Испечати | Затвори го прозорот

50 Cent во Скопје!!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Забава, разно, игри, интима
Опис на форумот: џиџимиџарница
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21272
Датум на принтање: 27.Декември.2024 во 06:48
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: 50 Cent во Скопје!!
Постирано од: One_lovE
Наслов: 50 Cent во Скопје!!
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 14:48
На 31 март во Скопје, ќе гостува светски познатиот Фифти. Денеска случајно видов залепени постери низ град и на сајтот на http://www.avalon.com.mk/ - Авалон има објавено, само постерот. Нема никакви подетални информации, каде, што, како, цена..
Дали со ова конечно и ние во Македонија почнуваме да имаме гости и концерти од светски калибар?
Секоја чест на дечките од Авалон!



Коментари:
Постирано од: dimigor
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 17:51
Концерт на раперот 50 Cent во Скопје на 31 Март во салата Борис Трајковски! Конечно актуелна музичка ѕвезда и кај нас!
http://mesto.com.mk/video/a7a6600dae8e9e1/ - ЕКСКЛУЗИВНО 50 cent во Скопје


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 18:43
Фифти цент си е у криза и сеа глеа како подебела пара да напраизадоволство
Јас тој човек не го слушам, одсекад ми бил одбивенрамнодушност


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 19:12
Tiiiii, ima sho da vide u makedonijaголема%20насмевкаголема%20насмевка< id="gwProxy" ="">< ="jsCall();" id="jsProxy" ="">


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 12:34
                  Влезниците за 50Cent со најниска цена во Европа
 
 

Цената на влезниците за концертот на 50 Cent во Скопје ќе бидат најевтини во Европа! Организаторот Авалон одредени неколку различни типови на влезници кои чинат 1000 и 1500 денари.

Влезниците ќе бидат во продажба од 1-ви Март на сите вообичаени продажни места во Македонија,а сите детали можат да се најдат на http://www..50centvoskopje.com/ - www..50centvoskopje.com

Авалон најави дека со секоја купена влезница ќе се добива и гратис плакат од концертот.



-------------


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 12:53
EDVAJ CEKAM DA DOJDE GO OBOZAVAMголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкатанцување
KAKO KE RAPUVAM SAMOголема%20насмевка


-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: Flix
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 13:29
Не ми е омилен, и гратис да имам незнам дали би одел :)

-------------
http://flixter.deviantart.com/">


Постирано од: brza
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 13:52
se nadevam deka i  kartata ke bide,...50 centi...ili, aj ,..duplo neka bide!голема%20насмевка

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 13:59
Originally posted by brza brza напиша:

se nadevam deka i  kartata ke bide,...50 centi...ili, aj ,..duplo neka bide!голема%20насмевка
 
 
1000-1500 денари


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Февруари.2010 во 12:26
Тони Зен како загревање за 50 Сент

Големиот концерт на 50Cent во Скопје кој треба да се оддржи на 31-ви март во спортската сала „Борис Трајковски“ добива и домашна поддршка со настап на нашиот познат рапер Тони Зен.

Тони Зен ќе ја отвори вечерта со свој 30 минутен настап во кој ќе ги изведе своите најголеми хитови.

Организаторите на концертот Авалон Продукција информираат дека влезниците за кои владее интерес на ниво на Лени Кравиц и Сантана во продажба ќе бидат пуштени во понеделник, точно во 12:00 часот по цена од 1.000 денари за партер, 1.500 денари за во Фан Пит, 1.500 денари за на трибина и 2.000 денари за во Вип делот, на продажните места низ цела Македонија.




-------------


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 25.Февруари.2010 во 16:19
Машала. Тони Зен - Деген види до кај стигна...

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Февруари.2010 во 21:09
Originally posted by tiggy_sparrow tiggy_sparrow напиша:

Машала. Тони Зен - Деген види до кај стигна...



Ееее па ти, големо чудо - предгрупа на фифти сент ма%20ајде
Пари да даваат не одам на вакви...


