Испечати | Затвори го прозорот

Зачестија киднапирањата на мали деца

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22328
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 19:26
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Зачестија киднапирањата на мали деца
Постирано од: aLbaneso
Наслов: Зачестија киднапирањата на мали деца
Датум на внесување: 24.Април.2010 во 12:53
Преземено од ВРЕМЕ

Дете се спаси од киднаперскиот црн џип Јулијана Ивановска


Второоделенец од скопското село Моране му избегал на еден од киднаперите од рака, кога тој се обидел да го грабне и да го внесе во црн џип, без регистарски ознаки, кој бил паркиран пред селската џамија. Според изјавите на малолетникот, неговите роднини и жителите, еден од киднаперите бил облечен во бела, а другиот во црна облека. Полицијата завчера на малолетникот од Моране му покажала слики од можните грабнувачи, меѓу кои биле и претходно уапсените браќа Сабид, Риат, Седат и Кенан Таири. Но, момчето, како што дознаваме, на идентификацијата изјавило дека тие не се личностите, кои се обиделе да го грабнат. Вчера детето не беше на школо туку дома со исплашените родители и роднини. Неговите најблиски велат дека кога дошло дома и им ја раскажало случката било испаничено, а цела ноќ плачело и не спиело од страв. Во Моране вчера беше напнато. Завчерашната случка длабоко ги вознемири жителите, посебно најмладите. Пристигнувањето на новинарската екипа за нив беше паника. Почнаа да бегаат низ селските сокаци и да се кријат во куќите. Низ селото вчера немаше ни полициска патрола. Како што изјавија дел од мештаните, откако биле повикани дошле во куќата на детето, зеле негова изјава и заедно со родителите заминале во станица. Случајот од Моране, и двете киднапирања на деца од кумановската населба Средорек имаат една заедничка допирна точка, црн џип без регистарски таблички. И во Куманово во возилото имало двајца мажи. Чиј е црниот џип и кои се двајцата непознати мажи, кои киднапираат деца, засега за истражителите е мистерија. Родителите на соучениците вчера изјавија дека децата го забележале џипот, како стоел пред школото уште од 10 часот утрото. Во моментот кога двете непознати лица се обиделе да го украдат детето, тоа само се враќало од училиште. Тоа било околу 13 часот. Во еден момент детето запрело кај чешмата до џамијата за да се напие вода. Токму тогаш, маж, со крупна става, облечен во црна облека и со црни очила за сонце му се доближил на детето и му се преставил дека е службеник од Катастар. Додека тој зборел, неговиот партнер стоел пред џипот, на кој вратите му биле отворени. Непознатиот човек со црна облека во раката држел лист, за кој се верува дека била слика, и неколку пати гледал во листот и во ликот на детето. Во еден момент посегнал по раката на детето, кое во страв и во паника навреме успеало да се измолкне од стисокот и со брзи чекори да се сокрие во најблиската куќа. Неколку минути преходно, објаснуваат родителите, истите луѓе се обиделе да киднапираат друго постаро дете, кое кажало дека не им се приближило на луѓето зашто забележало дека едниот од нив носел пиштол. Откако не успеале да го извршат киднапирањето непознатите со голема брзина избегале во непознат правец. Според изјави на жителите од Моране и во соседното село Студеничани со автомобил „мерцедес“, исто така, без таблички, четиворица се обиделе да грабнат дете. Но, не успеале бидејќи биле забележани од мештаните, кои почнале да се собираат близу нив.

-------------
Љаеш НЕ касаш !



Коментари:
Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 24.Април.2010 во 12:55
ТЕМА: Зачестија киднапирањата на мали деца во Скопје и околината

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: Nelson Pike
Датум на внесување: 24.Април.2010 во 17:16
Porocite od zapad nemoze da se izbegnat.


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 24.Април.2010 во 21:44
Ova vece lici na Meksikanski kvart

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 24.Април.2010 во 21:48
Trgovijata so mali deca i nivni organi, pocnuva da se vrakja na Kosovo i Albanija... Ubavo bese prikazano na Balkan Kan...



-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 07:15
A be so zabi bi gi kolel takvite zivotni, samo da imam prilika.
Za toj sto se drznal na toj nacin da pravi pari, nema milost, ni kon nego ni kon celata negova familija.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 08:23
Навистина, не можат да се избегнат " доблестите" на западниот свет.Но затоа таму имаат поорганизирани држави и подобро се заштитени граѓаните.Криминалот очигледно се шири во сите сфери, но ова е најморбидно, и навистина заслужува максимално најстроги казни а и оние кои се сврзани со трговијата, лекарите со пресадувањето и др.
Кога ќе помислиш на овој зверски чин - да полудиш.УЖАС

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 21:12
Вака не сум се чуствуваал од кога сум се родил да се плашиш децата да не ги пушташ од дома ВАКА ЛИ СЕ ИДЕ ВО ЕВРОПА ужассссссссссссссссссссссссс !

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 21:18
Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

Вака не сум се чуствуваал од кога сум се родил да се плашиш децата да не ги пушташ од дома ВАКА ЛИ СЕ ИДЕ ВО ЕВРОПА ужассссссссссссссссссссссссс !


Абе не ај мешај Европа, ова е токму “придобивка“ од таму.
За Америка да не зборам, следиш ли ти што се случува? Ова кај нас за жал сега почна...а они одамна се соочуваат со ова.
Па таму бре дури на палстичните амбалажи од јогурт и млеко стојат слики на исчезнатите. Па скоро во Австрија избега киднапирано девојче по таму 2 децении заточеништво. На Опра пред недела дена се збореше за тоа, страшно, исчезнати по 20, 30 години...Кој убиен, кој претворен во сексуален роб, типично америчко.

Жално е што ова зло не не одмина, вака се иде, ние сме за таму, ама прашање е понекогаш дали тие се за-нас (доволно добри)

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 21:25
абе битно во секој муабет фамозната европа да се спомне, а каква е реалната ситуација не е битно...

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 21:28
Ако ова за некој е НОРМАЛНА РАБОТА да се има обиди за КИДНАПИРАЊА секој ден тогаш нема што да коментирам ме оставивте БЕЗ КОМЕНТ

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 21:32
Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

Ако ова за некој е НОРМАЛНА РАБОТА да се има обиди за КИДНАПИРАЊА секој ден тогаш нема што да коментирам ме оставивте БЕЗ КОМЕНТ


Не реков дека е нормално, напротив.
Секој родител знае како му е кога излегува детето и додека се врати, душевен мир немам додека не видам дете на врата, најцрни мисли ми поминуваат.
Сум за смртна казна на вакви нелуѓе, ама не ми е јасно што ја мешаш Европа кога таму е бетер, тие сеуште од нас можат да земат пример за некои работи.

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 21:33
Не е проблемот Европа или не.
Проблем во сстемот, кој сега наголемо се аналиозира од различни умови в о светот.Пред се, дале овој либерален капитализам - води кон регресивни процеси во државите и светот, како и што понатаму.
Очигледно е дека, кризата која се јавува бара поинакви одговори!
Морбидностите станаа најекспонирани токму во 21 век - педофилија, кражби и трговија со органи, максимално развиен организиран криминал,намалување на правата на човекот...
Проблемот е присатен во целиот свет.
Како понатаму?

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 21:40
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

   



Сум за смртна казна на вакви нелуѓе,


СМРТНА КАЗНА НА СРЕД ПЛОШТАД

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 21:46
Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

Ако ова за некој е НОРМАЛНА РАБОТА да се има обиди за КИДНАПИРАЊА секој ден тогаш нема што да коментирам ме оставивте БЕЗ КОМЕНТ
има разлика меѓу нормала и секојдневие, ја утна поентата на муабетот


инаку некогаш не е крив ни системот, едноставно никој не може да се справи со ментално заболени, се работи и за луѓе кои уживаат во тоа...


