Џејми Оливер
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22071
Датум на принтање: 01.Декември.2024 во 06:48 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Џејми Оливер
Постирано од: fiks
Наслов: Џејми Оливер
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 17:09
Мислам дека нема тема за типов,но еве нека го има и него на нашиов форум.Имам гледано емисии од него и доста ми се бендиса човеков.
Но статијава следна покажува дека доживеал големо разочарување во Америка од тамошните жители и нивниот начин на исхана.
Сиромав Џејми
Американците го расплакаа Џејми ОливерКога познатиот британски готвач го започна своето американско шоу за менување на нездравата исхрана на Американците во едно мало гратче, знаеше дека тоа нема да биде воопшто лесно. Но, сега кога и официјално неговиот проект за здрава исхрана се покажа како неуспешен, Џејми се фрли во очај, па дури и започна да плаче.
Децата кои секојдневно јадат пица, хамбургери, помфрит и слично, не ја разбираат филозофијата на Џејми што поразително се одрази врз готвачот, кој во еден момент седна на тротоарот пред училиштето разочаран и облеан во солзи. -Тие не ме разбираат затоа што не знаат зошто сум тука, прокоментира расплаканиот Џејми. Првата епизода од неговото ново шоу привлече скромни 6.1 милиони гледачи, а жителите на градот Хантингтон, веќе се негативно настроени кон новиот режим на исхрана.
-Не сакаме да седиме и по цел ден да јадеме зелка. Кој те направи тебе крал?!, му порача диџејот Род Вилис, од локалното радио. Интересно е тоа што во овој американски град, децата во училиштата за појадок најчесто јадат пица, пржени јајца, колбаси и сирење, а ручекот е составен од уште покалорични јадење. Затоа не е ни чудо што во Америка двајца од тројца луѓе имаат прекумерна тежина.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Коментари:
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 17:22
Го гледав порано многу Џејми Оливер,интересен ми е начинот на кој ја подготвува храната ,а посебно комбинацијата на зачините кои ги користи.
Иако состојките (посебно за салати )ги меша со раце,сладок е .....би јадела од неговата храна ,без да ми застане кнедла во грлото
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 19:36
Џејми, Џејми е добар дечко, уште подобар готвач т.н Шеф и не му е првпат да прави вакви подвизи меѓу населението каде има најмногу регистрирани со прекумерна тежина и со ужасни прехрамбени навики.
Се обиде нешто слично и дома во В.Британија, во еден град во Јоркшир да ги оправа локалните луѓе каде се соочи со голем отпор. Мисијата му беше делумно успешна, а му ги изгледав доста од епизодите Jamie's trip to USA, така мислам се викаше каде патува низ цела Америка и открива локални специјалитети од најразлични потекла, па се имаше и судрено со некои мештани околу нивниот начин на исхрана.
А тоа дека Џејми плачел, ха ха големо его како него тешко поднесува неуспех, сум го приметила по емисиите. Доста е гоределив и самоуверен.
Финатата е што не можеш со инка да им сипуваш во главата на луѓето а Џејми многу запиња.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: Kali
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 20:52
Tipot e fantasticen, obozavam lugje sto priogjaat so takva strast i kreativnost kon rabotata, a osobeno koga taa ima vrska so -hrana Epizodava od Amerika, mi nalikuva povekje na negoviot "ekspresiven" emotiven stil povekje na ego...
P.S. Ima nekoi proizvodi vo VERO so logo na JO: dali nekoj ima iskustvo, ste gi probale?
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 25.Март.2010 во 20:52
Мене да ме види што јадам... Џејми би ме изнагушкал.
П.С Шармантен ми е.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Март.2010 во 21:55
Многу го сакам, толку е симпатичен, мил, вешт, го симнав и неговио готвач ама никако да дојде на ред да направам нешто од таму.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 26.Март.2010 во 00:45
И мене ми е супер Џејми....многу е спретен, брз, вешт....иако готви со раце, тоа сето ми е симпатично и некако спонтано.....па кога ќе настава од тоа свежите треви на секое јадење...мњам, мњам...
------------- МИР со сите
|
Постирано од: mimicria
Датум на внесување: 21.Јуни.2010 во 11:18
Gi imam izgledano skoro site serii so Djejmi (osven americkata) i mnogu e ok... mnogu poveke od site ostanati kuvari.. osnovata na negovata kujna (pretezno takvi jadenja pravi) e italijanskata i potseka mnogu na jadenjata sto gi pravele nasite babi..
Kako i da e.. ZAPADOT ne e naviknat da si pravi jadenje doma, pola saat, saat , dva.. izrasnati se na brza hrana i naviknat im e taka vkusot.. taka da i kaj nas tesko nekogo da nateras da jade zelencuk i ovosje, a kamo li tamu...
Me nervira sto se iskomercijalizira i sto gi imase decata i zena mu vo seriite (sosema nepotrebno)
------------- Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav...
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Февруари.2011 во 15:18
http://vegetarijanstvo.kauza.mk/?p=424 - Сецкана салата на Џејми Оливер
- половина голема краставица, грубо исецкана
- 4 млади кромидчиња, ситно исецкани
- две парчиња авокадо, грубо исецкани
- босилек, грубо исецкан
- 100 гр. кашкавал, ситно исецкан
- поточарка, ситно сецкана
- три домати, грубо исецкани
За дресинг:
- една лажичка англиски сенф
- една лажица вински оцет
- три лажици маслиново масло
- сол, бибер
Подготовка: На даска за сецкање, исецкајте ги ситно младите кромидчиња. Потоа марулата, краставицата, авокадото, босилекот, кашкавалот, доматите и поточарката сецкајте ги грубо едно по едно и потоа спојувајте го секој зеленчук со наредниот како би ги исецкале зеленчуците поситно и поситно. На даската во средина направете мал простор и ставете ги сенфот, маслиновото масло, оцетот, солта и биберот и мешајте. Откако ќе се соедини дресингот, мешајте ја целата салата со ножот кон дресингот како би се зачинило секое парче зеленчук. Сервирајте во голема чинија со малку маслиново масло врз салата.
Happy days, како што би рекол и самиот Џејми.
-------------
|
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 19.Октомври.2017 во 01:54
jas gledav niz italia koga bese. toj bese prezadovolen od toa sto im se nudi na decata vo ucilistata za jadenje.od samite sostojki,od prigotvuvanjeto t.e.nacinot,higienata vo kujnite. go zadrzuva vnimanieto,so spontanosta,iskrenosta.mi se dopadnaa emisiite.
|
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 19.Октомври.2017 во 01:56
ima spisanija kaj nas so negovo ime. imam kupeno .vo momentot ima spisanija za zdrava hrana.
|
|