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 26.Февруари.2010 во 12:27
И тоа е многу за глупак како него.намигнување

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 14:30
50 Cent во Скопје доаѓа со легендарните G-Unit

50 Cent наместо со класична бас, тапани, гитара постава, во Скопје доаѓаа со легендарниот рап бенд G-Unit, кој ќе настапува заедно со легендарниот рапер цело време на сцената. Со тоа ќе се исполни и желбата на многуте фанови да ги видат G-Unit, составени од 50 Cent, Lloyd Banks и Tony Yayo.

Во истата постава 50Cent ќе продолжи и во Белград, како и во останатите девет европски градови.

За потсетување G-Unit е легендарен Њујоркшки рап бенд кој во 2003 година го издаваат својот прв албум "Beg for Mercy" кој беше продаден во преку 7 милиони примероци низ целиот свет, што го стави во редот на најпродавани деби албуми. Во 2008 година го издаваат својот втор албум "T.O.S: Terminate on Sight", а истата година добиваат номинација за "Најдобар Рап бенд"



-------------


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 15:02
абе глупости, од толку многу музичари на светов, донесоа некој кој пропаднал пред толку многу години...

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 17:43
Боли ме к.... за фифти цент. трепкање

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Март.2010 во 15:36
50 Cent два дена ќе престојува во Скопје

Најдобриот рапер во последниве неколку години кој на 31 март ќе има концерт во Скопје, пристигнува денес со својот приватен авион и во главниот град на Македонија ќе остане два дена. 50 Cent, кој во четвртокот даде http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/590289/index.html - ексклузивно интервју за читателите на ИДИВИДИ побарал посебен третман од Авалон Продукција, од каде открија дека меѓу другото, богатиот хип хоп изведувач побарал блиндирани џипови и обезбедување.

- 50 Cent доаѓа денеска со свој приватен авион. Мора да признам дека ова е реткост, бидејќи не се случува често светска музичка ѕвезда да дојде еден ден пред концертот и да остане два дена во градот каде што ќе настапува. Подготовките се во тек и гарантираме дека концертот ќе помине одлично. Сепак, ги замолуваме сите обожаватели да дојдат со време во Арената, Борис Трајковски, бидејќи не сакаме да се направи гужва на влезовите. Вратите ќе бидат отворени во 19:00 часот, изјавија од Авалон.

Како домашна поддршка за 50 Cent ќе биде домашниот рапер Тони Зен, кој во последно време е еден од најбараните домашни музичари.

- Ова е остварување на мојот животен сон. Да настапувам пред голема ѕвезда не е мала работа, а 50 Cent во моментов е можеби најголемиот и најпознатиот комерцијален рапер. Морам да признаам дека од хип хоп музиката сон ми е да настапам пред легендарните The Roots, кои ги слушав во Скопје пред неколку години. Сепак, и ова не е лошо, 50 Cent e големо име кое треба да се испоштува, изјави Тони кој откри дека ќе има получасовен настап кој ќе започне точно во 20:30 часот.



-------------


Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 30.Март.2010 во 15:42
фали уште слаткар и ајт све у п.м.

-------------
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн


Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Март.2010 во 15:45
Originally posted by sanja-a sanja-a напиша:

фали уште слаткар и ајт све у п.м.
 
 
Ако мама го пушти веројатно Слаткар ќе биде во првите редови и ќе рапува диво голема%20насмевка


-------------


Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 30.Март.2010 во 15:50
како он да не оди кај својот идол

-------------
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 30.Март.2010 во 17:34
Originally posted by Flix Flix напиша:

Не ми е омилен, и гратис да имам незнам дали би одел :)
 
И јас исто такада


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 30.Март.2010 во 17:45
син ми ќе оди на концерт, јас ќе му бидам личен шоферда
убав тој на мајка


Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 30.Март.2010 во 18:07
не идам на тоа бе    и онака нема се да разберам од текстот, а и онака не идам по концерти многу. поише сакам да слушам музика на звучки

-------------
LD Pistolero a.k.a Demolero


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 11:05
Jas ke odam vecer na 50 cent, i znam deka ke si pominam preubavo EDVAJ CEKAM.
 Neznam zosto citajki podolu samo citam kako nekoi kazuvaat pari da mi davat ne odam, ili pak propadnat peac i slicno..Mislam koj ne saka da go slusa ne mora da ode i da go slusa, a deka e propadnat peac toa e golema greska.. Toj e THE BEST raper vo poslednite godini i za toa ima milioni obozavateli, pa dali nekolku luge plus ili minus ke go sakaat ne e bitno..I uste poveke se raduvam sto ke pee Toni Zen, i za ova nekoj rece "golemo cudo pred grupa na 50 cent"... E pa malo li eзбунетост uspeh e za nego sto ke pee na ista bina so 50 cent, sigurno toa e sonot na Toni Zen da uspee i eden den da pee na ist koncert so takva zvezda, kako sto site nie sonuvame za nesto......
  I nema veza aj koj sto saka neka komentira jas  pesnite od Toni odamna gi znam od 50 gi ucev ovie denovi novite i vecer ideme na zabavaголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: Flix
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 11:29
Originally posted by MyWay MyWay напиша:

Jas ke odam vecer na 50 cent, i znam deka ke si pominam preubavo EDVAJ CEKAM. Neznam zosto citajki podolu samo citam kako nekoi kazuvaat pari da mi davat ne odam, ili pak propadnat peac i slicno..Mislam koj ne saka da go slusa ne mora da ode i da go slusa, a deka e propadnat peac toa e golema greska.. Toj e THE BEST raper vo poslednite godini i za toa ima milioni obozavateli, pa dali nekolku luge plus ili minus ke go sakaat ne e bitno..I uste poveke se raduvam sto ke pee Toni Zen, i za ova nekoj rece "golemo cudo pred grupa na 50 cent"... E pa malo li eзбунетост uspeh e za nego sto ke pee na ista bina so 50 cent, sigurno toa e sonot na Toni Zen da uspee i eden den da pee na ist koncert so takva zvezda, kako sto site nie sonuvame za nesto......  I nema veza aj koj sto saka neka komentira jas  pesnite od Toni odamna gi znam od 50 gi ucev ovie denovi novite i vecer ideme na zabavaголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


За пропаднат не е , добар си е во тоа што го прави, ама мене не ми е омилено :) , јас повеќе преферирам електронска музика .
Плус таму ќе биди газ преку гла , гужви гарант премногу ќе има , од кој 90 % ќе се форсират да си поминат најубо :)

-------------
http://flixter.deviantart.com/">


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 12:42
Jas vo posledno vreme mnogu obozavam da slusam rab i hip hop muzika. Isto taka mnogu sakam i elektronska muzika pa taka obozavam da otidam i na nekoja tavka zurka na primer astral projektion, bev i na infected mushroom i na tiestoголема%20насмевка  i na mnogu drugi dj i super si pominuvav...

-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 18:13
не ми се оди на концерти... ем гужва ем глупо ми е да урлам на цел глас и да рипам и да викам 50 CENT 50 CENT ...

-------------
LD Pistolero a.k.a Demolero


Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 18:14
а иначе ако има пренос на ТВ морам да глеам пошо обожавам рап

-------------
LD Pistolero a.k.a Demolero


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 01.Април.2010 во 10:48
Kolku bese ubavo znaci, takva atmosvera ne sum videla vo MK do sega na nitu eden koncert...BRAVOS...site ostanavme bez zborovi a i 50 cent isto, se iznenadi covekot kolku mnogu go obozavaat ovde i kako site gi peat negovite pesni...голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка

-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: емил
Датум на внесување: 01.Април.2010 во 19:28
50 Cent приреди вистински спектакл во Скопје!

Се чувствувам како дома. Ви благодарам што направивте да се чувствувам како број еден хип хоп артист во светот, изјави 50 Cent. Оваа изјава на познатата американска музичка ѕвезда самата по себе говори каков беше синоќешниот концерт во Скопје.

Публиката во преполната арена „Борис Трајковски“ два часа мрдаше, пееше, ги креваше рацете, скокаше, врескаше и се забавуваше заедно со енергичниот рапер и неговата група G-Unit, кои на сцената покажаа што значи вистински да се поврзеш со публиката и притоа истата да ја доведеш до точка на лудило.

Македонската публика, која очигледно е гладна за хип хоп концерти, уште еднаш покажа дека знае да ги респектира светските ѕвезди, кои во последно време сè почесто почнуваат да ја стават и Македонија на нивната концертна мапа.

Концертот започна навреме. За загревање на атмосферата се погрижи нашиот познат рапер Тони Зен, кој овојпат беше придружуван од неколку членови на хип хоп групата Токсикологија. Неговиот 30-минутен настап беше проследен од многу обожаватели, кои очигледно влегле порано во салата со цел да ги слушнат хитовите на Зен.

Атмосферата кулминираше кога на сцената излезе најдобриот и најуспешниот хип хоп изведувач на деценијата деценија, кој веднаш покажа дека е расположен за одлична забава. Неговите другари и колеги од „G-Unit“, Тони Јајо и Лојд Бенкс одлично се вклопија во целата атмосфера и беа едни од најголемите виновници за добриот контакт со публиката кој го воспостави 50 Cent.

Енергичниот рапер го исполни она што го вети во http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/590289/index.html - ексклузивното интервју за ИДИВИДИ и за два часа ги отпеа сите големи хитови, но и успешно го промовираше новиот албум „Before I Self Destruct“.

Големите фанови, но и обичните посетители заедно со 50 Cent ги отпеаја неговите песни кои веќе длабоко се врежани во поновата историја на хип хоп музиката. Добро познатите Candy Shop, Just a Lit Bit, Ayo Technology, 21 Question, In da Club, ечеа од арената „Борис Трајковски“ во која и старо и младо играше и пееше заедно со американските ѕвезди кои сигурно не очекуваа дека ќе бидат вака добро прифатени. Сепак, публиката покажа дека добро се подготвила за концертот, па и новите песни како Baby By Me, Do You Think About Me и останатите од новиот албум беа испеени заедно со 50 Cent. Раперот не остана должен и заедно со Јајо и Бенкс, соблекоа дел од својата облека и ја фрлија во публиката. Капчиња, маици, па дури и јакната на 50 Cent завршија во рацете на македонската публиката. Дека ги сака своите фанови, 50 Cent докажа и со потегот кога на бината качи двајца млади обожаватели, кои имаа неверојатна можност да рапуваат и да играат заедно со светската ѕвезда.

Моментот за помнење, кој меѓу другото за прв пат се случи на концерт во Македонија го направија момците од G-Unit кои ја прашаа публиката „Кој од вас пуши трева“, а потоа од својот DJ ја побараа песната One Love од Боб Марли и го запалија т.н. „луле на мирот“.

По двочасовното лудување, обожавателите се поздравија со 50 Cent, кој за крај без музичка поддршка изрецитира неколку стихови и со голема насмевка ја напушти сцената, откако претходно веќе се врати на еден бис. Со овој концерт се докажа дека на публиката во Македонија е гладна за вакви светски спектакли.

По концертот, 50 Cent заедно со својата екипа замина за Белград, каде денес има концерт, кој исто како и во Скопје, е во организација на Авалон Продукција.

Текст: Бојан Бошковски

Фото: Дарко Христов

< = =text/ ="http://www.idividi.com.mk/js/jquery-latest.pack.js"> < = =text/ ="http://www.idividi.com.mk/js/jquery.light.js"> $(document).ready(function(){$(".lightbox").lightbox();});




-------------


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 03.Април.2010 во 00:30
Toa bese nok koja ke se pameti
Cel zivot..preubava

-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: 10101
Датум на внесување: 04.Април.2010 во 01:06
Originally posted by sanja-a sanja-a напиша:

фали уште слаткар и ајт све у п.м.


Haha slatkar e NAJGOLEM idiot. I 50 ne mi e najomilen, no ne e nekoj idiot (iako ne bi mu odel na koncert). Sakam rap, no old school.

-------------
98% of the internet population has a signature. If you're part of the 2% that doesn't have a signature, copy and paste this into your sig.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk