09
Против од политички причини, ако се гледа реално Григоријанскиот е поточен.Ама пак и од него има поточни така да ...
------------- Брсјачка нација !
|
Постирано од: DameMak
Датум на внесување: 11.Август.2010 во 21:43
ЗА.
Има православни цркви кои сватиле дека Грегоријанскиот календар е поточен и не ја смениле верата туку почнале точно да го рачунаат времето.
Инаку, запрашај го г.г. Стефан кога е роден и ќе ти го изрецитира Грегоријанскиот датум. Прашај ги МПЦ кога е возобновена МПЦ-ОА, ќе ти го израцитираат Грегоријанскиот датум.
Практично и МПЦ работи по Грегоријанскиот календар, ама е заостаната. Заостанува 13 дена.
Дури и од верски аспект треба МПЦ да го прифати Грегоријанскиот календар. Имено, верниците треба пред Божиќ да постат. Е арно ама милиони верници се во искушение за Нова Година да јадат печење, месо, да пијат алкохол, а 7 дена после славењето на Нова Година доаѓе православниот Божиќ. Со неприфаќањето на Грегоријанскиот календар МПЦ ги тера милионите свои верници да се огрешуваат во пред-божиќните пости.
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 11.Август.2010 во 22:08
DameMak напиша:
ЗА.
Дури и од верски аспект треба МПЦ да го прифати Грегоријанскиот календар. Имено, верниците треба пред Божиќ да постат. Е арно ама милиони верници се во искушение за Нова Година да јадат печење, месо, да пијат алкохол, а 7 дена после славењето на Нова Година доаѓе православниот Божиќ. Со неприфаќањето на Грегоријанскиот календар МПЦ ги тера милионите свои верници да се огрешуваат во пред-божиќните пости. |
Подцртаниот дел од текстот погоре е.... една од вистините..за која пак никој во МПЦ...и НЕМА некаков валиден ОДГОВОР...
пс
Барем досега..јас го немам некаде слушнато?.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 11.Август.2010 во 22:23
novace напиша:
DameMak напиша:
ЗА.
Дури и од верски аспект треба МПЦ да го прифати Грегоријанскиот календар. Имено, верниците треба пред Божиќ да постат. Е арно ама милиони верници се во искушение за Нова Година да јадат печење, месо, да пијат алкохол, а 7 дена после славењето на Нова Година доаѓе православниот Божиќ. Со неприфаќањето на Грегоријанскиот календар МПЦ ги тера милионите свои верници да се огрешуваат во пред-божиќните пости. |
Подцртаниот дел од текстот погоре е.... една од вистините..за која пак никој во МПЦ...и НЕМА некаков валиден ОДГОВОР...
пс
Барем досега..јас го немам некаде слушнато?.
|
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 11.Август.2010 во 23:26
DameMak напиша:
Дури и од верски аспект треба МПЦ да го прифати Грегоријанскиот календар. Имено, верниците треба пред Божиќ да постат. Е арно ама милиони верници се во искушение за Нова Година да јадат печење, месо, да пијат алкохол, а 7 дена после славењето на Нова Година доаѓе православниот Божиќ. Со неприфаќањето на Грегоријанскиот календар МПЦ ги тера милионите свои верници да се огрешуваат во пред-божиќните пости. |
Ако се вистински верници нема да дојдат во искушение да јадат печење и да пијат алкохол.
МПЦ ,,ги тера,, МИЛИОНИТЕ свои верници (ова ко да сме Кина... ) да се огрешуваат. Како ги тера, им доаѓа со пиштол пед врата? Не, туку самите си јадат и пијат мрсно на сред пости, затоа што се само декларативни верници (освен 2-3%).
|
Постирано од: DameMak
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 01:45
LiDivio напиша:
Ако се вистински верници нема да дојдат во искушение да јадат печење и да пијат алкохол.
МПЦ ,,ги тера,, МИЛИОНИТЕ свои верници (ова ко да сме Кина... ) да се огрешуваат. Како ги тера, им доаѓа со пиштол пед врата? Не, туку самите си јадат и пијат мрсно на сред пости, затоа што се само декларативни верници (освен 2-3%). |
Поминале времињата на средниот темен век кога црквата покажувала и „докажувала“ кои се вистинските верници (а за лажните верници следеле казни).
Во Македонија има над 1 милион граѓани кои на последниот попис се декларирале дека по вероисповест се правослани христијани па според тоа зборот „милиони“ е правилно употребен.
Многу често за да го ставиш некого во искушение не е потребно да употребиш пиштол. Доволно е да бидеш инаетчија, контрадикторен корисник на Грегоријанскиот календар и да бидеш фактор кој одлучува во МПЦ.
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 07:00
Najgolem broj na vernici ne znaat sto e problemot so kalendarot.
Zatoa go smetaat deka e povrzan so verata a ne so naukata...sto e nesporna vistina.
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 08:45
Ако се оди “по паметот на науката во верата“ отидовме јабана. Па научно се спори се на кое се поклонуваме па дури и христовото воскресение Затоа науката нека си остане наука, верата вера. Ништо не ни фалело толку години славење на овие дати, ништо нема да ни фали да си продолжиме со славењето на истите дати. Кој сака да слави со католиците нека си земе во тој период одмор, нека си слави-негово право. Засега во Македонија се слави по традицијата стара -постара и од овие тазе бизнисмени и од оние кои бараат промена. Лугето се менливи.
-------------
|
Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 08:48
мама , за ова не се согласувам со тебе , пресметката на папата григорие е точна , нема тука што да се буниме , за некои посрани 12 минути што била погрешна пресметката , да трпиме православците еден наполно изгубен работен месец. Пресметката на Григорие била точна , да не се правиме на тошо
------------- во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 09:21
монте кристо напиша:
мама , за ова не се согласувам со тебе , пресметката на папата григорие е точна , нема тука што да се буниме , за некои посрани 12 минути што била погрешна пресметката , да трпиме православците еден наполно изгубен работен месец. Пресметката на Григорие била точна , да не се правиме на тошо |
За да дебатираме не мора во се да се согласуваме-та нели е демократија Јас сум си конзервативец и традиционалиста и тука ми нема помош, ама сум си и троа тврдоглава (троа повеке) па цесто (многу често) се трудам да наметнам свое размислување (ако помине, помине, ако не-има друг пат). Околу темата- не се срамам да признам дека мојот закоравен став (нека е и фрустрација) е заради барањата СЕКОГАШ ние да отстапиме од нешто и најмногу аргументот- тоа го барале бизнисмените Како бре не се досетиле да побараат подобрување на условите на вработените и платите по западни критериуми-туку токму ова им смета. Да застане црквата-да каже заради сехристијанско помирување- би прифатила иако не баш на драга воља, ама заради претходно набројаните аргументи- не би.
-------------
|
Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 09:27
оти море мама , па сите го сакаме христа .треба да се помириме . И тие христијани и ние , сите што веруваат во крстот ги сакам. Чак и оние протестантите :)
------------- во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 09:29
Несакајќи да навлегувам во полето на чуствата на луѓето овде..а кои се секојпат (барем за мене) СТРОГО ИНДИВИДУАЛНИ......ќе си размислувам овде и насекаде „гласно„..со намера да не бидам сепак премногу гласен..и недајБоже и бучен..
Секој од нас..преку ден , ноќ и насекаде и секојпат...си го КОРИСТИ Календарот кој е сепак правен според Грегоријанскиот начин на сметање на времето...а кога си „слави„..зборувам индивидулано или во помали групи..во т.н. верски „заедници„..секој си го користи „својот„ Календар..а кој му е ФАВОРИТ.
Неспорен факт е дека ...и другите нации и секако религии...иако си имаат „свој„ фаворит од Календар..сепак ...како ЕТАЛОН (стандардизирана и споредбена величина)..го имаат и користат ГРЕГОРИЈАНСКИОТ Календар....
Кој.... за мене не е „католички„...туку најточендосега и најупотребуван од сите во светот..начин на обележување на времето и просторот..во кој сите ние... делуваме и твориме.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 10:01
За времето на Владиката Михаил, предлогот падна , но не се усогласиле а и демек верниците не сакале...Па ако е догма учењето што тие сакале неќеле...А и понатаму тврдам дека најголем дел од верниците се ТРАДИЦИОНАЛИСТИ а и не ја прочитале библијата...Многумина не знаат ниту за својот верски празник...тоа бар го имам искуствено..по идење на слави...
Значи до решителноста е...иако на мене ми е сеедно...не одам по цркви...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: biljana.madrid
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 00:37
Polar Bear напиша:
Не само што треба да го сменат клендарот, туку треба да се одцепат од Цариград и да влезат во унијатство со Рим.
|
Баш на истото си помислив. Животен сон ми е да се откачам од секакви Русофилски цркви и др. кои само не омаловажуваат, ама да не менувам религија (МПЦ) .
Инаку зошто да не прифатиме промена :) Јас сум за.
------------- Прилепчанка
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 02:22
Сум ЗА промена, односно за прифаќање на Грегоријанскиот календар како попрецизен и општоприфатен од цел свет (освен нели ние, Русите и Србите). Сметам дека МПЦ треба да го преземе тој чекор на усогласување, да го славиме на пример раѓањето на Исус и ние заедно со (скоро) цел свет.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 04:25
Nikako, i po nikoja cena, pravoslavieto e toa so ne odrzalo niz teskite momenti, ednas koga ke pocne da se menuvaat nestata otide sve u majcina.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 05:39
Не одржало во отпорот...кон...нормалното..?????
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 11:05
Мене колку што ми е познато го користиме грегоријанскиот календар. Славиме Нова Година со цел свет (1 јануари). Што е сега проблемот??? Црквата како сака нека си ги слави верските празници, таа е одвоена од државата, и посебно (барем се надевам) од бизнис елитата. Инаку, и да го промени, шаб ме габри.
|
Постирано од: DelijaSkopje
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 16:04
brza напиша:
normalno!...mi sk*rchilo vekje od raboti koishto ,...cel svet gi pravi,..a samo tuka kontra svetot.....
|
Не ми се верува што читам...
Ние сме ПРАВОСЛАВЕН народ и не ме интересира остатокот од католицизмот што прави...!!!!!!! Ако сакаат и на глава нека скокаат... Овие нашиве попови кој никој не ги признава и да го сменат календарот мислите дека народот ќе ги послуша и Божиќ или Велигден или било кој друг празник ќе го слават по ново...???? хехехе сте се излажале...
Треба да сватите дека ние имаме куќни слави што католиците го немаат и затоа можат да менуваат што сакаат... Бидејќи ние сме ПРАВОСЛАВНИ ние сме поинакви и поблиски до Бога, како што била и Византија... Затоа католиците ја уништија и ја опљачкаа...
Менувајте што сакате, за мене тоа не значи ништо... Јас дома со моите деца празниците ќе си ги славам како и што ги славеле моите предци, без разлика дали тој ден ќе биде неработен или не...
Вака милсат барем 80% од ПРАВОСЛАВНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД...!!!
Ако се декларираш како верник, избегнувај да употребуваш погрдни епитети за припадниците на различна вероисповед од твојата, како одвратни, проклети и слично. Говор на нетолеранција и омраза, со кој се повредуваат верски чувства на членовите не е дозволен на форумов.
------------- "ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 16:18
...mislish ...obratno!.....sudejki po anketava ,..
...a, taa bi trebaloi da e merodavna ,...kako i "sekoja" anketa,..
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: DelijaSkopje
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 16:28
brza напиша:
...mislish ...obratno!.....sudejki po anketava ,.....a, taa bi trebaloi da e merodavna ,...kako i "sekoja" anketa,..
|
Да... Ама јас реков за Македонскиот Православен народ, а овде којзнае кој се не гласа на анкетава... Може да има и Католици и муслимани и којзнае какви... Разбираш...???
------------- "ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 17:19
DelijaSkopje напиша:
Да... Ама јас реков за Македонскиот Православен народ, а овде којзнае кој се не гласа на анкетава... Може да има и Католици и муслимани и којзнае какви... Разбираш...??? |
Има и обратно, еве јас гласав ПРОТИВ на анкетата, а не сум православен (Македонец атеист сум).
-------------
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 17:43
zabegan напиша:
добро ај, заборави се што сум спомнал во постот и фокусирај се на последната моја реченица
едит: уствари убаво си пишав, астрономскиот календар за кој збореше Анакин, нити спомнав Лунарен, ни некој муслимански таму...
|
ti ocigledno veze nemas ako e kaj nas 13 avgust to e 13 za drzavata za MPC e tek 1 avgust ili veze nemas ili se pravis deka veze nemas edno kje da e
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: Феникс
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 21:08
Spored ona shto go prochitav zoshto nekako imam vpechatok deka nekoj uporno go narekuva Gregorijanskiot kalendar Katolichki .No nie sekogash sme bile nekako posebni pa si ostanavme so Srbite i Rusite . E sega toa shto nikoj ne posti za Nova Godina a skoro site odat na prichest posle sarmite svinskoto, ruskata salatichka,kiflichki itn.Posle si chekaat Bozik a posle srekno si ja dochekuvaat onaa"stara nova godina".....Ma u stvari koga ke odime u Evropa morame da smenime.......E POSLE KE IMAME NOVA STARA NOVA GODINA.....kaj ke ni e krajot ushte nekolku novi nerabotni denovi ....
------------- ...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
Постирано од: fichot
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 21:15
За. (Ама шо бара ова у политика?)
|
Постирано од: DelijaSkopje
Датум на внесување: 15.Август.2010 во 02:30
Ах бре Македонче... Како тргнало и самите ние ќе бараме и крстењето да го смениме од ТРИ ПРСТА И ОД ДЕСНО НА ЛЕВО , во цела рака и од лево на десно... Само да им се улижеме на западњаците... Фала
------------- "ОСУМ ИПОУ ИУЈАДИ ВУЃЕ..."
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 15.Август.2010 во 16:17
fichot напиша:
За. (Ама шо бара ова у политика?) |
Како една актуелност за која пак се зборува во јавноста (види го воведниот пост), темата е поставена како анкета за да се изјаснат членовите за или против, со свое образложение.
Инаку тема на прашањето Кој е најисправниот календар? има во пдф Вероисповед, каде има многу поисцрпни образложенија за прашањето, и од верски и од научен аспект.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 15.Август.2010 во 18:33
fichot напиша:
За. (Ама шо бара ова у политика?) |
Затоа што ...ТОА е ПОЛИТИКА..а не Религија..
btw...
А... што ти пак бараш овде?
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: fichot
Датум на внесување: 15.Август.2010 во 20:38
Ништо конкретно. Вишок слободно време шо да прам. ;)
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Август.2010 во 20:57
...samo "slushni" gi nekoi tuka,...
....zoshto da mu idele po ..."keif" na svetot?!
ajjj,...zitii...e, pa ako mu idele dosega po kjeif,...narodot ke si ziveel barem...chovechki zivot,...ako ne nekoj luksuzen,..
...mislam , na narodot opshto,..ne na nekoi poedinci koishto krekaat deka tie imale ubav zivot,...pa ,si mislat deka ...i site go imaat!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 15.Август.2010 во 23:41
novace напиша:
fichot напиша:
За. (Ама шо бара ова у политика?) |
Затоа што ...ТОА е ПОЛИТИКА..а не Религија..
btw...
А... што ти пак бараш овде?
|
Веројатно исто што и повеќето кои доаѓаат на јавен граѓански форум да дискутираат на најразлични теми. Вакви несоодветни прашања повеќе да нема.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 00:16
gazela напиша:
Spored ona shto go prochitav zoshto nekako imam vpechatok deka nekoj uporno go narekuva Gregorijanskiot kalendar Katolichki .No nie sekogash sme bile nekako posebni pa si ostanavme so Srbite i Rusite . E sega toa shto nikoj ne posti za Nova Godina a skoro site odat na prichest posle sarmite svinskoto, ruskata salatichka,kiflichki itn.Posle si chekaat Bozik a posle srekno si ja dochekuvaat onaa"stara nova godina".....Ma u stvari koga ke odime u Evropa morame da smenime.......E POSLE KE IMAME NOVA STARA NOVA GODINA.....kaj ke ni e krajot ushte nekolku novi nerabotni denovi ....
|
не постои католички календар постои испавен календар од времето на папата грегорие и погрешен календар од времето на јулие цезар и двата календари потекнуваат од астрономите од РИМ
постои кинески календар постои јапонски календар кој секогаш почнува од 0 кога ќе се круниса јапонски цар постојат уште куп други календари
но кристијански е само еден тој на папата грегорије
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|