Јасновидост
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мистерии и астрологија
Опис на форумот: Хороскоп, сонови, гледање во кафе, во карти, во раце, во НЛО...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22371
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 17:00 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Јасновидост
Постирано од: fiore
Наслов: Јасновидост
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 13:22
Dali imate vakva sposobnost?
Eve nesto od vikipedija za da ja nasocam temata:
Видови јасновидост
* преку чувства[13] - способност забележана во будизмот, која се стекнува на одредено ниво на медитација. Општо земено, се однесува на оној кој може да ги почуствува вибрациите (болести, мисли или чувства) на другите луѓе. Оваа способност се разликува од „трето око“ по тоа што оваа способност не дава јасна слика за другиот, туку јасно чувство.
* преку слушање[14] - способност за користење на „внатрешното уво“. Но може да се однесува и на звуци кои другите не можат да ги слушнат, како на пример мисли или зборови од духови. Сепак, треба да се прави разлика меѓу овој феномен и гласовите што ги слушаат ментално заболените.
* преку миризба
* преку знаење – способност да знаете нешто без да знаете од каде го знаете тоа.
* преку вкус – способност да го знаете вкусот на нешто без да го пробате воопшто, односно информацијата за вкусот се добива преку етерот (види: Акаша).
|
Коментари:
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 21:17
незнам.. не верувам баш во ова...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 23:48
fiore, ne znam dali kje te interesira, no ima edna http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22261 - tema za baba Vangja na Veroispoved. Se diskutira od vernichki aspket, no mozhebi kje najdesh nekoi informacii koi kje ti bidat od interes...
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: fiore
Датум на внесување: 30.Април.2010 во 13:30
blagodaram messenger,interesna e temata,ama ovde stanuva zbor za licni iskustva...
mene na primer mi se ima sluceno da sonuvam rabota (losa) koja,potoa se sluci.Jas znaev deka ke se sluci i znaev deka ke bide na mojot rodenden,ama nemam poim od kade seto toa go znaev (a silno posakuvav da ne bide taka).
Poradi sluckata,i poradi stresot deka znaev,padnav vo depresija,nemozev ni da jadam...
Znaci dali ima nekoj svoe sopstveno iskustvo,a ne od drug
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 30.Април.2010 во 14:10
не ви го нарекла ова јасновидност, али во секој случај е интересно...
разгледувавме некои крпици со другарка низ гтц и гледам една девојка, онака млада и си викам: оваа гарант ќе се сопне на тоа скалите! по некое време ја гледам се потсопна.. се насмеав под бркови што се вика и си продужавам натака..
отидовме во теранова ко по обичај, пошто највеќе пари сум способна таму да слупам, па да не ги потрошам сите од прва, на крај таму идам и се загледав во едни бели фармерки, малце потскинати и си мислам: сеа некој ќе ги земе пред мене! и сварно! една девојка онака фино си ги зема во раце.. јас останав подзината...
идеме накај дома со автобус и така “натоварени“ со глупости и триста кеси, си мислам, сеа некој ќе дојде (малце гужва беше) и ќе ми ги бутне кесите.. се качува еден дедо и со тоа бастунот ми ја поткачи кесата и падна... он ми се извињава а јас си викам еееј, знаев дека ова ќе се деси!
си идам накај дома, накај улица и си мислам: сеа мајка ми ваљда иде у продавница и ќе ми рече нешто од типот: ти дете, нормално ли си!!! што ќе ти се волку работи ма? идам фино, онака ветре дува, абе филм.. филм... али филмот го крши мајка ми и ми вика: -што е ова?? нормална ли си ти? зошто волку работи кога нема да ги носиш!?
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 30.Април.2010 во 14:59
Тиги колку од ова е вистина,а колку е вклучена фантазијата твоја????
-------------
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 11:52
За Тиги, имено во книгата Д Сикрет наголемо се расправа за феноменот на условена реакција како последица на нашите акции-мислите.
Вели-Универзумот е како каталог, што ќе нарачаш во мислите тоа и ќе добиеш особено ако цврсто си убедена во нив.
Имам дури еден од овие горенаведени т.н „таленти„ имам прецизно чувство за идни настани, ама се некако ги поврззувам кога ќе дозивеам некоја новонастаната ситуација и сите знаци потоа ме упатуваат на некаков заклучок кој многу често се обвистинува.
Во мојот мозочен процес ова го толкувам само како логика, дека тоа води кон тоа итн....притоа слузејќи се со тоа што веќе го знам или сум го дознала.
Ова не го сметам за јасновидност, туку малку повеќе слузење со сетилата и свесно прифаќање на сигналите кои ни ги испраќа инстиктот.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 12:48
JAS POZNAVAM EDNA ZENA KOJA AKO SRETNE NEKOJ NASMEAN SE SMEE AKO VIDI NEKOJ STO PLACI I TAA PLACE A ZNAM EDNA KOJA OSEJCA AKO TE BOLI NOGATA I NEA JA FAJCA GRC NEJZINATA AKO TE BOLE GLAVATA I NEA I SE SLUCUVA ZA MOMENT PA DALI JASNOVIDCITE SE BOLNI OD SIZOFRENIJA PA SE STO TI SE SLUCUVA TEBE KAJ NIV SE ODSLIKUVA VO SVESTA
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 13:38
Omar напиша:
Тиги колку од ова е вистина,а колку е вклучена фантазијата твоја????
|
ако не ти се верува, не мораш да веруваш... што, дека сум дете, па ми работи маштата? сварно веќе умарате ненормално со тие работи... аман бе више! што добивка имам јас од наводното ми лажење за ваква ствар? ништо.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 14:54
ахах,... јас во понеделникот ... идам на музичко... и одеднаш влегувам во трип... не ги осеќам нозете... помислувам на една женска... порано ја свиѓав , и после ја мразев зошо стана шмизла... и ете ти ја таа...после 5 минути поминува со мајка И - цела дотерана... потоа...поминував низ едно зезнато маало.. како мал ме задеваа таму... и ете ти ги овие на 200 метри од мене , истите луѓе , ми бараат палома , се степале со некого.... океееј... се ќе беше во ред , да застануваше ова тука... ама продолжувам , и идам накај дома... и баш се сетив гледам ги пуштаат од влахов овие , им завршува настава... и се сетив на една женска што учеше во влахов... кога влагам во продавница....Она. абе не верувам во вакви ствари... али имам свои теории...
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 18:14
Пред некој месец, седев дома, досадно ми беше и си мислам: Ех никој не ми се јави деновиве...истиот момент телефонот ѕррррррр....
И ова ми се случи, сакале верувајте сакајте не: Запознав едно дете пред 4 месеци, многу фино, ама се видовме само на денот што се запознавме и повеќе не ( а од ист град сме ). И така мене пред 1 и пол месец ми текна, си велам: Еееее детето што го запознав веќе не го видов. И после истата вечер го сонував, го гледам во сонот се поздравуваме и се прегрнуваме, онака пријателски. Другиот ден шетајќи низ град налетав на него и ми се повтори истата слика што беше во сонот. Сигурна сум дека тоа што го сонував беше реагирање на мојата потсвест дека се сетив на него и дека сакам да го видам пак. Ама тоа што веќе го видов другиот ден после сонот ми беше чудно, сонот се исполни во целост.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 18:44
Nishto chudno Lithium.
Ako ne ti se veruva toa shto ti se sluchilo tebe, togash nema voopshto da veruvash na onoa shto mi se sluchi mene...
Spijam jas edno popladne i sonuvam kako zvoni zvoncheto na vratata... ja otvaram vratata i gledam eden mnogu dobar prijatel koj ne sum go videl barem 10 godini. Celiot izraduvan mu velam:
- Kade si bre Zvonko, ne sme se videle 10 godini!
Samo shto go izgovoriv toa vo sonot, koga me budi zvonoto od vratata... stanuvam od krevetot izraduvan shto go sonuvav prijatelot, ja otvaram vratata i go gledam ISTIOT PRIJATEL, so istata ekspresija na liceto i vo ista obleka kako vo sonot! Shokiran od toj moment izvikav:
- Zvonko, nema da veruvash, ama tokmu sega te sonuvav!
I sega, neka mi go objasni nekoj sluchajov so tradicionalnava nauka ili religija. Sluchajnost? Koincidencija? Deja vu? Prekognicija? Janovidost? Svetiot Duh? Vremensko-prostoren vorteks? Patuvanje vo idnina?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 22:07
Па навистина чудно месинџер, не знам како може ваквите работи што се случуваат најдобро да се објаснат? Да се објаснат како т.н. моќ на потсвеста или како што кажуваш дали се работи за случајност, јасновидност или патување во иднината можеби. Ама колку е сето тоа логично Не знам кој одговор би бил најсоодветен кога размислуваме за некои работи, или некако самите ни се наметнуваат и потоа ни се исполнуваат...
Кога сме веќе на оваа тема и уште нешто ми се има случено: Доста сум поврзана со мојата сестра, и многу често ни се случува кога правиме муабет да кажеме исти мисли во ист момент, и ќе се насмееме само двете на тоа. Туку, муабетот ми е, седам јас така во соба пред некое време и толку ми се заврте една стара песна во глава, не можев никако да ја извадам од ум. Се ми се врти низ глава, почна да ме нервира...Излегувам јас после од соба, влегувам во собата на сестра ми и гледај - ја потпевнува она истата песна што ми се вртеше во глава Чудно ми беше, си мислам: Или песнава ми се наметнува или навистина постои силна поврзаност помеѓу мене и неа Или само се работеше за случајност
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 01:13
Lithium, zhivotov me nauchi deka celava Kreacija, vkluchuvajki ne i nas kako nejzin del, ne e nishto drugo osven edno edinstveno Sebstvo koe nalikuva na hologram.
Znaesh shto e hologram?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 11:14
Мислам дека знам. Не беше тоа некаква три-димензионална презентација или претставување на некој човек или предмет? Најчесто во филмовите сум сретнала холограми. Како го поврзуваш холограмот ( метафорично ) со овие нешта што ни се случуваат на нас? Мислиш најпрво ни` се наметнува сликата холограмски, а потоа и навистина во реалноста се остварува? Или....?
a мислам дека не го знам значењето на зборот Sebstvo.
|
Постирано од: connected
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 16:00
Lithium напиша:
a мислам дека не го знам значењето на зборот Sebstvo.
|
јас мислам дека го знам `себе`+`тројство`=себство
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 19:35
Lithium напиша:
Мислам дека знам. Не беше тоа некаква три-димензионална презентација или претставување на некој човек или предмет? Најчесто во филмовите сум сретнала холограми.Како го поврзуваш холограмот ( метафорично ) со овие нешта што ни се случуваат на нас? Мислиш најпрво ни` се наметнува сликата холограмски, а потоа и навистина во реалноста се остварува? Или....?a мислам дека не го знам значењето на зборот Sebstvo.
|
Terminot "Sebstvo" go upotrebuvam kako makedonski ekvivalent za edinstvo na s'e shto postoi vo Kreacijava, vkluchuvajki ja i nejzinata "lichnost". Zatoa velam Sebstvo, a ne Edinstvo. Nie sme neddeliv element na taa Sevkupnost od sekoj aspekt. Ne postoi Svet i nie. Nie sme Svetot, negov aktiven element kako i sekoj drug Negov del od Negoviot mozaik, vkluchuvajki go i onoa shto nekoi religii go vokaliziraat kako Bog. Neshto slichno kako chovekovoto telo - nie mozheme prstite, kosata, racete, nozete ili mozokot da gi gledame kako razlichni delovi, no site tie pripagjaat na edno telo. Iako navidum se manifestiraat kako poedinechni nezavisni delovi, tie zhiveat samo kako edno edinstveno zaednichko bitie. Fragmentirani i oddelleni nemaat zhivot i funkcija.
Znachi seto toa pretstavuva edno, edinstveno i neddelivo Sebstvo.
Inaku, koga te prashav za hologramot mislev na edna negova karakteristika koja e malu poznata, a go ilustrira tokmu onoa prethodno kazhanoto.
Hologramskata slika ne e nishto posebno ako ja poglednesh kako obichna fotografija. Ne mozhesh da vidish nishto na nea. No dokolku upotrebish poseben medijator megju tebe i nea (laserska svetlina) kje dobiesh iluzija na trodimenzionalna fotografija. Onoa shto bilo nevidlivo i nerazbirlivo odednash, percepirano i interpretirano na eden sosem odreden nachin, rezultira so nekakva tochno odredena forma i boja. Toa, samoto po sebe e odlichna ilustracija za onoa shto diskutiravme na nekolku temi - sto e Svetov, kako izlgeda, shto e vistinata i koj e nashiot uddel vo seto toa. Hogramskata slika dava ilustracija za toa deka vo svetot nema boi, mirisi, formi ili bilo shto drugo, tuku deka toj e edna neodredena kvantna supa so bezbroj potencijali na manifestiranje koi dobivaat sosem odredena slika vo momentot na nashata percepcija preku nash*te setila (ogranicheni kakvi shto se) i interpretacijata na dobienite informacii ( preku nashiot um onakov kakov shto e...).
Onoa, shto e navistiona malu poznato, a shto sakam da go potenciram kako kluchna ilustracija za prirodata na Kreacijata e slednovo...
... Ako holografskata slika ja skrshime na polovina i sekoe parche go pogledneme samoto za sebe, vo niv nema da vidime polovina, tuku povtorno celosna slika!
Dokolku prodolzhime so skrshenje na tie polovini, vo sekoe nivno delche odnovo kje ja vidime celata prvichna slika.
Shto dokazhuva toa?
Toa dokazhuva deka sekoja informacija od sekoja tochka na slikata, se naogja vo sekoja tochka na bilo koe mesto na taa slika! So drugi zborovi, vkupnata informacija za Kreacijata se naogja vo sekoja tochka od Kreacijata!
Posledicata od toa e deka site informacii za Svetov se naogjaat vo nas. Svetov e vo nas i nie sme vo nego. Odgovorite se naogjaat na istoto mesto od kade shto poteknuvaat i prashanjata - vo samite nas!
Nie sme edno edinstveno i neddelivo Sebstvo.
Zatoa Isus, koristejki ja nekogashnata terminologija, veli deka Carstvoto Nebesno ne se naogja nekade vo prostorot, gore-dolu, levo ili desno, tuku se naogja vo nas samite. Veli deka Bog ne treba da go barame vo nekakvi chovechko izgradeni kukji i hramovi, tuku deka Toj vechno se naogja vo nas. So ista ili slichna terminologija istoto go govorele site prosvetleni lugje.
A toa go potvrduva i sovremenata nuklearna fizika i kvatnata mehanika. Denes e dokazhano, preku sekoe somnenie, deka nie mozheme da vlijaeme vrz Kreacijata (onoa shto go interpretirame kako energija ili materija) so nashata intencija ili uredi na odreden nachin ili vo eden mig, bez obzir na prostorot i rastojanijata vo nego.
Toa e mozhno tokmu zatoa shto nie i Kreacijata ne sme nishto drugo tuku edno, edinstveno i neddelivo Sebstvo, za koe samo imame iluzija deka e mnoshtvo od samostalni fragmenti koi postojat samite za sebe, povrzani so nekakvi "gravitacioni" ili "energetski zakoni".
I koga kje se razbere ova, apsolutno nema nikakva prechka da se razberat i maksimite "ljubi go blizhniot svoj kako shto se ljubish sebe si" i "pravi im na drugite onoa shto sakash da ti pravat i tebe (ne im pravi na drugite shto ne sakash da ti pravat tebe)". Toa stanuva ochebijno i samoevidentno zatoa shto nemozhe da bide podrugo koga jas, ti, toj, nie , vie, tie, toa , onoa, tamu, vamu i onamu ne e nishto osven Ednobitie, edno Sebstvo koe samo vo iluzijata na nesovrshenosta vo percepiranjeto na materijalnata manifestacija izgleda kako neshto drugo.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 07.Мај.2010 во 13:45
секој пат кога некој ќе ми каже јасновидост , или прекогниција , замислувам како натсвеста е поврзана во етерот , во светот на информациите , и ги прибира тие информации кои што се дел од битието со кое е поврзана... како и да е ... мои трипови...
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: connected
Датум на внесување: 07.Мај.2010 во 15:13
фаќам нечии фреквенции од време на време
-------------
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 23.Мај.2010 во 21:36
jas ne sum jasnovidec... imam miopija.
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 23.Мај.2010 во 22:17
Имам...много силно развиена интуициjа...на жал таа се jавjа само за лошо.
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 13.Јуни.2010 во 14:47
Пред два месеца аплицирав за добивање стипендија на еден факултет тука. Не бев многу загреана за тој факултет, и си реков само: Ај ќе се обидам, нема што да изгубам! За жал ( или за среќа ) - после 2 недели ме известија дека ништо од стипендијата. Си реков: Здравје! И тоа заврши, веќе не ни мислев на тоа, заборавив....Но, пред една недела, го сонував човекот којшто беше еден од одговорните за доделување на стипендиите. Го гледам во сонов, ми се смешка човеков....
Се разбудив јас утрото, слегувам во кујна да јадам и мајка ми ми вели: - Ќерко стигна писмо за тебе. И велам: - Од кого писмо? - Види, еве. - и ми го дава писмото Писмото беше од факултетот, од еден од одговорните, решиле да ми доделат 1/4 од стипендијата. И велам на мајка ми: - Ама јас баш сега го сонував овој од факултетов и гледај, утрово писмо од таму. Мајка ми само се насмеа, малку се изненади и замина да прави ручек.
Ми се случува вака почесто, да сонувам некои луѓе и истиот ден ги гледам или се случува нешто поврзано со нив.
А, уште нешто: додека траеше школскава година, имаше и денови кога одев од сабајле на училиште. Го навивав мобилниот во 7 а се разбудував точно во 6 и 59. Многу често така ми се случуваше да се разбудам една минута пред точното време.
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 13.Јуни.2010 во 16:10
Ми се случува вака почесто, да сонувам некои луѓе и
истиот ден ги гледам или се случува нешто поврзано со нив. |
ова литиум се нарекува дежа ву. и мене ми се има случувано да сонувам нешто и другиот ден истото нешто што сум го сонувал да се оствари.
------------- Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 13.Јуни.2010 во 16:19
Доста сум поврзана со мојата сестра, и многу често ни се
случува кога правиме муабет да кажеме исти мисли во ист момент, и ќе се
насмееме само двете на тоа |
Литиум сфаќам да се случува тоа на две сестри. браќа... ама не сфаќам како може на другари? со најдобриот другар еднаш седевме на скали и разговаравме и едно време си велиме двајцата во исто време-ај до продавница. одиме таму и двајцата купуваме исто нешто. ова ни се има повеќепати случено и вистина не го разбирам
------------- Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 13.Јуни.2010 во 16:34
vlad0 напиша:
Ми се случува вака почесто, да сонувам некои луѓе и
истиот ден ги гледам или се случува нешто поврзано со нив. |
ова литиум се нарекува дежа ву. и мене ми се има случувано да сонувам нешто и другиот ден истото нешто што сум го сонувал да се оствари.
|
Не е дежа ву.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 13.Јуни.2010 во 16:35
Tiggy Vicious напиша:
vlad0 напиша:
Ми се случува вака почесто, да сонувам некои луѓе и
истиот ден ги гледам или се случува нешто поврзано со нив. |
ова литиум се нарекува дежа ву. и мене ми се има случувано да сонувам нешто и другиот ден истото нешто што сум го сонувал да се оствари.
|
Не е дежа ву.
|
WTF well how do YOU call it genius?
------------- Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 13.Јуни.2010 во 16:37
Дежа ву, драг мој Владо е нешто што си го видел по втор пат. Ова... не е. Ова она го сaњала, па го видела. Notice the differense?
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 13.Јуни.2010 во 22:44
Мислам дека не е дежа ву. Кај дежа ву имам чувство дека тоа што во моментот ми се случува дека ми се случило и претходно, само неколку секунди е тоа, како една секвенца. А ова е веќе сонувано, па потоа остварено!
|
Постирано од: Charmedgirl18
Датум на внесување: 17.Јуни.2010 во 15:21
јас може да се рече дека сум ви експерт за дежа ву.едно, две, само добивам по некое дежа ву.и тоа за разни неповрзани работи.и ми текна да си ги запишам, па у слободно време малце да ги анализирам и да видам што значат, ама тоа слободно време сеуште не дошло...
инаку, мислам дека имам она што фјоре го напишала како јасновидност преку чувство, само што јас не би го нарекла јасновидност.во одреден момент, ми текнува дека другарка ми е нерасположена, и кога ќе и се јавам, или кога ќе се видиме и ќе ја прашам како е веднаш се потврдува мојата претпоставка...
соновите од време на време ми се исполнуваат.така пред некој ден сонував дека сум видела напишано 1:1.поминав пола ден на нет, барајќи што значи ова, за на крај да сфатам дека истиот ден утакмица што се одржа од светско заврши 1:1...
------------- I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 21:14
Ne mozham da najdam posoodvetna tema, pa zatoa pishuvam tuka.
Eve shto mi se sluchi denovive...
Kako shto znaete, imashe Svetsko Prvenstvo vo futbal, pa povekjeto lugje go prata osven, sa rabira, mene...
I dva - tri dena pred polufinalniot naptrevar megju Germanija i Urugvaj (za koj nishto ne znaev) zhena mi mu se javi na najziniot tatko vo Makedonija da go prasha kako e so zdravjeto, shto pravi i t.n. Vo razgovorot, toj kako star fudbaler, ja prasha zhena mi dali go prati prvenstvoto, a ona mu odgovori deka ne sme vo tek so rabotite i bi ja interesiralo da doznae koj stanal prvak.
Tatko i veli deka za prvak kje igraat Holandija i Shpanija, a deka Germanija e treta bidejki go pobedila Urugvaj so 3:2.
Po telefonskiot razgovor, zheni mi mi kazha deka Germanija e treta so pobeda nad Urugvaj so 3:2 i ako sakam mozham da go gledam finalniot natprevar koj se igra za dva dena.
OK, si velam jas, ako ne drugo kje go gledam najvazhniot natprevar.
Posle dva dena odam preku kanalite za da go najdam natprevarot i gledam deka se odviva onoj megju Germanija i Urugvaj i deka edniot vodi 1:0. Hmmmm... si mislam, ovde davaat repriza na ovoj natprevar kako predigra na finalniot. Vrtam na drug kanal, koga i tamu igraat Germanija i Urugvaj i stoi istiot rezultat od 1:0.
Tuuuu... kaj se pogodi dva kanali da davaat repriza na ist natprevar, neshto shto skoro nikogash ne se sluchuvalo do sega? Malu mi beshe neobichno i chudno, ama si velam, nema poenta da gledam koga znam deka Germanija pobedila so 3:2. Ajde, kje go gledam finalniot natprevar koj sigurno kje bide podocna.
Malu podocna na vesti slusham kako voditelot veli deka denes Germanija go pobedila Urugvaj so 3:2 i taka go osvoila tretoto mesto!
Gledam jas vo ekranot i ne mozham da veruvam... kako da sum vo Twilight Zone. Ja vikam zhena mi i ja prashuvam, neli tatko ti pred dva dena ti reche deka Germanija go osvoila tretoto mesto pobeduvajki go Urugvaj so 3:2 ? Taa mi odgovara - taka mi reche toj.
- Kako mozhel taka da ti kazhe, kako mozhel da znae koj pobedil, pa zgora na toa i da go znae rezultatot, koga natprevarot zavrshi tokmu sega ??? - ja prashav zachudeno.
- Shto znam jas, ti prenesov shto mi kazha toj - krena ramenici zachudeno gledajki vo ekranot.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 13.Јули.2010 во 00:12
Абе да не касни broadcastingot кај што живееш ? xD
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 13.Јули.2010 во 00:22
Prenosot e sekogash vo zhivo... i se raboti za dva dena razlika!
Mi se imaat slucheno nekolku chudni raboti vo hivotot, za koi sum pishuval tuka, ama vakvo neshto do sega ne mi se sluchilo nikogash!
Ova ne e deja vu, nitu prekognacija, tuku prelapnuvanje na vremeto od period od 2 dena.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 13.Јули.2010 во 00:46
Messenger напиша:
Prenosot e sekogash vo zhivo... i se raboti za dva dena razlika!
Mi se imaat slucheno nekolku chudni raboti vo hivotot, za koi sum pishuval tuka, ama vakvo neshto do sega ne mi se sluchilo nikogash!
Ova ne e deja vu, nitu prekognacija, tuku prelapnuvanje na vremeto od period od 2 dena.
|
Na koj datum ti go kaza dedo ti rezultatot? Moze li da se setis ?
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 13.Јули.2010 во 01:04
Beshe okolu dva dena pred da se igra polufinalniot natprevar. Ne obrnav vnimanie bidejki ne me interesirashe mnogu. No go zapomnav rezultatot i protivnikot.
Da ne bila prethodniot natprevar dobien od germancite isto taka so 3:2 ?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 13.Јули.2010 во 03:02
Messenger напиша:
Beshe okolu dva dena pred da se igra polufinalniot natprevar. Ne obrnav vnimanie bidejki ne me interesirashe mnogu. No go zapomnav rezultatot i protivnikot.
Da ne bila prethodniot natprevar dobien od germancite isto taka so 3:2 ? |
Ne igrala Germanija 3:2 na ova Svetsko so nikogo, osven so Urugvaj za 3-to mesto.
Zatoa ti rekov da se setis tocno na datumot na razgovorot so dedo ti, toa bese pred nekolku dena . Probaj da se setis, bas me interesira .
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 13.Јули.2010 во 03:33
Nema shto da se sekjavam. Zhena mi go kazha rezultatot ushte dva dena pred da igraat ovie timovi. Jas go znaev ishodot na igrata predvremeno i ochekuvav da go gledam finalniot natprevar koga go vkluchiv televizorot.
Koga togash frliv pogled na igrata, toa beshe vo zhivo i rezultatot vestite go objavija kako novost. Ako natprevarot beshe so zadocnuvanje od dva dena, shto ne e mozhno bidejki s'e se prenesuvashe vo zhivo, na vestite nemashe da go objavat taka.
Ajde jas da sum se isprevrtel, ama televizijskite stanici da se ispomeshale isto taka??? Site istovremeno da davaat repriza i site vesti da go objavat rezultatot kako posledna novost???
I ajde, jas da sum sonuval i dva dena da mi se prichinuvala celava rabota, ama i zhena mi da go dozhivee istoto???
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 14.Јули.2010 во 21:59
Тема: Јасновидост...
ne... c.
Ne dofrlam, iam miopija...
|
Постирано од: Charmedgirl18
Датум на внесување: 22.Јули.2010 во 14:33
Messenger напиша:
Nema shto da se sekjavam. Zhena mi go kazha rezultatot ushte dva dena pred da igraat ovie timovi. Jas go znaev ishodot na igrata predvremeno i ochekuvav da go gledam finalniot natprevar koga go vkluchiv televizorot.
Koga togash frliv pogled na igrata, toa beshe vo zhivo i rezultatot vestite go objavija kako novost. Ako natprevarot beshe so zadocnuvanje od dva dena, shto ne e mozhno bidejki s'e se prenesuvashe vo zhivo, na vestite nemashe da go objavat taka.
Ajde jas da sum se isprevrtel, ama televizijskite stanici da se ispomeshale isto taka??? Site istovremeno da davaat repriza i site vesti da go objavat rezultatot kako posledna novost???
I ajde, jas da sum sonuval i dva dena da mi se prichinuvala celava rabota, ama i zhena mi da go dozhivee istoto???
|
а човекот да не испомешал нешто?да не ти кажал резултат од друга утакмица, наместо полуфиналната?
можеби е и видовит, ништо чудно, мене толку чудни ствари ми се случуваат во последно време, што би поверувала и во такво нешто...
------------- I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 22.Јули.2010 во 15:26
Messenger напиша:
Beshe okolu dva dena pred da se igra polufinalniot natprevar. Ne obrnav vnimanie bidejki ne me interesirashe mnogu. No go zapomnav rezultatot i protivnikot.
Da ne bila prethodniot natprevar dobien od germancite isto taka so 3:2 ? |
Messi proveri http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22692 - Светско Првенство-Идивиди Кладилница da vidis kolku 'vidoviti' forumdzii imase vo tekot na prvenstvoto....
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 22.Јули.2010 во 17:34
izgleda deka i jas sum jasnoviden,...
...odamna mi e se jasno...tuka ...vo zemjava mislam !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 23.Јули.2010 во 22:37
Charmedgirl18 напиша:
Messenger напиша:
Nema shto da se sekjavam. Zhena mi go kazha rezultatot ushte dva dena pred da igraat ovie timovi. Jas go znaev ishodot na igrata predvremeno i ochekuvav da go gledam finalniot natprevar koga go vkluchiv televizorot.
Koga togash frliv pogled na igrata, toa beshe vo zhivo i rezultatot vestite go objavija kako novost. Ako natprevarot beshe so zadocnuvanje od dva dena, shto ne e mozhno bidejki s'e se prenesuvashe vo zhivo, na vestite nemashe da go objavat taka.
Ajde jas da sum se isprevrtel, ama televizijskite stanici da se ispomeshale isto taka??? Site istovremeno da davaat repriza i site vesti da go objavat rezultatot kako posledna novost???
I ajde, jas da sum sonuval i dva dena da mi se prichinuvala celava rabota, ama i zhena mi da go dozhivee istoto???
|
а човекот да не испомешал нешто?да не ти кажал резултат од друга утакмица, наместо полуфиналната?
можеби е и видовит, ништо чудно, мене толку чудни ствари ми се случуваат во последно време, што би поверувала и во такво нешто... |
Chovekov reche deka "za prvak kje igraat Holandija i Shpanija, a Germanija e treta bidejki go pobedi Urugvaj so 3:2". Ova go kazha dva dena pred da bide odigran toj natprevar.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 27.Јули.2010 во 13:38
sum videla pred mene licno slucaj....i veruvam vo toa...
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 29.Јули.2010 во 00:45
vo ova ne veruvam deka postoi..........
|
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 29.Јули.2010 во 02:32
Veruvam deka postojat ljuge koi se vidovoti.
Po priroda se mnogu senzitivni.
------------- ~Live the life you love, love the life you live~
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 06.Август.2010 во 03:05
верувам во ценовникот нивни, а уживам да го слушам Милан Тарот
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 15:42
Sunny напиша:
верувам во ценовникот нивни, а уживам да го слушам Милан Тарот
|
|
Постирано од: jahra
Датум на внесување: 13.Август.2010 во 01:38
Imam posetuvano casovi sto predavaat za energijata vo nas i okolu nas.Bio energija,chakri i sl.Za vreme na predavanjeto ucitelot go izgasna svetloto vo salata.Bese polu svetlo.Odkako se skoncentrira i site mozevme da zabelezime kako toj pocna "da go menuva likot"od malo dete pa do starec so brada,duri i zenski lik vidovme site,ne samo jas.Navodno toa bile poranesnite reinkarnacii...Mozebi...Ne velam ne...MORA da ima nesto...
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 24.Август.2010 во 19:20
Messenger напиша:
Ne mozham da najdam posoodvetna tema, pa zatoa pishuvam tuka.
Eve shto mi se sluchi denovive...
Kako shto znaete, imashe Svetsko Prvenstvo vo futbal, pa povekjeto lugje go prata osven, sa rabira, mene...
...
|
ХАлелуЈАХ!
Се сеќаваш ли?
Messenger напиша:
spiros напиша:
Messenger напиша:
Interesno, no kaj mene realnite vreminja, pa i datumi, voopshto ne korespondiraat so onie posochuvanite ...
Zarem ВИСТИНСКИОТ Пастир kje gi objavuva svojata mudrost i tajna samo vo srednoevropskata vremenska zona ??? |
ВИСТИНСКИОТ ПАСТИР ги собира своите овци - и тие го слушаат Неговиот Глас - каде и да се’ тие наоѓаат, независно од временската, просторната или интелектуална состојба!
Која душа се разбуди дека без Милоста БОЖЈА е изгубена и со цело срце бара ја бара Истата, засигурно ќе најде дека таа всушност на Голгота е најдена!
|
A 22 Maj, 22 chasot i 22 minuri... i dvata gola... a?
Neli toa beshe poentata? 22... 22.. 22... 2...?
Kako sega odednash ne se bitni vreminjata i broevite? Prvin bea mnogu bitni, sega koga kaj mene ne se istite tie broevi, za istiot sluchaj, odednash ne se bitni istite broevi.
Ako ja prifatam tvojata doktrina togash zakluchuvam deka ВИСТИНСКИОТ Пастир gi sobira samo ovcite od srednoevropskoto vremensko podrachje. Ako ja prifatam doktrinata deka ВИСТИНСКИОТ Пастир gi sobira site ovci od site vremenski podrahja, togash tvojata doktrina ...
|
Пред известно време - поради твоите перманентни спротиставувања на Совршената Вистина - Го замолив Живиот БОГ во Името и Срцето Исусово на нежен начин да ти даде знак за Неговата Чудесна Тајна!
Се сеќаваш ли на последната или предпоследната лична порака ?
ХАлелуЈАХ!
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21836&PN=4 - http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21836&PN=4
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 16:57
spiros, ne gledam nishto od onoa shto ti gledash, shto samo potvrduva deka sekoj gleda onoa shto saka da vidi.
Ako onoa shto samo ti gledash za tebe ja pretstavuva Sovrshenata Vistina, togash se slozhuvam deka jas ne ja gledam i kako posledica se sprotivstvuvam na nea.
Me teshi spoznanieto deka nikogash ne sum se venchal za nikakva dogma, pa toa kje mi pomogne eden den da go razberam onoa shto go velish.
Haleluja!
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Pejik
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 18:42
Да ми се случува јасновидноста,еднаш имав некое чувство за еден мој вујко дека е тешко болен,он набрзо умре!
Но тоа не му го кажав од причина што можеше да се навреди.
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 00:12
se uste ne razjasneta oblast postoi ili ne, kako i bienergija, baenje i sl megu drugoto i duhovi (iako ima posebna tema )
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 00:15
kontra na ova, mesecinke, postoi mutnovidost, posebno koga ne gi nosam cvikerite...
------------- Incredible Blue
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 00:17
Marko Polo 1 напиша:
kontra na ova, mesecinke, postoi mutnovidost, posebno koga ne gi nosam cvikerite... |
потруди се секогаш да имаш на себе она што ти е неопходно нормално да функционираш
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 00:18
toa se edinstvenom..gluposti !!
...ne veruam deka moze od . milijardi i miljardi lugje, samo nekoi
...da imaat neshto sto nekoi go nemaat osven,
...talebntot za toa shto nekoi milsat deka e neshto ...nadprirodno !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 00:23
e brza, ima nesto vo ova...
ako nekoj moze, i jas mislam deka go mozat site... eden den kje dojde momentot, koga siroko kje se otvorat vratite na coveckiot um...
i, blagodaram za sovetot, mesecinke, kje se obidam da te poslusam...
------------- Incredible Blue
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 00:58
ma nema nishto,
..se e toa chovechka izmislica, deka ustavi ima neshto...nad chovechko!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 20.Мај.2011 во 16:57
Тоа е кога идеш кај јасновидец на врата , тропаш а он те прашува кој е ? Па нели си јасновидец...Треба да знаеш кој е...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 01.Септември.2011 во 08:35
Приврзаниците на идејата за постоење на јасновидоста сметаат дека повеќето луѓе се родени со оваа способност, но во текот на воспитувањето во детството се приморани да се држат до прифатливите социјални норми. Денес бројни институти нудат к*рсеви за повторно будење на јасновидоста. Според повеќето таоистички практики способноста како што е јасновидост, но и други "наднормални" способности се резултат на духовно будење и реализација на божествената свесност. Јасновидост или Видовитост (доаѓа од француското clair voyance со значење "јасна визија") е наводна способност да се добијат информации за објект, место или настан преку поинаков начин, различен од познатите човечки сетила. Човекот кој има способност за јасновидост се нарекува јасновидец ("оној кој гледа јасно"). Јасновидците велат дека станува збор за посебен вид на надсетилна перцепција, дар кој на човекот му го дал Бога за да може да им помага на луѓето. Тврдењата дека постојат паранормални психички способности како што е јасновидоста се крајно контроверзни. Парапсихологијата ја истражува оваа можност, но постоењето на ваквите феномени не е прифатено од научната заедница. Во рамките на парапсихологијата, јасновидоста се користи исклучиво за пренос на информации кои се скриени од јасновидецот. Се разликува од телепатијата во тоа што информацијата треба да се добие директно од надворешен физички извор, а не да се пренесе од умот на друг човек. Надвор од парапсихологијата, јасновидоста често се користи за дознавање на настани кои се случиле во минатото, кои треба да се случат во иднина (т.н. ретрокогниција и прекогниција) или за комуникација со веќе починати луѓе. Јасновидоста е во блиска врска со техниката наречена далечинско гледање (remote viewing), иако терминот "далечинско гледање" не е толку распространет како јасновидоста, бидејќи се однесува на специфични контролирани процеси....!
|
|