Испечати | Затвори го прозорот

ЕКОЛОШКИ ИЗУМИ....

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Екологија
Опис на форумот: За спас на планетата Земја
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22363
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 15:58
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: ЕКОЛОШКИ ИЗУМИ....
Постирано од: bijonse1
Наслов: ЕКОЛОШКИ ИЗУМИ....
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 19:30
простор за еколошки изуми што ги знаете.....
или едноставно кажите ваш предлог ..можеби некој читајќи го и ќе  го реализира...



Коментари:
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 19:35

.....дали ќе пиеме од книжни шишиња
Шишиња од хартија за спас на планетата Земја.....
http://www.impactlab.com/wp-content/uploads/2008/11/paper_water_bottle-653.jpghttp://dfrente.files.wordpress.com/2009/01/paper_water_bottle_02.jpg

Американската компанија „Бренд имиџ“ ги создаде првите шишиња за вода направени од рециклирана хартија….оригинален дизајн, а според многумина и историски пронајдок,  ја добија наградата ИДЕА….
Овој еколошки производ можеби нема веднаш да ја спаси планетава од купиштата пластични шишиња што тешко или воопшто не се рециклираат, но би можел значително да го намали нивното количество, бидејќи доколку не се стори нешто на тој план, пластичните шишиња би можеле да ја затрупаат нашата планета и да ја претворат во огромна канта за ѓубре.Иноваторите гарантираат дека шишињата се непропустливи, иако се направени од хартија. Во иднина, велат од „Бренд имиџ“, од вакви шишиња освен вода ќе се пијат и сите други течности, минерална вода, сокови, па и дури и кафе и чај, слично како сегашната тетрапак-амбалажа.Но има забелешки од типот дека хартиените шишиња ја немаат естетиката на пластичните, а и вкусот на водата во нив најверојатно ќе се разликува од оној на кој сме навикнати. Но мора нешто да се жртвува за да се спаси планетата од загадување, додаваат од „Бренд имиџ“.Шишињата се направени од 100 проценти рециклирана нештетна материја, која и по употребата може да се рециклира, значи има повеќекратна употреба, односно можност повторно од неа да се направат шишиња или пакувања во кои ќе се продаваат вода за пиење и други напивки….. интересно,практично  но дали изводливо набргу и кај нас??? оставаме на времето да каже….ете најлонските кеси горе доле се редуцираја ….ама поврзано финансиски , треба да има закон …...... еколошка забрана….



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 20:24
Сок од лубеница еколошко гориво???

116_porta3_img_7.jpgОтпадот од лубениците кој обично останува на нивите може да се претвори во чисто, обновливо гориво - етанол, наменето за употреба во автомобилите, камионите и за во авионите. Лубеницата е интересно овошје, а во земјите со регулирани стандарди на производство на нивите остануваат и до 40 отсто од приносот, зашто се произведуваат и лубеници со лош квалитет, оштетена кора или неправилен изглед кои тешко се продаваат на пазарите......ете им наменада 



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 20:27
Машина која пере без детергент

masinabezdetergent.jpgДосега сме имале можност да видиме штедли­ви машини за алишта кои трошат помалку струја или вода. Но, Французите направија машина која не ко­ристи ништо освен вода, а Јапонците воздух......размислување

WasH2О, е производ од француската ком­панија “Хаиер“, со кој вашите алишта ќе се исперат со помош на електролиза, делење на водата H2О на позитивни H+ и негативни ОH-.

Позитивните ги стерилизираат алиштата, а негативни за себе ја врзуваат нечистотијата. Оваа машина во Франција е достапна по цена од 700 евра......да

 



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 20:44
Цемент кој апсорбира смог

Рецептот бил лесен.........доколку се за верување луѓето од "Italcement". Земете обичен цемент, измешајте го со фотокатализатор (титаниум-диоксид) кој го забрзува процесот на разложување на смогот и едноставно, со смесата започнете да ги обложувате нештата. Точно тоа се работи во Сеграт, италијански град во близина на Милано, од каде и потекнува цементот наречен "TX Aktiv". Со него до сега е поплочена една прометна улица, а од "Italcement" тврдат дека содржината на азот оксид во тој дел на градот е смалена за 60%............аплауз

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 20:51
Еко френдли тротоари.....
Жителите на францускиот град Тулуз ќе пешачат по специјално дизајнирани плочки, кои од притисокот на чекорите ќе произведуваат електрична енергија во количини сосема доволни за да се осветлат улиците.........губитник
Изумот на холандската компанија Јаап ван дер браак, функционира по принцип на трансформација на енергијата од чекорите, која низ микропроцесори во батерии ќе биде складирана како струја.
Плочникот може дневно да собере преку 30 вати електрична енергија, струја доволна за да се обезбеди уличното осветлување, а емисијата на јаглерод диоксид да се намали за една третина..да



-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 23:48

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AD43749A18CB71468C701140EDDB5648 -

Американскиот иноватор Френк Прингл направил машина што рециклира секакви отпадоци - гума, пластика, па дури и парчиња карпи, а од нив прави нафта и гас, пренесуваат светските агенции. Изумот претставува микробранов емитер што ги екстрахира нафтата и гасот скриени во секојдневните предмети, односно од оние што содржат хидрокарбонати. Првата комерцијална верзија на машината за еден час ќе преработува 10 тони автомобилски гуми, пластика и винил во природен гас. Прингл ја изумил машината пред десетина години, откако се доближил до голем оган и почнал да размислува за енергијата што се ослободува. Заминал дома и фрлил парчиња гума во микробранов емитер на кој работел за друг проект. Парчињата се претвориле во нешто што прилегало на пепел и Прингл ги фрлил на студениот под на лабораторија. Неколку часа подоцна на истото место видел мала локва нафта. Петроелумот е составен од хидрокарбонски молекули. Кога микробрановите удираат во гумата, тие ги разбиваат молекуларните врски и ја разградуваат гумата во нејзините составни делови: јаглерод и хидрокарбонатни гасови што можат да горат или да се кондензираат во течно гориво.

Тој размислувал дека некои гасови од разградената гума останале присутни и дека студениот воздух во лабораторијата ги кондензирал во дизел-гориво. Ако процесот работи со гума, тогаш би требало да работи со се' друго што има хидрокарбонати. Целта била да се најде оптималната микробранова фреквенција за секој материјал, за што постоеле 10 милиони можности. Прингл потрошил 10 години и 1 милион долари барајќи ги овие фреквенции.

Првата нарачка е во изградба во Рокфорд, Илиноис. Машината чини 5,1 милиони долари, а голема е колку помал автобус. Наменета е за автомобилски рециклер од Лонг Ајленд, Њујорк. Во најава се и други зделки: американската војска би можела да ги користи овие машини во Ирак, за добивање нафта и гас од стаклени шишиња и отпадоци од храна. Интерес има и од нафтените компании.

- Ми имаат кажано дека некои нафтени компании би можеле да пробаат да ми извршат атентат - изјавува Прингл во интервју во кое се споменува можноста наскоро да стане меѓу најбогатите луѓе на планетата.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 30.Април.2010 во 14:34
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122652 - Награда за наши иноватори во САД:

Биопластика што се добива од растенија и се разградува за дена година, за овој проект седумнаесетгодишните Николче Колев и Стефан Кузмановски добија Гранд при во категоријата екологија на Светскиот натпревар за иновации што се одржа во Хјустон, САД.

„Тоа е биопластика што се разградува побрзо од останатите пластики и во исто време е произведена од биолошки материјали, од биомаса и она што ние го користиме ништо не е произведено од петролеум“, рече Николче Колев.

Нивната пластика се добива од целулоза ацетат што ја има на пример кај памукот, а поради побрзото разградување ќе се намали пластичниот отпад и ќе се заштити животната средина.


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 30.Април.2010 во 22:51

Lighthouse

Облакодерот со 1000 ката канцеларии...наречен ,,Светилник,,својата голема потрошувачка на енергија и вода ќе ја оправдува со половично самосоздавање на истите.......
користејќи ја современата технологија и иноваторите ...
направен е така да самата структутра на облакодерот ќе функционира како кожа.......која е составена од минитурбини на ветар направени од микроорганизми кои генерираат енергија од ветер и сончева енергија..
фантастично....но вистинито...да



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 30.Април.2010 во 23:19


Opel%20Ampera

Opel%20AmperaOpel%20Ampera

Најголемиот проблем во загадувањето ќе се реши со губитникOpel Ampera.... 2011

General Моторс го искористи отварањето на Geneva Motor Show оваа година да го претстави концептот на седан со средна големина наречен Ampera која е надградба на Chevy Volt.

Овој автомобил што користи електрична енергија на погон од батерија може да патува до 64 km и над тоа се префрла на бензин. Техниката е во тоа што додека е на бензин батеријата се полни и кога ќе се наполни пак се префрла на струја. Со тоа Opel ќе биде првиот европски произведувач на автомобили што ќе им пружи на потрошувачите неколку стотици километри извозени со погон на струја.Пази сега  ова......на 100 км /1 лит бензин.......да

Револуционерната технологија за електричен погон на General Motors наречена Voltec Propulsion System работи на различен начин од другите електрични системи во автомобили. До 60 km Ampera-та ќе биде придвижувана само на Lithium-ion батерија со стандарден напон од 230 V. А за подолги патувања ќе продолжи да користи електрична енергија од мал внатрешен ел. мотор, но со погон на бензин. Ваквиот развој на работите само може да помогне во целосно преминување на серии возила со погон на електрична енергија. Исто така најинтересното што можете да ја закачите на обичен домашен штекер и да чекате да се наполни...........аплауз



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 02.Мај.2010 во 18:16
http://vesti.mt.net.mk/images/eco2.jpg         http://vesti.mt.net.mk/images/eco1.jpg

Eco Smart Zeta камин

оригинален изум кој стана вистински зимски хит во светот. Според зборовите на неговиот дизајнер Џон Димопулос, Eco Smart Zeta е го добил името поради својот елиптичен облик, а дизајнот влече корења од грчката антика. Овој интересен пренослив камин е направен од комбинација на дрво, кожа и челик ....потполно еколошки прифатлив.....тој троши денатуриран етанол кој е потполно обновлив извор на енергија кој не загадува.......да



-------------


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 04:32

Image

Image

Image


Интересен изум... Шишето со лесен притисок се згмечува и станува 66% помало...среќа



-------------


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 04:38
Или пак овие креации, во кои пластифицираните врекички се заменети со хартиени...

Image

Image

Image

Image




-------------


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 04:40
Повторно пластиката/стаклото се заманува со хартија...

Image

Image

Image

Image

Image



Image



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Мај.2010 во 22:08

Семафор Еко сиcтем.......


eko.jpg%20%285287%20bytes%29

Еколошки економичен семафор  ,  видно се гледа времетраењето со што се знае колку ќе трае со што се намалува стресот ,смалување на горивото оти не се стиска педалата за гас.......итн



-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 19:16
djabe seизненадување,....koga  nekoi "vlechki" pak chekaat da se zapali zeleno, pa da ubacat u brzina,...ebate!лутина

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 09.Мај.2010 во 15:01
имајќи е предвид пренаселеноста поради која доаѓа до зголемена побарувачка а со самото тоа и производство поради кое доаѓа до тоа што се случува , глобално затоплување на пример , најголем и најкорисен изум за спас на планетата земја и со самото тоа се’ што е живо и корисно , несомнено е дека ова е тоа ..........
 
 


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: imps
Датум на внесување: 11.Мај.2010 во 17:27
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122652 - Награда за наши иноватори во САД: Биопластика што се добива од растенија и се разградува за дена
година, за овој проект седумнаесетгодишните Николче Колев и Стефан
Кузмановски добија Гранд при во категоријата екологија на Светскиот
натпревар за иновации што се одржа во Хјустон, САД.

„Тоа е биопластика што се разградува побрзо од останатите пластики и
во исто време е произведена од биолошки материјали, од биомаса и она што
ние го користиме ништо не е произведено од петролеум“, рече Николче
Колев.

Нивната пластика се добива од целулоза ацетат што ја има
на пример кај памукот, а поради побрзото разградување ќе се намали
пластичниот отпад и ќе се заштити животната средина.
:) fala anastae :) ne o4ekuvav deka nekoj kje me spomn e i na forum :D , zatoa i se registrirav na 4umov :)


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Мај.2010 во 18:14
ДОМАШНА БИОСФЕРА

Еколошки изум на ,,Филипс,, овозможувајќи еколошки чиста и свежа храна...
Ова нова технологија овозможува помалку потрошувачка на вода и стуја ....
овозможува висока квалитетна исхрана...
значи ако посакаме свежа риба или зеленчук доволно е да ,,уловиме,, или ,,собереме,, од нашата домашна биосфера.....да
каде сместена?? па нормално во нашата кујна!!трепкање
дали ќе ги исфрлиме замрзнувачките фрижидери во замена со бисферата ....времето ќе покажемир

http://www.yankodesign.com/images/design_news/2009/03/16/biosphere2.jpg


-------------


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 15.Мај.2010 во 12:39
Originally posted by imps imps напиша:

Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122652 - Награда за наши иноватори во САД: Биопластика што се добива од растенија и се разградува за дена
година, за овој проект седумнаесетгодишните Николче Колев и Стефан
Кузмановски добија Гранд при во категоријата екологија на Светскиот
натпревар за иновации што се одржа во Хјустон, САД.

„Тоа е биопластика што се разградува побрзо од останатите пластики и
во исто време е произведена од биолошки материјали, од биомаса и она што
ние го користиме ништо не е произведено од петролеум“, рече Николче
Колев.

Нивната пластика се добива од целулоза ацетат што ја има
на пример кај памукот, а поради побрзото разградување ќе се намали
пластичниот отпад и ќе се заштити животната средина.
:) fala anastae :) ne o4ekuvav deka nekoj kje me spomn e i na forum :D , zatoa i se registrirav na 4umov :)




Ако си едно од момчињата кои добија висока награда за својот еко-изум, би било убаво да земете активно учество на нашиов форум со свои дискусии.

Поздрав до двајцата, секоја чест и браво за вакви млади момчиња кои слободното време го посветуваат на нешто корисно!  аплауз големо%20гушкање



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Мај.2010 во 14:16
sigurno mu ja letnal nekade dalekuизненадување,..pishal edna poraka i,...adios makedonijo !да....pametno momche nekoe.аплауз

....koeshto sepak dokazalo deka ima i ponekoe zrno zito,....megju kukolot!изненадување....najverojatno  se dodeka ne se "dochepa" za nekoja funkcija vo drzavava,...togash ...sve pozitivno,...... pagja u voda!намигнување


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 15.Мај.2010 во 18:35
Овој несекојдневен еко изум е дело на http://www.isisdesign.de/produktdesignfotos.html# - Isis Design од Германија..

javascript:; - -
http://www.zlatenzanaet.com/wp-content/gallery/small_furniture/2.jpg
javascript:; - -

javascript:; - -



javascript:; - -


javascript:; - -



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 15.Мај.2010 во 18:52
ме насмеа овој екоизум ...леле до каде иде човечката фантазија во реалност за создавање енергија.....проследете го постот....наречен
Семоќни цицки

Имате цицки? Тогаш не мора да се грижите за енергетската криза во иднина. Во следните неколку години градите би можеле да станат еден од алтернативните извори на енергија, благодарение на експертите. Во следните пет години професорот Жонг Лин Ванг од Технолошкиот институт во Џорџија планира да произведе материјал направен од нано-жици кој ќе генерира електрична енергија по пат на триење.Овој материјал во иднина ќе може да генерира 80 миливати струја по метар квадратен, што е доволно за полнење на мобилниот телефон.Ванг на новинарите им рече дека релативно евтиниот материјал кој ќе го произведе ќе биде идеален за изработка на градници, поради триењето и мрдањето што го предизвикуваат градите........плазење


-------------


Постирано од: donvito
Датум на внесување: 16.Мај.2010 во 22:45
ti ke go polnis i tvojot imojot,sprema kvadraturata


Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Мај.2010 во 22:53
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

ме насмеа овој екоизум ...леле до каде иде човечката фантазија во реалност за создавање енергија.....проследете го постот....наречен
Семоќни цицки

Имате цицки? Тогаш не мора да се грижите за енергетската криза во иднина. Во следните неколку години градите би можеле да станат еден од алтернативните извори на енергија, благодарение на експертите. Во следните пет години професорот Жонг Лин Ванг од Технолошкиот институт во Џорџија планира да произведе материјал направен од нано-жици кој ќе генерира електрична енергија по пат на триење.Овој материјал во иднина ќе може да генерира 80 миливати струја по метар квадратен, што е доволно за полнење на мобилниот телефон.Ванг на новинарите им рече дека релативно евтиниот материјал кој ќе го произведе ќе биде идеален за изработка на градници, поради триењето и мрдањето што го предизвикуваат градите........плазење
  bogami,...k'o shto se maftaat koga ke potrcha ,...i cel wat ima da nabie!изненадување....kako ...klik-klak se togash !


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 17.Мај.2010 во 12:50
веднаш после КОНДОМОТ , следува ова ..... соларни колектори .........
 
 


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 18.Мај.2010 во 17:21

Црево со топла вода наместо тоалетна хартија........

Нов, почист тоалет и високи хигиенски услови се некои од предностите на новиот јапонски изум - „ВЦ шолја ваш лет“, која има интегрирано црево од кое излегува топла вода и го чисти задникот за кој се користат и по неколку метри тоалетна хартија......
За оваа постапка постои и електронско копче, така што водата почнува да тече токму тогаш кога човекот ќе посака, слично како и кај стандардното казанче.....
Јапонскиот производител за санитарии „Тото“, оваа шолја ја лансира најмногу од еколошки причини бидејќи за производство на тоалетна хартија се уништуваат огромни шумски пространства, а посебно се искористуваат младите дрва. Исто така, казанчето на „ваш лет“ троши шест литри на едно пуштање, додека класичното троши и до 12 литри вода. Покрај топлата вода што го мие анусот, „ваш лет“ има и уред за сушење што може да се намести на три различни температури.
Оваа тоалетна шолја се чисти сама и тоа со средство што не содржи опасни хемикалии. „Ваш лет“ во Јапонија станал неизоставен дел на секој тоалет........голема%20насмевка



-------------


Постирано од: accipiter82
Датум на внесување: 31.Мај.2010 во 21:51
СОЛАРНО ГРЕЕЊЕ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПОТРОШНА ТОПЛА ВОДА И ПОДДРШКА ЗА ГРЕЕЊЕ

Енергијата на сонцето во нашата земја се користи недоволно. Заштедите во вашето домаќинство би можеле да бидат значителни, посебно ако сончевата енергија ја користите за добивање на потрошна топла вода. На пример, за една семејна куќа од 150 m2 во која живее четиричлено семејство би било потребно да се вградат два вакуумски цевни колектори со вкупна површина од 3 m2. Освен коллекторите инсталацијата се состои и од експанзионен сад, резервоар за топла вода (на пр. 400 литри), систем за регулација како и цевковод. Сето ова навидум може да изгледа скапо, но денес цените на овие системи се значително паднати, така што целосен систем можете да добиете за помалку од 1000€.

-------------
http://energetskaefikasnost.info


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 09.Јуни.2010 во 19:12

Air Umbrella

http://kajgana.com/files/editor_content_images/umbrella-455-2.jpg   

Овој чадор нема водоотпорно платно како чадорите што ги користиме, туку штити од  дождот со воздух, или поточно - преку создавање површина низ која воздухот постојано циркулира.Воздушниот чадор (Air Umbrella) е составен од шуплива шипка која прво го вшмукува, а потоа го испушта воздухот нагоре и така создава воздушен штит помеѓу вас и капките дожд.Големината на воздушниот чадор може да ја “штимате“, па ако одите на романтична и “дождовна“ прошетка со љубениот/ата, ќе може да го прилагодите чадорот за да ве заштити од дожд и двајцата. Сепак, овој чадор сеуште не може да се купи како готов производ, туку е само концепт создаден од страна на Је Сунг Парк и Ву Јунг Квон, кои сметаат дека ваквиот изум освен што е корисна иновација воедно е и еколошки гаџет затоа што со неговото користење значајно ќе се намали користењето на пластичните платна за изработка на чадори.....јако нели???да



-------------


Постирано од: konan
Датум на внесување: 10.Јуни.2010 во 20:04
Originally posted by accipiter82 accipiter82 напиша:

СОЛАРНО ГРЕЕЊЕ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПОТРОШНА ТОПЛА ВОДА И ПОДДРШКА ЗА ГРЕЕЊЕ

Енергијата на сонцето во нашата земја се користи недоволно. Заштедите во вашето домаќинство би можеле да бидат значителни, посебно ако сончевата енергија ја користите за добивање на потрошна топла вода. На пример, за една семејна куќа од 150 m2 во која живее четиричлено семејство би било потребно да се вградат два вакуумски цевни колектори со вкупна површина од 3 m2. Освен коллекторите инсталацијата се состои и од експанзионен сад, резервоар за топла вода (на пр. 400 литри), систем за регулација како и цевковод. Сето ова навидум може да изгледа скапо, но денес цените на овие системи се значително паднати, така што целосен систем можете да добиете за помалку од 1000€.
Одлично
,цената моментално е доста пониска,во зависност од колектор, но се движат од 150 до 200е,значиЧ колектор 200е, бојлер или топлотен изменувач 100е,пумпа, и комензационен сад, ако е со пупма организиран системот70е инсталација 50 е, тоа е се
Е сега потпирај ки се на сопствено искуство  и пресметки, гарантирам за еден колектор од 2 м квадратни, бојлер од 200л е дури преголем , на кој ви е поврзана и перална и машина за садови, сето тоа е доволно за 4 члено семејство.
ДА големо ДА за темата, но не многу далеку, тука е се околу нас, сонце, дали ке се трансформира енергијата во топла вода или во струја сеедно.
векје и фотоволтажните панели за производтво на струја се приступачни со цена, дури и ветерниците кои се непрепорачливи за населини места(поради својата бучава) сепак било која од напоменатоте аллтернативи е одличен избор


-------------
Nekogas gospod ja smiruva burata,a nekogas te smiruva tebe za da ja prziveis istata


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 26.Јуни.2010 во 22:33
http://vesti.mt.net.mk/images/Coca-Cola%20Holida%20packaging-thumb.pnghttp://s4.hubimg.com/u/1543187_f520.jpg
Дејзи Зенг, студентка на британскиот универзитет Централ Сент Мартинс, за својата дипломска работа дизајнирала, во соработка со Нокиа, еколошки мобилен телефон кој работи на Кока Кола. Ваквиот еколошки модел би можел да работи три до четири пати подолго од стандардните.Мобилниот работи на батерија која сoздава електричен напон користејќи ензими од шеќерот во пијалакот. Откако батеријата ќе ослаби, се што во неа останува се вода и кислород. Сепак, Нокиа нема да почне да го произведува толку брзо, бидејќи изумот на Дејзи е префутуристички.

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 03.Јули.2010 во 23:18
ECO-SUPERIOR
Патот на месечината....
Специјални ЛЕД осветлување поставено на патиштата при што не мора да биде осветлено со фаровите од колата за да светат туку сами светат ....така да патот се гледа со  километри навечер, тоа соларно полнење од 8ч дневно за 12ч ноќно осветлување. Филипс го вовел во производство нарекувајќи го Светлосен Цвет......самото полнење преку ден и вртејќи се према изворот ,,сонцето,,складирајќи ја енергијата која ноќе се искористува го имитира цветот на растението кое преку ден се отвара и се врти кон сонцето ...за да навечер се затвори во пупка...дали тоа ќе биде нашата иднина на осветлување ??здравје ќе видиме!!



-------------


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 03.Јули.2010 во 23:21
mnogu ,i se dopadnaaaaaaaa :)))))))))))))))) posebna svetlina dava 


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 23:09
ЕКО МОБИЛКИ......

Еко биоразградлив  мобилен телефон......


http://www.eko-planet.net/images/eko-mobi-izumi.jpg                               http://www.bitolskasema.org/portal/images/naslovna/solarmobile.jpg                           http://media.a1.com.mk/media/vesti200/samsung-blue-earth-6.jpg

 „Сина земја“ („Blue Earth“) мобилка има соларен панел  на позадината при што се добива  сјајно синило.Пластиката  на самиот мобилен е резултат од рециклажа на пластични шишиња за вода .....целосно мобилниот и самио полнач не содржат ама ич штетни материи...


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 24.Јули.2010 во 17:54
Маптор

http://1.bp.blogspot.com/_codOv54HFVI/Spvq9Ptf-VI/AAAAAAAADAE/MsbFlb1nBkM/s576/maptor-8.jpg               http://3.bp.blogspot.com/_LckA23ZGUPc/Swl1ECnn8eI/AAAAAAAAAdU/_3Ns-FhGGVA/s1600/maptor.jpg  http://images.businessweek.com/ss/09/07/0729_IDEA_awards_students/image/19_maptor.jpg   http://www.ubergizmo.com/photos/2009/8/maptor.jpg

Во малечко куќиште поврзува GPS, мапи на градовите и проектор. Ова значи дека со помош на Маптор никогаш никој нема да се изгуби ниту да купува и носи еден куп мапи.....сите информации за сите важни локации на градот ќе бидат достапни како филм на платно...Маптор со помош на GPS уредот ќе препознае каде се наоѓате и ќе ja покаже вашата локација на мапата, која можете да ја проектирате на било која површина, така што само ќе го насочите уредот.

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 16:52

Џамбо воз

Clip_2  Clip

Кинеската компанија “Shenzen Huashi Parking Equipment” за развој на т.н.”3D Express Coach”, познат како тридимензионален брз воз што ќе патува над возилото на височина од два метри,би можел да собере околу 1200-1400 патници , ќе се движи  со помош на соларна и електрична енергија, во просек ќе се движи со брзина од 60 километри на час..се заштедува во секој смисол за разлика од метрото....

http:///www.youtube.com/watch?v=Zb61PbhVYQY&feature=player_embedded -



Постирано од: 10101
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 18:00
Elektricen avion, so komplet za gradenje koj cini okolu 30000$.



-------------
98% of the internet population has a signature. If you're part of the 2% that doesn't have a signature, copy and paste this into your sig.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 18:05
Електронска цигара.....или еколошка,како сакате....голема%20насмевка




-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 05.Септември.2010 во 14:54
Ne, ne gi mesaj... kaj ekoloskata se raboti za sosema drugo zadovolstvo...


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 05.Септември.2010 во 14:59
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

Ne, ne gi mesaj... kaj ekoloskata se raboti za sosema drugo zadovolstvo...


Ќе пробаш да ми појасниш?

Се претворив во око....размислување




-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 08.Септември.2010 во 17:46
Шпорет на соларна енергија направен од картон....

Шпорет%20на%20сончева%20енергија

„Кјото-кутија" или Шпоретот на сончева енергија се состои од две картонски кутии една во друга, малку алуминиумска фолија за да се задржи сончевата светлина, и капак од плексиглас да се задржи топлината.Неговиот изумител Џон Бомер вели дека во соларната рерна е доволно топло да се готви, но недоволно да изгори картонот:

-„Може да варите и да печете, но не можете да пржите, така што малку е ограничено, најкорисното нешто што може да го направи е да провари вода. Може да варите ориз, да динстате пилиња. Освен еколошките придобивки како побавното уништување на шумите и ослободувањето јаглероден диоксид во атмосферата, шпоретот ќе значи помалку опасни и напорни одења во шумата по дрва, намалување на труењето со чад од отворениот оган среде куќата, а со бавното готвење на ниски температури ќе се сочуваат и витамините во самата храна.....да



-------------


Постирано од: Quick
Датум на внесување: 22.Септември.2010 во 18:40
Eeeeeee, ama koga toa nie kje mozeme da go koristime i so koj standard ili so koi pari kje go kupime?
Uavo e ova shto go pishuvate. Verpvatno toa vi e i struka pa gi pratite ovie raboti.


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 22.Октомври.2010 во 19:00
Originally posted by Quick Quick напиша:

Eeeeeee, ama koga toa nie kje mozeme da go koristime i so koj standard ili so koi pari kje go kupime?
Uavo e ova shto go pishuvate. Verpvatno toa vi e i struka pa gi pratite ovie raboti.
Сето тоа може да биде релативно ефтино ако се произведува во Македонија. Научен капацитет постои, треба само да се инвестира во сопствената држава, а не да се купуваат на пр. кинески и украински автобуси кога има ф-ка 11 октомври која наместо да се рестартира, пропаѓа.

Многу ми се допадна мапторот, автопатното осветлување на соларна енергија и воздушниот чадор.


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 23.Октомври.2010 во 21:26
Дали дрвото ќе се спаси ... нема да ни треба хартија ????


   http://www.tuvie.com/wp-content/uploads/eroll-provides-convenient-and-efficient-reading-of-newspapers-or-any-other-electronic-documents3.jpg  http://design.architecture.sk/wp-content/uploads/2010/06/eroll1.jpg   http://media.bestofmicro.com/eroll-rollable-tablet-pc,4-I-248994-13.jpg             http://www.tuvie.com/wp-content/uploads/eroll-provides-convenient-and-efficient-reading-of-newspapers-or-any-other-electronic-documents2.jpg

Дваесет и две годишниот Македонец, Драган Тренчевски , дизајнирал електронска книга „eBook“ или екран кој може да се завитка во ролна. Оваа  иновација е наречена „eRoll“, која откако ќе се свитка во ролна има форма на мал цилиндер, помал од полициски пендрек.
Новите интернет генерација се почесто ги користи обилните хартиени книги кои  ги заменуваме со електронски.Овој изум  користи напредна технологија заштедува време, и може да се користи секаде, а што е најважно зафаќа многу мал простор.Тој е направен од флексибилни материјали.
Екранот на „eRoll“ е на допир  и нема потреба постојано да се вртат страницте.  да




-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 00:34
aha
a, po shto e makedonec dragancho?изненадување
 
...po dedo , baba,..ili gresham,збунетост
 
..deteto si go izmislilo toa tuka?
 
..me nervira koga nekoj ke kaze ete i nie imame ..konj za...
 
,..taman posla ako megju  "tolku" milioni ne se najde i nekoj pameten ...kako dragan!да
 
 
 


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 23:30
По што е
По потекло, по место на живеење и по се. И по баба и дедо најверојатно
Колку што знам студент е на Машински, отсек индустриски дизајн. И колку што паметам, концептов е промовиран пред околу 4 месеци.

Зарем на некое македонче родено и израснато во малечкава (од две педи) земја не може да му текне вакво нешто

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: Revolt
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 00:31
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:




Дали дрвото ќе се спаси ... нема да ни треба хартија ????   http://www.tuvie.com/wp-content/uploads/eroll-provides-convenient-and-efficient-reading-of-newspapers-or-any-other-electronic-documents3.jpg  http://design.architecture.sk/wp-content/uploads/2010/06/eroll1.jpg   http://media.bestofmicro.com/eroll-rollable-tablet-pc,4-I-248994-13.jpg             http://www.tuvie.com/wp-content/uploads/eroll-provides-convenient-and-efficient-reading-of-newspapers-or-any-other-electronic-documents2.jpgДваесет и две годишниот Македонец, Драган Тренчевски ,
дизајнирал електронска книга „eBook“
или екран кој може да се завитка
во ролна. Оваа  иновација е наречена „eRoll“, која откако ќе се свитка во ролна има форма на мал цилиндер, помал од полициски пендрек. Новите интернет генерација се почесто ги користи обилните хартиени книги кои  ги заменуваме со електронски.Овој
изум  користи напредна технологија заштедува време, и може да се
користи секаде, а што е најважно зафаќа многу мал простор.Тој е направен
од флексибилни материјали. Екранот на „eRoll“ е на допир  и нема потреба постојано да се вртат страницте.  да


ха ха ха ништо ново под сонцето ама сепак браво за дечкото од мене има пофалба хаха

П.С. сте забораиле да кажете дек работи на батерии бе


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 00:34
Демек тие не се еколошки сакаш да кажеш
Требало можеби......


...........на соларна енергија

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 15:55
Еколошки мали ќесички на прилепување...

http://www.crnobelo.com/images/stories/2010/06/unikaten-izum-za-gjubre-5.jpghttp://www.crnobelo.com/images/stories/2010/06/unikaten-izum-za-gjubre-4.jpg



Специјални малечки кеси кој имат механизам на прилепување на облеката...наменета за луѓе кои све нешто фрлаат отпадок додека се движат пешки по пат....кесата може да ја прилепи на себе било каде  до следната корпа која ќе му биде на распологање и истата  ќе ја фрли!!да

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 08.Ноември.2010 во 21:16
Изум за намалување на грабливите риби во нашите водни површини...

http://www.ribari.mk/wp-content/uploads/2010/09/magicno-ripce.jpg

Со помош на  „Магично рипче“ првиот македонски изум од Миле Зафиров (тапарот) деновиве можете успешно да ловите сом и клен на Вардар, штука на Црна Река, смуѓ на езерото Младост, костреж и сом на Тиквешко, односно сите грабливи риби ...
Магично рипче е направено од балза  со должина од 5 до 10 см и клун од дрвце за ражнич од од 15 до 20 см. Со зафрлување на оловото во матица без употреба на магично рипче мамката ни лежи на самото дно. Магичното рипче има функција да ја крене мамката од дното,  а неговиот облик придонесува мамката да шета лево десно а тоа го привлекува сомот и сите грабливи риби. Системот се монтира на следнит начин: на главниот конец се става подвижно олово од 50 до 150 грама во зависност од брзината и длабочината на водата. После оловото се врзува осмица (вртилка) а на неа се врзува подвез со должина од 50 до 80 см. Во зависност од условите на водата магичното рипче се поставува од 20 до 50 см. на подвезот  а на крајот од подвезот се врзуваат една или две јадици на растојание од 2 до 5 см. една од друга. Рипчето се прицврстува на подвезот со помош на две силиконски гумички, или ако поминува клунот низ телото на рипчето тогаш се монтира како класична пливка . Подвезот поминува низ телото на рипчето се заглавува со клунот и на крајот од клунот се прицврстува со силиконска гумичка. Должината на подвезот после рипчето е од 30 до 50 сантиметри во зависност од водите каде и што сакаме да уловиме . На крајот од подвезот се врзува една или две јадици. Големината на јадицата зависи од мамката со која ќе ловиме и рибата која ќе ја ловиме. И се движи од 8 за клен и костреж до 1или2/0 за лов на сом.  Со должината на подвезот од оловото до рипчето ја регулираме длабочината по која сакаме да ни се движи мамката, ако сакаме поблиску до дното и помалку да шета мамката лево десно, тогаш подвезот треба да е пократок и ибратно тоа се прави со поместување на положбата на рипчето на подвезот. Ако ловиме сом се врзуваат две јадици а мамката се поставува секогаш на втората јадица така што првата секогаш е слободна. Или мамката се врзува меѓу двете јадици зада не ја оштетиме особено кога ловиме со коњштип. Со магичното рипче ќе имаме голема помош и при риболов на мирни води особено кога има благо струење.  Ако магичното рипче е тазе бојадисано тогаш чувајте го во кесе со риби неколку часа за да добие од нивната миризба. Клунот на рипчето игра  улога да не дојде до замрсување при фрлање и ја одржува мамката на саканата далечина од рипчето. Може да ловите со сите мамки црни црви, грозд бели црви , рипче, полноглавец, коњштип, а се покажа како успешна техника и за лов на бела мрена со глиста,  само треба на подвезот после рипчето да  врзете фабрички споени неколку осмици една со друга кои овозможуваат на глистата да ротира околу својата надолжна оска и да ја предизвикува мрената.   Најдобро магичното рипче се докажа за риболов на сом на Вардар и Тиквешко езеро  во сите временски периоди.
извадок....од нет  рибарска страница !!да



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 14.Ноември.2010 во 13:51

http://www.youtube.com/watch?v=B5gp-bQPnYM&feature=player_embedded - -


http://c1.cleantechnica.com/files/2010/10/Shweeb.jpg      http://www.traveltriplets.com/wp-content/uploads/2010/09/Shweeb_Agrodome_Rotorua_Nor.jpg   http://ecoagile.net/images/SchweebHumanPoweredMonorail.JPG   http://www.projectnarro.org/wp-content/uploads/2010/10/image010.jpg      

 Интересно во т.н. зелена технологија изумот на т.н. монорелсов транспортен систем кој го користи ни повеќе ни помалку туку човечката сила како енергија...стремеж кон почиста средина и респект кон зеленилото на природата... ете каде GOOGL ќе инвестира 1 мил долари во овој проект на Shweeb  компанија од Нов Зеланд... самиот транспортен модул би се состоело од прозирни капсули со механизам на велосипед кои ќе се движат по еднонасочен пат...во самата капсула која ќе биде адаптирана и за возрасни , но и за деца и инвалиди овозможувајќи различна положба па дури до легната...

http://www.youtube.com/watch?v=8Irn0vowOe8&feature=related - - Preparing to SHWEEB од патници деца..кликни..!!

како ќе биде тоа изводливо во градовите или ај да речам местата каде имаме страшна агломерација како човечка таква и во објекти ….останува да видиме…направени се веќе некои шеми и обиди како би изгледало тоа…како и да е ова преставува наша иднина …зашто?? па како зашто ? енергетските ресурси не се бесконечни еве … при крај се… и ширењето на луѓето на поголеми пространства го отвараат проблемот со транспортот ….е сега изволте !!! искористите ја вашата сила при секое излегување…е тогаш нема да имаме појава ниту на зголемо ниво шеќер , ниту  на холестерол , ниту потреба од диети или зголемено дупе ем стомак, депреси , ме боли глава и разни оправдувања… ЈОК …!!! има да бидеме сите шланг ем здрави !! Напред  SHWEEB !!!
п.с. единствен недостаток е да секси облеката да не речам миничо ем штиклите на новите сандали ќе ги носиме во најлонче упсссс пардон во книжна кеса и ќе се пресоблекуваме за да се дофрцкаме до канцеларијата фрц прц фрц прц…..ха ха ха !!



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 02.Февруари.2011 во 19:40
Мобилен телефон наречен AQUA доаѓа од SAMSUNG Кореја...самото име кажува се’. ..дизајнерот ги формулирал копчињата како благи отисоци во вода...моделот има touch технологија по целата предна површина и користи еко-течни батерии...
 
http://ilike.mk/wp-content/uploads/images/2010/09/smg01.jpg 


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 23.Октомври.2011 во 19:40
Мобилка на Coca Cola батерија...
Студентка на британскиот универзитет Централ Сент Мартинс,
Deizi Zheng за својата дипломска работа дизајнирала, во соработка со Нокиа, еколошки мобилен телефон кој работи на Кока Кола , кој би можел да работи три до четири пати подолго од стандардните...

 

Мобилниот работи на батерија која сoздава електричен напон користејќи ензими од шеќерот во пијалакот...откако батеријата ќе ослаби, се што во неа останува се вода и кислород...


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 30.Јануари.2012 во 23:13

http://gothamist.com/attachments/arts_jen/PUBLICpeeingkids0311.png        http://graphics8.nytimes.com/images/2009/07/05/nyregion/05complaint.480..jpg

РЕШЕН ЕКОЛОШКИ ПРОБЛЕМ ВО ДАНСКА ??... P TREE

Постот како идеја испровоцирана  од исконската машка навика да својата мала физиолошка потреба ја направи покрај дрво т.е. врз него… во еден неврзан разговор околу такво машко уринирање , се зачудив дека не било важно што се уринира , туку било  важно што тоа се правело  врз дрво кое давало посебно задоволство , дури и покрај присутниот тоалет , машкото ќе одберел некое дрво да за својата мала физиолошка потреба ја направел,, во природа,,каде имал посебно задоволство од околната убавина и чистиот воздух…но , дали некој е свесен дека тоа негово задоволство ,,убива,, и ја загадува средината со непријатен мирис на мокрача?… и дека е веќе еколошки проблем?

http://themonsterminders.files.wordpress.com/2010/11/img_0644.jpg     http://www.ingram.id.au/may2008/images/img_8385.jpg     http://www.godivatrailriders.org/images/photos/tree1.JPG     http://3.bp.blogspot.com/-BZHjr9cHCLY/TokOMYO30XI/AAAAAAAAGbg/1XpZKnWWWfM/s400/peeing+on+a+tree.jpg

познато ви е дека мокрачата е кисела и замислите секојдневно поливање на долниот дел на дрвото на коренот со таква обилна ,, киселина,, што може да се случи? кората на дрвотото се оштетува и доаѓа до исушување на дрвото и негово умирање ...зависно од местоположбата на дрвото и неговото често одбирање како место за уринирање , дрвото побргу или поспоро ќе се исуши , таа ,,убава ,, навика на уринирање се пренесува и на помладите …просто родителите ги учат и децата како и на кој начин да го сторат тоа со што навиката веќе се вкоренува засекогаш кај  машкото дете…

http://3.bp.blogspot.com/_SD0FkCTqg2w/TDiRdKlutkI/AAAAAAAACMc/Ag7Y3knZfZE/s1600/Why-Dog-Pee-To-The-Tree.jpg        http://pjmedia.com/zombie/files/2011/10/IMG_3954.jpg

не би го спомнала уринирањето на кучето врз дрвото , ај да речам количински неговата  мокрача  е многу помала од таа кај човекот…мислите дека заштитата на дрвата би била решена со натписи за забрана на мокрење ?  ма неее , машкото мора да измокри на дрво и бити , затоа проблемот не се решава со забрана , туку со иновација за заштита на дрвото…

http://static.dezeen.com/uploads/2011/07/dezeen_PTree-by-Aandeboom_01.jpg         http://inhabitat.com/wp-content/blogs.dir/1/files/2010/05/new-23.jpg         http://www.cutedecision.com/wp-content/uploads/2011/07/Aandebooms-PTree-2.jpg http://cilight.net/wp-content/uploads/2011/07/P-Tree-Mini-Toilet-Solution-in-Open-Air3.jpg

наречено P-Tree како многу успешна иновација за заштита на дрвото и олеснување на машкото , изгледот уствари е пластичен писуар , врзан за дрво , со одводна цевка со која мокрачата се одлива подалеку од коренот на дрвото…P-Tree направата . искористена  во неколку примероци  во  Roskilde фестивал во  Denmark во  2011 год ,каде биле искористени од повеќе од  100,000 посетители  кои се изјасниле дека го искористиле овој начин на мокрење повеќе од два пати…

http://www.cutedecision.com/wp-content/uploads/2011/07/Aandebooms-PTree-3.jpg          http://media.treehugger.com/assets/images/2011/10/ptree-2011-2.jpg    

за  Roskilde  фестивалот биле направени едно 50 тина портокалеви   P-TREES  најмногу сместени поблиску до бинаата со што се решиле големите маки на организаторите за овој физиолошки проблем…е сега , кога ги гледам вака сликите не знам колку е во ред да некој си поминува покрај тие што уринираат  , а да не речам за женските уште понеоправдано и полошо…ама и тие ,,се зеле на рогови,,  мислејќи дека ваков начин на уринирање  било многу интересно , снимајќи ги  со мобилки …

http://3.bp.blogspot.com/-e9hxwZu2PPE/TlVtzsFpDQI/AAAAAAACVsw/pF8M5FyMRFU/s1600/p-tree-urinals-09.jpg     http://bmpr.com/chip_martin/blogs/images/chip_martin/ptree.jpg      http://3.bp.blogspot.com/-e9hxwZu2PPE/TlVtzsFpDQI/AAAAAAACVsw/pF8M5FyMRFU/s1600/p-tree-urinals-09.jpg      http://1.bp.blogspot.com/-bthaSTe_g9I/TpAVP3eRuQI/AAAAAAAAHm4/wrFhorZCED8/s1600/Tree+urinal.jpg

нормално не се поставувале  вакви P-Tree  на секое дрво , туку на само тие што се најударни според местото на достапност на тој што уринира…во Европа започнале со прикачување  на вакви машки писуари наречени  P-Tree по парковите и ударните темниместа каде имало  дрва… не знам колку е естетски за око да се гледаат парковите  со вакви бели писуари ,  P-Tree дали е вистинското решение? не би рекла ,треба  само строг закон  за забрана на уринирање со високи казни! морееееее , да беше ова некаде во тајванските или кинеските паркови зихер ќе имаше закон и тоа со казна цккккк  исечување на …

ај нема веза…голема насмевка



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 12.Март.2012 во 21:20
Воздушна ладна јакна ...
Глобално затоплување како една од интересни теми за иновација кај јапонците , овозможувајќи во секакви топли услови човекот да си ја задржи телесната топлина константна со специјални јакни направени од памук или полиестер зависно од желбата ! со еден или два вградени вентилатори кои овозможуваат одржување на поладно тело...
air conditioned clothing Awesome Invention Air Conditioned Jackets Pictures Seen on www.VyperLook.com air conditioned jacket Awesome Invention Air Conditioned Jackets Pictures Seen on www.VyperLook.com

-------------


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 16.Декември.2015 во 23:42
palenje na badnikov ogan ...ama so dabovo drvo.

balkancive se broj eden..
cist dab!...ne e steten,ne sodrzi smoli i rano razni pm...cesticki.


-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk