Испечати | Затвори го прозорот

Помош за Александар Димков

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22912
Датум на принтање: 09.Јануари.2025 во 05:02
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Помош за Александар Димков
Постирано од: Omar
Наслов: Помош за Александар Димков
Датум на внесување: 19.Јули.2010 во 00:52
Млад човек (33 год.), невработен, оженет и татко на малолетно дете. Човек кој виртуозно музицирајќи на својот кларинет често пати од срце допринесувал луѓето да заборават на своите секојдневни грижи, проблеми, маки и страдања.
Боледува од тумор на десното око, а после сите потребни извршени испитувања на повеќе клиники во Македонија, ПОТРЕБНО МУ Е ИТНО ЛЕКУВАЊЕ, кое во нашата земја е неизводливо.
Лекување од ваков вид е можно само во Москва на Институтот Фјодоров, за што има добиено препорака од сите досега консултирани клиники во Македонија, Бугарија и Србија.
Бидејќи лекувањето е доста скапо, (изнесува околу 4000 евра), ДА НАПРАВИМЕ СЕ ШТО МОЖЕМЕ И ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА АЛЕКСАНДАР, како би отпатувал во Москва што поскоро, бидејќи секое одолговлекување на лекувањето може да има поразителни последици по неговото здравје.
Средствата може да се уплаќаат на име:
Димков Александар -трансакциска сметка
200 0002418000 40 - депонент Стопанска банка Штип.



Коментари:
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 31.Јули.2010 во 02:38
Да му помогнеме на Александар Димков, кој боледува од тумор на окото и мора да се оперира под итно . Донациските броеви од сите три мобилни оператори се веќе во функција, и тоа 070/143-104 на T-mobile, 075/143-103 на ONE, и 077/143-402 на VIP.

-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk