Што е навистина хуманост на дело?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21619
Датум на принтање: 08.Јануари.2025 во 07:48 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Што е навистина хуманост на дело?
Постирано од: mungos80
Наслов: Што е навистина хуманост на дело?
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 21:59
Мое мислење дека ваквите примери се вистинска хуманост на дело.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D8BF1D8ED1E421439C36945F35E9D853 - Момче спаси девојка од давење во р.Вардар
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Коментари:
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 22:11
На оваа дете му треба помош за набавка на нов велосипед
http://www.mrfp.org.mk/WBStorage/Files/treta%20nagrada.jpg - Пеце Ангелевски од Битола
Нема човек кој не го знае Пеце. Две години вози велосипед и продава салфетки, сунѓерчина и слични работи. Многу е посветен на она што го работи и токму заради тоа е омилен меѓу народот. Но, од пред еден месец, Пеце не мора повеќе да се мачи да ја искачува угорнината кон неговиот дом во Брусничка населба и на помош да вика луѓе да го туркаат. После извесно време упорно барање, конечно најде некој кој му одговори на неговите потреби. Сервис томос Оливер му вгради мотор со кој на Пеце му се олесна возењето. Единствено само треба некој друг да ја тргне рачката за да го запали моторот.
-Голема благодарност за Оливер мајсторот што ми го направи моторот и сега ми е многу полесно. Не сум зависен од никој. Порано бев зависен од сите луѓе, ги молев да ме MAJA za pece sl 001
туркаат, сега не молам никој, сега ми е супер, вели Пеце Ангелевски.
Многу е благодарен и на своите спонзори кои му биле од голема помош.
-Благодарност до Инфиити и златара Божиновски кои ме поддржуваат во секој момент, вели Пеце.
Кога ние заминувавме и Пеце тогаш заминуваше по работа. Секој ден излегува кај 11 и се враќа кај 6 часот попладне. Неговата желба е е да си стави калници и да ги смени гумите на, сега веќе, моторот. Не е многу брз, но барем ми е полесно, вели Пеце. А на него невозможно е да се забележи - молитва за возачите, за да го чува по патишта.
Но овој велосипед е веќе стар и има потреба од нов велосипед.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 22:15
Да се помогне уличниот продавач Пеце
Ништо во животот не е пречка ако се има упорност и воља за тоа.Телесниот инвалидитет, не го спречи Пеце низ битолските улици продавајќи салфетки да заработи, но го хендикепира дополнително тоа што велосипедот со мотор кој му олеснуваше полесно да се движи се расипа.
„ Во работата имам потешкотии, бидејќи моторчето прегреа "- вели Пеце Ангелевски
Овој велосипед со мотор бил рачно направен, токму за потребите на Пеце, го користел само три месеци, сега истиот, не може да се поправи.
„ Многу ми олеснуваше во секојдневните обврски.Со задоволство ја работам оваа работа."- вели Пеце Ангелевски
Пеце во моментов вози 90килограми тежок велосипед со три тркала кој го добил како донација од МКЦ, кој е претежок за состојбата во која се наоѓа, но не се откажува и како што вели со задоволство ја работи работата, продава салфетки низ градот и сам заработува за своите потреби на што многу млади треба да огледаат.
„ На угорнините имам проблем но сите битолчани ми помагаат и им сум многу благодарен."- вели Пеце Ангелевски.
Велосипед со мотор наменет за луѓе како Пеце има во Германија, и чини 1300 евра кој со продажба на салфетки Пеце би го купил можеби после 20 години и да не биде залудна благодарноста на Пеце кон вас битолчани упатуваме јавен повик за помош на овој млад човек, секој кој има можност да оддели средства за овој трудољубив млад човек нека се обрати во Тера Телевизија или на транскациона сметка број 301-60-2797 која гласи на име Пеце Ангелевски нека уплати онолку колку може.
Ви Благодарам од се срце
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: muharem adlan
Датум на внесување: 02.Февруари.2010 во 00:16
da bides i krajno human covek do koga ke mu pomagas naj dobro da mu pomognes da izleze od od sitoacija a prasajneton e kako ?
|
|