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 21:52
Originally posted by zabegan zabegan напиша:


Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

се работи и за луѓе кои уживаат во тоа...
ДА Уживаат секако но имаат ПРОФИТ ОД ТИЕ КИДНАПИРАЊА НЕ САМО УЖИВАНЦИЈА ДРУЖЕ

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 22:07
Originally posted by zabegan zabegan напиша:


Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

Ако ова за некој е НОРМАЛНА РАБОТА да се има обиди за КИДНАПИРАЊА секој ден тогаш нема што да коментирам ме оставивте БЕЗ КОМЕНТ
има разлика меѓу нормала и секојдневие, ја утна поентата на муабетотинаку некогаш не е крив ни системот, едноставно никој не може да се справи со ментално заболени, се работи и за луѓе кои уживаат во тоа...


Види забеган, не сакам да се оддалечам од темата, но не с согласувам дека (понекогаш) не е крив системот. Крив е и тоа како.
Иако темава е киднапирања мислам дека не е оф топик ако земам за пример педофилија, овие две работи често одат заедно, киднаперот често е педофил.
Како не е крив системот?
Оди педофил в затвор, одлежува 5 години, излегува (можеби и порано поради добро владање) и ја повторува грешката.

И сега?
Болен е и ај...За се има лек, ако не медицински ондак правен. Доживотен затвор во најмала рака, кастрација (ако не се лажам ова веќе се прави во некои Скандинавски земји) па нека пее после како евнух...


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 22:11
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Како не е крив системот?
Оди педофил в затвор, одлежува 5 години, излегува (можеби и порано поради добро владање) и ја повторува грешката.

И сега?
Болен е и ај...За се има лек, ако не медицински ондак правен. Доживотен затвор во најмала рака, кастрација (ако не се лажам ова веќе се прави во некои Скандинавски земји) па нека пее после како евнух...


За педофилија казните сега се многу остри, може да остане во затвор и 10 години, а и доживотен затвор е предвиден во Кривичниот законик ако со извршување на делото настанале потешки последици за личноста.


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 22:15
Никој од нас не ја знае побудата на тие луѓе и нивната намера што ке прават со децата. Факт е дека веке ова стана лошо и опасно. Наша традиција беше децата безбрижно да растат со игри на маало. Сега родителите страхуваат за своите деца и нивната безбедност.тага

-------------


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 22:16
Еххх....
Па каква тежина треба да има делото за да настане потешка последица? Секс со дете, Македон СЕКОГАШ остава последица. Тие луѓе подоцна во животот редовно страдаат од клиничка депресија и други пореметувања на личноста. Мора ли одма да е видлива последицата (која секогаш ја има и физички?)

И што е 10 години?
Па скоро имавме неколку случаи на педофилија кај нас каде извршувачот на гнасниот акт веќе бил познат на полиција или лежел в затвор, штом е болесна наклоност не се лечи.

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 22:21
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Еххх....
Па каква тежина треба да има делото за да настане потешка последица? Секс со дете, Македон СЕКОГАШ остава последица. Тие луѓе подоцна во животот редовно страдаат од клиничка депресија и други пореметувања на личноста. Мора ли одма да е видлива последицата (која секогаш ја има и физички?)

И што е 10 години?
Па скоро имавме неколку случаи на педофилија кај нас каде извршувачот на гнасниот акт веќе бил познат на полиција или лежел в затвор, штом е болесна наклоност не се лечи.


Сосема си во право Марија, кога велиш дека за вакви дела треба да постојат многу строги казни, па дури и да се применува чешкиот систем. Во Чешка, доколку некој биде осуден за полов напад врз дете му се дава можност да бира меѓу хемиска кастрација или казна- доживотен затвор. Ако ја одбере кастрацијата, тогаш нема да се казни со другата казна. Ако пак одбие, автоматски добива казна доживотен затвор и со тоа случајот се затвора.

Еве ги и најновите измени во КЗ за дела против половата слобода и морал, а кои се однесуваат на лица помлади од 14 години и немоќни лица.

Обљуба врз немоќно лице

Член 187

(1)Тој што врз друг ќе изврши обљуба, злоупотребувајќи го душевното
заболување, душевната растроеност, немоќта, заостанатиот душевен
развој или друга состојба поради која тоа лице е неспособно за отпор, ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(2)Ако поради делото од став 1 настапила тешка телесна повреда, смрт или друга тешка последица или делото е сторено од страна на повеќе лица, на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.
(3)Тој што во случаите од ставовите 1 и 2 ќе изврши само друго полово дејство, ќе се казни за делото од став 1 со затвор од три до пет години, а за делото од став 2 со затвор од три до десет години.


Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години

Член 188

(1)Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз малолетник кој не наполнил 14 години, ќе се казни со затвор од најмалку осум години.
(2)Ако делото од став 1 го изврши крвен сродник во права линија или брат, односно сестра, наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар или друго лице со злоупотреба на својата полоба или при вршење на семејно насилство, ќе се казни со затвор најмалку десет години.
(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што делото од став 1 ќе го
стори со малолетник кој не наполнил 14 години со злоупотреба на
неговото душевно заболување, душевна растроеност, немоќ, заостанат душевен развој или друга состојба поради која е неспособен за отпор.
(4)Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или доживотен затвор.

Производство и дистрибуција на детска порнографија преку
компјутерски систем

Член 193-а

(1)Тој што произведува детска порнографија со цел нејзина дистрибуција, дистрибуира или пренесува или нуди или на друг начин
прави достапна детска порнографија преку компјутерски систем, ќе се
казни со затвор од најмалку пет години.
(2) Тој што набавува детска порнографија за себе или за друг или поседува детска порнографија  ќе се казни со затвор
од пет до осум години.



-------------


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 22:27
Ужасна работа не можам ни да замислам како им е на децата а и на родителите... И Бук*реши секој втор ден се лепат некои плакати за исчезнати деца....тагатагатага Каде им се срцето на киднаперите само тоа ме интересира, дали воопшто имаат срце и чувства... збунетост

-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 22:28
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Никој од нас не ја знае побудата на тие луѓе и нивната намера што ке прават со децата. Факт е дека веке ова стана лошо и опасно. Наша традиција беше децата безбрижно да растат со игри на маало. Сега родителите страхуваат за своите деца и нивната безбедност.тага


Штом личноста е пресметлива, а не верувам дека ќе може да се докаже дека личноста не е пресметлива, непресметлива личност сепак не би можела да стори такво нешто, а и штом се утврди вина, а секако дека во такви дела не може никој да каже дека го сторил делото од небрежност, судијата не треба да го интересира побудата, освен можеби доколку личноста има некакви психички нарушувања кои се последица на тежок живот или некаква траума од детството, а со цел само ублажување на казната, но не и ослободување.


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 22:35
Нормален човек не може да нанесе зло на дете односно на човечко суштество воопшто. Нормален човек не може да остварува профит преку нанесување зло на друго лице. Значи на старт е јасно дека не станува збор за нормални луѓе. Но исто така е јасно дека тие луѓе знаат да извршат селекција, не ги крадат (продаваат) своите блиски од семејството туку одат во позапуштени места каде полесно можат да ја остварат својата цел. тага
Затоа за вакви, безмилосно.


-------------


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 22:37
Баш во мометов слушнав најава баш за ова-утре во 20:00 на Код, Канал 5 ќе се дебатира за киднапирање. Покажаа и стрелки на “патеката“ -најчесто завршуваат во Америка.
Споменаа дека органи на дете до (или од рече) 7 год. одлично пасуваат на постари.

Не е лошо да ја изгледаме ќе има интервјуа со семејства на исчезнати кај нас.

Македон, ме разочара КЗ на македонија. врти сучи, максимумот е 10 години (а речиси никој не одлежал ни толку). Проблемот не се решава со тоа. Ете системска грешка. Сака нешто порадикално.




-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 22:41
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:



Македон, ме разочара КЗ на македонија. врти сучи, максимумот е 10 години (а речиси никој не одлежал ни толку). Проблемот не се решава со тоа. Ете системска грешка. Сака нешто порадикално.


Марија, минимумот пропишан е 10 години, а максимум што може да се добие е 15, односно ако за делото е предвидена и казна доживотен затвор може да се изречат и 20 години, а ако делото е со потешки последици и за него е пропишана казна доживотен затвор, тогаш секако, казна доживотен затвор.




-------------


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 09:26
Originally posted by Omar Omar напиша:

Ужасна работа не можам ни да замислам како им е на децата а и на родителите... И Бук*реши секој втор ден се лепат некои плакати за исчезнати деца....тагатагатага Каде им се срцето на киднаперите само тоа ме интересира, дали воопшто имаат срце и чувства... збунетост
Tie srceto odamna go imaat prodadeno na GAVOLOT

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 16:22
NEOFICIJALNO: tri deca se kidnapirani pred osnovnoto uculiste vo selo Svilare Opstina Saraj

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 17:21

Ова ново? Од денес?

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 17:24
Нема ништо низ медиумите збунетост

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 17:27
Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

Originally posted by Omar Omar напиша:

Ужасна работа не можам ни да замислам како им е на децата а и на родителите... И Бук*реши секој втор ден се лепат некои плакати за исчезнати деца....тагатагатага Каде им се срцето на киднаперите само тоа ме интересира, дали воопшто имаат срце и чувства... збунетост
Tie srceto odamna go imaat prodadeno na GAVOLOT


Треба да имаат страв од Бога.... ненене За нив само смртна казна.... Ама смртна со мачење... Да осетат и тие идиоти како им било на децата.... тагатагатага


-------------


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 19:12
Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

NEOFICIJALNO: tri deca se kidnapirani pred osnovnoto uculiste vo selo Svilare Opstina Saraj
ДЕМАНТ- ЗАТОА реков неофицијално, но имаше само ОБИД за киднапирање на 3 деца во село Свиларе Општина Сарај

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 19:32
Ова што се случува  во последно време,станува загрижувачкиизненадување

-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 19:42
Originally posted by renatax renatax напиша:

Ова што се случува во последно време,станува загрижувачкиизненадување
И повеќе од тоа, јас мислам дека родителите НЕ треба да ги оставаат децата да одат во училиште СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕМА НИКАКВА БЕЗБЕДНОСТ

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 19:47
Малку надвор од контекстот на темава...уште еден доказ дека се погреши со менување на системот на работа во МВР....односно тргање од улица на полицајците-позорникари и воведување на мото-патроли наместо нив...не
Мислам дека многу поинаку ќе беше, доколку не го направеа тоа...


-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 22:50
Зашто овие киднапирања се случуваат токму сега, дали ова им а некоја друга позадина, битно кај народот има голем страв а најголем страв има кај ДЕЦАТА кои се плашаат да одат во училиште, се плашаат да играат со еден збор не се безбедни

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 22:55
member_profile.asp?PF=23182&FID=49 - aLbaneso   како тоа “токму сега“, ќе сакаш да објасниш?



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 23:05
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

member_profile.asp?PF=23182&FID=49 - aLbaneso како тоа “токму сега“, ќе сакаш да објасниш?
Па нели можеа да се случат порано, но и подоцна СЕ СЕ СЛУЧУВАА СО ПРИЧИНА, причината јас не ја знам

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 00:29
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

Малку надвор од контекстот на темава...уште еден доказ дека се погреши со менување на системот на работа во МВР....односно тргање од улица на полицајците-позорникари и воведување на мото-патроли наместо нив...не
Мислам дека многу поинаку ќе беше, доколку не го направеа тоа...
МВР гледа на страна и не реагира, без разлика дали било мото или не мото не


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 00:31
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

МВР гледа на страна и не реагира, без разлика дали било мото или не мото не
 
 
Во овој случај и не може многу да стори...освен брза реакција на навремена пријава....па да се фатат сторителите на лице место...
 Инаку нашите служби се премногу слаби за тоа да го решат по оперативен пат...


-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 23:36
во МКД да бидеш болен од ДИЈАБЕТИС е како да имаш антивирус КАСПЕРСКИ или ЕСЕТ НОД 32

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 23:38
Го ЦИТИРАМ ОВА ОД ДРУГ ФАН клуб:
Напишано од flower power
pred edna godina od drzavnata bolnica vo skopje na sred bel den bese kidnapiran cicko mi i nikoj od bolnicata dva dena ne sakase da ni kaze sto se slucilo pa morase da plateme 2000 evra na poranesni pripadnici od EBR koj sto na malku pogrub nacin ja dobile informacijata deka e kidnapiran pred dva dena.koga posle prijavivme vo policija ni rekoa za da se zabrza istragata treba da se podmacka. Istata vecer ni javija vo dva po polnoc deka se najdeni dvajca na bit pazar i deka edniot e prazen a drugiot e ziv. Koga pojdovme vstanica preplaseni i go vidovme deka cickomi e ziv, a drugiot bil rom sto mu gi izvadil organite.site bevme srecni sto bese ziv no i se prasuvavme zosto nego go ostavile ziv a drugiov go ispraznale. Koga mu zedoa krv za da go ispitaat mu otkrija hepatit B po sto i nam i na policijata im stana jasno zosto e ostaven ziv. Znaci ovie sigurno gi vodat vo nekoja klinika kade sto gi ispituvaat prvo, sto znaci ima i doktori, hirurzi, laboranti, prava klinika.


-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 27.Април.2010 во 23:44
Во кругот на државната болница се  случило ова?
На толку фреквентно место место и никој ништо сомнително не забележал?!збунетост
Најверојантно во игра е комплетна екипа од медицинската фела,не сакам да верувам дека вакво нешто нам ни се случува.
Страшно....загрижувачки!!!


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 00:08
Originally posted by renatax renatax напиша:

Во кругот на државната болница се случило ова?На толку фреквентно место место и никој ништо сомнително не забележал?!збунетостНајверојантно во игра е комплетна екипа од медицинската фела,не сакам да верувам дека вакво нешто нам ни се случува.Страшно....загрижувачки!!!
КИДНАПЕРИТЕ ги интересира само пленот без разлика кај се наоѓа, со еден збор ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 23:14
Ni cveta trgovijata so belo robje.............samo shto nema koj da ja sprechi........, inaku e najdohodovna rabota.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 00:25
Треба ли да бидат поголеми казните за овие претставници на редот и законот, кои наместо да спречуваат и откриваат вакви дела, самите организирале проституирање и продавање на киднапирани девојки?! лутина
Во кого тогаш народот да има доверба, како да се обрати за помош до државна институција кога ќе чуе вакво нешто:

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122584 -

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122584 - Полицаец - главен макро на малолетнички





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 06:46
Време е родителите да се освестат дека имаат деца и да си поведат малку грижа каде им одат децата, со кого се дружат.Како може деца од 12 ...13 години да се на улица до 12 ноке подпијанети, со многу чудно однесвање.
Колу и дае страшно ова што ни се слушува почна да делува отрезнувачки на некои, а бога ми време е да делува на сите.
За жал полицијата која зема плата да ги заштитува веке не е тоа што е. Поединци го докажаа тоа. А сите нас  не учеа, сите ние кои имаме деца ги учевме кога се во невоља да се обратат до првиот полицаец. За жал умре синонимот за безбедност.

-------------


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 29.Април.2010 во 16:35
Originally posted by orlov orlov напиша:

Ni cveta trgovijata so belo robje.............samo shto nema koj da ja sprechi........, inaku e najdohodovna rabota.
Да да ни цвета но под ХИТНО мора да се преземат мерки за да се спречи ова група на Киднапери

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 30.Април.2010 во 08:48

       

УАПСЕНИ КРИМИНАЛЦИ КОИ ЗЛОУПОТРЕБУВАЛЕ ТИНЕЈЏЕРКИ
Полицаец организирал секс со малолетнички
Јулијана Ивановска

Две малолетни велешанки биле киднапирани и насила принудени да имаат сексуални односи со своите киднапери, меѓу кои имало и еден полициски специјалец, кој бил главен на групата. Девојчињата за малку ќе биле продадени на трговци со бели робје во Гостиварско, а во меѓу време во тој регион биле изнајмувани за паричен надоместок. Малолетничките, едната на возраст од 16, а другата на 17-годишна возраст случајно се спасиле од канџите на организираниот криминал, откако клиент дознал дека таа е малолетна, се исплашил да не биде уапсен од полицијата, па и дал мобилен телефон да побара помош. Шестмина од седумчлената киднаперската група на возраст од 22 до 32 години, се уапсени, а седмиот е во бегство и по него е распишана потерница. Тие се осомничени за кривично дело организирање на криминална група, трговија со малолетници и криумчарење на мигранти. Одисејата на малолетните велешанки почнала на пред шест дена, кога биле пресретнати од таксист од Велес, близу селото Лозово. Тој, според МВР, од порано ги знаел девојчињата. Откако се качиле во такси - возилото, наместо на посакуваната локација, ги однел во Скопје. Штом стигнале во Скопје им се заканиле дека ќе настрадаат, а во меѓувреме киднаперите им ги одзеле личните документи и мобилните телефони, а потоа ги натепале. Следниот ден, киднаперите се договориле девојчињата да ги однесат во Гостивар и да ги „изнајмуваат“ за сексуални услуги. Како замислиле, така и направиле. Девојките насила имале сексуален однос со повеќемина клиенти во хотели и во кафетерии. За еден час со девојките киднаперите наплаќале од 2.000 до 8.000 денари. Три дена подоцна, девојчињата ги однеле во викенд-куќа во мавровското село Леуново, каде требало да имаат сексуален однос со еден клиент. Едно од девојчињата го молело клиентот да не ја злоупотребува, и му кажала дека е малолетна. Тој се исплашил, и дал мобилен телефон и таа побарала помош од родителите. Телефонскиот разговор го забележал еден од киднаперите, па се јавил на нејзиниот татко и му побарал 20.000 евра ако сака да ја види ќерка си. Таткото на девојката веднаш по разговорот со киднаперите побарал полициска помош, која, пак, следејќи ја телефонската комуникација ги лоцирала и ги спасила девојките. Од вчера двете малолетни велешанки се згрижени од социјалните служби, кои се задолжени од истражните органи да им помогнат да се рехабилитираат. Приведените од вчера се во 30-дневен притвор.
(Vreme)

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 30.Април.2010 во 23:05
Во повеќето скопски основни училишта децата одат во школо заедно со своите родители вака е одлучено од директорите на училиштата заради БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 02.Мај.2010 во 12:44
На овие простори тоа било незапаматено, увезовме уште едно зло од надвор.

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 00:16
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

На овие простори тоа било незапаматено, увезовме уште едно зло од надвор.

Nie od nadvor treba da zememe toa sto e dobro a ne toa sto e LOSO

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 14:35
Исто преземено од време
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2017&ArticleID=140418 - - Шестоодделенец лажел дека е грабнат


-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk