Донесен законот за заштита од дискриминација
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Право
Опис на форумот: Tолкување и коментирање закони, правни совети, судска практика
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22206
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 11:18 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Донесен законот за заштита од дискриминација
Постирано од: Македон
Наслов: Донесен законот за заштита од дискриминација
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 14:38
И покрај препораките и незадоволството на ЕУ за законскиот текст на предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, собраниското мнозинство, вчера, го усвои токму тој текст, предложен од Владата на Република Македонија, додека текстот подготвен од невладините организации беше отфрлен.
На http://sobranie.mk/ext/materialdetails.aspx?Id=3bbeadbb-0005-4315-982a-adb550867724 - овој линк го има текстот од предлог законот на Владата, кој беше усвоен вчера.
А еве го и текстот од http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/Zakon%20za%20sprecuvanje%20i%20zastita%20od%20diskriminacija.pdf - - предлог законот на невладините организации.
|
Коментари:
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 03:19
Македон,
Mislam deka imash greshka vo naslovot. Verojatno si mislel da napishish "...za zashtita od diskriminacija", a ne "...za zashtita od nediskrininacija".
Patem, po nekoja prichina ne mozham da go simnam PDF fajlot od usvoeniot zakon i ne mozham da go sporedam so onoj koj e predlozhen od EU, pa dokolku ne ti e teshko, dali mozhash da posochish po koi tochki vladata ne se slozhuva si predlozhenata varijanta?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 22:56
Messenger напиша:
Македон,
Mislam deka imash greshka vo naslovot. Verojatno si mislel da napishish "...za zashtita od diskriminacija", a ne "...za zashtita od nediskrininacija".
Patem, po nekoja prichina ne mozham da go simnam PDF fajlot od usvoeniot zakon i ne mozham da go sporedam so onoj koj e predlozhen od EU, pa dokolku ne ti e teshko, dali mozhash da posochish po koi tochki vladata ne se slozhuva si predlozhenata varijanta? |
Благодарам за укажувањето за мојата грешка Месенџер.
Законот кој беше усвоен, по предлог на Владата, се разликува од оној предложен од невладините организации пред се во тоа што законот предложен од Владата пред се изрично не говори за дикриминација врз основа на сексуалната ориентација, но Владата укажа дека дискриминацијата врз основа на сексуална основа спаѓа во другите видови дискриминација, односно дека не може сите видови дискриминација да бидат опфатени, што сепак остава простор за екстензивно толкување. Истотака Комисијата која треба да реагира при појава на дискриминација, не е јасно наведено дали таа ќе биде независно тело или пак дали како таква ќе биде во склоп на некое Министерство и кога ќе биде востановена . Од друга страна, законот кој беше предложен од невладините организации, а поддржан од ЕУ во себе ја содржи дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација, за што и најмногу беше поддржан од ЕУ. Тоа е клучната разлика. Истотака не содржи одредби за лицата со пречки во развојот, а според некои невладини организации не биле вметнати и Ромите, што на пример за мене е небулозно, затоа што согласно Уставот, кој е највисок општ правен акт, сите се еднакви, нема потреба некое малцинство да биде посебно нагласувано во Закон, кога истото е заштитено со Устав, кој е повисок правен акт од Законот.
-------------
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 23:37
Значи не постои посебна третирана група со овој закон на дикриминација врз основа на сексуалната ориентација, така?
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 23:51
Anarchy напиша:
Значи не постои посебна третирана група со овој закон на дикриминација врз основа на сексуалната ориентација, така?
|
Подолниот извадок е од Законот по предлог на Владата, кој беше изгласан од Собранието.
Основи за дискриминација Член 3
Се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување врз основа на: пол, раса, боја на кожа,род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или било која друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор (во понатамошниот текст: дискриминаторска основа). file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CDule%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml -
-------------
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 23:59
А, што се бунат тогаш европскиве гејој дека не чини законот, кога јасно е потенцирано дека не е дозволена дискриминација врз основа на пол?
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 00:07
Anarchy напиша:
А, што се бунат тогаш европскиве гејој дека не чини законот, кога јасно е потенцирано дека не е дозволена дискриминација врз основа на пол?
|
Поради тоа што изрично не е наведено дека не е дозволена дискриминација врз сексуална основа.
-------------
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 00:11
Јас мислам дека е доволно, нема што подетално да се објаснува тука. Оти, ако се почне со подетално, што знаеш, може многу групи на сексуални правци да настанат. Моно, би, три....ехе
И ако сите тие се третираат како посебна група, кај ќе ни е крајот.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 01:21
Македон, blagodaram na objasnuvanjeto i go cenam toa shto morashe da odvoish vreme za minuvanje preku dvata dokumenti za da gi voochish razlikite.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 01:25
Messenger напиша:
Македон, blagodaram na objasnuvanjeto i go cenam toa shto morashe da odvoish vreme za minuvanje preku dvata dokumenti za da gi voochish razlikite. |
Повели и другпат колега, а и ти благодарам уште еднаш што ми укажа на грешката која сум ја направил во насловот.
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 01:26
Anarchy напиша:
А, што се бунат тогаш европскиве гејој дека не чини законот, кога јасно е потенцирано дека не е дозволена дискриминација врз основа на пол?
|
Makedon e potpolno vo rpavo koga veli:
Македон напиша:
Поради тоа што изрично не е наведено дека не е дозволена дискриминација врз сексуална основа. |
Onaka kako shto e postaven zakonot, pod navedenoto se podrazbiraat razlikite megju polovi (mashki zhenski) i voopshto ne se konkretizira bilo shto okolu pravata na homoseksualcite.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 01:27
Мене прашањето ми е:кои права ги немаат хомосексуалците, што ги имаме ние?
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 01:30
Mislam deka govorovme poopshirno za toa vo edna druga tema.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 01:56
Messenger напиша:
Onaka kako shto e postaven zakonot, pod navedenoto se podrazbiraat razlikite megju polovi (mashki zhenski) i voopshto ne se konkretizira bilo shto okolu pravata na homoseksualcite.
|
Сосема си во право колега. Постои разлика меѓу полова дискриминација и диксриминација на сексуална основа. Според толкувањето кое го слушнав од пратениците кои гласаа за Законот, дискриминацијата на сексуална основа е дел од другите дискриминаторски основи, споменати на крајот од член 3, односно дека иако не е изрично наведена, таа е истотака дискриминаторска основа.
-------------
|
Постирано од: IggyK
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 22:56
Западот очекуваше дека Македонија е потолерантна и позрела, но сфати дека со сигурност греши во тоа.
Повторно некој сака да не ги спомне хомосексуалците и да не донесе јасен закон каде се укажува дека е казниво дискриминирање на хомосексуалците.
Со таква порака самата влада не дава нималку до знаење на големиот дел хомофобно население да си го преиспита на моменти насилното однесување кон хомосексуалците во Македонија. Бидејќи имаме огромна маса на население кое смета дека хомосексуалноста е болест и по однос на ова прашање македонците сме толку неуки што може да се споредуваме со земји од 3-тиот свет.
Искрено, се надевав дека Македонија ќе има пошироко срце и ќе прати позитивни сигнали кон хомосексуалната заедница за да станува поотворена како во една нормална европска земја, за жал, видов дека сум преголем оптимист, дури не се осмелувам да зазборам за призавање на истополово партнерство кое очигледно звучи како научна фантастика за оваа бајка од општество.
Се извинувам за сарказмите, но тоа доаѓа од немоќта да ги променам работите во близок момент кои за некоја деценија ќе звучат смешно верувале или не, дури и во оваа земја.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Април.2010 во 06:06
Se raboti za svesta na lugjeto. Taa ne se menuva lesno, a najmalu so dekreti i kazni. Verskite pisanija, arhaichnite zakoni i milenijumskite tradicii ja formiraat, odrzhuvaat i limitiraat svesta na edno odredeno nivo i ne dozvoluvaat nejzino neprecheno razvivanje.
Za ova diskutiravme na nekolku temi ovde na Pravo i na Filozofija.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: DragancoLeskoec
Датум на внесување: 15.Април.2010 во 18:12
IggyK напиша:
Западот очекуваше дека Македонија е потолерантна и позрела, но сфати дека со сигурност греши во тоа.
Повторно некој сака да не ги спомне хомосексуалците и да не донесе јасен закон каде се укажува дека е казниво дискриминирање на хомосексуалците.
Со таква порака самата влада не дава нималку до знаење на големиот дел хомофобно население да си го преиспита на моменти насилното однесување кон хомосексуалците во Македонија. Бидејќи имаме огромна маса на население кое смета дека хомосексуалноста е болест и по однос на ова прашање македонците сме толку неуки што може да се споредуваме со земји од 3-тиот свет.
Искрено, се надевав дека Македонија ќе има пошироко срце и ќе прати позитивни сигнали кон хомосексуалната заедница за да станува поотворена како во една нормална европска земја, за жал, видов дека сум преголем оптимист, дури не се осмелувам да зазборам за призавање на истополово партнерство кое очигледно звучи како научна фантастика за оваа бајка од општество.
Се извинувам за сарказмите, но тоа доаѓа од немоќта да ги променам работите во близок момент кои за некоја деценија ќе звучат смешно верувале или не, дури и во оваа земја. |
И ако изгласат тие закон се ќе биди ок, и сите ќе почнат да ве сакат.Абе вратчето има да ти го скинат ако те видат на улица не си играј, знајш кај живејш.
------------- Брсјачка нација !
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Април.2010 во 19:35
I ripame, ripame, pa reterirame cim ni zamavnat strancite so prst. Tolku od nashata sila http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122085 - Ексклузивно: А1 го објавува писмото на Филе до Владата
-------------
|
Постирано од: IggyK
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 09:25
DragancoLeskoec напиша:
IggyK напиша:
Западот очекуваше дека Македонија е потолерантна и позрела, но сфати дека со сигурност греши во тоа.
Повторно некој сака да не ги спомне хомосексуалците и да не донесе јасен закон каде се укажува дека е казниво дискриминирање на хомосексуалците.
Со таква порака самата влада не дава нималку до знаење на големиот дел хомофобно население да си го преиспита на моменти насилното однесување кон хомосексуалците во Македонија. Бидејќи имаме огромна маса на население кое смета дека хомосексуалноста е болест и по однос на ова прашање македонците сме толку неуки што може да се споредуваме со земји од 3-тиот свет.
Искрено, се надевав дека Македонија ќе има пошироко срце и ќе прати позитивни сигнали кон хомосексуалната заедница за да станува поотворена како во една нормална европска земја, за жал, видов дека сум преголем оптимист, дури не се осмелувам да зазборам за призавање на истополово партнерство кое очигледно звучи како научна фантастика за оваа бајка од општество.
Се извинувам за сарказмите, но тоа доаѓа од немоќта да ги променам работите во близок момент кои за некоја деценија ќе звучат смешно верувале или не, дури и во оваа земја. |
И ако изгласат тие закон се ќе биди ок, и сите ќе почнат да ве сакат.Абе вратчето има да ти го скинат ако те видат на улица не си играј, знајш кај живејш. |
Како прво ако ме видат на улица не би ме препознале каков сум како и голем број мои лични познати во Скопје кои се хомосексуалци. За повеќето хомосексуалци разликата од хетеросексуалците е само по едно: со кој го делиш креветот, а тоа е нешто лично и никој не треба да го занимаат такви работи.
"За кинење на вратче" мислам дека кога некој би ме видел не би посмелил да се закача :-)
Да, знам кај живеам. И знам дека во малите градови има повеќе население кое е позатуцано и порелигиозно, кое што значи е подискриминирачко настроено и просто, кое што значи: Ало луѓе освестете се 21-век дојде! :-)
За жал е така. За моја среќа сум во Скопје. Тука работите се малку поинакви, само затоа што е поголемо и неможе секој да знае секој. у осталом, никој не фермам затоа то тоа си е моја работа! ;-)
Ех, Македонијо, Македонијо, за ова просто смртно човечко прашање назад си повеќе од 2000 години.
Во Антиката беше полиберална :-)
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 13:33
Без препукувања, вратете се на тема. А темата е за законот за спречување и заштита од дискриминација.
-------------
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 23.Април.2010 во 19:30
Сега, како и кај други закони, очекувам повторно да се измени законот.Терањето инает само создава лоша слика за Македонија.
На крај инаетчиите ќе си легнат на брашно, но ќе го губат времето непотребно и нервите на Европа.
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Јануари.2015 во 05:52
http://dnevnik.mk/?ItemID=3B778CA7B2E53A4580D637515A4B1FF5" rel="nofollow - Ако карикатура на муслиманскиот пророк Мухамед излезеше на насловна страница на весник во Македонија, дали на медиумот ќе му се судеше и дали ќе беше казнет за предизвикување верска омраза?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|