Испечати | Затвори го прозорот

Почина академик Гане Тодоровски

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Историја и политика
Опис на форумот: историски, политички, изборни дебати
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22582
Датум на принтање: 05.Јули.2024 во 22:49
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Почина академик Гане Тодоровски
Постирано од: mungos80
Наслов: Почина академик Гане Тодоровски
Датум на внесување: 23.Мај.2010 во 17:15
Почина академик Гане Тодоровски Скопје, 23 мај 2010
- Во Скопје синоќа на 81 година почина академик Гане Тодоровски, соопштија денеска Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Академик Гане Тодоровски е роден во Скопје, на 11 мај 1929 година. Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што бил дологодишен професор.
Тодоровски беше првиот амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1997 година и беше член на ДПМ.
Тој е автор на импозантно литературно дело во две магистрални насоки: автентично литературно писмо, кое се остварува во доменот на поезијата и во областа на историјата на книжевност, критиката и есеистиката. Академик Тодоровски е автор на 12 книги поезија, кои секогаш значеле настан во мигот на појавувањето и, истовремено, оставиле длабока трага во летописот на современата македонска литература.
Неговите први стихови датираат од времето на Втората светска војна и во нив се огледа тематскиот и стилски печат на една епоха во која се прават првите чекори кон македонската самостојност и слобода. Понатаму, овој исклучително плоден поет учествуваше во сите творечки периоди низ кои минуваше македонската поезија, давајќи богат придонес кон нејзиниот развој.
Академик Гане Тодоровски е истакнат преведувач на модерната светска поезија на македонски јазик. Неговата дејност на ова поле е ориентирана кон руската поетска школа, англосаксонската, германската, француската, полската и чешката, а кон тоа треба да се додадат и огромен број препеви од литературите на балканскиот книжевен круг.
Еден дел од активностите на поетот литературниот критичар и есеист Тодоровски е сврзан и со историјата. Академик Тодоровски беше пасиониран истражувач на македонскиот 19 век, книжевно-историска област кон која тој целиот свој творечки век беше доследно приврзан. Тој ги толкува делата на нашите претходници не само како документи и сведоштва за минатото, туку и како активни фактори и моделатори на нашиот современ литературен израз и на состојбата на нашата современа национална свест.
Постигнатите научни резултати во областа на македонистиката го вбројуваат академик Гане Тодоровски помеѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови, како во Европа така и во светот.
Академик Тодоровски е добитник на повеќе признанија и награди: „11 Октомври“, „23 Октомври“, „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“ - Струшки вечери на поезијата, „Ацо Шопов“ - ДПМ, „Димитар Митрев“ - ДПМ, „Кирил Пејчиновиќ“ за преведувачки опус, Книжевно жезло и на голем број пофалници во земјава и во странство.Академик Тодоровски беше еден од првите залагачи и подржувачи на идеата за создавање на независна Република Македонија во екот на превирањата и југословенската агонија во почетокот на деведесетите години на минатиот век. Нека му е вечна слава!
Заедничката комеморативна седница ќе се одржи во МАНУ во 10:30 на 26 мај.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Коментари:
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 23.Мај.2010 во 17:16
Bog da go prosti.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 23.Мај.2010 во 17:18
Лека му земја.

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 23.Мај.2010 во 22:15
Нека му е вечна слава! роза

-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 24.Мај.2010 во 17:01
Презакажан погребот на академик Гане Тодоровски

Академик Гане Тодоровски, кој почина завчера на 81 година, ќе биде погребан задутре во 13 часот во селото Кожле, кај Катланово. Истиот ден ќе биде одржана и Комеморативна седница во МАНУ.

Академик Гане Тодоровски е роден во Скопје, на 11 мај 1929 година. Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што бил дологодишен професор.

Тодоровски беше првиот амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1997 година и беше член на ДПМ.

Тој е автор на импозантно литературно дело во две магистрални насоки: автентично литературно писмо, кое се остварува во доменот на поезијата и во областа на историјата на книжевност, критиката и есеистиката. Академик Тодоровски е автор на 12 книги поезија, кои секогаш значеле настан во мигот на појавувањето и, истовремено, оставиле длабока трага во летописот на современата македонска литература.

Неговите први стихови датираат од времето на Втората светска војна и во нив се огледа тематскиот и стилски печат на една епоха во која се прават првите чекори кон македонската самостојност и слобода. Понатаму, овој исклучително плоден поет учествуваше во сите творечки периоди низ кои минуваше македонската поезија, давајќи богат придонес кон нејзиниот развој.

Академик Гане Тодоровски е истакнат преведувач на модерната светска поезија на македонски јазик. Неговата дејност на ова поле е ориентирана кон руската поетска школа, англосаксонската, германската, француската, полската и чешката, а кон тоа треба да се додадат и огромен број препеви од литературите на балканскиот книжевен круг.

Еден дел од активностите на поетот литературниот критичар и есеист Тодоровски е сврзан и со историјата. Академик Тодоровски беше пасиониран истражувач на македонскиот 19 век, книжевно-историска област кон која тој целиот свој творечки век беше доследно приврзан. Тој ги толкува делата на нашите претходници не само како документи и сведоштва за минатото, туку и како активни фактори и моделатори на нашиот современ литературен израз и на состојбата на нашата современа национална свест.

Постигнатите научни резултати во областа на македонистиката го вбројуваат академик Гане Тодоровски помеѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови, како во Европа така и во светот.

Академик Тодоровски е добитник на повеќе признанија и награди: „11 Октомври“, „23 Октомври“, „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“ - Струшки вечери на поезијата, „Ацо Шопов“ - ДПМ, „Димитар Митрев“ - ДПМ, „Кирил Пејчинович“ за преведувачки опус, Книжевно жезло и на голем број пофалници во земјава и во странство.


-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 24.Мај.2010 во 17:38
Нека му е вечна славата

-------------


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 24.Мај.2010 во 23:53
Кон македонскиот творец

Ти знаеш сè, Ти можеш сè,
Во тебе сила грдна лежи!
Ти грамадо на умот врел
Што светот си го зграпчил в мрежи -
Те на зборој строги -
Ти, поглед в една точка збран,
Од луѓето си неразбран,
Дај, престрој се кон мисла чиста
Врз небото на овој простор мал
Што в крвта ти се распослал, -
Ко ѕвезда Деница да блисташ!
Подзастани и збери сила
За подвиг престоен – и речи сè
За овој миг, за денов наш
И биди само толку смел
Колкушто умееш да сонуваш;
Бидејќи имаш машки здив
Смогни да станеш горделив,
Извиши се над сите ТИ
Со својот здрав и буен глас,
Ко македонски горостас.


..............................................

Вечна му слава! роза




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 00:00

 BOG da go prostiроза


Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 00:05
најубавата песна од Гане Тодоровски


 П О Р А К А

Ела -
Нашето доодување допрва почнува!
Ќе го започнеме патот изутрина,
голема, бистра, единствена изутрина,
наша изутрина -
Ти понеси до грска - две разбирање
јас ќе ти донесам ракатка љубов
и ќе ти наберам недоброј стракови доверба,
штотуку никнати,
кревки,
затоа убави, -
И знаеш, во името на нас,
на сите зла што глодале низ нас,
дај да им речеме едноставно
Д О Г Л Е Д А Њ Е !
Нема тука што!
И да ги пратиме злата, еј дури онаму,
петлите денот кај не го будат,
кај нема зелени бушавости,
ни пчошки лај,
во таква невратка -
Така олеснети, смеолики, смеоносни,
со многу мир за претстојните немири,
светлооди, бистродуши, до зарек блиски
ќе си преминеме отаде Лета
за да веруваме дека никогаш
на овој брег не немало.


Гане Тодоровски - “Божилак“


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 00:10
Пред 14-15 години, во едно Демир хисарско село,  имав чест да седам до него на една семејна веселба....Не можев да му се изнавосхитувам на мудростите кои ги кажуваше во текот на седенката...и долго после тоа ги прераскажував неговите муабети кажани тогаш.....многу паметен и учен човек беше....
 
Вечна му слава...
 
 
 
 
извадок од Малодушна песна - Гане Тодоровски

Кога си разболен од многу сам,
кога си претворен во непосегање-
душата прилега на урнат храм
во којшто штама морничава налегнала....

 


-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 01:53
Бог да го прости

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 02:44
Neka mu e lesna zemjata... pocivaj vo mir...

-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: lilica
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 13:55


-------------
Кој бара ќе најде.


Постирано од: гоcтин
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 14:21


-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk