Испечати | Затвори го прозорот

Милошоски на бугарски за името

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Историја и политика
Опис на форумот: историски, политички, изборни дебати
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21534
Датум на принтање: 30.Јануари.2025 во 05:15
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Милошоски на бугарски за името
Постирано од: kultuzin
Наслов: Милошоски на бугарски за името
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 21:34
Милошоски на бугарски за името
Добро познавање на бугарскиот, гест на затоплување на односите со источниот сосед или нешто друго стои зад потегот на министерот Милошоски кој во интервју за бугарската ,,БГНЕС,, одговара на македонски и на бугарски, за прашања поврзани со односите меѓу двете земји по случајот Спаска Митрова и за спорот за името со Грција.



http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=56923 - Линк


Ова навистина не му требаше...незнам зошто си го дразни сопствениот народ, особено кога е повеќе од свесен дека сме осетливи, а уште повеќе затоа што многу добро знае како во Бугарија се толкуват вакви гестови...

Каролина отиде да води шоу за после неколку месеци Бугарите да се пофалат дека е Бугарка...Затоа мислам дека кога се односите со Бугарија во прашање секогаш треба да се има резерва, секогаш да се очекува нож во грб и злоупотреба на можеби добрите народи...

Ова е еден од ретките потези на Милошевски каде што навистина ме разочара...



Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 21:39
Дефинитивно не му требало ова,сега баш ме интересира реакцијата од Бугарија на ова.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 21:44
што бе не му требало ? .... браво за него .......... доказ дека сме полиглоти и подготвени за учење на јазици во интерес на добрососедски односи ......... а тие се најважното нешто ........ добри односи со соседите .......... нема да биде лошо да запее и некоја песна ако оди во белград .......... на пример , онаа , нема више циле миле голема%20насмевка

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 22:10
Иако Милошоски не ми е многу симпатичен, не гледам зошто мора да се осуди заради зборување на бугарски јазик. Тогаш ајде да ги осудиме сите функционери кои не чекаат официјален преведувач туку  зборуваат на англиски, германски, француски.



-------------


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 22:16
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Иако Милошоски не ми е многу симпатичен, не гледам зошто мора да се осуди заради зборување на бугарски јазик. Тогаш ајде да ги осудиме сите функционери кои не чекаат официјален преведувач туку  зборуваат на англиски, германски, француски.


Немој мамамд не споредувај Англија , Франција, Германија со Македонија и Бугарија...Многу добро знаеме што мислат Бугарите за македонскиот јазик, исто така многу добро знаеме дека се способни во секој момент да злоупотребат , па еве нека се работи и за добра воља, го наведов и примерот со Каролина а има и милион други примери...
Исто така и да не се случи ништо мислам дека нема никаква потреба да се мачиме да говориме бугарски бидејќи Бугарите повеќе од добро разбират македонски а секако и преведувачката треба да живее од нешто , па кога е веќе таму , нека работи нешто...


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 22:20
Односот на бугарската официјална политика и нивните коментари се нивен срам, не на оној кој покажува добра воља или кој искажува почит кон домакините.

-------------


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 22:20
што разлика меѓу останалите јазици и бугарскиот ? ......... штом можат да зборуваат англиски или француски и да се горедат со тоа , шта не би могло бугарски , српски , албански или пак грчки збунетост

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 22:40
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Односот на бугарската официјална политика и нивните коментари се нивен срам, не на оној кој покажува добра воља или кој искажува почит кон домакините.


Токму нашата преголема почит и цивилизирано однесување ни се враќа како бумеранг, на балканот е многу тешко да се биде цивилизиран и фер играч, овде како што гледаме владет други правила...


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 22:45
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:




Токму нашата преголема почит и цивилизирано однесување ни се враќа како бумеранг, на балканот е многу тешко да се биде цивилизиран и фер играч, овде како што гледаме владет други правила...[/QUOTE]
Тоа не значи дека заради варваринот треба да се стане варварин, нити заради арамијата арамијаголема%20насмевка



-------------


Постирано од: DameMak
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 22:46
Пфф, чудо големо.

Па Милошевски зборува и на Англиски, и на српски а можда и на германски по малку.

Да зборуваш туѓ јазик со луѓе од туѓа земја е гест на добра воља. Посебно ако зборувањето е надвор од некој меѓудржавен протокол туку станува збор за приватна средба или во случајов интервју. Кога би зборувал на бугарски на официјална средба со бугарскиот министер за надворешни би сметал дека направил голем гаф. Вака, во интервју - зошто да не се потруди да остави што подобар впечаток кон читателите на тој бугарски медиум.

И Б.Ц. кога беше на концет на Бијело Дугме во Белград со Коштуница збореше на српски (и Борис Трајковски сум го слушнал како трупа т.е. со Коштуница се мачи да збори на српски).


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 22:48
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:



Токму нашата преголема почит и цивилизирано однесување ни се враќа како бумеранг, на балканот е многу тешко да се биде цивилизиран и фер играч, овде како што гледаме владет други правила...
Тоа не значи дека заради варваринот треба да се стане варварин, нити заради арамијата арамијаголема%20насмевка[/QUOTE]


Горд сум на тоа што Македонија и покрај сите страдања, зрачи со цивилизираност како со односите со комшиите така и со внатрешните односи на етничките заедници...Но во овој случој токму ГОРДОСТА ми кажува дека не треба да говорам јазик на оној што го негира мојот, а на крај на краиштата се тешам со тоа што не ни беше некој бугарски туку македонски со понекој уфрлен бугарски збор...


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 22:51
браво за милошовски ....... да

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 22:53
Originally posted by DameMak DameMak напиша:

Пфф, чудо големо.

Па Милошевски зборува и на Англиски, и на српски а можда и на германски по малку.

Да зборуваш туѓ јазик со луѓе од туѓа земја е гест на добра воља. Посебно ако зборувањето е надвор од некој меѓудржавен протокол туку станува збор за приватна средба или во случајов интервју. Кога би зборувал на бугарски на официјална средба со бугарскиот министер за надворешни би сметал дека направил голем гаф. Вака, во интервју - зошто да не се потруди да остави што подобар впечаток кон читателите на тој бугарски медиум.

И Б.Ц. кога беше на концет на Бијело Дугме во Белград со Коштуница збореше на српски (и Борис Трајковски сум го слушнал како трупа т.е. со Коштуница се мачи да збори на српски).


Како што реков едно е зборување Германски( кој патем Милошевски многу добро го зборува), Англиски или Француски а друго е зборување на Бугарски или Српски...

И на крај на краевите сме се запрашале ли самите некогаш зошто секогаш НИЕ сме тие што го кршат јазикот пред другите...Ако самите не си го почитуваме тогаш никој нема да ни го почитува...
Мислам дека е време малку останатите балкански народи да го научат јазикот од кој потекнуват сите сродни јазици...


А за Б.Ц. се е јасно, Српскиот му е и онака единствен стран јазик кој го „барата„...


Постирано од: DameMak
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 23:00
Види - се согласувам со тебе дека е малку осетлива работата кога збориш на бугарски, ама пак ќе повторам - да било тоа некоја официјална министерска средба, и тогаш да зборел бугарски - тоа би бил политички гаф. Вака на интервју - не е ништо лошо и страшно.

А дали странците зборуваат македонски - па да. Види ги американскиот, францускиот, англискиот амбасадор. Се обидуваат да зборуваат македонски во секоја прилика. И никој во нивните земји од тоа не прави новинарски прилог и не крева паника.


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 23:15
Originally posted by DameMak DameMak напиша:

Види - се согласувам со тебе дека е малку осетлива работата кога збориш на бугарски, ама пак ќе повторам - да било тоа некоја официјална министерска средба, и тогаш да зборел бугарски - тоа би бил политички гаф. Вака на интервју - не е ништо лошо и страшно.

А дали странците зборуваат македонски - па да. Види ги американскиот, францускиот, англискиот амбасадор. Се обидуваат да зборуваат македонски во секоја прилика. И никој во нивните земји од тоа не прави новинарски прилог и не крева паника.



А зошто би кревале паника Англичаните, Французите, Американците?


А Бугарите како што и сам се сложи и текако ни дават причина за Паника.

Еве ќе ти раскажам една кратка прикаска од пред две недели:

Купив авто клуб Хрватски и така листајки налетувам на текст:

„Бугарски ламборџини за 2016„

„Славче Таневски, афирмиран Бугарски дизајнер , со живеалиште во Германија .....„

Веднаш ми падна во очи презимето и знаев дека не е Бугарин. Гуглав и секако го најдов дечкото на неколку страни, Роден во Македонија , на девиан арт комуницира на Македонски и тн.
А како за Авто Клуб станал Бугарин тоа сеуште не ми е јасно...Се обидов да воспоставам контакт со дечкото ,но не добив одговор,ќе се обидам повторно зошто навистина мислам дека не е во ред другите да се китат со нашите успеси и таленти...


Ете еден мал пример зошто треба да бидеме загрижени и да внимаваме на секоја ситница , па макар било неофицијално и направено онака попат , па макар Милошевски имал најдобри намери...


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 23:50

без разлика дали е некое интервју или битен политички состанок, било кој политичар кој има основно познавање на јазикот не треба да си дозволи сам да зборува, вака често се бламираат нишиве политичари

ова не е од националистички или патриотски причини, туку од технички, тоа не е некој кафе-муабет со било кој бугарин, туку со целата јавност, а многу често се случува, особено на балканов, некоја испревртена реченица или грешка некој да си ја врзе во крпче како главен аргумент без разлика за што е, и на различен начин да биде разбрано
малку контрадикторно, говорењето на нечиј мајчин јазик општо ги подобрува дипломатските односи со било кој, но политиката е многу покомплицирана, особено фо фрикови како балканскиве


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 08:16
Ништо страшно, дечкото само се изразил на јазикот кој му е во генот....
И така од секогаш припаѓал во пробугарското крило .....


-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: novace
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 13:02
Мене лично .......воопшто и не ми смета и не ме чуди ..(к)ако ...некој наш фунционер зборува(л) на јазик поинаков од мајчиниот..ТУКУ МИ Е ВАЖНО...ШТО КАЖАЛ..
А за да ве потсетам..мислам на еден клапчоголема%20насмевка..кој секаде каде стаса ...си „кине„ зелени..не
намигнување


-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти


Постирано од: Александров
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 15:11
можеби и ова има удел во тоа што збори бугарски?

http://www.youtube.com/watch?v=l3GLNSsi9UI





Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk