Историјата се повторува-Интернационални серии
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Медиуми
Опис на форумот: Телевизии, радио, списанија, весници...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21459
Датум на принтање: 11.Декември.2024 во 23:53 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Историјата се повторува-Интернационални серии
Постирано од: Boy Doll
Наслов: Историјата се повторува-Интернационални серии
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 21:48
После медиумскиот феномен ''Касандра'',многумина од македонските тв куќи,започнаа со емитување на латиноамериканските тв новели,кои што имаа константа гледаност кус период.Благодарение на презаситеноста се појавија и првите скептици кои први кренаа раце од таканаречените ''шпански серии'',кои што до ден денеска се потценувани.Но историјата се повторува.Турската серија ''1001 ноќ''ги руши рекордите на гледаност.Всушност кога ќе направам компарација,латиноамериканските проекти се обработени многу поквалитетно и на многу повисоко ниво.Повеќе ги нема оние наивни приказни за сиромашна наивна девојка,вљувена во богаташ,или слепа девојка,на која што маќеата едвај чека да и постави сопка.Денес латиноамериканските серии,добиваат поинаква димензија,конкретно мислам на поразличните и понесекојдневни сценарија,покрај тоа подразбирливо е дека капиталот е подобрен со тек на годините.И покрај напредокот тие важат за телевизиско ѓубре,и што е најлошо од се не добиваат шанса кај гледачите,кои што сметаат дека ,,шпанските серии'' сеуште привлекуваат со оние фори ''te quero,no te quero''.Прашањето е што се случува и што привлекува внимание кај македонските гледачи?Турската серија ''1001'' ноќ со бедни дијалози,наивно сценарио,во кое што светицата Шехерзад упорно одбива да биде со нејзиниот галан иако ништо не и е препрека,а,да,тука е лошата идна свекрва која што најверојатно на крај ќе попушти.Буквално кога и да фрлам поглед на серијава ги слушам едноличните дијалози како ''Аааааааа детето мое!Кан,добро си?-''Да,мамо'',''Ве сакам,ама вашата мајка...Но затоа,кога има Шехерзад,улицити се празни.Историјата се повторува,Шехерзад ќе ја посети Македонија исто како и Касандра.Следен чекор ќе биде,тоа што секоја тв куќа ќе откупува турски серии,и повторно иста приказна,ќе се јават скептици кои што спасот ќе го бараат во најверојатно,кинески серии.
|
Коментари:
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 13.Јануари.2010 во 16:52
1001 ноќ не може да се спореди со шпанските сапуници! Никако! Очигледно не ја гледаш серијата, да ја гледаше, ќе сватеше дека и не е се: ''Аааааааа детето мое!Кан,добро си?-''Да,мамо'',''Ве сакам,ама вашата мајка... итн.
Колку од латиноамериканските сапуници имаат квалитетни актери!? Колку од нив имаат убава музика!? Во нив се работи само која на кого лошо ќе направи, која на кого швалерот ќе му го одземе, која со кој попрво ќе се баци или легне в кревет
Додека во 1001 ноќ, е различно...Убава музика, убави актерии убаво сценарио
Така да, не е ни чудно што е толку популарна
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 13.Јануари.2010 во 17:00
tigi, gledas 1001 nojk? mnogu ubavi zborovi kaza za filmot
-------------
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 13.Јануари.2010 во 17:17
Да, ја гледам серијава...и ми се допаѓа... Во мојов живот ова ми е втора серија што сум ја гледала, покрај Млади Бунтовници
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 13.Јануари.2010 во 17:20
tiggy_sparrow напиша:
Да, ја гледам серијава...и ми се допаѓа...Во мојов живот ова ми е втора серија што сум ја гледала, покрај Млади Бунтовници
|
и ти го гледаше млади бунтовници?
па шубо и јас го гледав..
некој ќе го гледа лост???
гледај те го зошо последна сезона после ќе зажалите.
инаку тиги кој ти беше омилен лик??
------------- Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 13.Јануари.2010 во 17:32
vlad0 напиша:
tiggy_sparrow напиша:
Да, ја гледам серијава...и ми се допаѓа...Во мојов живот ова ми е втора серија што сум ја гледала, покрај Млади Бунтовници
|
и ти го гледаше млади бунтовници?
па шубо и јас го гледав..
некој ќе го гледа лост???
гледај те го зошо последна сезона после ќе зажалите.
инаку тиги кој ти беше омилен лик?? |
Јас ќе гледам Лост Ќе биде интересно...Нема да има више тооолку мистерии
Омилен лик!? Памтам бев „луда“ по суканиците на таа Марица...од женските... А од машките, тој Маркос ми беше убав
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 13.Јануари.2010 во 17:34
еееее кај мене беа таа Миа од женските и тој Емануел од машките, а чекај за лост уште толку мистерии има сега
------------- Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 13.Јануари.2010 во 17:36
Јас гледав многу филмови... некои шпански порано, па Млади Бунтовници, Па ФМ 04 така мислам се викаше, па хрватските ги гледав.... сега се опулувам од време на време на ШејкерезаТка
Иако не гледам ништо интересно во ТВ како медиум, одвреме на време подгледнувам по некој филм
-------------
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 13.Јануари.2010 во 17:39
еееееее да бе и ФМ 04 го гледав
------------- Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
Постирано од: Boy Doll
Датум на внесување: 13.Јануари.2010 во 19:13
tiggy_sparrow напиша:
1001 ноќ не може да се спореди со шпанските сапуници! Никако! Очигледно не ја гледаш серијата, да ја гледаше, ќе сватеше дека и не е се: ''Аааааааа детето мое!Кан,добро си?-''Да,мамо'',''Ве сакам,ама вашата мајка... итн.Колку од латиноамериканските сапуници имаат квалитетни актери!? Колку од нив имаат убава музика!?Во нив се работи само која на кого лошо ќе направи, која на кого швалерот ќе му го одземе, која со кој попрво ќе се баци или легне в креветДодека во 1001 ноќ, е различно...Убава музика, убави актерии убаво сценариоТака да, не е ни чудно што е толку популарна
|
Вкусот е индивидуална димензија,што значи дека не е природно сите да имаме исто мислење.Според мене ниту музиката ниту актерите од ''1001 ноќ''не ми се посебно убави,додека глумата во латиноамериканските серии е на многу позавидно ниво.Точно е дека сценаријата на латиноамериканските серии се подраматични,но сепак ги преферирам пред оние монотоните.Да ги оставиме вкусовите на страна,и да преминеме на фактите.Турските серии се откупуваат во прилично десет земји,додека латиноамериканските од осумдесет до сто дваесет.
|
Постирано од: гоcтин
Датум на внесување: 14.Јануари.2010 во 03:28
јас мислам дека разликата меѓу шпанските серии и оваа е во тоа што оваа има 90 епизоди а шпанските по 300-400, во шпанските серии не се покажуваат толку емоции...мислам на емоции не кон љубовта на твојот живот туку емоции према блиските,синот,дедото,бабата па дури и кон оне кои не те сакаат...се доближува до народот тоа што останало од турското време во нас и на нас тоа ни се допаѓа..некои навики,обичаи и сл..блискоста со родителите на пример...или простувањето и почитта кон постарите...
јас на пример ги немам гледано ни млади бунтовници ни тоа како го викате (ФМ 04) ...ама ми имаат раскажувано..тоа се филмови претежно за средношколци не за постари луѓе и неможат да се споредат со оваа серија..а додека пак касандра мислам дека е една гооолема глупост...
-------------
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 14.Јануари.2010 во 16:56
Не гледам такво ѓубре, ме отупува. Не само тие Шехеразади, туку било што од тој тип. Сапуници, бљак!
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: Boy Doll
Датум на внесување: 14.Јануари.2010 во 17:44
ma4kica напиша:
јас мислам дека разликата меѓу шпанските серии и оваа е во тоа што оваа има 90 епизоди а шпанските по 300-400, во шпанските серии не се покажуваат толку емоции...мислам на емоции не кон љубовта на твојот живот туку емоции према блиските,синот,дедото,бабата па дури и кон оне кои не те сакаат...се доближува до народот тоа што останало од турското време во нас и на нас тоа ни се допаѓа..некои навики,обичаи и сл..блискоста со родителите на пример...или простувањето и почитта кон постарите...
јас на пример ги немам гледано ни млади бунтовници ни тоа како го викате (ФМ 04) ...ама ми имаат раскажувано..тоа се филмови претежно за средношколци не за постари луѓе и неможат да се споредат со оваа серија..а додека пак касандра мислам дека е една гооолема глупост... |
90 епизоди,да,меѓутоа едночасовни,додека латиноамериканските имаат од 100 до 200 од по четириесет минути,што значи дека разликата не е голема.Секоја серија има емоции доколку се соживееш со сценарието,меѓутоа од моја гледна точка таканаречените емоции во турските серии се чиста патетика.Шехерзад се дави во солзи,а дејството?Ма кое дејство,нема никаква динамика,веќе четириесеттина епизоди се е исто,па дури и дијалозите.Што се однесува до Касандра се согласувам дека од денешна гледна точка е смешна пред се затоа што е стара дваесеттина години,па со самото тоа доаѓаат и други негативности,како костимографијата,графиката итн.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 14.Јануари.2010 во 22:56
ma4kica напиша:
јас мислам дека разликата меѓу шпанските серии и оваа е во тоа што оваа има 90 епизоди а шпанските по 300-400, во шпанските серии не се покажуваат толку емоции...мислам на емоции не кон љубовта на твојот живот туку емоции према блиските,синот,дедото,бабата па дури и кон оне кои не те сакаат...се доближува до народот тоа што останало од турското време во нас и на нас тоа ни се допаѓа..некои навики,обичаи и сл..блискоста со родителите на пример...или простувањето и почитта кон постарите... јас на пример ги немам гледано ни млади бунтовници ни тоа како го викате (ФМ 04) ...ама ми имаат раскажувано..тоа се филмови претежно за средношколци не за постари луѓе и неможат да се споредат со оваа серија..а додека пак касандра мислам дека е една гооолема глупост... | јас мислам дека за цена на бројот на епизоди, ќе има дупло повеќе серии
а тоа со емоциите нема врска, исти се и ваму и таму, убаво се сеќавам кој дел од културата беше касандра кај нас иако тогаш бев многу помал и не гледам никаква разлика меѓу касандра и шехерезад
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: гоcтин
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 01:42
тоа беше само мое мислење...а инаку мислам дека во шпанските серии нема никакви чувства освен љубомора..таа ми го зема тој што го сакам и сеа цела серија се обидувам да го вратам,ама не покажувам баш некои знаци на живот...само љубомора...ја мраам таа жена...или маж ми замина со љубовницата и сеа да и се одмаздам...извини ама по мое мислење таму нема и баш некои емоции...
-------------
|
Постирано од: dimigor
Датум на внесување: 24.Февруари.2010 во 19:42
Колку и да мрчам по дома...татко ми го има последниот збор.Заедно со мајка ми се пред ТВ кога ја даваат серијава и никој не смее ни да помисли да смени канал.Не сум ја загледал,али од тоа што сум видел на поминување не ми се свиѓа.А и ко секоја сапуница...ке врзуваат чворови и додека се реши нешто...оп 100 епизоди поминале.Немам нерви за тоа.
Се изгазив од смеење на видеото на Eден на Eден што го направиле
http://mesto.com.mk/video/2145d64bac73242/ - Анархија во 1001 ноќ
|
|