Кисели дождови
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Екологија
Опис на форумот: За спас на планетата Земја
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22356
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 21:11 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Кисели дождови
Постирано од: Sunny
Наслов: Кисели дождови
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 13:44
Овој широко употребуван термин се користи за да се опишат сите форми на кисели врнежи: дожр, снег, магла, град и слично. Поточниот израз би било таложење на киселини, кое може да биде суво и мокро таложење.
Мокрото таложење се дождот, снегот и маглата. Кога киселата вода поминува во тлото, таа дејствува врз живиот свет. Јачината за предизвиканите ефекти зависи од киселоста на водата и од баферинг капацитетот (способноста да се спротистави на менувањето на рН факторот) на почвата.
Сувото таложење е поврзано со киселите гасови и честици. Околу половината од киселините во атмосферата се враќаат назад во земјата преку сувото таложење. Ветровите ги пренесуваат овие честици на зградите, автомобилите и дрвјата.
Проблемот на киселите дождови воопшто не е нов, но природата на рпоблемот се менуваше од локално ниво (проблем на некои градови), до интернационално ниво. За прв пат терминот кисел дожд ( Acid rain), бил искористен во Манчестер, околу 1870 г. (чинам било ), од научникот Роберт Агнус Смит. Зголемената потрошувачка на електрична енергија и зголемувањето на бројот на моторни возила, од 1950 г. наваму доведе до огромна емисија на загадувачи. Нивната концентрација посебно е зголемена во Европа и С. Америка. Скандинавците и ден денес имаат проблеми поради КД со дрвјата и водата за пиење, поради загадување предизвикано воглавно од соседните земји, со што проблемот на КД стана интернационална грижа.
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 13:53
Киселите дождови се една од најштетните појави на глобалното загадување,кои секако се јавуват најмногу во местата каде има голема концентрација на испуштени гасови во атмосферата.
Претежно дождот кој паѓа како Кисле Дожд,има поголеми количества на Сулфурна кислеина H2SO4 и Азотна кислеина HNO3 кои ја намалуваат киселоста на нормалниот дожд од pH 5.5 на околу pH4.5
Процентот на овие две кислеини се движи некаде дури и до 70 %,а исто има и помали количини на Хлороводородна кислеина HCL
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 13:58
Еве последици од Кисели дождови
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/0/0c/Acid_rain_woods1.JPG">
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 14:00
(Уште ова =))
Киселите дождови ја одредуваат видливоста во атмосферата (колку далеку и колку често може да гледаме). Тие предизвикуваат многу бројни ефекти како што е зголемувањето на киселоста на водата во езерата е реките, уништувањето на живиот свет во нив, специјално помор на рибите, уништување на гори, почва и здравјето на луѓето. Загадувањето предизвикано од КД предизвикува проблеми на респшираторниот систем на директен начин преку дишењето и на целиот организам индиректно преку внесувањето на храната.
Уништувањето на дрвјата исто така се случува постепено. КД ги раствораат корисните елементи на растенијата, на тој начин ги ослабуваат и ги прават подложни на болести и на инсекти. Понекогаш КД ги ослободуваат токсичните елементи на почвата (како што е на пр. Алуминиумот) кои дополнително допринесуваат за токсичност на растенијата и преку нив индиректно му штетат на
човекоовото здравје.
КД може да за зголемат корозијата и да предизвикаат структурално уништување дури и на материјалите што содржат СаСО3. Различни видови на цврсти камења (мермери), ако се изложени на Н2ЅО4 ќе настане претвпрање на СаСО3 на СаЅО4 (гипс) кој лесно може да се строши.
Со тоа, КД го забрзуваат распаѓањето на градивниот материјал, фасадите на значајни архитектонски зданија и на скулптурите, со што придонесуваат за уништување и на културното богатство на човештвото.
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 14:15
Иначе Киселините во амосферата настануваат при испуштање на Оскидите на Сулфур и Азот во атмосферата,кои потоа реагираат со Водата од Атмосферата и настанува по пат на Хемиски ракции прилично доста концентрирани Кислородни Кислеини од типот на Азотна и Сулфурна кислеина.
Доста често се јавува и Јаглеродна кислеина H2CO3 во составот на Кислеите дождови.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 14:20
(ај и ова :D )
Eлектричните централи, фабриките, горењето на фосилните горива создаваат атмосферски загадувачи ЅО2 и азотни оксиди NOx. (Во САД, околу 2/3 од целиот ЅО2 и 1/4 од NOx се создадени од термоцентралите кои користат јаглен, Автомобилите се главни извори на емисија на азотни оксиди). Овие хемикалии можат да се вратат директно на земјата како последица на гравитацијата или пак да се помешаат со водата во облаците и да формираат киселини, со што може да се пренесуваат на поголеми далечини преку снег или дожд. сулфурни и азотни оксиди може да се формираат и по природен пат: кај вулканите, кај океаните, кај биолошкиот распаѓања или шумските пожари.
Киселоста се изразува преку рН факторот кој се определува од количеството на водородни јони. Чистата вода е неутрална и има рН = 7. Колку рН факторот е помал од 7 толку е поголема киселоста. Типични вредности за КД се тие со рН од 5,6 - 4,0. рН скалата е воведена во 1909 г. од данскиот научник Sorenson. Таа е логаритамска, што значи ако рН вредноста се промени за една единица, дошло до 10 пати поголема промена на киселоста. На пр.; дожд со рН=5 е 10 пати покисел од дожд со рН=6, додека дожд со рН=3 е 1000 пати покисел од дожд со рН=6.
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 18:39
Киселите дождови се тема која во денешно време го засега целиот свет. Кога јаглерод диоксидот CO2 се раствора во чиста, незагадена вода се одвива следната реакција: CO2 + H2O ↔ H2CO3 H2CO3 е слаба киселина која предизвикува дождот во незагадениот воздух да стане незначително кисел. Овој извор на „кисел дожд“ вообичаено не се смета за загадувач поради тоа што е природна појава и најчесто не ја менува драстично рН вредноста на дождот. Оксидите на сулфур кои се растворени во капките вода предизвикуваат посериозни проблеми. Сулфур диоксидот, при растворање во вода дава сулфурна киселина H2SO3 поради следната реакција: SO2 + H2O ↔ H2SO3 Сулфур диоксидот може да се јави во природата, на пример, од вулканските гасови.Сепак, сулфур диоксидот се смета за загадувач затоа што е спореден продукт при согорување на фосилните горива...........
При согорувањето на јаглен, мазут, нафта и бензин, во воздухот се
ослободува сулфур диоксид. Колку е поголем процентот на сулфур во
горивото, толку поголема ќе биде конценттрацијата на сулфур диоксид во
воздухот. Овој гас, при реакција со водата, создава сулфурна киселина,
која како ситни капки може да биде разнесувана на големи растојанија од
местото на создавањето. На овој начин настанатите дождови (заедно со
азотна и хлороводородна киселина), кои се виновни за уништувањето на
безбројни површини со шуми и на десетици илјади реки и езера во Европа,
Америка и Азија, заради намалените pH вредности, беа познати како кисели
дождови. Овој поим во стручните кругови не ги опфаќа само дождовите,
туку и сите видови на талози од атмосферата (снег, магла, вклучително и
прашина) кои ја закиселуваат подлогата на која паѓаат. Се смета дека околу 90% од количествата сулфур испуштени во атмосферата
се настанати како последица на човекови активности, а останатиот процент
е од природни појави.
Оттаму, грижата на човештвото за намалување на количествата сулфур кои
се испуштаат во атмосферата е насочена кон ригорозно
ограничување на процентот на овој елемент во горивата, односно негово
прочистување во рафинериите. ............
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 18:46
Големата
концентрација на сулфур во горивата е МНОГУ голем проблем....
Најново откритие објавено во медиумите е
преседанот околу горивата со висока концент. на сулфур кои ги
произведува, и на нашите пазари (ексклузивно, затоа што на друго место
нема шанси)ги пласира рафинеријата ОКТА. надолго се
елаборираше во медиумите и јавноста.. освен
монополска положба, рафинеријата има право да продава нафта која не ги
исполнува стандардите, кои освен во цела Европа, се воспоставени и
законски регулирани и во Македонија. Во правото се разбирам колку и
просечен граѓанин, но тоа е доволно да се запрашам дали ова не е доволен
повод за некое правно тело да започне, ако ништо друго, барем со
истрага? Сепак, стандардите за квалитетот на горивата сигурно биле меѓу
приоритетните теми при создавањето на договорот. Најдено е соломонско
решение - ќе се одложи примената на веќе пропишаните стандарди. Есапот е
многу јасен за обете страни - поголема цена за рафинеријата (бонус на
провизијата?), а новиот сопственик, без инвестиции за нова технологија,
за подолг период ќе остварува поголеми приходи. Едно од Министерствата
кое би можело да се заинтересира за квалитетот на горивата, односно за
емисијата на штетни гасови од тие горива, Се провлече информација дека опремата со која би се контролирало
присуството на сулфур во нафтата е скапа, и заради тоа единствената кај
нас е во сопственост, токму на рафинеријата. За обичниот човек ова
можеби и не би предизвикало сомнеж, но луѓе кои имаат искуства со
лаборатории за хемиска анализа, и воопшто луѓе од науката, на оваква
изјава се смеат. Апаратурата (пазите, не лабораторија) потребна за таква
анализа не би требало да е ништо поразлична од повеќето други кои
служат за хемиска анализа. Само со краткотрајно прелистување на неколку
интернет сајтови налетав на цела индустрија која се бави со оваа
проблематика. Од поробусни, до помали, постојат "милион" апарати за оваа
намена, и користат најразлични методи односно технологија. За оние кои
се заинтересирани да дознаат колку сулфур (или олово) има во нивното
гориво, светот нуди и технологија и услуги. Не би ме чудело и на оваа
моја неупатеност да се смее некој од Хемискиот факултет во Скопје, затоа
што има достап до таква технологија во својата лабораторија, со која,
веројатно со ситно приспособување, може рутински да ја врши таа услуга.
Само треба да се најде нарачател на услугите (читај Министерство за
екологија). Второто нешто беше изјавата "нема доказни материјали дека нафтените
деривати на ОКТА се неквалитетни и негативно влијаат врз средината во
која живеат луѓето".
Како им штетат киселите талози на растенијата?
-Го променуваат составот на восочната заштитна обвивка, и со тоа ја
намалува отпорноста кон расителни болести.
-Ја намалуваат ртливоста на семето и репродукцијата на растенијата.
-Го забрзуваат уништувањето на почвата и на хранливите материи.
-Некои токсични материи, како што е алуминиумот, стануваат
порастворливи. Зголемени концентрации на алуминиум во почвата,
предизвикуваат намалено искористување на хранливите материи од
растенијата.
-Посебно се чувствителни иглолисните видови, чии иглички отпаѓаат, а
семето не создава подмладок.
-Заради хемиските реакции кои се случуваат во почвата, меѓу киселините и
калциумот, магнезиумот и натриумот, овие елементи важни за исхраната на
растенијата не биваат искористени, и на тој начин физиолошки
заслабнуваат.
Какво е влијанието врз здравјето на луѓето?
-Докажана е врската меѓу овој тип на загадување со респираторни проблеми
кај чувствителни популации, како деца и астматичари.
-Киселите талози може да влијаат на зголемување на количествата на
отровните метали (алуминиум, бакар и жива) во нетретирана вода за пиење...
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 18:56
Често се случува во Скопје да врне дожд со примеси на жолта смеса …
песок …
Особено со песок се првите капки на дожд (кога не врнело дожд
подолго време) … тие секојпат се непријатели на облеката … но пријатели
на хемиските чистења – на кои потоа дождот им отвора работа ….............. на возилата
остануваат жолти дамки од капките...види слика....
-------------
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 26.Септември.2010 во 01:38
НЕ СЕ КИСЕЛИ , НО СЕПАК ВРНЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ...........ДОЖДОВИ.......
|
|