Испечати | Затвори го прозорот

MАНАПО(Македонски Народен Покрет)

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21951
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 03:05
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: MАНАПО(Македонски Народен Покрет)
Постирано од: mungos80
Наслов: MАНАПО(Македонски Народен Покрет)
Датум на внесување: 11.Март.2010 во 19:35
Што знаеме за оваа движење во Македонија?
Еве дел од онаа што е познато.

Борбата за нацинална слобода и рамноправност била изразена и преку движењето насловено како Македонски народен покрет (МАНАПО) за чие создавање и популаризација придонеле културно-просветните друштва на македонските студенти “Вардар” на Белградскиот и Загребскиот универзитет. Во нив членувале велешаните: Коста Урумов, Борис Рибаров, Борис Шукарев и др. Политичката платформа на МАНАПО се темели на будење на националната свест на македонскиот народ и афирмација на народниот јазик, борба против српската хегемонизација и против фашизмот.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Коментари:
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 11.Март.2010 во 19:39
Петре Пирузе - Мајски (Охрид, 5 мај 1907 – Охрид, 12 јануари 1980) е учесник во НОБ и прв повереник (министер) за правосудство на федерална Македонија. Подоцна, поради прифаќањето на Резолуцијата на Информбирото, Пирузе е затворен на Голи Оток. Активно ја поддржувал идејата за обединување на Македонија како независна држава.

Заедно со други напредни интелектуалци, учествува во формирањето на МАНАПО. Во склоп на своето делување во МАНАПО, Пирузе се вклучува во активностите на Земјоделската партија. Меѓу другото, на 20 јуни 1939 година одржува говор на митингот на Земјоделската партија во Охрид, во кој се обраќа на локален дијалект.



-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 11.Март.2010 во 19:40
Уште еден член
Методија Андонов - Ченто (познат и како Методи) (18 август 1902 – 24 јули 1957) бил македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија.

Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.


Кузман Јосифоски - Питу е исто така член на оваа друштво.



-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk