Искуства со Expedia.com и сл.
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21642
Датум на принтање: 30.Ноември.2024 во 11:08 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Искуства со Expedia.com и сл.
Постирано од: smole_mk
Наслов: Искуства со Expedia.com и сл.
Датум на внесување: 01.Февруари.2010 во 00:27
Здраво,
до сега само имам резервирано хотел со booking.com и се било ок, цените како што пишува на сајтот и сл.
Ме интересираше дали имал некој искуство со кпување на авионска карта онлајн преку авиокомпанија и преку сајтови како expedia.com и сл (cheapoair.com ; orbitz.com).
Фала однапред
|
Коментари:
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 01.Февруари.2010 во 00:58
Имам неколку искуства со купување авиобилети онлајн преку неколку сајтови на авиокомпании, последниот пат преку easyjet ( http://www.easyjet.com/asp/en/book/index.asp). Со овие ако сакаш да леташ од Солун или Софија, од Скопје не знам дали има. Покриваат скоро цела Европа, имаат добри авиони, а се наоѓаат и евтини карти, во зависност од сезоната.
Не сум имала никаков проблем. Правиш онлајн резервација, го плаќаш билетот со картица, добиваш билет на e-mail и со него одиш на чекирање.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: ogledalo
Датум на внесување: 01.Февруари.2010 во 11:56
Imam kupeno 4 avio bileti online do sega.
Dirktno od sajtot na aviokompanijata. Ne preku posrednici, bidejki cesto se nekoe evro poskapi a i da najdes da se nekoe evro poevtini, dokolku ti e potrebna nekoja promena potoa, treba da se maltretiras i so niv i so aviokompanijata.
|
Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 07.Февруари.2010 во 22:25
секогаш од дома сме купувале од агенција, било за резервација, било за карти или слично... малце глупа навика, со оглед на тоа што ако се потрудиш можеш сам да си најдеш на интернет се што ти одговара
тетка ми купуваат онлајн, не сум разбрала дека имале проблеми досега... а, и многу луѓе во цел свет го користат онлајн шопингот
-------------
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 01:29
единствено е лошо што во Македонија и нема баш многу летови, ако си од тука тоа
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: smole_mk
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 03:19
Јас имам резервирано хотели од booking.com неколку пати, секогаш се било топ, дури и специјалните цени кои беа на сајтот за тој хотел ми ги признаа во хотелот.
Лет букирав сега преку expedia.com, летам во март па ќе видиме, али би требало се да е ок, бидејќи летот е преку Lufthansa (од Белград летам), се јавив во нивното претставништво таму пар дена после букирањето и ми потврдија дека ме имаат во системот, пошто веќе сите карти се електронски, било да си букирал преку резервација или интернет, се што треба да направиш е да го покажеш пасошот на аеродром дека си ти и да ти дадат boarding pass.
|
|