Испечати | Затвори го прозорот

Фан клуб Арсенал

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фан клубови
Опис на форумот: навивачи, секој во својот клуб
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21945
Датум на принтање: 23.Април.2024 во 12:13
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Фан клуб Арсенал
Постирано од: Jovan.74
Наслов: Фан клуб Арсенал
Датум на внесување: 10.Март.2010 во 17:53
Арсенал со скоро играчи деца се најдобар клуб у европа



Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Март.2010 во 09:59
Ван Перси се враќа за најважните мечеви

Напаѓачот на Арсенал, Робин ван Перси е подготвен да се врати на фудбалските терени пред крајот на сезоната по тешката повреда на лигаментите за време на настапот на холандската репрезентација во дуелот со Италија кон средината на ноември. Тогаш ситуацијата изгледаше премногу сериозна, меѓутоа состојба на Ван Перси од ден на ден се подобрува. Холандскиот напаѓач призна дека почнал да тренира со топка и му преостанува уште да ја подобри физичката кондиција, пред да се врати во игра.

"Од медицинска гледна точка целосно сум заздравен, а останува да ја подобрам физичката кондиција. Лошиот период е минато. Пред неколку недели почнав да тренирам со топка и верувам дека ќе бидам подготвен за клучните мечеви во првенството. Арсенал се уште е во игра за титулата и сакам да му помогнам во остварување на целта. Се надевам дека ќе играм и во финалето од Лигата на шампионите, а веќе можам да размислувам и за СП", изјави Ван Перси, кој пред повредата постигна 15 гола настапувајќи за "топчиите".



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Март.2010 во 15:53
Арсенал го токми Гвардиола за наследник на Венгер

Челниците на Арсенал би сакале да го ангажираат Пеп Гвардиола за наследник на Арсен Венгер ако францускиот стручњак одлучи да го напушти клубот по истекувањето на договорот во 2011 година. Според Дејли Стар, "топчиите" веруваат дека само Гвардиола би можел да биде идеална замена за Венгер и да го наследи атрактивниот стил на игра што тој го практикуваше во овие 14 години на функцијата. Наводно, веќе биле остварени и разговори меѓу раководството на клубот и Гвардиола, а 39-годишниот стручњак ќе се појави во Лондон и во среда кога се игра првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Арсенал и Барса.

"Гвардиола е името кое редовно се појавува кога во клубот се разговара за тренер на подолги патеки. Управата на Арсенал го цени стилот што Барселона го игра под водство на Гвардиола и исто така им се допаѓа начинот на кој тој работи во Барселона", изјави за Дејли Стар неименуван извор близок до Арсенал.

Гвардиола стана тренер на Барселона во 2008 година по заминувањето на Франк Рајкард и оттогаш освои шест титули, а Барселона добива комплименти за својата игра од целиот фудбалски свет. Неговиот договор истекува во 2011 година, но се шпекулира дека потоа ќе биде дел од клупското раководство.



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 06.Август.2010 во 12:35

Фабрегас се врати на тренинзите на Арсенал


Цеск Фабрегас се врати на тренинзите на Арсенал, откако капитенот на топчиите беше во центарот на многу шпекулации што го поврзуваат со враќање на “Камп ноу“ ова лето. Барселона, клубот каде што Фабрегас ја почна кариерата, веќе достави понуда вредна 30 милиони фунти, но менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, им порача дека играчот не е на продажба за ниту една цена

 
 
%20  
Голем дел фудбалери на Барселона се вклучија во дебатата за тоа дека Фабрегас ќе се врати на “Камп ноу“, но Арсенал стои на својот цврст став дека Цеск не е на продажба.

Шпанскиот интернационалец заедно со Робин ван Перси се врати на тренинзите на Арсенал, откако имаа продолжен одмор по настапот во финалето на Светското првенство.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 15:47
Хлеб сака пак во Арсенал

Поранешниот член на Арсенал и Барселона, Александар Хлеб посакува да се врати на Емирати и одново да игра за тимот кој го води Арсен Венгер. Хлеб во моментов е член на Бирмингем, но ни од далеку тоа не е тим кој ги задоволува неговите апетити.

Тој имаше одлични игри во дресот на Арсенал, од каде што замина во Барселона. Сепак, кај Каталонците не успеа да се избори за стандардно место така што мораше да побара нова средина. Тоа го натера да побара нов тим, па замина во Бирмингем каде што сега се разочарани по неговите изјави дека сака да игра повторно во Арсенал.

Инаку, на последниот меч Хлеб влезе како резерва. После ова следеше изјава од него со која им го крена притисокот во Бирмингем.

"Тој дојде во клубот и не беше во најдобра форма. После тоа се повреди и пред една недела се врати во тимот. Требаше да тренира уште една недела пред да се врати во составот, но му дозволивме. Затоа мора да издржи, а не веднаш да бара да игра во друга екипа", вели менаџерот на Бирмингем, Алекс Меклиш

-------------


Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 16:57
Браво за темава среќа


јас сум фан на Арсенал ......имав шанса во живо да ги видам на аеродромот во Белград ,,,значи ептен да ги допрам, се разминав со играчите н а Арсенал , и срцето ми лупаше 100 на саат љубовљубовљубовљубов


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Јануари.2011 во 07:55

Арсенал во финалето на Лига купот

 

Фудбалерите на Арсенал се пласираа во финалето на Лига купот откако на домашен терен го совладаа второлигашот Ипсвич со 3:0, кој во првиот меч славеше со 1:0.
 
Арсенал до победата дојде во второто полувреме со головите на Бендтнер, Косиелни и Фабрегас.
 
Тимот од Емирати во финалето го чека победникот од двобојот меѓу Бирмингем и Вест Хем. Во првиот меч тимот од Лондон славеше со 2:1.



-------------


Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 27.Јануари.2011 во 12:34
АРСЕНАЛ љубов


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Август.2011 во 17:59
Хонда преговара со Арсенал во Лондон

Како што јавуваат француските медиуми, Кеисуке Хонда се наоѓа во Лондон каде преговара околу трансфер во Арсенал. "Топџиите" очигледно неуморно ги засилуваат активностите во текот на денот.

Фудбалерот на московска ЦСКА беше на врвот од листата желби на Арсен Венгер.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Декември.2011 во 14:07

АНРИ Е ПРЕД ДОГОВОР СО АРСЕНАЛ






Легендата на Арсенал Тиери Анри е спремен да се врати во клубот и го избра бројот 12 за дресот на Арсенал. Анри му порача на тренерот Венгер дека е спремен да ја прифати понудата да се врати на позајмица во клубот каде што доживеа потполна афирмација.




Лондонски „Дејли Мејл“ дознава дека понуда за позајмица е испратена и дека се чека одлуката на сегашниот тим на Анри „ЊуЈорк РедБул“ како би влегле во последна етапа од преговорите, а и Анри е спремен да го облече стариот црвено бел дрес.


Анри на Емирати би поминал 2 месеци, будејќи во март, кога почнува МЛС лигата, мора да се врати во редовите на американскиот клуб.

Тренерот Арсен Венгер истакна дека комбинацијата помеѓу Анри и германецот Подолски од Келн би била убиствена и дека Арсенал ќе биде многу појак тим..


Анри има 34 години и позади себе има многу успешна кариера. Со 226 голови е најуспешен стрелец во историјата на Арсенал и како признание на постигнатото доби голема бронзена статуа со неговиот лик пред стадионот „Емирати“.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 06:33

ГРАНЕРО БЛИСКУ ДО АРСЕНАЛ


 






Лондонскиот клуб е многу блиску до ангажирање на фудбалерот на Реал Мадрид.
Шпанскиот весник Марка тврди дека Арсен Венгер конктактирал со Жозе Мурињо во врска со ангажирањето на Естебан Гранеро.


Овој фудбалер веќе подолго време се доведува во врска со Арсенал, а Венгер се надева дека ќе може да потпише договор со овој фудбалер во јануари.


Од доаѓањето во кралскиот клуб , Гранеро не успеа да се избори за место во стартната постава бидејќи конкуренција му се Сами Кедира и Месут Озил.


Арсен венгер е убеден дека Гранеро одлично ќе се вклопи во играта на Тобџиите и дека преминувањето на островот во трансфер вреден 6 милиони фунти би бил од голема корист за кариерата на овој 24-годишен фудбалер од средината на теренот.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Јануари.2012 во 09:00

АНРИ: “ГО САКАМ АРСЕНАЛ“







Најдобриот стрелец во историјата на Арсенал Тиери Анри е решен во наредните натпревари да ја подобри ефикасноста на тимот од Лондон.


Арсенал во третото коло од ФА Купот го елиминираше Лидс со 1-0, а голот на одлука го постигна Анри вo  78 минута на одушевување на сите навивачи на “Емирејтс“.


“Не верував дека еден ден ке се вратам во Арсенал и дека ќе го постигнам одлучувачкиот погодок. Го сакам клубот, се надевам дека ова нема да биде единствениот гол и дека сеуште можам да бидам од корист“, рече Анри.


Он додаде дека се чувствувал прекрасно при прославата на погодокот.

“Се вратив како навивач, брзо постигнавме договор у букбално од трибини го постигнав голот. Чувството е прекрасно, сега знам колку им било убаво на фудбалерите кои постигнувале голови за Ливерпул, Челзи или Манчестер Јунајтед, а пред тоа навивале за клубот“, додаде Анри.


Најдобриот стрелец на Арсенал на сите времиња има постигнато 227 гола на 370 натпревари во дресот на Арсенал. Тој се врати меѓу “тобџиите“ на двомесечна позајмица од редовите на Њујорк Ред Булс, а за лондонскиот тим ќе игра до почетокот на сезоната во МЛС лигата.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Февруари.2012 во 12:35

НАМЕСТО ОТКАЗ, НОВИ 55 МИЛИОНИ ЗА ВЕНГЕР





Арсенал можеби игра лошо и се наоѓа на за нив непосакувано место на табелата, сепак тренерското место на Арсен Венгер е повеќе од сигурно.




Тренерот на „топџиите“ трпи огромен притисок од јавноста заради серијата лоша резултати, рачунајќи го дебаклот од Милан во Лигата на Шампиони, и поразот од Сандерленд во ФА Купот.


Сепак, челниците на Арсенал, па и сопственикот Стен Кренке, не уверуваат дека местото на Венгер е сигурно и немора да се грижи за работа. Во текот на неделата ќе биде одржан состанок помеѓу челниците на Арсенал и Арсен Венгер на кој ќе се разговара за последните резултати на клубот и ќе се елаборираат финасиските аспекти за иднината.


Лондонскиот клуб оствари профит од 55 милиони фунти, сума која ќе му биде ставена на располагање на Арсен Венгер за наредниот преоден рок. Од раководните лица на Арсенал ќе добие јасна слика дека она што го бараат е само место во Лигата на Шампионите идната сезона.


Венгер има договор на уште 2 години, а работата ја продолжува со поддршка од сите луѓе во клубот.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Март.2012 во 07:42

Ван Перси го замолкна „Енфилд“

Во првиот натпревар од 27. коло на англиската Премиер лига, Арсенал со пресврт и благодарение на фантастичниот Робин ван Перси славеше на гостувањето на „Енфилд“ над Ливерпул со 2:1.


Ван Перси го замолкна „Енфилд“


Но ударот на Кајт, чуварот на мрежата на „топчиите“ одлично го одбрани.Лошо започна за тимот на Арсен Венгер, откако Шчешни во 18. минута го собори во шеснаесетникот Луис Суарез, а судијата Марк Хелси покажа на белата точка.

Кога на напаѓачот на Ливерпул не му појде од нога да го совлада Шчешни, тоа му успеа на Кошчиелни, кој пет минути подоцна си постигна автогол.

Одговорот на гостите дојде во 31. минута, кога по одличниот центаршут на Сања, Робин ван Перси со глава го матира Реина.„Црвените“ имаа две одлични шанси, но Суарез и Кајт ја погодија стативата.

Во финишот на мечот Кели имаше одлична шанса за да го доведе Ливерпул во водство, но се посрамоти.

Решавачки момент беше 92. минута, кога Ван Перси со прекрасен волеј уште еднаш ја затресе мрежата на Реина и донесе големо славје за навивачите на Арсенал
.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Март.2012 во 17:53

РОСИЦКИ ПРОДОЛЖУВА ВО АРСЕНАЛ







Капитенот на фудбалската репрезентација на Чешка Томас Росицки потпиша нов повеќегодишен договор со лондонски Арсенал.


Англискиот клуб не ги соопшти финансиските детали и должината на договорот, а менаџерот на “тобџиите“ Арсен Венгер за Росицки рече дека се работи за одличен фудбалер, “кој е роден шампион“.


Росицки во Арсенал дојде летото 2006-та година од Борусија Дортмунд, но од тогаш имаше доста проблеми со повредите.


Сепак оваа сезона се избори за место на стандарден првотимец, а на 28 натпревари постигна 2 гола за Арсенал.


Овој 31-годишен фудбалер за репрезентацијата на Чешка до сега има одиграно 85 натпревари и постигна 20 гола.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Јуни.2012 во 06:14

АРСЕНАЛ ГО САКА ЏАГОЕВ






Арсенал ќе се обиде да го доведе во своите редови играчот од средниот ред на Русија и ЦСКА Москва Алан Џагоев, кој импресионираше со настапите во првите два натпревари на "Зборнаја" на Евро 2012.

Џагоев е на првото место по бројот на погодоци на ЕВРО 2012 - три, заедно со Марио Гомез и Марко Манџукиќ.

Според "Daily Mail" Арсенал e подготвен да плати околу 13 милиони фунти за да го види Џагоев на "Емирати".


-------------


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 18:02
http://mondo.rs/a661002/Sport/Fudbal/Arsen-al-ova-ZONA-sumraka-Zasto-se-Venger-inati.html" rel="nofollow - http://mondo.rs/a661002/Sport/Fudbal/Arsen-al-ova-ZONA-sumraka-Zasto-se-Venger-inati.html




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk