Домови зе деца без родители
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22814
Датум на принтање: 28.Ноември.2024 во 04:18 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Домови зе деца без родители
Постирано од: mamamd
Наслов: Домови зе деца без родители
Датум на внесување: 06.Јули.2010 во 18:57
Животот на децата без родителска грижа е непознаница за многумина од нас.Само тие знаат како живеат. Често пати ке прочитаме/слушнеме по некоја неубава информација. Најактуелни се некаде пред Нова Година кога преставниците на партиите “кршат нозе“ со сурија новинари по себе да покажат дека не ги заборавиле.И се некако паѓа во заобрав. Минатиот пат кога ја гледав снимката од посетата на министерот на домот заедно со екипа на Сител тв малку ми просмета ветувањето дека ке има постојана контрола. Денеска читам веќе се преминало од зборови на дело http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/bajrami-posledna-opomena-za-pedagogot-vo-domot-za-deca - Бајрами:
Последна опомена за педагогот во Домот за деца
|
Коментари:
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 08:02
Многупати човек размислува каде е за децата подобро, во дом без родители или кога е дадено на посвојување Колку државата води сметка и за едната и за другата солуција. Читам, ке се контролираат посвојувањата од странците и животот на децата кај посвојувателите во странство. Можеби во светот е ова нормална пракса, добро е што ке се направи и кај нас. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=700718F1DA447C40B0A66605D26E55AA - Што
кријат посвојувањата во странство
-------------
|
Постирано од: Феникс
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 10:59
Имаме фамилијарен пријател кој израснал во домот за жал и се секавам на неговите кажувања како ги проаѓал деновите таму. Од кога само се вика дека треба да се промени нешто но и кога ке се промени тоа трае толку кратко колку само да пројде гужвата и погледите свртени кон таа институција.Се надевам дека понатаму ке се најде некој кој ке мисли и за добро на тие деца таму бидејки тие најмалку посакувале да бидат таму и имаат право на еден нормален живот
------------- ...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Јули.2010 во 09:39
Јас ли сум грешка или “девојче“ е 19 годишна полнолетна девојка http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=83BFD48224C7CC45B891F37434E1D43B - Девојче
скокнало од тераса
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 19.Јули.2010 во 09:49
mamamd напиша:
Јас ли сум грешка или “девојче“ е 19 годишна полнолетна девојка http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=83BFD48224C7CC45B891F37434E1D43B - Девојче
скокнало од тераса
| ne...ti ne si greshka!
...sum chital i za deca od dvaeset i bajagi kusur godini,..kako ona momchence vo hrvataska ,..sjto nagazilo na mina,..a, edvaj doguralo do ,...29 ...mislam deka mu bea...
i ..ke pisham od shto sum vosh*ten,..kaj shto treba!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Јули.2010 во 14:12
Мака голема кога си ставен меѓу чеканот и наковалната, а воспитачите очигледно се во таква ситуација. Никој не ги негира недоследностите од поединци, ама... Читам во Нова Македонија, јасно срочена информација, причини-последици а не само нафрлена вест. Јасно стои дека девојката сакала во касните (раните утрински) саати да оди на рандеву Ако ја пуштела и се случело нешто, воспитачката го обрала бостанот. Не ја пуштила, очигледно ако нема и вакви информации, јасни и прецизни пак ќе го оберела бостанот.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71910102454&id=12&prilog=0&setIzdanie=22037 - Девојка
скокнала од балкон за да биде во прегратка на момчето |
И искрено, па и родител ќе се побуни ако дете излезе во ниедни саати од дома бре...
-------------
|
|