Испечати | Затвори го прозорот

Од Праисторија до Антички период во Македонија

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22301
Датум на принтање: 29.Септември.2024 во 09:34
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Од Праисторија до Антички период во Македонија
Постирано од: mungos80
Наслов: Од Праисторија до Антички период во Македонија
Датум на внесување: 20.Април.2010 во 22:34
Праисторијата во Македонија

првобитно општество - од појавата на човекот до изумот на првите орудија.
праисторија, периодот пред појавата на пишаните докумнети го делиме на:
постаро камено време или палеолит ( - до 35.000 пр. не.)
средно камено време или мезолит (35.000 пр.не. - до 10.000 пр. не. )
младо камено време или неолит (10.000 пр. не. - до 3.000 пр. не.)
бакарно време, бронзано време и железно време (8.000 пр. не. - до 750 пр. не.)
варварско време, во општествените односи превладува родовско-племенско уредување

Черепот на младиот човек (25 - 30 годишен), кој е пронајден во пештерата "Црвени Стени" близу до селото Камени Гумна (Петролона) во Егејска Македонија, е сведоштво дека во Македонија луѓето одат исправени и размислуваат со своја глава најмалку 600.000 - 160.000 г.п.н.е. или со поегзактен метод е утврдена старост од 260.000 - 240.000 г.п.н.е.

Праисториските сведоштва од Осинчани, Говрлево, Младо Нагоричане, Ш'пел [Дупјак] Костурски, тумбите во Маџари и Чаир во Скопје, населбата од рано камено време кај Стенче - Тетовско, тумбите од Породинската група покрај реката Црна, непроценливиот натпис од Скочивирската Клисура, глинената плочка од Градешница близу до Враца (Бугарија), надгробниот споменик на херојот и поетот Димо Ријдил од 7 в.п.н.е. од Лемно во Егејско Mope итн. се само дел од најстарата македонска цивилизација во која доминирал култот на Сонцето и Космосот, култот на огнот и домашното огниште, култот на Големата Мајка - богиња на земјата и симбол на плодноста.

Керамичкиот печат од "Церје" кај Говрлево близу до Скопје е пронајден во 1981 година, За постоењето на соодветна македонска воена олигархија сведочи металниот печат од Говрлево (околу 1500 г.п.н.е.).

Постоеле наколни живеалишта на Костурското, Дојранското, Охридското, Преспанското и другите македонски езера.

Светилиштата во вид на "Камени Столици" ("Долмени") од Црна Лома или Илина Гора кај Осинчани - Скопско и комплексот од разновидни долмени од "Штерпа" близу до Богданци, како и најстариот неолитски обелиск од "Милисин" на подножјето на Кожуф Планина близу до Гевгелија се други споменици.

Камено време

Дел од серијалот за Македонија
Историја на Македонија

Праисториска Македонија

Неолит ·Метално време
Античка Македонија

Филип II Македонски
Александар III Македонски
Хеленистичка култура
Македонија во Римската Империја
Средновековна Македонија

Македонски Словени
Македонска Славинија
Самоилово царство
Османлиска Македонија
Карпошово востание
Разловечко востание
Кресненско (Македонско) востание
ВМОРО
Илинденско востание
Современа Македонија

Народно-ослободителната борба
АСНОМ
Социјалистичка Република Македонија
Република Македонија
Воен конфликт, 2001

Портал:Република Македонија
п • р • у


Најраните траги од животот на луѓето во Македонија потекнуваат уште од далечното ново камено време (неолитот). Според археолошките наоди во овој период луѓето веќе имале постојани живеалишта и се занимавале со примитивно земјоделство ширено од анадолското подрачје кон Балканот, а се среќава и почетно сточарство. Изработувале примитивни домашни ракотворби и се занимавале со грнчарство. Тоа било време кога овие пражители на Македонија го напуштале дивјаштвото и навлегле во поразвиениот период на варварството.

Најпознато наоѓалиште од овој период е Вршник кај с. Таринци, (Штипско). Тие луѓе главно се занимавале со земјоделство, а користеле мазнети камени секири и праќа, од која исфрлале јајчести камени топки од глина. Користеле и глинени садови со повеќе ногалки.

Неолитот во Пелагонија е познат по повеќе наоѓалишта од Велушко - породинската група, која се одликува со камени, коскени орудија и глинени предмети, од груба до орнаментирана керамика и садови жртвеници сврзани за култот и религиозните верувања. Слични наоѓалишта откриени се и во Охридско.

Кога Македонија ја зафатиле миграциите од среднојадранските области, тоа довело до формирањето на таканаречената Трнска група во Пелагонија, според наодите во Трн, каде е пронајдена разновидна орнаментирана керамика.

А од преодниот период меѓу неолитот (ново камено време) и бронзеното време ((од метално време) во Пелагонија се наодите во Шуплевац - Бакарно Гумно. Во тој период започнале продирањата на индоевропските племиња од руските степи (Карпатските области) преку Поморавјето до Македонија. Во повеќе бранови тие продреле и во Пелагонија, од кое време се наодите во Карамани, Црнобуки, Висок Рид (кај Букри) и Висои (кај Ново Змирнево).

Старите жители на Македонија мошне рано почнале да ги користат и металите. Во времето на бронзеното време, кое траело од последните векови на третото илјадалетие (милениум) до 1200 година пред н.е. исто така имало продирања на индоевропските племиња, за што сведочат наодите во Црнобуки, Карамани, Висок рид, Барешани, Кравари, Шуплевац и Бакарно Гумно (во Пелагонија), во Демир Капија, Скопското Кале и Архименохори во Егејскиот дел на Македонија.

Во ова време населбите ги граделе и на тешко достапни возвишенија (Скопското Кале и Шуплевац), веројатно поради заштита од напади. Правеле и куќи од камен, а садовите биле неизадначено печени и со цилиндричен врат, сродни на ранобронзените наоди од повеќе области на Егејскиот дел на Македонија. А во Црнобуки се најдени грубо стилизирани седечки фигури.

Кон средината на бронзеното време се почувствувал мир од дотогашните преселби на индоевропските племиња, што ги потврдуваат наодите од Канино, Радоборската Тумба и Висок Рид (Пелагонија) со слични садови на оние од Арменохори.

Во периодот од околу 1300 - 1200 година пред н.е., Македонија пак била зафатена од судири и таканаречените егејски преселби. Низ долг процес индоевропските племиња се стопиле со домородното население и индоевропеизицијата се раширила на подрачјата на Македонија, Тогаш започнали и железното време за што сведочат наодите во Демир Капија и многуте наоѓалишта во Пелагонија.

Меѓу најпознатите племиња што живееле во Македонија биле Илирите, Тракијците, Бригите, Едонците, Пајонците и Пелагонците, а кон крајот на 9 век пред н.е. низ сите предели на Македонија ги среќаваме и античките Македонци населувајќи ја постепено речиси целата територија до планината Пинд на југ.

Од пред околу 700 години пред н.е. посебно се значајни наодите на Дамјан (Радовишко), Оризари (Кочанско) и селото Бразда (Скопско). Во тоа време се живеело во утврдени населби со ѕидови без малтер. Правеле убави глинени садови и накит.

Во периодот од 8 до 6 век пред н.е. постепено јакнело племството аристократија, се развила трговијата и започнало зголеменото влијание на Грчките колонии. Од ова време се позлатените наоди од Требеништа и наодите од Таринци (Штипско). Во тој период се одвивал процесот на формирањето на најстарите народи во Македонија и започнува формирањето на првите држави.


-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Коментари:
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 20.Април.2010 во 22:37
Откриените старомакедонски бронзени штитови и остатоците од монументална гробница кај селото Бонче.
Низ овие краишта, работ на Пелагонија со Мариово, жителите раскажуваат разни приказни за Старо Бонче и за митскиот, за големиот крал Боне.
Археолозите пак, сметаат дека можеби тука некаде се крие античкиот град Пелагонија, но вистинска потврда за тоа засега нема. До Бонче се стига преку асфалтен кој продолжува до Витолишта, а кракот до Бонче е дел земјен, дел калдрма, во должина од околу 5 км. Од селото до локалитетот има уше еден саат пешачење.
Гробницата се наоѓа во регион што е многу актуелен во археологијата во последнава година. Се наоѓа на нецел километар од местото на кое беа најдени штитовите, под планината Висока. Лоцирана е североистично од Подмол, на една тумба во месноста викана Старо Бонче. Од новото Бонче локалитетот воопшто не се гледа, бидејќи видикот го попречуваат два високи рида. Мештаните за гробницата знаеле од памтивек. Засекот во тумбата што е обраснат со шума ги викаат Божја врата со новите ископувања минатите неколку години, околу подземната гробница е откриен прстен од гранитни делкани камења, наредени во совршен круг. Влезот во гробницата е од јужната страна, каде има засводен отвор изграден во прецизна геометрија со камени блокови, Кога се спуштате во гробницата имате вонвременско чуство... искуството е единствено и неповторливо! Мислите ви одлетуваат во многу прашања: “Па дури и денес ова не може да се направи, кој го направил и зошто? Зарем смрта толку се славела?”
Засведениот ходник е долг 11, а висок 3 метри. Ѕидан е од камени блокови, без малтер. Сите блокови се прецизно обработени, делкани и спојувани еден со друг. Тежат од два до три тони.
Западниот дел од надворешниот, прстенест дел од гробницата, е составен од два реда блокови и е висок 1,20 м. Источниот дел од прстенот има четири реда блокови, а висок е 1,80 м. Археолозите ја откриле пристапната патека кон гробницата, која била делкана во карпа, а потоа била обложена со големите камени блокови патеката, преку скали води до засведениот дел чиј под е изделкан во карпа.
Гробницата била опкружена со прстенот, па врз неа била нафрлана земја како тумба. Што поголема тумба, толку е поважен покојникот. Според начинот на кој е изградена, тука можел да почива само крал. Не постои друг човек што во тоа време, па и денес, може да плати такво погребување. Ова е единствена ваква гробница во светот. По концепција е слична на македонски тип гробници, како таа во Вергина, но со елементи што останале од железното време, како на пр. прстенот.
Централната комора на гробницата, била ограбена во доцната антика. Исто така, се знае дека ходникот бил раскопуван уште во 1912 од француската армија, за во 1936 г. археологот Никола Вулиќ (српски предвоен академик, познат по антимакедонски ставови) повторно да ја откопа. Гробницата низ годините го привлекувала интересот и на други археолози, меѓутоа, никој не ни сонувал дека таа гробница е опкружена со еден периметрален ѕид од огромни камени блокови. Небесната симболика на нејзиниот круг е нешто импресивно - покојниците одат на небото, а кругот е небесната рамка. Некои археолози претпоставуваат дека во неа бил погребан кралот на Пелагонците иако била ограбена уште во антиката, се верува дека еден дел од гробницата со векови одолевал на трагачите по неоткриени богатства. Сепак, она што е останато е доволно за сведочи за еден објект единствен, во светот - македонски тип гробница, заокружена со прстен од масивни камени блокови.
Во предворјето на гробницата се гледаат гробови врамени со делкани камења.
Во непосредна близина на овој локалитет, пред неколку години беа најдени споменатите бронзени штитови, со старост од околу 2.200 години. Врз нив стои името на македонскиот крал Деметриј, еден од наследниците на тронот на Александар Македонски. Името на кралот наведува на претпоставка, дека станува збор за парадни штитови кои им припаѓале на припадници на кралската гарда. Во средишниот дел на штитовите со пречник од околу 80 сантиметри е претставено дванаесеткрако сонце, а наоколу во низа се распоредени 6 помали осумкраки сонца. Не може да се каже дали поврзани со воинствениот крал Деметриј Полиоркет, кој владеел околу 50 години по Александар Македонски, или за Деметриј II, чии монети се евидентирани во нумизматичката збирка во Музејот во Прилеп, а потекнуваат од локалитетот Старо Бонче. Името на кралот на штитовите би можело да значи дека војникот кому тие му припаѓале бил некој со поголем чин во македонската армија.
Според овчарите од теренот, во околината во 1918 мешана екипа од Словенци и Хрвати (веројатно археолози), десеттина денови вршеле ископување на Висока кон Крушејца. Заминале со неколку натоварени магариња со некои ковчези: “Иделе тука и пред Втората светска војна, и во '50-те од минатиот век: “А бе изваја некој ламаринчиња таму, кај сливата... идат бе, идат от Скопје, некни беја два-тројца и една џенцка, па беја едни от Ѓерманија...се војват по ова ридојве...”


-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 20.Април.2010 во 22:43
Првите скромни податоци што се однесуваат на археолошки локалитети забележани се уште во 1931/32 година од Ј.В. Фењкес, на локалитетите Црнобуки и Карамани, а од Ф. Месеснел вршени се и археолошки истражувања кај селото Суводол-Сланец, при што е откриена стара ранохристијанска базилика.

Во периодот од 193638 година вршени се археолошки истражувања на акрополата на левиот брег од потокот Сива Вода под раководство на М.Грбиќ и Г. Стриќевиќ.

По ослободувањето, Битолскиот народен музеј, ги презема првите активности во областа на археолошките истражувања во 1952 година, кога под организација на археолошкиот институт од Белград и во соработка со музеите од Битола, Прилеп и Охрид организираат истражување, при кое се регистрирани бројни археолошки локалитети.

Со археолошки ископувања се започна во 1953 година како заштитни интервенции на неолитската населба Тумба во с. Породин, а се продолжи во 1954 год. на локалитетот Висо и во месноста Петилеп каде што се откриени гробови од железното време.

По овие првични интервенции, истражувањето на праисторијата разбуди конкретен интерес. Заштитните истражувања од 1971 година на неолитската населба Велушка Тумба, с. Породин, продолжија со систематски и повеќегодишни истражувања водени од Драгица Симовска и Воислав Санев. Пробните ископувања вршени во локалитетите во с. Карамани, Могила, Добромири, Оптичари, Гургур Тумба и други, покажаа дека неолитската култура е раширена во цела централна Пелагонија.

Во прикажаниот период посебно внимание му е посветено на истражувањата на неолитот, при што доминираат откритијата на Велушка Тумба-Породин но и тумбите Карамани, Могила, Врбјани, Трн и други.

Енеолитот е утврден со ископувањата на локалитетите : Шуплевец, Бакарно Гумно, Тумба Црнобуки, со што се потврди дека овие подрачја биле зафатени со првите бранови на индоевропските доселеници.

Траги на населби од бронзено време се потврдија кај локалитетите: Карамани, Бакарно Гумно, Црнобуки, Радобор и други. За почетокот на раното железно време материјални траги се најдени кај некрополите во Живојно, Зовиќ и Брод. Најстарите материјални траги од крајот на железното време со скелетно погребување под тумули се потврдени на локалитетот Петилеп-Беранци кој предизвика голем научен интерес особено гробот на принцезата. Тука ги спомнуваме и значајните локалитети Рапеш и Црквиште кај Беранци.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: да бе
Датум на внесување: 09.Мај.2010 во 17:37
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122942

Откриена статуа од ерата на Птоломеидите


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122942#komentari - Коментари (0)    
08.05.2010 19:59
 

 

Археолозите во Египет открија гранитна статуа без глава на неидентификуван крал од ерата на Птоломеидите, стара повеќе од 2 илјади години.

Статуата е откриена во храмот на Тапосирис Магна, западно од Александрија. Кипот е висок 135 сантиметри и широк 55. археолозите претпоставуваат дека се работи за кралот Птоломеј четврти, претставен во традиционалната египетска форма на египетски крал.

Птоломеите се Македонска династија која владеела со Египет, 300 години, од освојувањето на Александар III до самоубиството на кралицата Клеопатра. Птоломеј I Сотер е еден од генералите на Александар, Македонец, кој по смртта на големиот крал го презема тронот на Египет и династијата основана од него владее три века, се до Октавијан.




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 07.Октомври.2010 во 23:03
http://www.scribd.com/doc/38914352/Neolitska-umetnost-na-teritorijata-na-Republika-Makedonija - Neolitska umetnost na teritorijata na Republika Makedonija

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 26.Август.2012 во 18:52
Не знам каде да ја ставам ова интересна информација, па решив да ја сместам тука. Доколку има посоодветна тема или треба да се отвори нова, модераторот нека постапи соодветно.


Македонија на Хинду значи "Мајчин Свет"(माँ की दुनिया)!!!

http://translate.google.com/#auto|hi|moms%20world" rel="nofollow - http://translate.google.com/#auto|hi|mom%27s%20world  


Повеќе за ова и за некои други работи (како за името на градот Пела) прочитајте тука:
http://www.causes.com/causes/12331-recognize-the-macedonian-truth/actions/1192062" rel="nofollow - http://www.causes.com/causes/12331-recognize-the-macedonian-truth/actions/1192062



-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 27.Август.2012 во 21:48
Твоето е Mātā'ōṁ duniyā

Пиши „светот на мајката“, тогаш е мамкидунија.
माँ की दुनिया Mām̐ kī duniyā



Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Август.2012 во 16:49
НРГМКД напиша
Цитирај Точно и дефинирано е кои се Македонските племиња и колку влечат денешните Македонци ген во себе од старите Антички Македонци...


Дај да видиме кој што е дефинирал, бидејќи не знам на ваша територија некогаш да живееле антички Македонци, освен некој гарнизон освојувачи.


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 29.Август.2012 во 17:24
http://www.scribd.com/doc/67790259/Istorija-Na-Makedonskiot-Narod-History-of-the-Macedonian-People" rel="nofollow - http://www.scribd.com/doc/67790259/Istorija-Na-Makedonskiot-Narod-History-of-the-Macedonian-People

Повели читај малку Македонска историографија зашто од бугарската само се закржлавуваш повеќе во кожурецот на ултра национализам...



-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Август.2012 во 17:39
Кај мене нема ултранационализам, само реализам.
Ја читав книгата за поновата историја. Ќе прочитам сега за античката да видиме што пишува.

Додека читам ти види тука за елинското происхождение на Македонците
http://ru.wikipedia.org/wiki/%D0%AD%D0%BB%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D1%81%D1%85%D0%BE%D0%B6%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%B4%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%85_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5%D0%B2


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Август.2012 во 17:59
Уште кога ги видов границите на античка Македонија разбрав дека нешто не е во ред со објективноста на авторот.





12
Geografskata, etni~kata i jazi~nata granica pome|u makedonska-ta i helenskata teritorija na jug ja iscrtuvale planinata Olimp,rekata Penej (Peneijos, Pen~a) i bregot na Egejskoto More; na jugozapad granicata se dvi`ela do planinata Pind – trome|a pome|uMakedonija, Epir i Tesalija; zapadnata granica prodol`uvala poplaninite od [arplaninskiot masiv (Jablanica, Korab, De{at), s
¢
doplaninata Skard ([ar Planina) – trome|a me|u Makedonija, Ilirija iDardanija; severnata granica se spu{tala po padinite na planinataJakupica, pominuvala me|u dene{nite gradovi Skopje i Veles i porekata P~iwa izleguvala na Osogovskite Planini, s
¢
do planinataRila; na istok granicata odela od planinata Pirin do ustieto narekata Nest (den. Mesta) vo Egejskoto More.

Дали авторот не се губи во времето и просторот?




Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 29.Август.2012 во 18:13
Професор д-р за тебе се губи? Или еве ти како експерт обрати му се нему може човекот стварно не се разбира од историја иако е професор д-р...



-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Август.2012 во 18:20
Нема зошто да му се обраќам. Доста е да видам што пишуваат другите и да разберам дека твојот автор ја опишува римската провинција Македонија, којане иста со етничката територија на античките Македонци.
Херодот кажал каде е вистинската Македонија. Помеѓу Бистрица, Могленскара река и Вардар.
Останатите територии се освојувани, па така до Индија.


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 29.Август.2012 во 18:22
Пријателе не се мачи за џабе со Каснаковски , тој е експерт за се.И книгата му е одамна читана , само се прави на удрен.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Август.2012 во 18:30
Originally posted by Mungos80 Mungos80 напиша:

Пријателе не се мачи за џабе со Каснаковски , тој е експерт за се.И книгата му е одамна читана , само се прави на удрен.

Тогаш ги читав само оние делови кои се интересни за мене.
Сега се заинтересирав и за античката историја. И таму не е во ред.
Дадов пример со границите.


Постирано од: Ташко
Датум на внесување: 31.Август.2012 во 01:47


А кај ли е "Бугарија" и "Бугарите" во антиката..?


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 31.Август.2012 во 01:58
Абе нема ја. Ама и кај вас немало Македонци во Антиката.
Види ја картата на НМГРМКД.


Постирано од: Ташко
Датум на внесување: 31.Август.2012 во 04:49
Еве што се кажува во извештај на американската војска шред нејзиното учество во воените операции на Балканот за земјите и народите кои живееле на просторите на кралството "Југославија" низ историјата. (чијашто јужна граница е иста со денешната наша јужна граница со "северна Грција")



"а) Историски Податоци

Земјите од кои е составено Кралството Југославија имаат заедничко:

1) Пред-Римски период (земјата е населена од Илири, Далматинци, Дарданци, и МАКЕДОНЦИ)

2) Римски период (отприлика 1-век пред наша ера до 6-7-век наша ера)

На Север - дел од провинцијата Панонија
На Запад - провинцијата Далмација (главен град: Салона)
На Исток - дел од провинција Мизија
На Југ - дел од провинциите Дарданија и МАКЕДОНИЈА

После поделбата на Римската Империја во 395 г. од наша ера, Панонија и Далмација и припаднаа на Западната Империја (Рим), Мизија, Дарданија и МАКЕДОНИЈА на Источната Империја (Константинопол).

3) Инвазија на Словените 6-7 векови.

Од тоа време наваму различните делови на земјата се оформуваат во посебни ентитети. Додека во средните векови нивната историја е различна во согласност со предоминацијата на Источнато (Византиско) или Западнато (Италијанско, Германско, Унгарско) влијание, во пост-средновековниот период пресудниот фактор е дали или не одредена област потпаднала под Турска власт, и ако да, за колку долго време."


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Август.2012 во 05:51
Ташко , тогаш како и сега кога се каже Македонија се мисли на географска област , а не на посебна држава .

-------------


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Септември.2012 во 07:28
Originally posted by емил емил напиша:

Ташко , тогаш како и сега кога се каже Македонија се мисли на географска област , а не на посебна држава .

Originally posted by Ташко Ташко напиша:







Земјите од кои е составено Кралството Југославија имаат заедничко:

1) Пред-Римски период (земјата е населена од Илири, Далматинци, Дарданци, и МАКЕДОНЦИ)




-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 12.Септември.2012 во 14:36
Типично бугарска работа.. Емил го чита само тоа што нему му одговара за читање... 

-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Септември.2012 во 15:20
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Типично бугарска работа.. Емил го чита само тоа што нему му одговара за читање... 
 

А зошто да читам нешто што ми одговара и го знам ?


-------------


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 12.Септември.2012 во 15:24
Ај прочитај го уште еднаш и повтори си го во себе неколку пати....

Или пак сакаш да кажеш дека не треба да читаш за тоа како во извештајот стои дека Македонците постојат од дамнешни времиња, и тоа тебе ти одговара бидејќи го знаеш тоа како факт?



-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Септември.2012 во 15:30
Вие Македонците сте креаторите на Светот . Така одговара ли ти ?

-------------


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 12.Септември.2012 во 15:44
Не ми одговара така... Па тоа се вашите зборови т.е дека Бугарите се први, па сите останати...
Туку ај ... се избламира пак, што да ти правам..


-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Септември.2012 во 16:10
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Не ми одговара така... Па тоа се вашите зборови т.е дека Бугарите се први, па сите останати...
Туку ај ... се избламира пак, што да ти правам..
 

Бугарите во милиони ствари сме први . Многу свари сме создале ние . Тоа е докажано и нема дилема . 

Но насловот на темата е од праисторијата до антиката во Македонија . Значи ли тоа дека сте роднини и со неандерталците ?збунетост газење од смеење


-------------


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Септември.2012 во 17:21
емил, собери се малу. Ако не се сложуваш со нечие мислење не мора да се исмејуваш.

Доколку мислиш оти бугарите не постоеле во периодот од праисторија до античките времиња тоа не значи дека никој друг не постоел. Автотохното население во Македонија има оставено свои траги уште од преисторијата и тоа е доста добро проучено.

Ако темава не те интересира тогаш прескокни ја, но ако земаш учество внимавај малу како го правиш тоа.  


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 12.Септември.2012 во 17:34
Originally posted by емил емил напиша:

Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Не ми одговара така... Па тоа се вашите зборови т.е дека Бугарите се први, па сите останати...
Туку ај ... се избламира пак, што да ти правам..
 

Бугарите во милиони ствари сме први . Многу свари сме создале ние . Тоа е докажано и нема дилема . 

Но насловот на темата е од праисторијата до антиката во Македонија . Значи ли тоа дека сте роднини и со неандерталците ?збунетост газење од смеење


Ме наведуваш на многу поинаков разговор, но искрено немам намера да потпаѓам на нивото на твојата необразуваност и да навлегувам во понатамошна дискусија со погрешен правец...
Само ќе ти кажам... Согласно постовите што се повеќе никнуваат во одредени форуми каде е потребно знаење и познавање, можам да кажам дека ти многу повеќе ми приличиш на неандарталец бидејќи степенот на образование ти стагнирал т.е не еволуирал повеќе од степенот на Неандарталецот... Свати го ова како комплимент не како навреда.. да


-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk