Испечати | Затвори го прозорот

Бадентерово мнозинство и во Уставниот суд

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Право
Опис на форумот: Tолкување и коментирање закони, правни совети, судска практика
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22306
Датум на принтање: 04.Мај.2024 во 02:35
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Бадентерово мнозинство и во Уставниот суд
Постирано од: Македон
Наслов: Бадентерово мнозинство и во Уставниот суд
Датум на внесување: 21.Април.2010 во 15:43
Јас лично сметам дека Уставниот суд не е политичко тело и дека истиот согласно Уставот не смее да биде политизиран, независно од барањата на политичките партии. Од друга страна со исполнување на таквото барање се загрозува и неговата независност.

Еве што предвидува Уставот за Уставниот суд на Република Македонија

Член 108

Уставниот суд на Република Македонија е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.

Член 109 *)

Уставниот суд го сочинуваат девет судии.
Собранието ги избира судиите на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор.
Уставниот суд избира претседател од своите редови за време од три години и без право на повторен избор.
Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.

*) Со Амандман XV се заменува ставот 2 на членот 109 од Уставот на Ре публика Македонија.



А М А Н Д М А Н XV

1. Собранието ги избира судиите на Уставниот суд. Собранието избира шест судии на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Собранието избира тројца судии со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници
кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.
Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор.
2. Со овој амандман се заменува ставот 2 на членот 109 од Уставот на Република Македонија.

Член 110

Уставниот суд на Република Македонија:
- одлучува за согласноста на законите со Уставот;
- одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите;
- ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на
слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата,
политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;
- решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт;
- решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на локалната самоуправа;
- одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката;
- одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните и
- одлучува и за други прашања утврдени со Уставот.

Член 111
Функцијата судија на Уставниот суд е неспојлива со вршење друга јавна функција и професија или со членување во политичка партија.
Судиите на Уставниот суд уживаат имунитет. За нивниот имунитет одлучува Уставниот суд.
Судиите на Уставниот суд не подлежат на обврска во вооружените сили.
На судија на Уставниот суд функцијата му престанува ако поднесе оставка.
Судијата на Уставниот суд ќе биде разрешен од должноста ако биде осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или кога трајно ќе ја загуби способноста да ја врши својата функција, што го утврдува Уставниот суд.

Член 112

Уставниот суд ќе укине или поништи закон ако утврди дека не е во согласност со Уставот.
Уставниот суд ќе укине или поништи друг пропис или општ акт, колективен договор, статут или програма на политичка партија или здружение, ако утврди дека тие не се во согласност со Уставот или со закон.
Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.

Член 113

Начинот на работа и постапката пред Уставниот суд се уредуваат со акт на Судот.



Коментари:
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 23.Април.2010 во 19:26
Будалаштина.
Ќе се суди по етничка припадност.
Штета што така го сфатиле и судиите, има надгласување и во уставниот суд.
Доколку проценката за уставноста на поедини акти се цени со надгласување тоа не е добро.А ни се случува ,иако мислам дека судот до сега во однос на останатите судови најдобро си ја врши работата- И ПОКРАЈ СИЛНИТЕ ПРИТИСОЦИ ОД ВЛАДАТА!!
Дали правдат е растеглива работа та секој може различно да ја толкува.Тогаш не ни требаат правници?
Мнозинството или партиите ќе судат - и тешко нам.
Значи - составувњето насудот може да се договара но не и начинот на етничка блокада на судот.

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk