Испечати | Затвори го прозорот

Каде се одмораат македонските политичари?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Историја и политика
Опис на форумот: историски, политички, изборни дебати
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22982
Датум на принтање: 16.Јануари.2025 во 06:29
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Каде се одмораат македонските политичари?
Постирано од: kultuzin
Наслов: Каде се одмораат македонските политичари?
Датум на внесување: 05.Август.2010 во 11:39

Каде се одмораат македонските политичари

И политичарите ќе се одмораат летово, кој заслужено кој не се знае. Иванов кој годинава имаше обемна надворешна агенда и голем број посети на странски земји, останува дома. Во Охрид, во вилата Билјана ќе се одмара со сопругата Маја и синот Иван. За време на одморот Иванов ќе оствари неколку работни средби велат од претседателскиот Кабинет.

Поранешниот шеф на државата и опозициски лидер Црвенковски ќе летува во Турција, со семејството. И на спикерот Вељановски најверојатано земјата на ориентот му е годишноодморска дестинација.

Премиерот Груевски, сеуште се мисли.

-Се уште не сум одлучил, вели Груевски

Лидерот на ДУИ Ахмети останува во Македонија - работно. Од неговот кабиенет велат дека одморот ќе го искористел за средба со граѓаните. Не било подготовка за избори, туку сакал да остане во контакт со своите избирачи. На семејството ќе му се посветел за време на викендите во викендичката над родниот Зајас.

И Амди Бајрам наместо на одмор ќе работел. Ќе ја појачувал партијата. Во неговата агенда биле испланирани посети на речиси сите градови и општини.

Лидерот на НСДП Тито Петковски само што се вратил од родното Псача. Уште размислува, но најверојатно ќе летува во Грција.

И пратеничката Весна Бендевска од СДСМ сеуште е во дилема Грција или Охрид. Допрва со семејството ќе одлучувале бидејќи имале приоритет - синот го чекало упис на факултет.

Нејзината колешка од ВМРО-ДПМНЕ Косана Мазнева оди на планина.

-Море си е море, но и планина не е лошо, вели Мазнева. Поради многубројните обврски со семејството ќе летува на Попова Шапка. Имаат три недели време за одмор. Од први септември се враќаат во Собранието.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=63445



Коментари:
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 05.Август.2010 во 13:15
Кој за кај има паринамигнување
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8510106402&id=9&prilog=0&setIzdanie=22051 - Тодоров на одмор во Грција, одмораат и учебниците


-------------


Постирано од: lilica
Датум на внесување: 05.Август.2010 во 14:20
Еј како не им е срам да признаат каде летуваат!......

-------------
Кој бара ќе најде.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Август.2010 во 15:18
http://www.vest.com.mk/?ItemID=46963E1B171E204B819F14A2749CC7A1 - За министер во гаќички во Грција - 6.000 денари

-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 05.Август.2010 во 15:47
Originally posted by емил емил напиша:

http://www.vest.com.mk/?ItemID=46963E1B171E204B819F14A2749CC7A1 - За министер во гаќички во Грција - 6.000 денари

Во оваа конк*ренција би требало да ги стават и своите колеги “патриоти“. Не е фер само политичарите да се на тапетизненадување


-------------


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 05.Август.2010 во 16:04
Originally posted by емил емил напиша:

http://www.vest.com.mk/?ItemID=46963E1B171E204B819F14A2749CC7A1 - За министер во гаќички во Грција - 6.000 денари



Odlicna moznost za besplaten odmor vo Grcija, kamerata vo raka i uzivas na plaza cekajki da dojde nekoj od nasite politicari.
So ogled na toa kako stojat so moralot i patriotizmot poveketo od niv besplatniot odmor vi e garantiran.A moze i za zimuvanje da se izvadi so malku poveke trud.



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 05.Август.2010 во 19:13
Originally posted by емил емил напиша:

http://www.vest.com.mk/?ItemID=46963E1B171E204B819F14A2749CC7A1 - За министер во гаќички во Грција - 6.000 денари



Симпатично ова.
За министерки и пратенички, иста ли е цената? голема%20насмевка




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 06.Август.2010 во 01:41
kaj i da se.изненадување..lajnarite...nek'se udavat...za nasha srekja .....i zadovolstvo !!дазадоволство

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 06.Август.2010 во 05:11
Ne mi e jasno so ima vrska odenjeto na odmor nekade so patriotizmot. Vo MK sme majstori za mesanje babi i zabi.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 06.Август.2010 во 07:58
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Ne mi e jasno so ima vrska odenjeto na odmor nekade so patriotizmot. Vo MK sme majstori za mesanje babi i zabi.
Па и не прета да има.Но токму патриотите повикуваа да не се оди во Грција ( глупост), а ова е доказ дека едно велат а друго сработуваат.Инаку моите пријатели поминале убаво исто така во грција.
А она 6000 важи за сите политичари се разбира и за пратениците...
Некој ќе си обезбеди одмор...Напред со апаратите...да


-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Август.2010 во 09:21
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Ne mi e jasno so ima vrska odenjeto na odmor nekade so patriotizmot. Vo MK sme majstori za mesanje babi i zabi.

Има и тоа каква. Мене еве лично ме интересира колкав им е џебот, на кое место во Грција ќе одат, а богами и колку ќе потрошат оти 99% посто од рајата не може да си го дозволи “пинџур туризмот“
И друго уште поважно, дали одат ко обични смртници или одат “со врски“- оти сега кога не се на власт за многумина читаме како на одмор престојувале на нечии јахти, па праеле договори, па се сретнувале со овој-оној.
Треба богами да се под будното оо на јавноста (ако кутрата јавност може да си го дозволи одењето таму).тага
Пак ми сече умот дека парата оди на пара и дека овие награди ке ги заработи некој на кој му се прелеватага


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 06.Август.2010 во 16:44
A koj ke gi slika ministrite,pratenicite i novinarite,koga narodot onoj patriotskiot nema pari za da odi na odmor vo Grcija,ili vo bilo koja od evropskite zemji.

Ke treba sami sliki da si prakaat,pa mala e nivnata plata,a vaka 6000 denari pa so tie pari ke zakrpat nekoja ministerska dupka.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Август.2010 во 14:08
Originally posted by емил емил напиша:

http://www.vest.com.mk/?ItemID=46963E1B171E204B819F14A2749CC7A1 - За министер во гаќички во Грција - 6.000 денари
 
 
http://www.vest.com.mk/?ItemID=956971C7D810DD40A08BCE0DC679C302">веќе има печеливш од оваа наградна играголема%20насмевка


-------------


Постирано од: lilica
Датум на внесување: 11.Август.2010 во 14:34
Originally posted by емил емил напиша:

 
http://www.vest.com.mk/?ItemID=956971C7D810DD40A08BCE0DC679C302">веќе има печеливш од оваа наградна играголема%20насмевка



АЛАЛ ДА ТИ Е!

-------------
Кој бара ќе најде.


Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 11.Август.2010 во 14:38
хаха бравос за вест слатко ме насмеаја

-------------
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 11.Август.2010 во 16:21
Некои во Охрид, http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=697FEEEBE80DBA459CE98DEA9242870E - некои во Турција.....а http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=95B7E022C6463045A31D8A9529294983 - Премиерот неможе  на одмор ни да помисли....мачен   бил животот премиерски.тага

-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: novace
Датум на внесување: 11.Август.2010 во 18:20
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=956971C7D810DD40A08BCE0DC679C302 - Во Платамона ....како (да е) дома !?
 
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=956971C7D810DD40A08BCE0DC679C302 - Читател на "Вест" ни ја испрати фотографијата на конк*рсот "Послушајте патриоти" објавен минатата недела. Градоначалникот на Центар и сопственик на трговскиот синџир "Тинекс" е фотографиран на една од плажите во грчкото приморско гратче Платамона голема%20насмевка
намигнување


-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти


Постирано од: brza
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 01:38
h me boli kaj se idiotite,...

...edino ,..im pozeluvam ,..nekoj komarec ,...so nilski virus,...da mi ja pocica malku,pokvarenata krv...!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 07:08
Originally posted by brza brza напиша:

h me boli kaj se idiotite,...

...edino ,..im pozeluvam ,..nekoj komarec ,...so nilski virus,...da mi ja pocica malku,pokvarenata krv...!
Komu?...Na ovoj vo Platamona ...ili na site ...patrioti od vlasta vo Grcija>>>дада

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 08:41
Originally posted by renatax renatax напиша:

Некои во Охрид, http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=697FEEEBE80DBA459CE98DEA9242870E - некои во Турција.....а http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=95B7E022C6463045A31D8A9529294983 - Премиерот неможе  на одмор ни да помисли....мачен   бил животот премиерски.тага

ЦЦЦЦ многу загрижувачка онаа последната реченица во Утрински..  нашиве новинари се за жалењеизненадување лишени се од атракцијата ОДМОР НА ПРЕМИЕРОТ

http://www.time.mk/read/effb974c28/f92bad2a50/index.html - Никола Груевски, претседател на Владата




-------------


Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 08:44
бил у јапан на обука чоекот .. таму од шо му е срам на луѓето да ја напуштат канцеларијата први , се случува да останат и мноогу подолго на работа од колку шо е потребно

-------------
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 10:09
Originally posted by монте кристо монте кристо напиша:

бил у јапан на обука чоекот .. таму од шо му е срам на луѓето да ја напуштат канцеларијата први , се случува да останат и мноогу подолго на работа од колку шо е потребно
Овој нашиов оперативец - лопатар, на работа оди околу пладне, а она останувања..со маказите в раце и прием за премиерот?Лопатата секако останала на градилиштето.
Можеби му држи уште одморот од Бриони лани...во титовата вила?
Годинава срамно во Грција а во монденски не е добро за рејтингот...ќе го изрезилат оние стечајците со одморот на асвалтот...?дада


-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: Генерал Митре
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 10:35
Абе ај што политичарите одат на одмор ама па што ги праќаат своите зетови снаи, мајки татковци,јатрви золви свекрви шури и што ли не друго во државните одмаралишта и тоа на рачун на државата не ми е јасно. Внимавај зборувам баш за оние политичари кои се најгласни и кои најповеќе го користат зборот “комуњари“.


Постирано од: novace
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 11:01
Читам дома пијам кафенце и уживам..а фон однадвор..најверојатно од соседството непосредно....:
 
СВЕ ЈЕ ИСТО...САМО ЊЕГА НЕМАААА...
 
пс:
СЕ си е ИСТО....односно :
Се менува само ФОРМАТА...СУШТИНАТА си е  секојпат ИСТА
Секој си го реди животот... како што знае и умее..голема%20насмевка
намигнување


-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти


Постирано од: brza
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 17:14
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Originally posted by brza brza напиша:

h me boli kaj se idiotite,... ...edino ,..im pozeluvam ,..nekoj komarec ,...so nilski virus,...da mi ja pocica malku,pokvarenata krv...!


Komu?...Na ovoj vo Platamona ...ili na site ...patrioti od vlasta vo Grcija>>>дада
ehh,..da e samo toj,...ne bi se ni spomnuval nafatiraniot glupcho !


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 19:29
Имало значи и КОРИСНИ...комарци...за спас од ...бељата...да

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 20:57
Некои дома..ама ретки  се

http://www.time.mk/read/NONE/2cbea09c7c/index.html - Грција или Струга? Каде им е поубаво на вмровските функционери?




-------------


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 18.Август.2010 во 15:55
Interesno?
Sigurno ne odmaraat doma, na veleshko ili tikveshko ezero.
Se znaekoj na tahiti, koj vo dubai ili slichno samo Geogrgi Ivanov e doma seto ostanato e kud koi.лутина



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 19.Август.2010 во 03:30
Еве дознавме, ама откако се врати - Груевски одмарал во Турција.

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 19.Август.2010 во 13:50
Велат одмарал 24/7...но во Турција...нема замерки од анти Грците...А за министрите...можеби ќе им ги извлече ушите за одморот во Грција...или имаат дозвола од ГАЗДАТА...???газење%20од%20смеење

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 19.Август.2010 во 16:30
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Велат одмарал 24/7...но во Турција...нема замерки од анти Грците...А за министрите...можеби ќе им ги извлече ушите за одморот во Грција...или имаат дозвола од ГАЗДАТА...???газење%20од%20смеење


Ministrite odmarat vo Grcija vo svojsvo na atashea.
A sekoe atashe ima zadacha nwshto na stori ili da donese kako podatok vo nasha korit ilinozjebi nekoj na shteta na drzjava kje ima lichen kjar vo shto povekje veruvam. Togash kje ima i za grujo pa taka nema da im zameri na ministrite.



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 21.Август.2010 во 08:42
Интересно размислувањенамигнување.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=905F151BF722BB458F63FCD24B961953 - Власта на одмор во Грција
 Малку ме збуни ова
На што личи тоа еден министер да се плаши да каже каде бил на одмор? Па како ли мислат да владеат и да носат одлуки за граѓаните ако им е страв да соопштат каде летувале или каде биле на екск*рзија?


-------------


Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 21.Август.2010 во 14:40
А1 телевизија чести 6000 денари за папараци фотка од политичар на одмор во Грција плазење
охохо... си наполнија џебови фотографите


-------------
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 21.Август.2010 во 15:30
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Интересно размислувањенамигнување.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=905F151BF722BB458F63FCD24B961953 - Власта на одмор во Грција
 Малку ме збуни ова
На што личи тоа еден министер да се плаши да каже каде бил на одмор? Па како ли мислат да владеат и да носат одлуки за граѓаните ако им е страв да соопштат каде летувале или каде биле на екск*рзија?



Se e normalno samo nie sakame od seto ova da pravime razni fami..........zatoa i ministrite bar dobar del od niv nema ni da komentiraat kade bile na odmor.


-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 04:58
Covek da ne moze da poveruva do kade se stignuva so histerija da mu se zirne na drug vo dvorot.

A be so ve boli uvo koj kade bil, da ne vi brcnale vo dzeb slucajno za da odat na odmor. Tie se izbrani drzavni funkcioneri so spostvena plata koja verovatno im dozvoluva da si dozvolat odmor. I so ima vrska vo koja drzava bile? Sekoj odi kaj so mu se dopagja.

Individualno e od sekoj covek dali ke kaze kaj bil na letuvanje, negovo licno pravo.

A tuka ste se zapnale koj bil, kade bil, zosto bil, pa i uste konk*rs na sliki ke pravat poedini mediumi. Koja mizerija od lugjevo, neverovatno.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 07:23
Сами си го сместија.кокошка..кога на вратите на грчката амбасата урлаа и ги нарекуваа сите кои земаа визи...предавници...и џубриња на Македонија...А погодете кој тоа го правеше.кокошка..
Инаку се разбира дека е нормално кој каде сака да оди на одмор.да..но и да купува производи поевтини и поквалитетни..?.


-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 03:14
Ален Зекиров, личен телохранител на началникот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, доби наградно патување на Малдиви откако со својот мотоцикл среде бел ден усмрти пензионер на пешачки премин, објави опозицискиот СДСМ на својот официјален интернет-профил. Социјалдемократите се прашуваат како е можно вработен во МВР, чија основна плата е приближно 23.000 денари, да има пари за ваков одмор, за скапи мотоцикли и за автомобили, кои според нив, чинат 20.000, односно 30.000 евра?„Летот од Македонија до Малдиви чини 1.400 евра, сместувањето во луксузниот хотел „Ангсана“ е минимум 600 евра од ноќ, а за трошоци и за други задоволства едноставно нема цена, бидејќи нив ги покрива ВМРО-ДПМНЕ, а за нив плаќа македонскиот граѓанин“, посочуваат од партијата на Бранко Црвенковски, надоврзувајќи се на обвинувањата дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги политизира, ги партизира и ги злоупотребува безбедносните служби. Од друга страна, вмровците велат дека за разлика од времето на СДСМ, кога личната безбедност за граѓаните била непозната категорија, во последниве четири години полицијата се реформирала според европските стандарди, со цел да се стане сервис на граѓаните.

http://www.spic.com.mk/print/kat/hronika/alen-zekirov-na-maldivi.html - http://www.spic.com.mk/print/kat/hronika/alen-zekirov-na-maldivi.html



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk