Испечати | Затвори го прозорот

Римокатолицизам - црна хроника

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21852
Датум на принтање: 04.Декември.2024 во 16:39
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Римокатолицизам - црна хроника
Постирано од: Tetratka
Наслов: Римокатолицизам - црна хроника
Датум на внесување: 27.Февруари.2010 во 21:03
Би го посоветувал почитуваниот member_profile.asp?PF=23551&FID=47 - el_kevser неговите постови слободно да ги постира тука. Од ова што може да го видиме до сега факт е дека недостасува ваква тема.



-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!




Коментари:
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 28.Февруари.2010 во 13:53
аа шо те поттикна да отвориш ваква тема...
т.е. шо напраил ел_кевсер?

-------------
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima





Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 10.Март.2010 во 20:29
да ти помогнам:
 
 
Originally posted by el_kevser el_kevser напиша:

УШТЕ ЕДНА АФЕРА ГО ТРЕСЕ ВАТИКАН
Братот на папата вмешан во секс скандал
По серијата обвинувања за сексуално малтретирање деца од страна на католички свештеници во Холандија и во Германија, Ватикан од вчера го тресе и уште еден скандал: во злоупотребувањето е вмешан и братот на папата Бенедикт Шеснаесетти, монсињор Џорџ Рацингер.
Рацингер веќе 30 години раководи со детскиот хор во училиштето „Регенсбургер Домпацен“ во германска покраина Баварија. До избувнувањето на скандалот дојде по откритието на серија случаи за злоупотребување деца од страна на католички свештеници во училиштето „Језуит“, исто така, во Германија. Но, вистинските размери скандалот ги доби по откритието дека најголемите сексуални малтретирања, всушност, се одвивале во самото срце на католичка Германија, покраината Баварија и училиштето „Регенсбургер Домпацен“, каде што работи и монсињор Рацингер. Обвиненијата што стигнаа од епископијата Регенсбург се најшокантни за католичките верници и за германската јавност токму поради фактот што братот на папата работи во тоа училиште од 1964 година, а и самиот папа поголемиот дел од својот свештенички живот го поминал во таа епископија.
- Не знам ништо за никакви злоупотребувања. И ако се случувале, тие се случувале пред јас да почнам да работам во училиштето. Секако, учениците во нашето училиште се подложени на посебен вид дисциплина и работа, но тоа е неопходно за да се достигне високо музичко и уметничко ниво - изјави 86-годишниот брат на папата.
Тој, сепак, прифатил да сведочи на суд ако дојде до кривично гонење во врска со овој случај.
Но, Франц Витенбринк, германски композитор кој живеел во тоа училиште се до 1967 година, оваа институција ја опишува како место со кое владее софистициран садизам, место каде што казнувањето е поврзано со сладостраста.
- Ми звучи како крајно неверојатно дека братот на папата, монсињор Рацингер, кој во училиштето работи со децении, не знаел ништо за злоупотребувањата - вели композиторот.
Најновиот секс-скандал изби само неколку недели откако папата Бенедикт Шеснаесетти јавно ги критикуваше ирските бискупи затоа што не реагирале правовремено на случаите на злоупотребување деца и тоа го нарече „гнасно злосторство“. Тој, исто така, на сите свештеници им препорача да се соочат со сите обвиненија за злоупотребување и да им пристапат искрено и храбро.
Сепак, кога скандалот стигна до неговиот брат, а со тоа и до него, папата повторно го сврти грбот и не даде ниту изјава, ниту, пак, каква било друга реакција за најновиот скандал.


















Messenger: Navedi go izvorot na vesta.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1964&ArticleID=135939


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Blagoj_s
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 12:05
http://www.zazabava.com/content/view/9435/73/

-------------
www.myspace.com/sblagoj


Постирано од: el_kevser
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 19:18
zasto sto mu fali temata verski vesti zarem nee se od verski aspekt
nema potreba do vakva temaa ok   

-------------
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto


Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 19:40
Затоа што нон стоп кажуваш за некави си скандали кај римокатолиците,иако нема ниту еден римокатолик на форумов.(барем ја откако сум на форумов не сум видел)

-------------
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++


Постирано од: el_kevser
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 21:24
pa sto ima vrska toaa i taa spaga vo verski vesti bes razlika   dali ima ili ne

-------------
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto


Постирано од: el_kevser
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 21:25
pa ako nee togas izbrisetee ja temata verski vesti neka bide posebno    sto vi se cudamm

-------------
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 15.Март.2010 во 19:13
За богатиот „хритијански„ опус на римо-католичката црква може да се чита во повеќето книги на Карлхајнц Дешнер, германски историчар и книжевник. Најпозната му е десет томната едиција „Криминалната историја на христијанството„, a интересна е и книгата: Политиката на римските папи во XX век која на српски јазик се појави во 2 дела.



Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 15.Март.2010 во 23:12
Аман веќе од овие девијантниве боговдахновени господа, ми се гадиболен

-------------
Beauty fades, dumb is forever



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk