Испечати | Затвори го прозорот

CS 1.6 (сервери, алатки, прашања)

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Електронски игри
Опис на форумот: За PC, Play station, Xbox, Gamecube...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22043
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 19:41
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: CS 1.6 (сервери, алатки, прашања)
Постирано од: Jovan.74
Наслов: CS 1.6 (сервери, алатки, прашања)
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 14:45
Се за Counter-Strike 1.6...



Коментари:
Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 14:55
Counter-Strike 1.6 Background Creator

Ако сакате да ја смените позадината на CS 1.6 ова е наједноставното, најлесното и најмалото програмче кое ќе ви помогне... можете да го симнете од http://www.fpsbanana.com/tools/4477 - тука ...
ако не ви е јасно како се работи со него еве објаснување:
1. отворете го програмчето
2. кликнете на копчето „...“ во линијата Source Image и
   изберете ја сликата што сакате да биде во позадина...
3. откако ќе изберете кликнете на копчето „...“ во линијата
   Dest Directory и најдете ја папката Background... треба
   да изгледа вака некако: C:\Program Files\Counter-Strike 1.6\cstrike\resource\background...
4. стиснете Generate Background
5. Пуштете ја играта и ќе видите...


Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 15:03
Tag Converter-Spray Maker

ова е често прашање: како ставаат големи тагови/спрејови на канетер???

еве го решението:
симнете го пррограмчето од http://www.fpsbanana.com/tools/4353 - тука ...
отворете го програмчето и кликнете на Open Image и изберете слика... после кликнете на Adjust Image, па кликнете Auto Size, па кликнете Apply changes and convert to 256 colors... сега кликнете на Save Tag и изберете Export to WAD file... па OK... сејфувајте го каде сакате, но мора да му дадате има tempdecal.wad... потоа одете во папката cstrike (кај што е инсталиран кантерот) и заменете со оргиналниот... тоа е се

ВНИМАНИЕ
НА НЕКОЈ СЕРВЕРИ НЕМОЖЕ ДА СЕ ТАГУВАШ СО ГОЛЕМ ТАГ...


Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 15:05
Valve Hammer Editor

како се праи мапа на кантер???

еве вака:

симнете го Valve Hammer Editor од http://www.cstrike-planet.com/files/40 - тука и побарајте некој туториал на нет, ме мрзи сеа да објаснувам треба реферат да пишувам...


Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 15:11
видови мапи: "de"/"cs" мапи...

ова се најиграните видови на мапи за кантер... тука се игра со пукање, можете да купите оружје и сл...

"de" видот е со поставување на C4 бомба... терорите треба да ја постават, а кантерите да ја деактивираат или да спречат да се постави...

"cs" видот е со заложници... има најчесто 4 заложника... задачата е да ги однесат во полето за спасување на заложници... терорите треба да спречат да се спасат заложниците...


Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 15:14
видови мапи: "fy" мапи...

FY е кратенка од Fight Yard... во овие мапи ги има на земја фрлено повеќето оружја, а мапите се мали...


Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 15:16
видови мапи: "awp" мапи...

овие мапи се со снајпери и пиштол... мали се и имаат неколку пречки за криење... треба да се пукате со AWP (снајпер)...


Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 15:22
видови мапи: "zm" мапи:

овие мапи се играат само на зомби сервер... некој од играчите се инфицирани и стануваат зомби, а другите треба да ги тепаат зомбите... тие можат да изберат кое сакаат оружје, а зомбите имаам 170 енергија и им се пуни цело време...


Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 15:27
Читови

Читовите се хакови за кантер... има различни видови читови:
wh (wall hack) - да гледаш преку ѕидови
aimbot - да игра само (само да пука и стално убива)
speed hack - да одиш брзо
unlimited ammo - да не ти се трошат к*ршуми...

најчесто на сервер ќе те банираат ако си читер

ако сакате добар чит ви го препорачувам Bad Boy... коа ќе го пуштите не заборавајте да ситснете на End...

АМА НЕ КОРИСТИТЕ ЧИТОВИ, НЕ Е ФЕР



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk