Претрпен мозочен удар-Рехабилитација
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22268
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 01:04 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Претрпен мозочен удар-Рехабилитација
Постирано од: piperka
Наслов: Претрпен мозочен удар-Рехабилитација
Датум на внесување: 16.Април.2010 во 15:42
Ве молам за малку внимание!
Имам близок роднина кој претрпе мозочен удар по втор пат, ситуацијата е многу комплицирана бидејќи е во исто време и дијабетичар и лице со телесен инвалидитет, моментално се наоѓа во многу критична ситуација тешко се хранни и повремено губи контрола на остатокот од телесни функции, прима домашна терапија и нега.
Сепак барам институции во Македонија кои би можеле да му пружат комплетна нега и 24 часовна грижа и терапија, но не знам каде да најдам здравствена институција со болнички услови што истовремено ќе му пружаат грижа за сите проблеми кои ги има, без да не шетаат од едно одделение на друго од еден доктор кај друг, затоа што секое движење за него е стрес. Ве молам ако имате било каква информација за ова или за начин на третирање и рехабилитација во домашни услови на лица кои претрпеле мозочен удар ИТНО пишете.
Поздрав на сите што ќе прочитаат
------------- подобро е да станеш човек отколку крал
|
Коментари:
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 16.Април.2010 во 18:28
Teshko na negovite domashni...navistina mnogu losha situacija...... ne gi kazha godinite....ajj da recheme deka e postara osoba.... vo drzhavna institucija takva nega 24 chasovna na zhalost nema da najdesh... i dokolku na bilo koj nachin uspesh da ti go primat.....bidi siguren deka dodeka si prisuten ke trchat okolu nego... a ke si otidesh ......go (bukvalno vrzuvaat) imobiliziraat i nikoj nema da go gleda do vashata sledna poseta... zhalosno e...no toa e vistinata i kolku da e bolna.... sluchajno pred nekoj den bev prisutna vo edna situacija.... da edna postara zhena ( dosta bogata so nasledstvo i koja seushte ne go prepishala imotot) vo ista takva sostojba mislam duri polosha .....pred koma.... nejzinite najbliski rodnini da ne recham kerki ja odnele vo eden gerijatriski dom vo SK konkretno Gjorche Petrov.... tamu lezhat takvi pacienti koi im treba 24 h monitoring i nega...... toa e privatana kukja na tri sprata so po dvajca pacienti vo soba ...chisto i dosta solidni uslovi ima.... i shto e najvazhno lekarot doagja tamu i dr medicinski personal... ako bash te interesira mozhe da se rasprasham za imeto i telefonite..... veruvaj ne vnimavav na detalite.... oti odma me depremiraat ovie raboti....
-------------
|
Постирано од: piperka
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 10:34
Инаку се работи за 57 год. човек кој истовремено пати од дијабетис веќе со години. Интравенозно не може да прима инфузии, лекови итн. Да и јас имам слушнато за тој дом во Ѓорче мислам дека се вика "Сју Рајдер" но не им го знам бројот, и какви услови нудат ќе морам да се распрашам. За жал здсравствениот систем таков каков што е го остава обичниот граѓанин на милост на Господ, ако немаш пари да си платиш врвен третман во друга држава каде има комплетни установи ќе те ашкаат по ходници и ќе даваш пликови под рака само за да ти закажат преглед а за точна дијагноза додатно ќе мораш да се позајмиш за да подмитиш некој со "стручно мислење". Чест на исклучоци секаде има барем по еден човечен но не знам....се соочуваме со многу разочарувања и заглавуваме во лавиринтите на болниците и пропаѓаме во дупките на законот за здравсто. Тоа е тоа.
Само доколку не успеам да најдам институција, ме интересира дали има некој со слично искуство да ми каже како да обезбедиме најоптимални домашни услови и како блиските да се однесуваат со болниот. Барав по интернет али податоците се повторуваат има многу оскудни информации за оваа болест, претежно за симптоми, манифестација и превенција, а за рехабилитација многу многу малку... ако некој знае повеќе пишете
------------- подобро е да станеш човек отколку крал
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 11:27
off mori majko...
nema para sho mozhe da se plati na nekoj da go povratat pacientot....toa povratuvanje da recham rehabilitacija mozhat samo i samo domashnite koi ke imaat trpenie....
prvo neshto kako pochetok e stabiliziranje na shekerot...
kako osnoven prichinitel na ovaa situacija.....
posle se ide na drugi poremeteni parametri da recheme kr.pr.pritisok, holesterol,cirkulacija-krvna slika ...itn..
toa e shiroko pole .....oshtetuvanjeto veke e napraveno....
taka da ne treba da se zamoruvash shto znachi medicinski ..
sega treba da se gleda napred....
Vasolastine .... vazoprotektiv...
Instenon.....vazodilatator..
Cerebrolysin....psihostimulator.....
Aminalonum.....mozochen metaboliten stimulator....
dali od ova neshto ti e poznato vo negova terapija???
-------------
|
Постирано од: piperka
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 12:11
Iskreno ne mi e poznato ke treba da se konsultiram i so doktor i po apteki ke prasam, fala ti na sugestiite, inace mu preporacaa tramadoli no smetam deka poveke mozat da mu nastetat otkolku da mu pomognat
------------- подобро е да станеш човек отколку крал
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 13:53
lele ....dobro koj go lechi ??
Tramadol e lek vo grupa na opijaten analgetik....
znaesh sho se opijati?? narkotichni sredstva??
anlgezija smiruvanje na bolka preku CNS(mozok)...
toj nema bolki ....ne bi trebalo ovaa dijagnoza da ima takva rabota....shto u stvari ke lechish so toa??
dosta e ,,umrtven,, mozokot funkcionalen ti ke go dokrajchis???lele ...
Vie treba da go ,,razbudite,, mozokot....
dajj pishi sho terapija celosno prima...shto ima paralizirano...t.e.koj funkcii mu se seushte dobri....
se misli na dvizhenje , govor , goltanje....dajj neshto popiplivo....
negata e na kraj kao rehabilitacija...daj pochetokot e biten na stabiliziranje na hemijata vo teeloto..
prvo nega se ide samo kaj rastenijata...
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 17:23
Медицинскиот центар „Интермед -
Прима“ - Пловдив, Бугарија поседува долгогодишно искуство во лечењто на пациенти со невролошки заболувања од многу држави.
Единствено тука за регионот на Југоисточна Европа се користи методот за лечење на невролошки заболувања со активни
метаболити. Методот на метаболитната терапија
е разработен од екипа од руски биохемичари и невролози од Центарот за
современа мдицина „Примавера Медика“ –Москва и се приложува повеќе од 12
години во Русија – во 17 клиники и медицински цнтрови и над 10 години
во други медицински центови во Европа ( Чешка-Прага, Кипар-Лимасол,
Украина-Донецк) вклучувајќи го и нашиот центар во Пловдив-Бугарија.
Метаболитната терапија се
приложува на деца со следните дијгнози:
перинатална енцефалопатија, церебрална парализа, умствено и говорно
изостанување, болеста на Даун и други генетски умствени заболувања,
состојби по невроинфекции и мозочни трауми, минимална мозочна
дисфункција, мускулни и периферно-нервни дегенерации и други.
За лекување се примаат и возрасни
пациенти со следните дијгнози: мултиплекс склероза, Паркинсонова
болест, мозочна атеросклероза, состојби по инсулт, сосојби по мозочна
траума и невроинекции, мускулни и периферно-нервни дегенерии.
Лекувањето е со докажана
ефективност, без странични дејства и се спроведува во домшни услови.
Назнака за лечење и контрола на
ефективноста, се врши од бугарски специјалисти-невролози и педијатри,
кои специјализирале во Центарот за современа медицина „Примавера
Медика“- Москва.
Медицинскиот центар „Интермед
Прима“ поседува одлични можности за двигателна
рехабилитација на деца и возрасни.
Од 2006 година во центарот се
спроведува лечење на миом на матката, ендометриоза и сврзаната со неа
бесплоднст, со метаболитна терапија. Тоа е нов реолуционерен метод за
лечење на пациентките со тие заболувања. Тој на е хируршки ниту
хормонален, без стрнични ефекти и со докажана ефективност. Лечењето се
приложува во домашни услови, а контролата на резултатите од терапијата
се спроведува на секој втор месец од акушер-гинеколог. Методот за лечење
на тие заболувања е разработен од гинеколози-ендокринолози и
биохемичари од Центарот за совремна медицина „Примавера Медика“-Москва.
ВАЖНО ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ОД
МАКЕДОНИЈА!!!
Сите пациенти кои до сега биле лекувани во
Медицинскиот центар во Нови Сад во Србија можаат да го продолжат
лечението и понатамошната терапија во центарот во град Пловдив.
Лекарите неуролози во центарот се специјализирали во Центарот за
современа медицина “Примавера Медика” во Москва и се запознати со сите
новитети кои се елаборирани и воведени од “Примавера медика” во поглед
на лечението на неуролошки заболувања. Клиника е во постојан
контакт со “Примавера медика” во случај кога се потребни консултации со
московските лекари-неуролози.
Јавете се на e-mail: mailto:plovdiv@intermed-prima.com - plovdiv@intermed-prima.com
или на телефон ++359 32 650872
http://intermed-prima.com/map.htm"> Центарот се наоѓа во гр.Пловдив, ул.„Филип Македонски“ №37 на 200 метра од
Централната железничка станица-Пловдив и Централната автобуска станица
–Пловдив.
За информации, конслтации и уписи на
телефони: 00359 32/ 650 872 и 650 871, е-mail: mailto:plovdiv@intermed-prima.com - plovdiv@intermed-prima.com
За подетална информација, во врска со
лечењето на различните невролошки заболувања, ендометриоза и миом на
матката, можете да проверите на англиски и на руски јазик на веб-сајтот
на Центарот за современе медицина „Примавера Медика“- Москва: http://www.primavera.ru/ - www.primavera.ru Ете пиперка ......како нема на нет ништо?? баш све податоци....
http://www.primavera.ru/ -
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 18:23
ЦЕРЕБРАЛЕН ИНФАРКТ
85% од сите мозочни удари отпаѓаат на церебралниот инфаркт. Артериосклерозата на големите крвни садови, микроангиопатијата и кардиогениот емболизам, секој од нив посебно претставува една третина од причините што учествуваат во настанувањето на церебралниот инфаркт. Нивните пропорции варираат во зависност од возрасната припадност на болниот. Најчести ризик-фактори за церебралниот инфаркт се: напредната возраст, хипертензијата, дијабетесот, пушењето, познатите растројства на церебралната циркулација и други васкуларни болести.Еден од три церебрални инфаркти (со извесни варијации во возраста) се должи на кардиоген емболизам, каде што етиолошката причина е:атријалната фибрилација, миокардниот инфаркт, срцевата слабост, валвуларниот митрален пролапс, ендокардитисот, атријалниот миксом и артефициелната валвула. Кај младите пациенти артериосклерозата ретко доведува до церебрален инфаркт.Кај нив инфарктот настанува поради артериска дисекција или парадоксен емболизам, кој е во врска со хередитарен или стекнат протромботичен статус, особено кај пациентите со патент форамен овале. Скринингот на протромботичниот статус е од големо значење, особено кај младите пациенти, ако церебралната емболија е со потенцијално венско потекло. КЛИНИЧКА МАНИФЕСТАЦИЈА Генерално, церебралниот инфаркт доведува до акутна хемиплегија и/или сензитивни нарушувања и до впечатлив говорен дефицит. Но може да се манифестира и со хемипареза, спуштена усна, визуелни нарушувања и нарушување во движењата на булбусите, дисфагија, вертиго, отежнето одржување рамнотежа или тетраплегија. Акутниот невропсихолошки дефицит, како диспраксија, губење на памтењето или конфузност, исто така може да биде дел од сликата на церебралниот инфаркт. Каротиден (хемисферален) инфаркт: неговата типична манифестација е со хемипареза и/или сензитивни нарушувања, често придружени со пареза на долната гранка на n.facialis. Оклузијата на a. cerebri media е најчестата состојба, а парализата е најизразена на горниот екстремитет. Оклузијата на a. cerebri anterior, која е поретка состојба, доведува до парализа, која главно го инволвира долниот екстремитет и создава уринарна инконтиненција. Инфарктот во доминантната хемисфера често го засега говорот, со нарушувања и во експресивната и во рецептивната сфера, идентично како и во читањето и пишувањето. Инфарктот во недоминантната хемисфера може да вклучи отстапување во временската ориентација и во околината, анозогнозија и игнорирање на одземената страна на телото (neglect-феномен). Вертебробазиларен инфаркт (мозочно стебло): типично се манифестира со акутна и тешка вртоглавица, гадење, диплопија, дисфагија, дисартрија, сензитивни нарушувања, парализа на контралатералните екстремитети. Сипмтомите настануваат поради прогресивна оклузија на a. vertebralis, a. basilaris и церебеларните артерии. Хомонимната хемианопсија без парализа е најчестата феноменологија,како резултат на оклузија на a. cerebri posterior. Лакунарни инфаркти: тоа се мали инфаркти, кои настануваат поради оклузија на малите терминални артерии. Нивната локализација е или супкортикална, или во базалните ганглии, или во мозочното стебло. Најчестата причина за настанување на лакунарните инфаркти е хипертензијата, потоа дијабетесот (тип 2), васкулитисот и хиперхомоцистеинемијата. Клничката слика е често типична, со појава на евидентна, често флуктуирачка хемипареза со сензитивни нарушувања, потоа атаксија со хемипареза или со дисартрија - clumsy hand syndrome на деменција.... Дали пациентот страда од исхемично растројство на церебралната циркулација или од хеморагија? Двете состојби треба да се диференцираат со помош на КТМ. Ако состојбата е инфаркт, дали оклузијата настанала поради емболија?Акутниот почеток, губењето на свеста, епилептичните напади и анамнезата за потенцијално кардијално емболично нарушување може да упатуваат на кардиогена емболија. На КТМ може да се види промената, како хеморагичен инфаркт или мултипли инфаркти. Треба да се испита дали имало внесување антикоагулациска терапија. Инфарктот се смета дека е прогресивен ако каротидните симптоми прогредираат за 24 часа, или вертебробазиларните симптоми за 48 часа. Нестабилната фаза вообичаено перзистира кога се воспоставува реканализацијата, спонтано или преку тромболиза. Подобрувањето на состојбата не значи секогаш и редуцирање на ризикот. Нестабилната фаза често предупредува за внесување ургентна антикоагулциска терапија....... ТРЕТМАН Сите претходно самозгрижени пациенти треба да се упатат на понатамошна грижа од специјалистички тим во специјализирана установа, во соодветно одделение за нега на болни со цереброваскуларен инсулт (ннд-A). Грижата и негата во одделот за цереброваскуларни болести ја намалуваат смртноста и ги зголемуваат шансите на болниот повторно да се стекне со независност (ннд-A). Општ третман: Дишните патишта треба да бидат проодни, што се постигнува со асистенција на артефициелен „airway” или интубација на болниот. Оксигенската терапија се спроведува уште во приемното одделение и треба да биде континуирана. Интравенските раствори секогаш треба да се даваат во текот на акутната фаза. Медикаментите не треба да се даваат per os. Треба да се спроведат континуиран ЕКГ и мониторирање на крвниот притисок. Температура:Редукцијата на температурата е најефикасниот невропротективен третман кај церебралната исхемија. Високата температура го зголемува исхемичното оштетување, гои потикнува крвавењето и процесот на отекување на мозокот; така се зголемува смртноста. Целта е да се постигне нормална телесна темпера- тура. Едемот како придружна компликација кај церебралниот инфаркт, кој го загрозува животот на пациентот, може да се третира со: редукција на температурата, контрола на гликемијата, внесување осмотски препарати, превенција на немирот и епилептичните напади, одржување оптимален гасен статус или хемикраниотомија. Крвен притисок: Церебралниот инфаркт често е проследен со реактивно зголемени вредности на крвниот пририсок, кои се дел од одбранбениот механизам и затоа, генерално, неговото намалување не се препорачува....... Ако дијастолниот притисок е под 120 mmHg, а систолниот под 220 mmHg, не се препорачува внесување антихипертензиски медикамент. Меѓутоа, ако е администрирана тромболитична или антикоагулациска терапија, горната граница треба да биде околу 185/110 mmHg. Антихипертензивите од прв ред се: интравенски labetalol58 или enalapril. Вазодилататорите или други лекови што доведуваат до нагол пад на крвниот притисок треба да се избегнуваат (да не се внесува изџвакан нифедипин)(ннд-C).Ако крвниот притисок надминува 220 mmHg, треба да се редуцира во текот на акутната фаза, но и во која било друга фаза од заболувањето - секогаш кога е потребно, гледано од цереброваскуларен аспект. Секој симптом на срцевата слабост треба да се третира. Аритмии: Пациентите со церебрален инфаркт често страдаат од аритмија или од миокардна исхемија за време на акутната фаза, со регистрирани СТ-промени на ЕКГ. Овие промени упатуваат на миокардно оштетување, подоцна дополнети со зголемените вредности на катехоламините. Често се индицирани бета-блокато- ри. Зголемениот хематокрит укажува на дехидратација, која треба да се коригира со интравенски течности. Најголемиот дел болни со церебрален ифаркт се дехидрирани на приемот, што ја компромитира прогнозата. Ризикот за аспирирање е голем, затоа течностите можат да се внесуваат перос само по внимателно испитување на голтањето. Кај секој пациент што повраќал или е најден паднат или е во состојба на загубена/нарушена свест треба да се претпостави дека настанала аспирација. Во профилактички цели треба да се внесат антибиотици по интравенски пат пред да се појават симптоми од градниот кош или зголемени вредности на CRP. Превенција на длабока венска тромбоза и пулмонална емболија: Нискомолекуларни heparini: dalteparin59 5000IE еднаш или двапати дневно супкутано, или enoxaparin 40 mg еднаш или двапати дневно супкутано (ннд-B). Антикоагулациска терапија: Или нефракциониран хепарин со aPTT-мониторирање или нискомолекуларен хепарин во согласност со anti-Fxa-активноста (dalteparin апроксимативно 50 IE/kg двапати дневно, или enoxaparin апроксимативно 0,5 mg/kg, двапатидневно). Индикации за внесување антикоагулациска терапија: кардиогена емболија,артериска/синус тромбоза, прогресивна тромбоза на базиларната или на другите артерии или често повторувани ТИА . Warfarin60 се внесува по терапијата со хепарин и оралната антикоагулациска терапија вообичаено се продолжува во период од 6 месеци кај болните содисекција на каротидната артерија. Третманот на кардиогениот емболизам се продолжува сè додека е присутен изворот на емболии. Ако warfarin-от се внесе без претходна терапија со хепарин, ризикот за тромботични компликации се зголемува. Ако антикоагулациската терапија е препишана заради дисекција, а контролните испитувања (сонографија или магнетна ангиографија) покажале уреден лумен или проодни артерии, warfarin-от се заменува со аспирин. Во другите случаи warfarin-от се продолжува. Во исклучителни случаи би требало да се консултира васкуларен хирург. Поддршката за внесување антикоагулациска терапија бара разгледување на контраиндикациите и на индикациите се чини дека дијабетичарите извлекуваат најголема корист од тоа. ACE-инхибиторите и AT-рецептор-антагонистите се внесуваат во профилактички цели, независно од нивниот антихипертензивен ефект.Статините се индицирани кај симптоматската артериопатија, независно од нивото на холестеролот на пациентот.......
.....пиперка.....ете малку стручно како што сакаш ти за твојот проблем во практикување на медицината базирана на докази...
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 18:41
Д-р Петар Пемов: знаење, незнаење и
предрасуди за мозочниот удар...... Превенција
- најдобро лекување на мозочните удари Постојат фактори на кои човекот не може да
влијае, а тоа се возраста и наследниот фактор, а сигурно дека ние, како
единки, не можеме да влијаеме ниту на географско-климатските особености
на подрачјето каде што живееме, но секој може да ги избегне ризичните
фактори што произлегуваат од начинот на живеење, а тоа значи да се
внимава на исхраната и на ритамот на секојдневјето
|
| |
| Д-р Петар
Пемов: Сметам дека секој може да се дисциплинира самиот
себеси и да води здрав живот |
|
|
| Мозочниот удар (инсулт) е нагло (акутно) нарушување на дел од
мозочните
функции настанати поради нарушување на циркулацијата на крвта во
мозочната
артерија, ретко вена, проследена со лесни или со тешки последици,
најчесто
делумна или целосна одземеност на едната рака и нога°, вели д-р Петар
Пемов,
невропсихијатар, Тоа
е итна медицинска состојба со голема инвалидност и смртност. Болеста се
случува
во големиот, потоа во малиот мозок, а најретко во ‘рбетниот. Мозочните
удари носат голема медицинска и социоекономска штетааи, објаснува д-р
Пемов,
додавајќи дека мозочниот удар во 70 отсто од случаите се јавува кај
постари лица
(над 65 години), потоа на средна возраст (45 - 64 години), а многу ретко
кај
помладите°. Зголемен крвен притисок, над 140/90 ммХг, петпати го зголемува
ризикот за
мозочен инфаркт и за мозочно крвавење, додека срцевите болести за два до
четири
пати ја зголемуваат можноста за мозочен инфаркт. Во високо ризични
фактори
спаѓаат и дијабетесот, зголемените лоши масти во крвта или намалените
добри
масти во крвта. Два или повеќе ризични фактори до десет пати ја
зголемуваат
можноста за мозочен инфаркт°, нагласува д-р Петар Пемов.
Но, овие
информации
не треба да го зголемат стравот, туку да ги отстранат предрасудите за и
околу
мозочниот удар. Не значи дека секое нарушување на рамнотежата или
пречките во
гледањето автоматски ќе доведат до мозочен удар. Сепак, корисно е да се
знае
како се препознава мозочниот удар.
Мозочен удар најчесто се јавува ненадејно и веднаш се
откриваат мозочните
нарушувања. Најчесто се јавува делумна или целосна одземеност на едната
рака и
нога, се јавуваат пречки во говорот, нарушувања во свеста, значи, од
поспаност
до бесвест - кома. Се јавува нарушување на работата на срцето и
дишењето,
пречки во гледањето, нарушена рамнотежа, дезориентираност за себе и за
другите
лица, чувство на изгубеност во просторот и во времето°, објаснува д-р
Пемов. Многу често по повторен мозочен инфаркт се јавува
заборавеност,
тешкотии во помнењето, расудувањето, однесувањето. Отежнато или
невозможно е
одењето, стоењето, седењето, обавувањето на секојдневните активности,
како што
се одржувањето на личната хигиена, облекувањето и самостојната
исхрана°. Прашањето што се наметнува само по себе е: што по мозочниот
удар и
кој е најчестиот исход??
Со поставување сигурна дијагноза за видот на мозочниот удар се
спроведува
специфично медикаментно и друго лекување. Најголем дел од болните
остануваат со
лесни последици (делумна слабост на едната рака и нога, пречки во
говорот,
гледање или, пак, нарушена рамнотежа). Дел од болните со потешки
последици имаат
нарушени дневни активности, а изразено во проценти - 60 отсто од болните
по една
година од мозочниот удар се независни, 20 отсто се малку зависни, многу
зависни
се петнаесет отсто, додека целосно зависни остануваат пет отсто од
пациентите.
Смртноста кај пациентите е најголема во првите две недели по здобиениот
удар.
Депресивноста кај болните обично добро се лекува, а тешкотиите во
помнењето
можат да се зголемат со текот на времето, но се постигнува и
подобрување............
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 18:47
Гамалон - филм обложени таблети
ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА
Во соработка со АКРИХИН - Москва, Русија
СОСТАВ: Една филм обложена таблета содржи Гама – аминобутерна
киселина 250 mg
СВОЈСТВА: Гама – аминобутерна киселина е амино киселина која
нормално ја произведува мозокот. Поради слаба исхрана, прекумерна
изложеност на надворешни токсини и други фактори количеството на гама –
аминобутерна киселина во мозокот може да падне под оптималното ниво.Оваа амино киселина ја подобрува комуникацијата помеѓу нервните
клетки, ги подобрува процесите на метаболизмот во мозокот, допринесува
во искористување на гликозата за исхрана на мозокот и помага во
одстранување на токсичните продукти од неговиот метаболизам.
Го подобрува мисловниот процес, помнењето и има благо
психостимулативно дејство. При пореметувања во мозочната циркулација
поволно влијае на воспоставување на моториката и говорот, го олеснува
спиењето и го намалува интензитетот на болка преку намалување на стресот
и вознемиреноста.Кај болните од шеќерен дијабет благо го намалува нивото на шеќер
во крвта.
Гама – аминобутерната киселина го засилува дејството на
бензодиазепините, седативите и антиепилептичните средства.
СЕ ПРЕПОРАЧУВА кај последици од черепно – мозочни трауми; инсулт;
енцефалопатија од различно потекло; алкохолна полиневропатија; детска
церебрална парализа; последици од породилна траума кај деца; умствена
заостанатост; стрес; несоница; вознемиреност; интелектуален замор....... или како Аминалонум.......што ти кажав во предходниот пост
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 18:57
INSTENON®
etofyline, ethamivan, hexobendine
комбиниран вазорегулатор
раствор за инјектирање
Состав
1 дражеја содржи 20 mg хексобендин дихидрохлорид, 50 mg етамиван и 60 mg
етофилин
1 ампула од 2 ml содржи 10 mg хексобендин дихидрохлорид, 50 mg етамиван и
100 mg етофилин.
Дејство
Инстенон е комбинација на три лекови - хексобендин, етамиван и етофилин.
Хексобендинот го подобрува церебралниот и кардијалниот метаболизам како
резултат на подобра циркулација во тие органи. Дополнително покажува
дејство врз агрегабилноста на тромбоцитите и вигилитетот на
еритроцитите. Стимулирајќи ја ретикуларната формација, етамиванот,
централен аналептик, ги активира бројните мозочни функции и центрите за
контрола на циркулацијата и респирацијата. Како ксантински дериват,
етофилинот, покажува благ позитивно инотропен и бронходилататорен ефект.
Ја пролонгира ефикасноста на хексобендинот и ја зголемува активноста на
нервните клетки.
Индикации
Инстенон се употребува за иницијален третман на цереброваскуларна
инсуфициенција и заболувања кај постарата возраст, последици од
неадекватната церебрална циркулација, постапоплектични состојби,
вртоглавици причинети од церебрална дисфункција.
Дозирање и начин на употреба
Просечна доза е 3 пати по 1-2 дражеи дневно, за време или после јадење.
Во посериозни случаи потребно е да се даде 1-2 ампули дневно,
интрамускулно, како бавна интравенозна инјекција или во инфузија.
Лекувањето се продолжува во текот на повеќе недели.
Контраиндикации
Акутни состојби на вознемиреност, конвулзии, епилепсија, компресија на
мозокот, симптоми на зголемен интракранијален притисок, масивна
церебрална хеморагија, бременост и доење.
Несакани ефекти
При употреба на Инстенон може да се јават дразби на кивање,
ларингоспазам, задушеност, пруритус, немир, мускулни грчеви,
генерализиран јадеж, црвенило на екстремитетите.
При парентерална примена можна е појава на главоболка и хипертензија.
Несаканите дејства се зависни од дозата.
Мерки на претпазливост
Посебно треба да се внимава е потребно кога се дава на пациенти со свеж
инсулт и каротидна стеноза.
Предупредување
Ексцесивно користење на кафе и чај треба да се одбегнува за време на
терапија со Инстенон....
Интеракции
Ефикасноста на инхибиторите на тромбоцитната агрегација (ацетилсалицилна
киселина) се зголемува со хексобендин. Многу високи дози на кофеин
можат да ја намалат ефикасноста на Инстенон. Не смее да се дава заедно
со МАО-инхибитори, ниту со лекови кои имаат конвулзивна компонента.
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 19:12
http://en.wikipedia.org/wiki/File:TAC_craneo_ECV.jpg">
Ај малку поедноставно да објасниме.......
Мозочниот удар е еден вид мозочна повреда. Исто така е познат
како шлог или капка во мозокот. До мозочен удар доаѓа кога има ненадеен
прекин во снабдувањето со крв на мозокот. Дотокот
на кислород и хранливи материи во мозокот е прекинат и
мозочните клетки се оштетуваат или се уништуваат. Кога мозочните клетки
се уништени се губат телесните функции што овие клетки обично ги
контролираат. Мозочниот удар варира со степенот на сериозност: од минлив
исхемичен напад при што симптомите се подобруваат во рок од неколку
часа, до сериозен мозочен напад што може да предизвика трајна
онеспособеност или дури и смрт.
Постојат два типа на мозочен удар: Исхемичен удар и Хеморагичен
мозочен удар.
Исхемичниот удар е резултат на блокирано место во некој од крвните садови во мозокот и е
најчест тип на мозочен удар. Ваквиот удар може да биде тромбичен или
емболичен.До тромбичен удар доаѓа кога се формира грутка на згрушена крв во
крвниот сад која што се зголемила толку многу што сосема го блокира
крвниот сад.
До емболичен удар доаѓа кога грутка на згрушена крв се формира на
друго место во телото и патува до мозокот.
Кратките минливи исхемични напади (Transient Ischaemic Attacks –
TIA) се често пати знак на предупредување дека можеби наскоро ќе
дојде до мозочен удар. Иако симптомите можат брзо да исчезнат, навремено
лечење е од витално значење за да се спречи друг мозочен удар.
Хеморагичниот мозочен удар се случува кога ќе дојде до пукање
на некој крвен сад и течење на крвта во околното мозочно ткивот.е., капка. Како резултат на тоа доаѓа до
повреда на клетките во и околу местото каде што се случил
мозочниот удар.
Симптоми
Знаците на предупредување за мозочен удар и за минлив исхемичен напад
можат да бидат еден или неколку од следниве:
- Слабост или парализа на лицето, раката или ногата
- Лоша координација
или рамнотежа
- Тешкотии со зборување или разбирање
- Тешкотии со голтање
- Проблеми со видот (заматен вид, дупло гледање или губиток на видот)
- Здрвеност или губење на чувството по една стана на телото
Мозочниот удар претставува итен медицински случај. Какви и да се
знаците на мозочниот удар, не треба да се занемарат и треба да се побара
итна медицинска помош. Бидејќи, ако се почне со лечењето веднаш после
појавата на симптомите, тоа може да ги подобри шансите за преживување и
да ја намали тежината на ударот.
Лечење
Негата после мозочниот удар може да вклучи нешто од следново:
- Испитување за да се открие типот на мозочниот удар, местото на
оштетување и колку бил сериозен ударот (поставување дијагноза.
- Сканирање на мозокот што е можно побрзо што треба да помогне во
одредувањето на дијагнозата.
- Примање лековиза да се разреди грутката од крв тромболиза.
Тромболиза не се нуди секогаш, само мал број од луѓето можат да го
примат овој третман бидејќи лекот мора да се прими во рок од многу кус
временски период после мозочниот удар за да може тој да дејствува.
- Снимање со ултразвук на артериите во вратот и срцето.
- Тест на крвта за да се провери нивото на шеќерот и холестеролот
- Препишување лекови за да се намали крвниот притисок и холестеролот, како и таблети за намалување на ризикот од
формирање грутки на згрушена крв.
После мозочен удар може да се има проблеми со следниве:
- Движење и одење
- Голтање и јадење
- Зборување, пишување и разбирање
- Контрола врз мочниот меур или дебело црево http://mk.straightworldbank.com/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D1%86%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE -
- Вид и чувство (целосно или само од една страна на телото)
- Слух, вкус или мирис.
- Емоционални и психолошки ефекти
Рехабилитацијата може да трае долг период зависно од степенот на
мозочниот удар. па сега ...мислам дека разбра ,,пиперка,,...... http://wikibrowser.net/dt/en/Subdural%20hematoma -
-------------
|
Постирано од: piperka
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 10:57
сето ова е во ред, не знаев за Центарот во Пловдив а посебно за Гамалонот, мозе многу да ни биде од корист, Трамадолите му беа препорачани од страна на докторот од Градска Болница кој му ги третираше компликациите од дијабетисот, многу добро знам што може тој да предизвика и затоа веднаш рагирав да престане да ги прима иако има големи болки од раните на екстремитетите предизвикани од дијабетис. Кога ке слушнат докторите дека е дијабетичар само "креваат рамена" и велат дека нема што да се направи што делува страшно фрустрирачки и обесхрабувачки на блиските. Инаку ги има сите пропратни последици: отежнато дишење, голтање, расудување, често заспива и се буди, нема рамнотежа и постојано е во болки. Не знам во колкава мера и со колкав успех може да се рехабилитира дома, транспортот до здравствена установа е стварно ризик и стрес доколку не сме сигурни дека таму ќе ја добие потребната грижа. Веќе ги бараме
Instenon, Cerebrolysin и Aminalonum, вистински ти благодарам за сугестиите.
------------- подобро е да станеш човек отколку крал
|
Постирано од: piperka
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 10:59
добро е да се знае дека секој може да се најде човек кој може да помогне па барем и вака со напатствија
------------- подобро е да станеш човек отколку крал
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 11:27
vo pravo si.....i ne sakam da komentiram...
bi ti rekla deka pomosh se dava na chovekot do posleden moment...
bezrazlika kolku e bezizlezna situacijata...
eve vaka ....mislam deka ne e strashno i Vie malku da gi zemete rabotite vo vashi race...
prvo neshto shto ti kazhav a pak ke povtoram e da go stabilizirate shekerot vo krvta...
kako osnoven prichinitel na seta situacija...
najverovatno e na insulinska terapija....
najverovatno imate i aparat za merenje glikoza vo krv....
dajj merite sami ....vidite go sekerot i vie sami zgolemete gi edinicite dokolku ima pokachen so tie edinici shto gi prima....
sekoj insulin ima prospekt presmetaj na telesna tezhina kolku insulin ide i zgolemi za 20 edinici...
ako ne se snoagjate kazhi go insulinot i tezhinata na pacientot i kolku ima glikoza vo krv izmereno posle ,, obrok,,pola chas....
toa e prviot chekor
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 11:48
bolkite ke prekinat ako se zatvorat ranite....
ranite ke se zatvorat ako se stabilizira shekerot...
so normalno nivo na shekerot ke se vospostavi podobra cirkulacija na ekstremitetite....
ranite mora da se saniraat so antibiotik....
no toa ne mozhet vie sami.....da bide sistemsko lechenjeto.
zatoa ke odite samo so reguliranje na shekerot vo normala i lokalno lechenje so antibiotik....
najverovatno ranite se na prstite na nozete....
prvo ke napravite dezinfekcija na istite so jod 10% ili so hidrogen 3% i eventulano asepsol-cetavlon ako mozhete da nabavite...
posle dezinfekcijata mora da stavite nekoj antibiotik....
postojat razni sprejovi ( mast nikako).....
megjutoa kako najbrzo i najefikasno deluva chloramphenikolot....
da mozhesh da najdesh kapsula chloramphenikol , ja otvarash i prashokot direktno na rana raspredelija...
da mozhesh da najdesh eden sprey Aktiven Kislorod se vika...
toj sprej izvanredno deluva na zarasnuvanje na ranite oshtetenoto tkivo se obnovuva.....
dodeka drugite delovi od teloto kade nema rani ke go ispudrite so decka pudra so kamilica za da ne bi se otvorile ranite poradi dolgoto lezhenje .....
ova e vtor chekor...
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 11:59
tret chekor e ishrana...
velite slabo golta ...znachi problemot se reshava samo so parenteralna ishrana....eventualno fizioloshki rastvor dokolku krvniot pritisok ne e mn visok...
mora vo terapijata da ima barem edna flasha Manitol za predizvikuvanje osmotska diureza.... problem so edemi poradi mozochniot udar....
velsih deka ne e vozmozhno so infuzija...da poradi slabo pronaogjanje na krven sad i pukanje na istiot poradi visokiot sheker.....sekogash da se odi so vnes na kanila , a ne samo sistem za infuzija so obichna igla....obichna medicinska sestra mozhe toa da go sprovede i vnimavajte na brzinata na kapnuvanje na infuzijata da bide pospora inaku ke dojde do stop i otok na mesto na aplikacijata..
ova e tret chekor
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 12:12
lekovite koi ti gi kazhav mora da se konsultirash so lekar za da istite gi vnesesh vo samata infuzija shto ke ja dadesh...
sekoj den mora da go masirate rachno site delovi na teloto so pudra obichna...i da probate najobichni vezhbi vo diganje na noga gore dole...race...diganje na zadnik....
prevrtuvanje levo desno vo krevet...samo ne nagli dvizhenja..
chetvrti chekor
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 12:20
i najvazhno na kraj...
e razgovor so nego.....
bez razlika ako ne ve gleda ...spie....ili e polusvesen...
ke se obratite i ke razgovarate so nego kako da e svesen...
i ke pobarate nekoi dvizhenja samiot da gi pravi....
veruvajte toj ve slusha sve...samo ne mozhe da odgovori nitu da primetite negovo vnimanie....
morate razgovor za da vnatreshno mu dadete stimul za zhivot..i da mu gi aktivirate ostanatite neoshteteni funkcii na mozokot...
nemash pojma koj stres e za nego za da kazhe deka saka da mokri , a ne mozhe da go stori toa i ke se stega dodeka ne go pushti na sebe....zatoa mora da mu kazhete deka koga ke oseti toa...da digne raka , prst ili bilo shto mozhe da dade znak....toa e mn bitno za negovata samodoverba...
-------------
|
Постирано од: sweet angel
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 19:57
imam 23 godini, dedo mi pred okolu 12-13 godini boleduvase od rak na zeludnik, i polovina mu go izvadija zeludnikot, ama ne mozese da prezivee so toa sto mu ostana od zeludnikot i pocina...
muabetot mi bese, procitav negde deka za sju rajder prasuvas, dedo mi tamu gi pomina poslednite denovi, mestoto za griza e nevidena rabota, i za higiena i sredenost, se komplet, ama mislam deka e i skapo...
sepak, za nega na stari bolni luge e odlicno mesto...
i uslovite za koi ti objasnuvam se za period pred 10 godini, pretpostavuvam do sega se razvile i stanale mnogu podobri...
|
|