Испечати | Затвори го прозорот

Усвоен Буџетот за 2010 год од страна на собрание

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21286
Датум на принтање: 28.Декември.2024 во 02:22
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Усвоен Буџетот за 2010 год од страна на собрание
Постирано од: mileg
Наслов: Усвоен Буџетот за 2010 год од страна на собрание
Датум на внесување: 24.Декември.2009 во 17:44
Собранието на Република Македонија попладнево со 66 гласа за, еден против и без воздржани, го донесе Буџетот за 2010 година, според кој приходите се планирани на 143 милијарди и 257 милиони денари, а расходите на 153 милијарди и 720 милиони денари. Дефицитот е проектиран на 2,5 проценти од БДП и ќе изнесува 10 милијарди и 460 милиони денари.
Кај приходите има зголемување од 3,4 проценти, а кај расходите за 2,8 отсто. Владината проекција за 2010 година е дека растот на БДП ќе биде два отсто, а на максимум два отсто е планирана и годишната стапка на инфлација.
Буџетот според предлагачот е развоен, реален и со подобрена структура. Пораст е предвиден кај субвенциите за 10,9 отсто, кај социјалните трансфери за 1,8 осто, капиталните расходи ќе се зголемат за 16,2 отсто. За образованието се предвидени 21,285 милијарди денари, за здравството 19,756 милијарди денари, за социјална и детска заштита 49,920 милијарди денари, за инфраструктура и економски развој 18,983 милијарди денари, за земјоделството 7,490 милијарди. Со Буџетот не се предвидени зголемувања на платите на администрацијата, а ќе се води и стрикна дисциплина кај вработувњата во јавниот сектор. Расходите за плати се пониски за 2,8 отсто, а помал износ е предвиден и за ставката стоки и услуги за 9,8 отсто.
Буџетскиот дефицит ќе се финансира од домашни и странски извори при што домашното задолжување ќе биде за 11 проценти помало од 2009 година. Проектирано е на 3,898 милијарди денари. Надворешното задолжување се планира да биде од Светска банка и ЕБРД за инфраструктурни проекти, договорената буџетска поддршка од Светска банка од 30 милиони долари, како и од други извори.
Опозицијата во расправата го оцени буџетот за 2010 година како нереален, неразвоен и штетен.

-------------
2244435863_d877ea2c34[1



Коментари:
Постирано од: mileg
Датум на внесување: 24.Декември.2009 во 19:47
Како иницијатор на темата ке вои објаснам за буџетот:Буџетот на РМ за 2009 год е реален и расходен со тоа што тој изнесува 2 милјарди евра.Инаку скако што кажа министерот Ставрески владината проекција за 2010 год е раст на БДП за 2%а капиталните расходи се зголемуваат за 16,2%За образование се преедвидени 285 милјарди ден за здравство 19,65 ден,за социјала и детска заштита 49920 ден,за земјоделство 7490милјарди,а не се предвидува зголемување на платите на администрацијата,а ке се води и дисциплина на вработените во јавниот сектор.Сега ке ви одговорам маршале на твоето прашање:парите не се собираат туку тие се предвидени за буџетот што ке се користи и применува следната година Еве Маршале ви дадов одговор на вашето прашање.Само да ви кажам во9 држѓавата откога е оваа опција на власт нема арач,ова ви е како објаснување околу буџетот од мене.

-------------
2244435863_d877ea2c34[1


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 24.Декември.2009 во 20:04
ништо не кажа нека%20ти%20е%20срам
јас те прашав ОД КАДЕ ........ не те прашав за проекции кои се граничат со научна фантастика голема%20насмевка
а што се однесува до арачот , то ти мислиш дека нема .......
биди дел од невладината опција па ќе видиш има или нема намигнување


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: mileg
Датум на внесување: 24.Декември.2009 во 20:09
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

ништо не кажа нека%20ти%20е%20срам
јас те прашав ОД КАДЕ ........ не те прашав за проекции кои се граничат со научна фантастика голема%20насмевка
Маршале еве како реплика ќе ти кажам:Буџетот за 2010 год е проектиран за сите граѓани на оваа држава.Овие пари се од народната банка на Македонија.Во овој буџет имам и вонредни пари за секој случај да не побара некој помош за нешто итно па и за нив се одвоени пари.Уште еднаш ке повтотрам парите се обезбедени оид народната банка.

-------------
2244435863_d877ea2c34[1


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 24.Декември.2009 во 20:15
ти дефинитивно веруваш во дедо мраз .........
ако има толку пари во народна банка , зошто тогаш наметнуваат арач збунетост


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: mileg
Датум на внесување: 25.Декември.2009 во 17:52
Сакам само да дообјаснам повеке пари во буџетот се предвисдени за сите реформи што се предвидени за 2010 год.Инаку уште еднаш да им објаснам на тие што не сфаќаат тој е бувет на сите граѓани на оваа држава,од овој буџет се предвидени платите и пензиите за 2010 год,приходните расходи ке пораснат за 2%.

-------------
2244435863_d877ea2c34[1


Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 25.Декември.2009 во 18:04
Само уште да му одговореше на Маршалот од каде повеќе пари во буџетот , тоа и мене ме интересира ?
АМА без млатење празна слама ! Да кажеш конкретно....


-------------
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 25.Декември.2009 во 18:19
od DVD zapravo od DDV od kade bi drugde
sekoj budzet se polni od DVD i od bendzhinot alkoholot tutunot  koncesiite i od akciite sto gi imaat po telekomoite
c c c c

смеење


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Декември.2009 во 19:08

ДДВ смеење

во време на рецесија и тотален економски колапс во каков се наоѓа РМ , НИКАКВА куповна моќ на граѓаните , од акциите и концесиите кои пари не се знаат ни колку се и ред редум прикаски за мали деца газење%20од%20смеење
 
 основни работи во нормални земји со нормални влади .....
 газење%20од%20смеење


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 25.Декември.2009 во 19:27
газење%20од%20смеење vo kriza od igri na srekja
hahahahahah


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Декември.2009 во 19:32
таква криза би сакал да има секој голема%20насмевкагазење%20од%20смеење

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 25.Декември.2009 во 19:36
газење%20од%20смеење nie ne sakame nie ja imame   juhuuuuuuuuuuuuuuuuuuuu
koj e ko nas... dodeka drugite kje pocrkaat nie sme vakcinirani
hehehehe


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 26.Декември.2009 во 10:18
 
среќа
  Штом вака сте се  газеле од смеење, верувам дека ви се допаднал
  Буџетот за нареднава година, а  сигурно и тоа како е изгласан..!!!


-------------
секој нов ден, носи нова надеж...


Постирано од: the king
Датум на внесување: 02.Јануари.2010 во 14:55
Маршале, сепак ова е држава !!

во неа и покрај кризата се живееше, ти сигурно не ја помина годината без лепче, па со секој леб ти го полнеше тој буџет за кој сега прашуваш од каде е !!!

немој да мислиш дека ја поддржувам владата со овие зборови!!!

ова е само општо за буџетот !!!

а кога се работи за буџетот за 2010 година, мислам дека само бладање и подмачкување на очи е растот на БДП...

бруто домашниот производ само чудо може да го врати во позитива оваа година, бидејќи во оваа година влегуваме со рецесија и сигурно и оваа година ќе биде рецесивна !!!

позрав !!

-------------
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 02.Мај.2010 во 15:24
Јас знам дека секој граѓанин на Репубика Македонија за време на оваа власт е задолжен за уште 62%, да се случи ова во некоја држава како што се скандивавските, владата за секунда би летала од фотељите.А уште колку продолжува овој процес, кога ќе стаса до максимумот ќа се чуе - ТРЕСОКОТ.
А знаете за она, секој кој не е домаќин му требе пари,па пари ,па пари а домаќините и со помалку со добра организација одат напред.Тоа ќе ви го каже и секој ербап домаќин.
Распикуќи ќе најдете на секој чекор, потребни се економисти кои ќе економисуваат.За жал овие не се тоа.

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 14.Јуни.2010 во 20:26
Ne znam okolu tie 62% ( daj nekoj izvor) , vo sustina ne e problem do koja mera odi zadolzuvanjeto ako parite se trosat za kapitalni investicii koi vlozuvanja sekako ce se vratat, problemot e sto vladata se zadolzuva za tekovno rabotenje, znaci isplata na plati i penzii...toa e toa sto ce ne dovede do bankrot....limitot na Mkd za zadolzuvanje e skoro dostignat ili ti okolu 45 % od BND ( iako milam deka 45 % se previse za mkd) posle ova ce sledi situacija ala Grcija pa i nasite bidejci ce mora da zemaat krediti za rasipnicko rabotenje ce pocnat da falsifikuvaat izvestai dodeka ne bidneme slika i prilika na juzniot ni sosed, samo sto nas Evropa nema da ne vadi od kal...
Da ..smetam deka budzetot e nerazvoen i deka sme ja naebale...тага


-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 15.Јуни.2010 во 09:39
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

Ne znam okolu tie 62% ( daj nekoj izvor) , vo sustina ne e problem do koja mera odi zadolzuvanjeto ako parite se trosat za kapitalni investicii koi vlozuvanja sekako ce se vratat, problemot e sto vladata se zadolzuva za tekovno rabotenje, znaci isplata na plati i penzii...toa e toa sto ce ne dovede do bankrot....limitot na Mkd za zadolzuvanje e skoro dostignat ili ti okolu 45 % od BND ( iako milam deka 45 % se previse za mkd) posle ova ce sledi situacija ala Grcija pa i nasite bidejci ce mora da zemaat krediti za rasipnicko rabotenje ce pocnat da falsifikuvaat izvestai dodeka ne bidneme slika i prilika na juzniot ni sosed, samo sto nas Evropa nema da ne vadi od kal...
Da ..smetam deka budzetot e nerazvoen i deka sme ja naebale...тага

Еве и со ребалансот, секаде се скратува но за платите се зголемил.Како е можно кога најавија скратување, или популизам и се е можно.
Видете за да се уверите.

-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 13.Јули.2010 во 20:27
Rebalans na budzetot po koj znae koj pat....
 
Со ребалансот се кратат околу осум милијарди денари од Буџетот. Најмногу кај ка­пи­тал­ни­те проекти - 85 милиони евра со ребалансот нема да завршат за јавни ин­вес­ти­ции. За 23 отсто помалку пари ќе добие и Агенција за државни патишта, за 30 от­сто помалку добиваат и министерствата за финансии и за култура.( Izvor 'Vest')
 
I povtorno kako i so sekoj rebalans poslednite 20 god se krati od kapitalnite investicii....ustvari ne se krati nego se brisat...
A patista kako na reli Dakar, sistemot za vodosnabduvanje star 60 god, koridorot 10 stoi vo mesto, modernizacija na deponii e mislovna imenka, bolnici od vreme na informbiroto...
 
Ce se ugusime vo sopstvenoto djubre, bez kapka voda, bez patista da stigneme do bolnicite koi ne funkcioniraat...


-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 13.Јули.2010 во 22:12
Немојте така...негативно....та имаме коњи....а и јавачи....не знам само дали оние ...кои ги јаваат коњите или народот....
Се чини дека не му тежат премногу...инаку ќе ги отфрлеа ...од грбачата....ѓавол
А буџетот собери колку се може повеќе, за да се расфрлаш, со колку што можеш највеќе...
Народецот...како првите христијани...уплашен и замлатен....
А магарето и товарено и си оди...кон новиот Ерусалем...го носи пленот на....ФАМИЛИЈАТА./..
Да (им) живее буџетот...а за нив не би рекол...не заслужуваат.кокошка


-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk