Испечати | Затвори го прозорот

Ботокс! ДА или НЕ

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мода и убавина
Опис на форумот: Креатори, козметика, фризура, целулит, трендови...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21455
Датум на принтање: 15.Јануари.2025 во 16:36
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Ботокс! ДА или НЕ
Постирано од: Lithium
Наслов: Ботокс! ДА или НЕ
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 18:03
Мал вовед во темата:

Со стареењето, а и поради различните гримаси што ги правиме, на лицето се појавуваат брчки. Денешните жени употребуват најразлични креми за лице, лосиони, третмани и сл. Еден од начините во борбата со брчките е и ботоксот. Со ботоксот всушност лицето се оптегнува, се парализираат мускулите и брчките се израмнуваат.
Ботоксот се внесува со специјални игли, најчесто на челото, околу очите и усните. Најдоцна за една недела се гледаат првичните резултати кои траат најмногу до 7 месеци. Значи после 7 месеци доколку сакате да немате брчки треба повторно да подлегнете на ботокс.
А има и несакани ефекти: повремени модринки, чешање, а некогаш и до опаѓање на веѓите изненадување

Дали Вие би подлегнале на третман со ботокс или не?
Дали некој од Вас имал искуство со ботоксот и што мислите Вие за овој третман против брчките?

http://www.plastyczneoperacje.pl/Images/Articles/botoks.jpg


-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...



Коментари:
Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 18:14
zosto da ne?da


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 19:47
Да, кога ќе имам одвишок пари и одвишок годиниплазење

-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 21:04
Болно ми делува тоа вбризгување на игли околу очитетага

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 21:07
Ne!

-------------
always look on the bright side of the life!


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 21:20

ОПАС­НИ ТРЕТМАНИ ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ САЛОНИ

.......Пеглаат брчки со шверцуван ботокс.........

Од Бирото за лекови предупредуваат дека ботоксот кој се ап­ли­ци­ра по козметичките салони е опасен за здравјето оти ниедна инекција со овој препарат, кој се користи за рамнење брчки и за полнење усни, не ја по­ми­на­ла потребната контрола за квалитет.........

Бо­ток­сот во Македонија се шверцува. Ниту една инјекција од нај­по­пу­лар­ни­от израмнувач на брчки која се користи кај нас не е сигурна за ко­рис­те­ње, оти не ја поминала потребната контрола за квалитет и ис­прав­ност, што задолжително важи за секој лек. Тоа значи, пре­дуп­ре­ду­ва­ат во Би­ро­то за лекови, дека таквиот ботокс, кој се аплицира и кај ма­жи­те и кај же­ни­те, е опасен за здравјето и може сериозно да го заг­ро­зи.
"Бо­ток­сот е, пред сe, лек, и така и треба да се третира. Станува збор за тер­мо­ла­бил­на материја која, доколку не се транспортира на со­од­ве­тен на­чин, не само што ќе го изгуби дејството туку може и да пре­диз­ви­ка ком­пли­ка­ции. Тој се пренесува преку т.н. ладен синџир кој гарантира за ефектот на лекот.
Во моментов тече постапка за прва и единствена ре­гис­тра­ци­ја на ботокс во Македонија и дека инјекциите кои се користат на Нервната клиника во Скопје влегуваат преку интервентен увоз, за пот­ре­би­те на точно наведени пациенти, по име и презиме.
На Клиниката за пластична хирургија потенцираат дека кај нив ботокс не се користи, но додаваат дека имале случаи на жени кои, поради проб­лем со апликацијата, побарале помош од нивните стручњаци
Струч­ња­ци­те потенцираат дека употребата на ваков ботокс во Ма­ке­до­ни­ја трае веќе неколку години и оти досега не е направена ниту една здравс­тве­на инспекција по козметичките салони кои јавно го рек­ла­ми­ра­ат овој лек.
"Ин­спек­ци­ја­та работи по пријава. ......досега не  добиле пријава од па­ци­ент, што не значи дека тоа го нема туку дека можеби луѓето и не зна­ат каде треба да се жалат........губитник

.......ништо не се може против мајка природа.......изненадување




-------------


Постирано од: Dianna
Датум на внесување: 13.Јануари.2010 во 19:49
Ako nekoj smeta deka mu e potrebno - zosto da ne.

-------------
"Zivotot im e komedija na onie koi mislat, a tragedija na onie koi cuvstvuvaat" Pablo Picasso


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 10:15
Jas lichno  ne bi koristela,podobro prirodata  neka ostava tragi ,otkolku shpricot.
 


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 11:05
 
 
 
  НЕ... и кога ќе имам, одвишок и пари и години....
  и кога ќе бидам  стара и цела збрчкана... НЕ.......не%20зборувам


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 11:09
ubavo e da izgledas mlad ama koga ke pomislam na iglite i krvavite tragi...brrrrr....imam fobija od igli pa mislam deka ne bi mozela da podnesam nitu edno bockanje грицкање%20нокти

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 11:33
не... достоинствено ќе си ги покажувам годините...и на лицето и на телото

-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 12:09
Ќе се боцкам кога ќе дојде време,него како, немам намера да изгледам како вештерката од Снежана. А дотогаш, има уште време. Уште повеќе ќе се смејам и ќе начукам брчки-смејалици за да имам причина плус за боцкање

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 12:40
што вреди каросеријата ако моторот трокира и дува голема%20насмевка

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 14:02
И моторот треба да се подмачкува, Мирослав, тука само правилна исхарна, спорт, витамини...Ги гледав пред некој ден на Опра Шер и Тина Тарнер, вторава веќе има 70 и одлично се држи. Значи, се може ако се сака, но овде темава е за фасадата.

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 14:15
Strav mi e od igli грицкање%20ноктитага
Taka da - kategoricno NE! трепкање


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk