Испечати | Затвори го прозорот

Атентат врз Ахмадинеџад

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Свет
Опис на форумот: Масони, Рокфелер, Ирак, Иран, Балкан Експрес...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22978
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 02:15
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Атентат врз Ахмадинеџад
Постирано од: aLbaneso
Наслов: Атентат врз Ахмадинеџад
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 12:10
Атентат врз Ахмадинеџад

Во првичните штури информации на светските агенции се известува дека претпладнево и е извршен обид за атентат врз иранскиот претседател, што Ахмадинеџад го преживеал.

Reuters во својот брејкинњуз се повикува на либаската телевизија, додека дописникот на руската државана агенција РИА Новости пренесува информација на телевизијата Al Arabia.

Во оваа информација се наведува дека непознат напаѓач фрлил бомба врз претседателскиот конвој и притоа неколку луца биле ранети.

Инцидентот се случил во близина на градот Хамедан, каде Ахмадинеџад требало да одржи говор. Според телевизијата нападот бил спречен.

Засега нема други информации.
mailto:http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126021 - http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126021

-------------
Љаеш НЕ касаш !



Коментари:
Постирано од: lilica
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 13:54


Има внатрешни непријатели во неговата земја, кои со години го демнат.

-------------
Кој бара ќе најде.


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 15:18
Атентат врз АхмадинеџадАвтор: Редакција ФОРУМ     11:12 | 04 август 2010

http://www.forum.com.mk/#27070

Претседателот Ахмадинеџад(д)мораше да попушти пред притисоците и да побара Машај (л) да си поднесе оставка (Reuters)
Покрај конвојот на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во среда оодекна експлозија, при што иранскиот претседател остана неповреден, а повредени се неколку лица. Некои извори тврдат дека станува збор за атенбтат врз иранскиот претседател, додека неговиот кабиент тоа го демантира (проширено)


Во првичните штури информации на светските агенции се известува дека претпладнево е извршен обид за атентат врз иранскиот претседател, кој Ахмадинеџад го преживеал .
Reuters во својот брејкинњуз се повикува на либанската телевизија а за агенцијата атентатот го потвридле и извори од претседателскиот кабинет. Додека дописникот на руската државана агенција РИА Новости пренесува информација на телевизијата Al Arabia. Во оваа информација се наведува дека неидентификувано лице фрлило бомба врз претседателската колона на иранскиот претседател Ахмадинеџад и притоа неколку луца биле ранети. Според телевизијата нападот бил спречен.
Засега нема други поединости.
Според Agence France Presse гранатата експлодирала во близина на колоната од автомобили на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во западниот дел од градот Хамадан, но иранскиот претседател останал неповреден.
„Утринава рачна граната експлодираше близу автомобилот кој превезуваше репортери кји го придружуваат претседателот во Хаманд“, пишува во среда порталот Khabaronline.ir. Автомобилот на Ахмадинеџад бил наводно оддалечен стотина метри и тој останал неповреден. Како што пренесува порталот, подоцна претседателот се обратил пред локалното население кое се собрало на стадионот, но не споменал ништо за инцидентот.
До овој момент нема официјални информации за атентатот врз Ахмадинеџад на државните ирански медиуми и други ирански извори.
Претходно седмицава Ахамдинеџад во еден јавен настап изјави дека „ционистите“ подготвуваат заговор за атентат врз него.
Според ирански извори, станува збор за експлозија на рачно изработена бомба додека претседателската колона се двожела од аеродромот крај градот Хелманд кон центарот на градот каде во спортски објект (според едни информации станува збор за спорстак сала, според руги за стадион) требало да одржи говор.
Германската новинска агенција DPA, повикувајќи се на либанското државно радио ја потврдува информацијата дека во нападот со бомбата биле повредени неколку лица.
Сателитстата телевизија аl-Arabia обајви дека едно лице е успесено во врска со нападот.
Иранските власти ги демантираат сите извештаи тврдејќи дека станува збор за петарда.
„Тоа беше само петарда“, изјавил за Agence France Presse претставник на кабиентот на Ахмадинеџад анјавувајќи скорешно официјално соопштение за настанот.
Покрај конвојот на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во среда оодекна експлозија, при што иранскиот претседател остана неповреден, а повредени се неколку лица. Некои извори тврдат дека станува збор за атенбтат врз иранскиот претседател, додека неговиот кабиент тоа го демантира

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 17:20

Ништо чудно и да имало обид за атентат, а ништо чудно и Ахмединеџад да си прави маркетинг...Има тема за Иран , што ќе ви е и оваа....збунетост



-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 17:27

Петарда.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk