Испечати | Затвори го прозорот

Правниот статус на јазиците во Македонија

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Право
Опис на форумот: Tолкување и коментирање закони, правни совети, судска практика
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21798
Датум на принтање: 29.Март.2024 во 11:32
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Правниот статус на јазиците во Македонија
Постирано од: Македон
Наслов: Правниот статус на јазиците во Македонија
Датум на внесување: 19.Февруари.2010 во 03:01
Поттикнат од една дебата, чинам дека треба да имаме и тема за дискусија поврзана со правниот статус на јазиците во Република Македонија, македонскиот јазик, како службен јазик, како и дургите јазици, различни од македонскиот јазик. Чинам дека дебатата треба да ја започнеме со тоа што предвидува највисокиот општ правен акт, Уставот на Република Македонија во однос на употребата на јазиците


А М А Н Д М А Н  V

1. 1. На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.
Личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон.
Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа вокоја најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо.Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот.Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и
неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го
употребува граѓанинот.
Во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.
Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.
2. Со овој амандман се заменува членот 7 од Уставот на Република Македонија.



Коментари:
Постирано од: Zelenikovo
Датум на внесување: 06.Март.2019 во 22:08

после една деценија темава е сувишна бидејќи правно Македонскиот Јазик веќе не е (во моментов) културен столб на Македонска Држава туку сервомаусдонска статистика за едикои граѓани на сервомаусдонија, жалосно но реално, колку долго никој не би знаел да прогнозира без да промаши некоја варијабалина, неретко велам треба да се имаат во предвид и третосветско-воени варијабили, и впрочем многу што постојно ќе ресетираат ...

често знам да речам дека концептот нација е месонска ујдурма та од таму многу и не ме боли дали истиот е ресетиран вака или онака, но некого насила да го турнеш кон таков рисит а имајќи предвид дека денес поебноста на Народите сестрано е национално стандардизирана, та навистина ова што го сторија зајковци со ерга-омнесот е невидено, но бидејќи низ вековите сме биле револуционери во многу клучни моменти во светската историја, та еве и сега тоа сме, иако насила и заради идни европски наднационални агенди а како урнек за следење или попрво набљудување ...

инаку Македонскиот Јазик сега сред мултикулти граѓански концепт е и' подерогиран, него да останевме Република Македонија бар за себе - а сите други јазици исто да беа државни, вака сега тој е последната алка во однос идентитетот, а знаејќи како истиот е под здрав удар на глобализацијата виа скопјанизација јасно е дека ќе издише кај и да е и тој во сите свои убаини, но ако е за утеха ни светов нема вечно да постои та гледајте колку можете поведро на ерга-омнес еутаназијата, ако нешто можете да мсените арно, а ако не не си паѓајте постојано во депресија, искористете ја волјата за други начини за истерување на свокте правдини ...




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk