Испечати | Затвори го прозорот

Закон за возачи почетници

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21449
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 15:46
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Закон за возачи почетници
Постирано од: volkswagen
Наслов: Закон за возачи почетници
Датум на внесување: 11.Јануари.2010 во 12:33
(1) Право на управување со моторно возило може да стекне лице кое ги исполнува следниве услови:
- да наполнило 18 години возраст,
- да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило,
- да има завршено најмалку основно образование,
- да положило возачки испит за управување со моторно возило од
определена категорија и
- со одлука на надлежен државен орган да не му е забрането управување
со моторно возило.

(2) "Возач-почетник" е секој возач на моторно возило до 21 година
возраст, кaкo и возач на моторно возило во период од две години по
добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во Република Македонија или во странство. Возач - почетник е и возач на моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија;

(3) Возач-почетник не смее да управува со возило, ниту да започне управување со возило ако во организмот има алкохол или ако покажува знаци на алкохолна растроеност

(4) Возач - почетник кој поседува возачка дозвола од категориите "А",
"Б" и "Ц", односно од поткатегориите "А1" и "Ц1" не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 километри на час на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 километри/час на автопат, а со велосипед со мотор повеќе од 40 километри/час, ниту смее со возилото да влече приклучно возило или да врши организиран превоз на деца, во рок од две години од денот на издавање на возачката дозвола.

(5) Возач - почетник не смее да управува возило во
патниот сообраќај во времето од 23,00 часот до 5,00 часот, освен ако со него во возилото се наоѓа лице-возач постаро од 25 години на кое не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.

(6) Возач - почетник кој поседува возачка дозвола од "Б" категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 75 киловати(100 коњски сили).

(7) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) до (4) и (6) на овој член.





Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk