Испечати | Затвори го прозорот

Македонски културни амбасадори

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Уметност , култура и традиција
Опис на форумот: Литература, театар, сликарство, дијалекти...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21480
Датум на принтање: 28.Март.2024 во 11:02
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Македонски културни амбасадори
Постирано од: fiks
Наслов: Македонски културни амбасадори
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 12:48
Бидејќи нема ваква тема во која на едно место ќе бидат ставени најзаслужните преставници на Македонската култура во светот од било која област,а отворам оваа со цел секој од нас да прочита и научи по нешто за луѓето кои имаат огромен придонес во преставувањето на нашата земја во светот.Повод за темава ми даде статијата од Идивиди за Благој Нацоски.


Премиерен настап на Благој Нацоски во Минхен

Моментно најангажираниот културен амбасадор на Македонија во светот, Благој Нацоски, Новата 2010 ја започна онака како што ја заврши претходната година. Со серија настапи и гостувања. Вечерва тој ќе дебитира во Баварската државна опера во Минхен каде ќе настапи во улогата на Ферандо во операта “Така прават сите“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Нашиот тенор е првиот Македонец кој настапува во најпрестижната оперска куќа во Германија.

За вешерашниот настап, тој вели:

- Во улогата на Ферандо се враќам по пауза од две години. Таа е моја омилена улога и навистина сум пресреќен што токму со неа ќе дебитирам во оваа престижна куќа. И покрај многубројните претстави на “Така прават сите” кои ги имам испеано, деновиве откривам многу нови нешта кои можам да ги додадам во интерпретацијата. На тој начин, Ферандо го чувствувам уште повеќе “мој“ и никако не ми досадува да го изведувам.

За Благој Нацоски настапот претставува петта продукција на операта “Така прават сите”. Претходно, со неа настапувал во оперските куќи во: Џенова, Клагенфурт, Цирих и Штутгарт..

По вечерашниот настап, тој ќе замине во САД. За првпат во својата кариера ќе настапи во Операта во Сиетл, во улогата на Фентон во операта “Фалстаф” од Џузепе Верди.





-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Коментари:
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 19:44
Да не го заборавиме тука и Симон Трпчевски да

http://kajgana.com/files/imagecache/nodeImage/simon-trpcevski_2570_1260.jpg


-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Јануари.2010 во 01:10




ТОШЕ ПРОЕСКИ
(25 Јануари 1981-16 Октомври 2007)
Најголемиот амбасадор на Македонија
Македонскиот ангел,една од најголемите ѕвезди  на балканската музичка сцена каде беше доживуван како заштитен знак на Македонија.
Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Макфест во 1997 година.
Во текот на неговата кратка но ѕвездена кариера соработува со познати балкански и светски музички имиња.Џеф Бек,Григор Копров,Жељко Јоксимовиќ,Леонтина Вукмановиќ,Марина Туцаковиќ,Бора Ѓорѓевиќ,Миро Буљан,Антонија Шола,Тони Цетински,Ања Рупел,Phoebus...
Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на добрата воља на УНИЦЕФ
Момчето  со ангелски глас и најголемо срце...
Момчето кое во душата имаше љубов за сите....








-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 16.Јануари.2010 во 10:53
 Фикс..баш убава тема  ...среќа

Macedonian baritone Boris Trajanov named UNESCO Artist for Peace

http://www.uptiki.com/">

 
 
Добитник на наградата за животно дело, баритонот Борис Трајанов. Прилеп, неговиот роден град, е горд на него.
 
http://www.uptiki.com/">
 
 

Амбасадорот на мирот на УНЕСКО студираше лирика со својот татко Гога Трајанов, Бисерка Цвеич (Белград) и Пиер Миранда Фераро (Милано). После неговото дебитирање на сцената во скопската Опера во 1986 до 1991, македонскиот баритон стана член на Држав ниот Театар во Карлсруе до септември 1996. Од 1996 тој е слободен уметник.

      Борис Трајанов е добитник на повеќе меѓународни награди за пеење. За време на неговата дваесетгодишна кариера тој настапувал во повеќе од 80 реномирани оперски куќи во Европа (Италија, Франција, Холандија, Германија, Австрија, Норвешка, Велика Британија и други), како и во САД, Бразил, Јужна Африка и Јужна Кореа. Тој настапувал во 45 главни улоги во повеќе од 700 оперски претстави.

      Во новиот милениум тој настапува во водечка улога во повеќе од 20 продукции во Италија:( Рим, Болоња, Палермо, Парма, Калгари, Пиза, Равена, Бари...), но исто така и во Германија (Хамбург, Франкфурт...), Австрија (Виена, Грац...), Монте Карло, Москва, Сеул/ Јужна Кореа, Операта во Израел, Марсеј и Пацифик Операта во САД.

      Во Февруари 2005 тој беше награден со УНЕСКО Уметник на мирот – титула за извонредната кариера како реномиран оперски пеач и за неговата хуманитарна големина. Тој беше учес ник на Гала Концертот 60 Години УНЕСКО во Париз, Франција на 16 ноември 2005, УНЕСКО Гала Вечера во декември 2007 во Париз и Њујорк................



Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 11:00
 
 
 
 
 
 

Vlatko Stefanovski was born in 1957 in Prilep / Macedonia in a theatrical fam-ily. He started playing guitar at the age of 13. In his late teens he formed the group LEB I SOL which became one of the most important names in the mu-sic scene of former Yugoslavia. The band played a particular style of fusion music, a blend of Macedonian traditional irregular rhythms and contemporary rock. LEB I SOL released 14 albums and toured around the world....

Интересно е тоа што Влатко има неверојатна техника на гитара...и создава богат звук исполнет со имагинација...Контактирал со многу светски музички уметници ...како на пр. Allan Holdsworth i John McLaughlin..........



Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 04.Јануари.2011 во 23:19
ПЛЕВНЕШ, ГОРАН СТЕФАНОВСКИ,МИЛЧО...

-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 12.Јануари.2011 во 15:21


Покрај сите други спомнати е и нашиот познат гитарист http://mmm.com.mk/default.asp?ItemID=D1BC9FC188969940BF2A8C6A27136EDF - Владимир Четкар , кој воодушевува низ светот со својата гитара.

http://www.youtube.com/watch?v=7gejws6TsA8">THE MAGIC HILL OF LIHNID (OHRID) да

Исто и Гоце Смилевски, писателот кој е добитник на европска награда за својот последен роман.




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Јануари.2011 во 14:52
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Гоце Смилевски, писателот кој е добитник на европска награда за својот последен роман.



http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D0A21A65BE36FA42944922A349F74F1E -
Браво за Гоце! да
И да ги спомнеме тука неколкуте наши културни (почесни) амбасадори низ светот, кои работат на промоција на македонската култура - волонтерски и доброволно.
http://www.time.mk/read/532662c20b/42b3301f96/index.html -
Македонските културни амбасадори




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 18.Јануари.2011 во 14:53
Кирил Џајковски... 

Кочани оркестар...многу се популарни низ Европа...


Игор и Ана Дурловски....





-------------


Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 22.Јануари.2011 во 21:44
http://www.facebook.com/photo.php?pid=820090&id=24824513998">


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 14.Март.2011 во 11:57


Струмичкиот поет Никола Маџиров да

http://www.strumicadenes.mk/index.php/kultura/strumica/1598-poezijata-na-madzirov-najcitana-vo-sad.html - Поезијата на Маџиров најчитана во САД

 

 

Поетската книга на Никола Маџиров „Остатоци од друг свет“ (Remnants of Another Age) објавена во САД од американската значајна издавачка куќа „БОА Едишнс“ се најде меѓу десетте најпродавани и најчитани поетски книги од европски автори на светскиот книжевен вебсајт „Амазон“, веднаш зад поетските книги на Рилке, Рембо, Маларме и Аполинер, а пред Песоа, Де Гонгора, Херман Хесе и други автори. „Амазон“ го претставува Никола Маџиров како еден од најмоќните поетски гласови на новата европска поезија. Книгата е објавена двојазично - на англиски и македонски јазик и вклучува рецензии од една од најзначајните живи американски поетеси Каролин Форше, како и на неколкукратниот и годинешен кандидат за Нобелова награда за литература Адам Загајевски и добитникот на Златниот венец на поезијата Томаж Шаламун. Преводот на англиски јазик го направија Пеги и Греам Рид, Магдалена Хорват и Адам Рид. Наскоро Никола Маџиров ќе замине на месечна поетска турнеја низ неколку значајни американски универзитети, вклучително и на Њујоршкиот Универзитет, како и на Џорџтаун Универзитетот во Вашингтон.

 

 




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 10:08




 
  http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=85433&kategorija=1">Дуке Бојаџиев големо%20гушкање

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/85433/finale_duke2.jpg">

Македонскиот музичар со меѓународно реноме, Дуке Бојаџиев доби огромен аплауз и овации за оддржаниот концерт во Њујорк на една од најпрестижните светски сцени, Карнеги Хол, што се оддржа на 16. Април.

Минатата сабота се случи досега најамбициозното претставување на современата авторска и изворна македонска музика во “центарот на светот“. 

“Имавме магична вечер со преполна сала. Самата акустика, прекрасната публика и атмосферата сите не’ понесе на едно љубовно патување. Не можев да бидам поинспириран и посреќен од фактот дека свирам со најдрагите музичари со кои соработувам последниве 10 и повеќе години, музичари од секое ќоше на планетава и ги изведуваме моите најдраги и најинспирирани нумери во феноменалниот амбиент на Карнеги Хол“, рече Бојаџиев по завршување на концертот.


Дуке Бојаџиев заедно со пријателите го изведе својот проект “Love is the way“ и теми од филмот “Сенки“ на Милчо Манчевски, “Војната заврши“ на Митко Панов и “Созерцание“ на Иво Трајков.

На концертот му гостуваа врвни истакнатите музичари и соработници, Анџела Мекласки – вокал, нејзиниот сопруг Пол Кантелон – виолина, холивудскиот актер Иан Букенан – поезија, Ара Динкјиан – уд,  потоа нашиот кларинетист Васко Дуковски, пијанистката Јасна Поповиќ, Оливие Самуилан на виола, вокалистите Влада Томова и Крсте Роџевски, во придружба на  гудачкиот квартет “Атака“ и перкусионистите Матијас Кунзли и Мат Килмер.  

Меѓу публиката на распродадениот концерт имаше и многу македонци, но и пријатели и соработници на нашиот музичар, меѓу кои и холивудската ѕвезда Хедер Грахам. 

Проектот беше поддржан и од Министерството за култура на Македонија.




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 23.Април.2011 во 09:54
Ферус Мустафов...

-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 24.Април.2011 во 02:38


Песната „По нас“ на http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41911157272&id=26&prilog=1&setIzdanie=22263 - Никола Маџиров беше прогласена за песна на денот во Америка од Академијата на американски поети
. ѕвезда


 
%20  

ТУРНЕЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЕТ НИЗ САД

На тој начин таа беше достапна до стотици илјади читатели во сите американски држави. Песната е преземена од книгата на Маџиров „Остаток од друг век“, која беше објавена во САД од реномираната издавачка куќа „БОА едишнс“ пред околу два месеци и која за краток период доживеа одлични реакции од читателите и од критиката.

Американскиот поет Роберт Пик пишува: „Песните на Маџиров ми го одземаат здивот - сензитивни, умни опсервации, секогаш со длабока потсвесност за егзистенцијалниот копнеж“. Маџиров ја претстави книгата во повеќе од десет универзитети низ САД, почнувајќи од универзитетот „Џорџтаун“ во Вашингтон, преку универзитетот „Њујорк“, универзитетот „Северен Тексас“ и универзитетот во Сан Диего. Во Њујорк, тој читаше заедно со поетесата и соработничка на Ален Гинзберг и Боб Дилан, Ен Валдман, а во другите градови со значајните имиња на американската современа поезија Чејз Твичел, Валжина Морт, Илја Камински и др. Најголемото читање се случи на универзитетот „Џонс Хопкинс“, на меморијалното поетско читање „Џошуа Рингл“ во Музејот на современа уметност во Балтимор, кое се одржува еднаш годишно. Маџиров во преполната сала читаше со една од најзначајните живи американски поетеси Каролин Форше.

Тој е прв странски поет во четиринаесетгодишната историја на овој поетски настан што влезе во кругот на Рингл-поети како Џон Ешбери, Били Колинс, Роберт Пински, Шерон Олдс и други американски автори.

Есенва, неговата поетска книга на германски јазик ќе се објави во една од најзначајните германски издавачки куќи „Ханзер Ферлаг“, како најмлад автор во поетската едиција „Лирик кабинет“ заедно со нобеловецот Дерек Волкот, кинескиот поет Беи Дао, Швеѓанецот Ларс Густафсон, како и американските поети Џон Ешбери и Чарлс Симик.


Еве ја и песната:

По нас


Еден ден некој ќе ги здипли нашите ќебиња

и ќе ги прати на хемиско чистење

од нив да го истрие последното зрнце сол,

ќе ги отвори нашите писма и ќе ги реди по датуми

наместо по исчитаност.

 

Еден ден некој ќе го размести мебелот во собата

како шаховски фигури на почеток од нова игра,

ќе ја отвори старата кутија за чевли

во која ги чуваме паднатите копчиња од пижамите,

недотрошените батерии и гладта.

 

Еден ден ќе ни се врати болката во 'рбетот

од тежината на хотелските клучеви и

сомнежот со кој рецепционерот ни го подава

далечинскиот управувач.

 

Туѓите сожалувања ќе тргнат по нас

како месечина по заталкано дете.

 




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk