Испечати | Затвори го прозорот

ПРОИЗВОДСТВО - ПЛАСМАН

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21538
Датум на принтање: 28.Декември.2024 во 11:44
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: ПРОИЗВОДСТВО - ПЛАСМАН
Постирано од: marco_antony
Наслов: ПРОИЗВОДСТВО - ПЛАСМАН
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 14:37
Denovive slusame za problemite koi gi imaat proizvoditelite na jabolka od Resen,
istata prikazna lanskata godina bese so kromidot od Buchin ..., pa so drugi zemjodelski proizvodi ...

Denes PROIZVODSTVOTO e resena rabota ...
dokolku sakate nesto da proizvedete ...
na site strani ima golem broj na ludje sto ke vi kazuvaat kako toa da go napravite ...
ne e vazno dali e toa proizvodstvo na hrana,
proizvodstvo na tehnichka stoka ...

Ama mal broj na ludje ke najdete koj sto ke vi kaze ...
kako toa PROIZVODSTVO da se PLASIRA DO PAZAROT.

Zatoa ja otvoram ovaa tema ...
da diskutirame za moznite nachini za plasman na proizvodite vo i nadvor od Makedonija.


-------------
                             PARADISE MACEDONIA



Коментари:
Постирано од: гоcтин
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 17:09
мислам дека државата треба да замеша малку прсти во работава..
на македонскиот пазар има и презаситеност од некои работи а недостаток од други..зошто место да се увезуваат производи што ги произведуваме во земјава не се продаваат нашите...во тој поглед треба малку да ги зголемат царините на тие производи за да бидат поскапи од домашните а со тоа да се овозможи народот да купува домашни производи...
мислам дека треба да се воведат сите стандарди што ги бара ЕУ за да можат земјоделците без проблем да извезуваат, затоа што денес сите бараат сертификати за квалитет,за исполнување на различни стандарди а ние тоа го немаме...
друго не би знаела што да кажам

-------------


Постирано од: the king
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 23:40
вака, секогаш плачеме пред државата, но овде колку и да зборуваме сите ќе се сложиме дека се работи за приватен сектор, а приватниот сектор се вика приватен бидејќи сам си е одговорен како за успехот така и за неуспехот...

во секој случај се согласувам со мачкица, добар осврт и добра идеа со зголемување на царините на производите кои доаѓаат од надвор а ги имаме и тука и подобрување на квалитетот од домашните производители, но јас тука би додал само уште дека државата може да помогне и во ова..

да не им дозволува на странските инвеститори да инвестираат странски инвестиции во сектори кои што добро ни работат и без странците, тоа јасно ни го објасни примерот со Шведската млекарница...

Имаме ние добри производители и капацитети за домашна препаботка, па треба сами да си го искористиме тоа и да го преработиме по наш терк...

имаме и други примери кои ни укажуваат на истот...



-------------
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 23.Јануари.2010 во 10:06
 
 
 Производство - Пласман ....
Еве нешто за тутунопроизводителите годинава кои што изразија
задоволство, затоа што  досега остварен е рекорден откуп од 22.000 тони тутун, со просечна цена од околу 192 денари за килограм... и  рекордни субвенции од 1 евро за килограм тутун ...
 
 
Имаше сериозни откупни претпријатија... но не застануваат тука, иако
годинава просечната цена на трите типа „Јака“, „Прилеп“ и „Басмак“ изнесува 192 денари“, се бара догодина цените да се   зголемат за 10 до 15 проценти ...
 
Веќе се  договараат чекорите кои ќе се преземат за следниот период за да има исти резултати како и во 2009 година, со тоа што за 2010 година се  смета на зголемено производство од 30% или 27.000 тони тутун..........


Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 23.Јануари.2010 во 21:05
Драго ми е што се сложуваме во однос на успешно производство а проблемите се во пласманот на производството...

Доволно е да се види бројот на луѓе кои се грижат нешто да произведат и бројот на луѓе кои се грижат за да обезбедат пласман ...

И уште една категорија на луѓе кои се во огромен број ...
на 2.000.000 луѓе кои можат секое производство да го изедат и секако да го платат !!!

проблемот е што мал број на луѓе размислува како јаболката од Ресен сами ние да ги потрошиме и секако платиме, а не да ги фрлиме како ланската година со бучинскиот кромид...

Ајде да размислуваме на тој начин ...
доколку некое производство нема пласман ...
или има проблеми за пласман ...
(или со други зборови некој ги уценува производителите) ...
како ние народот тоа да го прифатиме ...
изедиме и платиме ...

Како се прави пласман ?

Има некои компании кои прво го обезбедуваат пласманот,
т.е. тоа што го произведуваат знаат за кого го произведуваат ...
колку производство може да се продаде ... и затоа нема потреба од залихи ...
може да се планира со колкав капацитет да бидат производствените линии ...
превозот ... со какви се производи да има во колкав сооднос едни према други ...
продавници ...
вработени ....

така да има луѓе за ПРОИЗВОДСТВО...
луѓе за ПЛАСМАН...
и луѓе кои се научени тоа да го ПОТРОШАТ !!!

Ние имаме производители и потрошувачи ...
ни фали начинот на пласман ...


-------------
                             PARADISE MACEDONIA


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 23.Јануари.2010 во 21:38
 
 
  Точно Марко  се согласувам дека ни фали пласман... и за тоа треба
подобро информирање на производителите... што  се бара во
моментот на пазарот.... Еве денес слушнав дека тоа сега е  зелената
марула, под фолија..........
 
И нешто друго......... сиве овие години гледам како се фрлаат на улица
патлиџаните, кромидот, млекото...еве сега јаболкото.... НО  никогаш
не видов да се фрла патлиџан еве на пример пред Велигден кога ја
достигнува  цената и до  150. 00 ден, за кг.  или кромидот кога есенва
достигна и до 70 ден.... и во прилепско пред две години кога сирење
не можеше да се најде, заради тоа што им беше многу поисплатливо
да го продаваат млекото, отколку да прават сирење..... !


Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 23.Јануари.2010 во 22:03


Потполно си во право Замислена ...
ама знаеш како е ...
кога е добро ... некој ги трие рацете ...
цените место да паѓаат за некои празници ...
кај нас растат ...

ама да мислиме поинаку ...

еве за јаболката ...
за да ги јадеме ...
треба предквалификација на нас како потенцијални потрошувачи ...
мене не ми ни текнува да купам јаболко ...
ама во самопослугата каде одам ...
сега редовно купувам ...
гледајќи ги како ги фрлаат јаболката огорчените производители ...

се отрувме со лоши вести на телевизијата ...
и тоа за името ...
за нато и еу ...
еден човек умира стотина пати на телевизија ...
и за нас тоа стана нормално ...

по мое потребно е сега ...
да има емисии за промоција на јаболкото ...
на сортите ...
рецепти каде се користи јаболкото ...
колку е тоа здраво ...
место вакцина да се јаде јаболко ...
дека е одлично пред јадење да изедеме јаболко, а не после ...

место за убиства да се промовира јаболкото ...
место јадење на банани ...
да јадиме јаболка ...

инаку сета таа промоција може да се направи со мали средства ...
предавачи ...
во кафичите ...

идната година ... или наесен ... истото за кромидот ...
ако има проблем за извоз ...
ако не ...
никому ништо ...




-------------
                             PARADISE MACEDONIA


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 24.Јануари.2010 во 02:13
Се е "политика" тука...Со нашето производство и пласман.Лани бучинскиот кромид се фрлаше во Црна река, годинава се откупуваше по 15 ден за кг.Пиперката(к*ртовска капија за ајвар) а и другите лани се продаваа по минимален просек од 30 ден што е супер за тој вид производство додека годинава едвај просекот во откуп достигна едвај 13-14 ден.Јаболката годинава се фрлаа а лани добро се платија нели ? Секоја наредна година е преодредена за еден вид производ и тој нормално ке се плати и повеќе од очекуваното на штета на другите.Пласман за цело производство има нормално со извоз , но во помала или поголема рака е ограничен од Владата а на производителите не им се исплаќа секој ден да идат од еден на друг пазар и го продаваат кг по кг ...

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 24.Јануари.2010 во 11:42

Сето тоа е точно BlackDevil ...

нормално е човек да биде богат ( немора тоа да е само материјалното ) ...
само кај нас нормално е да е човек сиромав ...
што не е баш нормално ...

кога добро се продале некои производи ... тоа е нормално...
само не е нормално производството да пропадни ...
а ние да јадеме банани, мандарини и слично...

треба да се работи на тоа ...
место банани ... може да се јадат тикви ...
место цитрони ... јаболка ...

ако е проблем кромидот ...
па можеме барем секое семејство да потрошиме по 10 кг кромид на месец ...
2.000.000 жители тоа се околу 250.000 семејства ...
по 10 кг. ке добиеме 2.500 тони кромид.

Сеуште размислуваме на начин ние јаболка кон словенија ... а од словенија сок од јаболка ...

Треба да имаме луѓе кои ќе работаат на оваа проблематика ...
тоа да биде организиран систем ...
не она самонаречена берза на храна ...
или самонаречени служби кои тоа би го работеле ...
туку луѓе кои тоа можат стварно да го направат ...

Јаболката не станаа проблем сега последниве денови ...
туку тоа можеше да се предвиди уште кога беа на дрвото ...

што тогаш се правеше ?

Ќе кажам еден пример ...

Доаѓа мажот дома и гледа прашина во огледалото и може

1. да и се развика на жената ... (може и некој шамар да летни) ... да запали цигара и да биде - МАЖ

2. да земи трулекс крпа ... и да забрише ... да ги стави папучите ... и да биде ПАПУЧАР

3. може со прст да нацрта срце во прашината и да чека да види што ќе се случи ...

4. може да не го види огледалото

Со овој едноставен пример може да се види дека пред нас има неограничен број на паралелни светови ...
и ќе се фатиме за еден и ќе се вика РЕАЛНОСТ ...
па тоа ќе помина во МИНАТО ...
па ќе стане ИСТОРИЈА ...
и по илјадници години АРХЕОЛОГИЈА ...

некој ќе го најде огледалото и ќе се чуди што и како било.

Така и со јаболката ...
пред нас имаме неограничен број на паралелни светови ...
ама ние избравме најлошото ...
да си дремиме и да чекаме ...
некој да дојде ...
да ни ги земе јаболката ...
и да ни даде убава цена ...
ама тоа не се случи ...
тој паралелен свет не се реализира ...
туку никој не дојде ...
само по еден шлепер на ден јаболка се земале ...
и тоа по мала цена ...
по цена која е мизерна ...
незадоволство ...
па на сите вести на телевизијата ...
и РЕАЛНОСТА е таа ...
каква што си ја створивме ...




-------------
                             PARADISE MACEDONIA


Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 25.Јануари.2010 во 12:24
plasmanot sekogas  strada poradi proizvodstvoto na surovina i nejzina prerabotka..

kaj nas  moze  da  se  najde  podatoci  za  proizvodstvo  i  prerabotka  skoro na  se""

-problemot se pojavuva  vo  neprifajkajneto  na  nekoi  pravila  I  normi  OD  STRANA  NA  RABOTNICITE  I   OD  STRANA  NA  INVESTITORITE

rabotnicite  ne  sakaat  da  vnimavaat  pri  rabotata  da  ne  vnesuvaat  vo  proizvodot  stetni  materii
 
 a  investitorite  ne  sakaat  da  kupat  materijali  za  zastita  na  proizvodot  od  stetni  materii  --za prenos  i  cuvajne  na  proizvodot.


pa  taka  si  se  vrtime  vo  krug  so  tie  problemi  godini  i  godini


Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 25.Јануари.2010 во 12:47
аха, значи стварта е само до тоа дека некој не сака нешто да направи .........или пак до оние што сакале нешто.

оваа анализа заслужува во најмала рака номинација за Нобелова награда........а нншто чудно и да ја добие.

-------------
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!


Постирано од: afrodit
Датум на внесување: 25.Јануари.2010 во 19:12
Паника меѓу струмичките производители на домати

25.01.2010 17:52
Паника меѓу струмичките производители на домати по информацијата за воспоставената слободна трговија меѓу Србија и Турција.

Ваквата реакција доаѓа затоа што 40 насто од доматите досега завршуваа на српскиот пазар, кој годинава станува несигурен бидејќи се очекува да биде преплавен со евтини турски домати.

Тие велат дека сега време за промени нема, расадот е во фаза на пикирање, а заглавени се со кредити за годинашното производство. Дополнителен проблем за нив се и неисплатените субвенции за минатата година.

„Субвенциите и средствата од програмата за рурален развој од 2009 година се уште не се исплатени. Бараме во најбрз рок, владината институција, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој да не известат зошто субвенциите и средствата од руралната програма не се исплатени и кога ќе бидат исплатени“, рече Драги Памуков, земјоделец.

Поради очекуваните проблеми со пласманот на доматите, земјоделците од Струмичко го повикаа првиот човек на владината компанија за промоција и продажба на земјоделски производи „Агриленд“ да дојде во Струмица и заеднички да најдат пласман за доматите.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119090


Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 26.Јануари.2010 во 13:27
пласман?многу лесно ! дај ги сите на македонските пазари по разумна цена ......и нема ни кило да им скапе.

-------------
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!


Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 12:31
    jas   licno  imam  raboteno  na  nekolku  mesta  kade  sto  sum  mozel  da  go  nabljuduvam  celiot  proces  od  surovina  do  potrosuvac   i  vo  site  slucaevi  kade  sto  kvalitetot   e  vo  prasajne   proizveduvacot  saka  da  se  sokrie  zad  trgovecot,   da  ja  prefrli  odgovornosta  vrz  nego,   a  toa  go  ogranicuva  nego   da  ne  se  pojavi  na  pazarot  kako  prodavac.i  taka  mi  se  dozvoluva  na  trgovcite  da  manipuliraat  so  cenite  so  poznatiot  metod  na  kazuvajne  deka  nema  plasman  dajtego  proizvodot  ""bez  pari".koga  ke  se  soberat   povejke  mali  proizvoditeli   i  ke  iznesat  kvaliteten  i  dobro  spakuvan  proizvod  na  pazarot  togas  otkupot  i  cenata  ke  im  bide  zagarantiran   unapred  za  10god.


Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 13:18
Originally posted by dejanpp dejanpp напиша:

    jas   licno  imam  raboteno  na  nekolku  mesta  kade  sto  sum  mozel  da  go  nabljuduvam  celiot  proces  od  surovina  do  potrosuvac   i  vo  site  slucaevi  kade  sto  kvalitetot   e  vo  prasajne   proizveduvacot  saka  da  se  sokrie  zad  trgovecot,   da  ja  prefrli  odgovornosta  vrz  nego,   a  toa  go  ogranicuva  nego   da  ne  se  pojavi  na  pazarot  kako  prodavac.i  taka  mi  se  dozvoluva  na  trgovcite  da  manipuliraat  so  cenite  so  poznatiot  metod  na  kazuvajne  deka  nema  plasman  dajtego  proizvodot  ""bez  pari".koga  ke  se  soberat   povejke  mali  proizvoditeli   i  ke  iznesat  kvaliteten  i  dobro  spakuvan  proizvod  na  pazarot  togas  otkupot  i  cenata  ke  im  bide  zagarantiran   unapred  za  10god.




сето ова е одлично ...

само зошто не го правиме она што треба да го ПРАВИМЕ ?!?!?

Порано стално се велеше дека не сме имале убава амбалажа
за виното и мораме да го продаваме рефус ... и така натамо ...

но сето тоа ми звучи како убави изговори за тоа зошто не ни оди работата ...

а се е до умот ...

Ќе напишам една приказна ...

Разговараат двајца ... всушност се караат ...

Едниот вели:
- ЗНАМЕТО се вее

другиот вели:
- не ... ВЕТРОТ вее

Минува некој ТРЕТ и ги преслушал и рекол:
- НИТУ ЗНАМЕТО СЕ ВЕЕ, НИТУ ВЕТРОТ СЕ ВЕЕ ...
ТУКУ УМОТ НИ СЕ ВЕЕ !!!

Така и ова со пласманот ...




-------------
                             PARADISE MACEDONIA


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 31.Јануари.2010 во 10:33
 
 

За поддршка на свињарството во земјава Владата, за годинава планира да издвои рекордни 129 милиони денари. Анализите покажале дека со постојните свињарски фарми, не само што може во целост да се задоволат потребите со квалитетно свинско месо во земја туку и ќе има можности и за извоз. 

 Покрај планираните 129 милиони денари и субвенциите за свињите годинава ќе бидат највисоки. Со тоа голем број на мали фарми што имаа проблеми со обезбедувањето на храна и пласман на месото за да опстнат, ќе мораат да се здружат со големите и водечки компании. На овој начин Македонија не само што ќе има поголемо и поквалитетно производство туку ќе може дел од него да го пласира и на пребирливиот европски пазар.
Неопходно е да се реши и проблемот со обезбедувањето на добиточна храна со кој се соочуваат производителите подолго време. Се  предлага производителите на добиточна храна да склучат договори со фармите за навреме да ги обезбедат потребните суровини како од дома така и од странство.


Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 31.Јануари.2010 во 12:04


Кај нас имаме одлични услови за создавање на био-динамички фарми, према принципите на Рудолф Штајнер.

Имаме земја која не е третирана со вештачки ѓубрива,
која е оддалечена од главните патишта и не е загадена со олово (тамо каде што не е) ...
потоа имаме одлична геоположба ...

затоа треба да се направат био-динамички фарми ...
каде ќе биди заокружен целиот циклус ...
од пасишта ...
ниви ...
стока ...
природно ѓубриво ...
заштита на производството од штеточини исклучиво со природни средства ...

така добиеното ПРОИЗВОДСТВО ...
лесно може да се пласира ...
затоа што има неограничена побарувачка на ваков тип на производи ...

Пред повеќе години ...
имав намера да се направи ваков тип на производство во Битола ...
да биди како пилот проект ....
да се обучат луѓето за ваков тип на производство ...
и така натамо ...

и предлогот го дадов до некои луѓе од општината ...
им донесов човек кој практично со тоа се занимава ...
има можности да се донесат стручни лица од таа област ...
има можности за добивање на средства од ЕУ-пристапните фондови за такво производство ...

и така натамо ...

и резултатот беше ...
компир !!!

никој не реагираше ...
највероватно го пренесе предлогот ...
и сигурно имало некои "стручњаци" ...
кои прво реагираат КАКО-НЕ ...
а не КАКО-ДА ...

сепак мислам дека тоа е наш излез !!!



-------------
                             PARADISE MACEDONIA


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 05.Февруари.2010 во 14:31
 
 

Од оваа година, откупувачите и земјоделците,  и законски ќе бидат обврзани да ги почитуваат склучените договори за откуп. Ова е една од новините во закон за земјоделството и рурален развој.

Со законот се уредени сите услови за откуп, од склучување на договорите, истакнување на цените 10 дена однапред,начин на исплата, до тоа кој се може да врши откуп на земјоделски производи.

Предвидено е исплатата да се врши во рок од еден месец, авансно, или 20% за време на откупот и остатокот за шест месеци. договорот треба да биде склучен 45 дена однапред. Оние кои нема да го почитуваат одредбите ќе бидат казнети.

„Се воведуваат  нови политики, кои што до сега не беа постојани, а се   насочени во делот на уредување на пазарите со земјоделски производи или поддршка на тие пазари со цел надминување на одредени нарушувања, обезбедување на стабилност на доходот на земјоделските производители, зачувување на конк*рентските односи...

п.с.  marco_antony ..ме изнасмеа ..со резултатот..компир ...голема%20насмевка


Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 05.Февруари.2010 во 15:01


поздрав Замислена ...
драго ми е што те насмеав ...
знаеш оној вицот со мали Ѓокица ...
кога викал
- Јас учителке да кажам ...
- е ај кажи ...

и тој рекол
- почнува со К, завршува со Р

и учителката му пишала КЕЦ !!!

а тој сакал да кажи КОМПИР ..

производителите ...
треба да сватат дека кога ќе добијат убава цена ...
да одвојат пари за да можат наредната година пак убаво да поминат ...
да го промовираат производот ...
преку нас потрошувачите ...
а не на телевизија ...

има за тоа како и што ...
преку МЛМ системите ...
само што некој успева тие еврејски начини на размислувања
да ги извитоперат ...
било од која страна да се ..




-------------
                             PARADISE MACEDONIA


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 00:14
Originally posted by marco_antony marco_antony напиша:




нормално е човек да биде богат ( немора тоа да е само материјалното ) ...
само кај нас нормално е да е човек сиромав ...
што не е баш нормално ...






Ова убаво ти е напишано Марко т.е. би рекол и реалноста е таа кај нас.Нормалното е ненормално а ненормалното - нормално.Зошто е тоа така?
За да биде обратно како што и треба да биде државата може да направи така без проблем што е повеќе од очигледно.Кои прозводи би се барале на пазарот,од кои има недостиг,од кои пазарот е презаситен сето тоа е однапред познато , изработено плански нормално од експерти и во владата го имааат на увид нормално направено преку истражувања.Се знае дека земјоделието(тоа е најзастапено кај нас од сите гранки) е една од основните гранки на секоја економија и преку него може да се обезбеди едно просечно(а со нашето производство и над просечно) нормално живеење за 2 мил народ.Тоа е едноставно , наместо производството за извоз да го земаат трговци поединци од околните земји , да го зема владата ем буџетот ке се полни ем повеќе ке се плати на производителите.За пласман надвор е многу лесно а и многу е исплатливо.Проблемот единствено е во незаинтересираноста и пласманот иде во фабриките чии директори,управници се роднини,блиски пријатели што и да се на луѓе во владата , па така се се сведува на приватни бизниси.Затоа и секоја година има незадоволства а по мое мислење секогаш ќе ги има затоа што тоа многу тешко дека ќе се смени.


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 11.Февруари.2010 во 11:18
 
Ние имаме доста поволни услови за одгледување и на разни градинарски култури.....
Деновиве слушнав дека и производителите на  зимска зелка
се задоволни и од производството годинава а и од пласманот....
Имено..побарувачката на Европскиов пазар ...  била огромна...
така да можеби и ќе има и  недостаток....  15 ден.  по кг, откупна цена
....така да најверојатно до година ... производството ќе се зголеми....


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 11.Февруари.2010 во 11:42

Непланското производство исто така претставува проблем кога ќе дојде време за негов пласман.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 26.Февруари.2010 во 10:44
....................
Така и со јаболката ...
пред нас имаме неограничен број на паралелни светови ...
ама ние избравме најлошото ...
да си дремиме и да чекаме ...
некој да дојде ...
да ни ги земе јаболката ...
и да ни даде убава цена ...
ама тоа не се случи ...
тој паралелен свет не се реализира ...
туку никој не дојде ...
само по еден шлепер на ден јаболка се земале ...
и тоа по мала цена ...
по цена која е мизерна ...
незадоволство ...
па на сите вести на телевизијата ...
и РЕАЛНОСТА е таа ...
каква што си ја створивме ...

.......................................................................
 
 
 Се оддржа   средба со претставници на производителите на јаболка од Преспа,  на  која се соопшти  дека државата преку субвенции ќе го поддржи производството на јаболка, како и тоа дека се вложени максимални напори за обезбедување на пласман на јаболката на странските пазари.

,,Владата одобри субвенции во висина од 43.700 денари за хектар јаболкови насади....

Производителите на јаболка ...ја поздравија одлуката за субвенционирање.

Субвенциите се наменети за сите евидентирани земјоделци, а се планира и продолжување на рокот за поднесување на документацијата до крајот на мај.

Ресенскиот градоначалник вели дека сега откупот на јаболката се одбвива добро....
25
 


-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 04.Март.2010 во 10:38
 
Оваа година министерството за земјоделие одвoјува  20 милиони денари за заштити на називите на земјоделски производи и мерките се конципирани за да ги мотивираат производителите на заштитените производи да направат една кампања со цел овие производи да ги промовираат.....
 
....Производи со заштитен знак на географско потекло, како што се тетовскиот грав, кочанскиот ориз, битолското млеко и други.


 Бенефитот од оваа кампања би бил... повисока цена и полесен пласман на производите со заштитен назив.........
 


-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 12.Мај.2010 во 09:15
 
 
Во организација на Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) денес ќе се оддржи регионалната конференција Економско организирање на фармерите перспектива за развој на земјоделството во регионот", на која треба да се дадат одговори на повеќе прашања. Ќе се проговори за најпрофитабилните форми за организирање на фармерите, какви стандарди бараат регионалниот и европскиот пазар на земјоделски производи и колкави се досегашните ефекти од договорите за слободна трговија.
- Целта на конференцијата е да се покрене прашањето за трговските релации со земјите од регионот кои тежнееме да ги зајакнеме. Сите овие држави се соочени со глобалните и националните предизвици во земјоделскиот сектор кои наметнуваат следење на стандардите и јакнење на конк*рентноста со цел нивен опстанок и извоз на надворешните пазари - вели Марија Ѓошева - Ковачевиќ од ФФРМ.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на земјоделски здруженија од регионот, но и од соседните земји како Франција, Шведска, Бугарија и Романија, членки на Унијата. Тие ќе ги пренесат искуствата во однос на трговијата и фактичката состојба во аграрот, ќе информираат какви производи се бараат и ќе презентираат најдобри примери за земјоделски економско-профитабилни асоцијации.



-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 24.Февруари.2011 во 22:47
 
 
 
ОРГАНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО ЦВЕТА ВО ВЕЛЕШКО

Стотина земјоделци со сертификат за здрава храна.....
 
 

Органското земјоделство во Велешко се повеќе се шири. Вкупно 92 индивидуални земјоделци, од вкупно 300, колку што ги има во земјава, добија сертификат за органско производство во конверзија (преод). Од нив, 42 се од општина Чашка, 30 од Велес и 20 од општина Градско. Најголемиот дел од органските производители се од областа на сточарството, производство на житните култури, а има и една винарија.
Земјоделците се задоволни. И од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието во Велес велат дека се задоволни од високиот процент на органски производители. Земјоделците велат дека добиле едукација, поголеми субвенции, а и она што го произвеле без проблеми го продале и заработиле добри пари.
-Сето она што го произведов, го продадов. Реонот на Чашка е како предодреден за производство на здрава храна. Верувам дека бројот на производителите на органско производство ќе се зголемува бидејќи земјоделците нема да имаат проблеми со пласманот на сето она што ќе го произведат - вели Борис Николов, земјоделец од општина Чашка.
Чистите и од ништо незагадени предели во реонот на Азот, Бабуна, Горно Јаболчиште, Солунска Глава, Лисец, Иванковци, Рудник и плодните ниви по течението на реките Бабуна и Тополка се идеални за развој на сточарството, производството на лебно жито, тутун, ориз, овошни и градинарски култури и друго. И од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието во Велес велат дека се задоволни од бројот на земјоделците кои добија сертификат за органско производство.
-Презадоволни сме од бројот на земјоделците кои произведуваат здрава храна. Уште позадоволни сме бидејќи интересот постојано се зголемува. Мислам дека нивниот број оваа година ќе биде значително поголем и дека од Велешко годинава на пазарот ќе бидат испорачани далеку поголеми количества на здрава храна - вели Тони Тасков, раководител на регионалната Агенција за развој на земјоделството во Велес.
Земјоделците кои добија сертификат за производство на органско производство велат дека целокупното минатогодишно производство на сирење, пченица, градинарски култури и друго без проблеми ги продале. Покрај повисоката продажна цена за своите производи тие добија и повисоки субвенции од обичните што за развој на производството на здрава храна ги дава државата. Произведителите на здрава храна велат дека покрај на домашниот, преку сертифицирани извозни компании нивните еколошки производи завршија и на странските пазари и очекуваат така да биде и оваа година.


-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk