Испечати | Затвори го прозорот

Дали сметате дека медиумите треба да продолжат...

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Медиуми
Опис на форумот: Телевизии, радио, списанија, весници...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21267
Датум на принтање: 04.Февруари.2025 во 13:40
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Дали сметате дека медиумите треба да продолжат...
Постирано од: Mindy
Наслов: Дали сметате дека медиумите треба да продолжат...
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 14:01
Епа гласајте народе среќа

-------------



Коментари:
Постирано од: EKCTPA
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 14:05
ja ve pocastiv so prviot glas ;)

-------------
Немој да правиш мали планови, во нив нема магија...
Прави големи планови, цели високо во надежта и работата.


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 19:10
Повеќе има умрени од рак па никој не паничи.Во Битола секоја година расти бројот на смртни случаеви од РЕК -Битола


Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 20:24
Borring

-------------


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 23:29
медиумите се само добар инструмент за продавање повеќе лекови, тоа е, како што кажа мунгос, повеќе има заболени и починати од рак

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 27.Јануари.2011 во 12:32
Гледам, почнаа пак со грипот глупчо


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 14.Мај.2012 во 23:58

....да не "воспитуваат" на начин кој подолу е убаво дообјаснет од Ноам Чомски - со неговите...."10 стратегии за манипулација" од страна на медиумите. 

1. Стратегија на одвлекување на вниманието.Суштински елемент на социјалната контрола е стратегијата на одвлекување на вниманието. Преку техниката“ Flood ”, или поплавување на јавноста со тривијални информации, нејзиното внимание се пренасочува од проблемите и значајните промени одлучени од страна на политичките и економските елити.Стратегија на одвраќање исто така е од суштинско значење за да се спречи јавниот интерес во основните знаења од областа на науката, економијата, психологијата и кибернетика. "Чувајте го народот зафатен, зафатен, зафатен, без време да се мисли; назад на фармата со другите животни" 

2. Создавање проблеми и нудење решенија.Овој метод исто така е наречен и "Проблем-реакција-решение." Значи, се создава проблем, "ситуација" која предизвикува некакви реакции кај народот, така што тој мора да ги прифати понудените решенијата како единствени постоечки мерки. На пример: се интензивира насилството по градовите, или се организираат крвави напади, така што јавноста сама се повикува на постоечките политики за безбедност, кои ја репресираат слободата и на самиот народ. Или: се создава економска криза, па мора да се прифати како нужно зло повлекувањето на социјалните права и кратењето на средства од јавните услуги.

3. Стратегијата на постепено наметнување.За да се направи прифатлива некоја неприфатлива мерка, на тоа се работи постепено, капка по капка, неколку последователни години. На тој начин, новите радикални социо-економски услови (неолиберализмот), беа почнале да се наметнуваат во текот на 1980-тите и 1990-тите: “минимална држава“, приватизација, несигурност, флексибилност, масовна невработеност, плати кои не обезбедуваат пристојни приходи: многу промени кои би довеле до револуција ако биле применети одеднаш.

4. Стратегијата на одложување. Друг начин да се прифати неприфатлива одлука е да се претстави како "болна и неопходна", придобивање на јавно одобрување на дадената ситуација во тој момент, за да се обезбеди идна примена. Полесно е да се прифати идна жртва, отколку моментална жртва. Прво, бидејќи мерката не е веднаш применета, потоа, бидејќи јавноста, масите секогаш имаат тенденција наивно да очекуваат “подобро утре” и дека ваквата жртва може да биде избегната. Ова и’ дава повеќе време на јавноста да се навикне на промената и резигнирано да ја прифати кога ќе дојде време за тоа.

5. Обраќање кон јавноста како кон мало дете.Повеќето реклами, наменети за широката јавност, се користат со дискурс, аргументи и знаци со особено детска интонација, како гледачите да се ранливи суштества на многу рана возраст или ментално нестабилни. Колку повеќе се обидуваат да го измамат гледачот, толку повеќе се користат со детскиот тон. Зошто? 
 "Ако се однесуваш со еден човек како да има 12 години или помалку, тогаш, поради автосугестија, тоа лице има тенденција да одговори или да реагира, без многу размислување, како да има 12 години или помалку. 

6. Повикај се на емоционалните аспекти наместо на критичка мисла.Искористете ја емоционалната реакција како класична техника да предизвикате краток прекин на рационалното размислување и на смислата за критичко анализирање на поединецот. Дотолку повеќе, целењето кон емоциите ги отвора вратите на несвесното за всадување или калемење идеи, желби, стравови и сомнежи, пориви, или наметнато однесување...

7. Поттикнувај незнаење и медиокритети Осигурај се дека јавноста е неспособна да ги разбере технологиите и методите за контрола и поробување. “Квалитетот на образованието наменето за ниските социјални класи треба да биде што посиромашно и медиокритетско, така што разликата на необразованоста помеѓу ниската и високата класа ќе остане невозможна да се надмине”.

 

8. Охрабри ги луѓето да бидат медиокритети.Промовирај и’ на јавноста дека е во мода да се биде глупав, вулгарен и необразован.

9. Предизвикај самообвинување.Направи секој поединец да верува дека тој/таа е виновникот за сопствената несреќа: поради неуспехот на својата интелигенција, своите способности, или своите напори. Така, наместо да се бунтува против економскиот систем, индивидуата се девалвира и се обвинува себеси, што генерира депресивна состојба, со цел да се создаде ситуација на недостаток на акција, а без акција, не постои револуција!

10. Разбери го инивидуалецет подобро отколку што тој се разбира себеси. Во текот на изминатите 50 години, невиден напредок на науката создаде растечка разлика во знаењето помеѓу јавноста и оние кои работат за влаедеачките елити. Со биологијата, невробиологијата и применетата психологија, “системот” се здоби со ценети знаења за човекот, како физички, така и психолошки. Системот стана многу подобар во познавање на обичниот народ, отколку што тој се познава самиот. Ова значи дека во повеќето случаи, системот има голема моќ над индивидуите, отколку што индивидуите имаат врз себеси. 

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 14.Февруари.2013 во 20:29
....всушност и не е така на одмет да дознаеме кој умрел од премногу мрсни јадења..што ќе каже авторот на темета..свински. 

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk