Сеат Леон 1.4
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21260
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 11:16 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Сеат Леон 1.4
Постирано од: Bronhi
Наслов: Сеат Леон 1.4
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 19:22
Форумџии малку помош. Го продадов Рејсерот и сега барам да купам нова кола. Не нова од салон, туку повторно стара, ама 3-4 години стара. Ми нудат Сеат Леон 1.4, 2006, со 24000 (човекот го знам колата е чувана под стаклено ѕвоно), а втората е Мазда 3, 1.4, 2006 со 4300 (не го познавам човекот :) ). Цената на двете е 9300 евра.
Лично ми фаќа око Маздата бидејќи е Мазда иако како да и виси гепекот, и Леонот е убав, но е копија на Голф 5.
Некој совет, предлог, мислење, споредба на овие две возила.
П.С. Во игра влегува и Сузуки Игнис 1.3 дизел (мултиџет фиатов мотор) 2005 со 14000км.
Би сакал до Нова година да имам една од овие три. Малку тежок избор...
------------- Земете БРОНХИ полесно се дише
|
Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 19:24
Bronhi i dvete se prekrasni. Jas bi igrala Seat Leon zasto sum uzasno zaljubena vo taa kola. NO spored mene Mazdata ima prednost vo edna rabota. Leonot e potvrd za voznja...mene me potsetuva na Sparkot vo voznjata....razmisli. Za izgled i dvete se prekrasni...
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 19:26
a moze pojke informacii za mazdata pls
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 19:30
Маздата има: клима, абс со дискови на сите тркала, електрика на предни прозорци, ретровизори и предни светла, 4 еирбега и централно. Барем така ми рекоа, вака од око што ја видов убава е, но малку како да и виси задницата. Некоја металик миш боја има (јас сум делумен далтонист инаку сакаа и возачката да ми ја земат :) ).
------------- Земете БРОНХИ полесно се дише
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 19:32
oks.ako slucajno ne ja zimas molim te pisi mi broj od tipot po licna poraka i so znaci visi zadnicata udrena ili?
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 19:42
Земај го Сеат Леон 1.4 и ич да не се секираш. Од твој човек е сигурно, да не се залеташ по Маздата и да се поебеш. Сепак, парите се твои, ти си знаеш.
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 19:44
da da, i kazi ako ti treba dodatna oprema vo nego
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 20:05
Не е удрена Маздата туку дизајнот ако ја погледнеш од страна некако задниот дел од задните седишта до крајот некако како да ми виси, како да штрчи од останатиот дел од колата. Би требало најдоцна до Нова година да земам една, но се уште се мислам која. Зш никој не ми прокоментира за Сузукито. Мини џипче бомбонче, уствари тоа најмногу ми ја мати водата.
------------- Земете БРОНХИ полесно се дише
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 20:06
Jok suzuki. Zemi si go leonot i gospod da te vidi. samo use da kazese koja boja e..
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 20:17
Пробај ја Маздата, ако е во ред мислам дека и од Леон е подобра и поубаво изгледа, економична ти е не троши многу, а и двете ти се 1.4 така да јас би одбрал Мазда ако е се во ред со неа. Кај Леонот имаш предност што го знаеш газдата и знаеш дека се е во ред.
-------------
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 20:55
Е.... убава тема.... ако колите двете се чувани (се познава од око на нова кола) јас без да се мислам земам Мазда. Моторите 2та што ти се во понувата се повеќе од млитави, ама ако не ти пречи тоа ќе се изнавозиш
Леонот е премногу крута кола и ко во 101 да се возиш е назад, а напред се чувствува секоја дупка. Маздата е покомотна , а леонот е спортска кола и е многу незгодна внатре. СО мазда знаеш дека имаш квалитет.... трчај-земај ја, немај гајле, смрт нема да и видиш
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 21:16
member_profile.asp?PF=20227&FID=58 - volkswagen aj sea eden sovet. gi znam skoro site mani na Leonot. Ama sum luda po nego sega vozam Corsa, no na prolet sakam da zemam Leon. Moze li nekako da se opravi eve sto vikas napred se osekja sekoja dupka-moze li so pojaki amortizeri toa da se sredi...??? I krutosta...so serva volan..
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 21:49
Благодарам, но ако може малку на прост јазик техничко технолошка споредба на двете коли. Инаку Леонот воопшто не е економичен градска како што возам јас троши околу 10, а ако вози газдата на Леонот околу 7 :)
Би ценел доколку member_profile.asp?PF=2460 - NRGMKD се изјасни околу коливе, или некој кој повеќе го следи напредокот на колите. Она што прогуглав Леонот одоздола е Голф5, а одозгора Сеат. За Маздата од друга страна еден куп податоци - бројки што ништо не ми значат
------------- Земете БРОНХИ полесно се дише
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 21:52
ako sakas ekonomicnost mene nikoj ne mi veruva deka mesecno trosam samo 4000 den na gorivo (benzin). 5 mi e gradska 3 i pol otvoreno. a ne izlagam od kola.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 22:10
Оддолу ни далеку не е Голф. Голфот е далеку посовршен од шпанската мушичка...упс...количка... Тоа е фолксваген само под хауба, не целосно одоздола. Инаку како секој сеат е чутук во потпирање, скратен во комфор, тежок за оджување. Мазда 3 е на некој начин совршенство во компакт класата.
Со прости зборови: Немој да се думаш ич за маздата , одма земај ја оти имаат многу квалитетни мотори и не се појавуваат никакви дефекти кај целата кола со години. Напредокот на авто-иднустријата го следам и јас, па ако сакаш прати ги тоа бројките и ќе ти ги преведам најбитните на македонски ЛИТЕРАТУРЕН јазик.
@blyeprayer: прво не гледам што убавина гледаш во таа кола. Само однадвор е убава а внатре е толку неприфатлива , тоа чудо едно. Ама остави тоа.... Технички, можни се такви преправки, Тоа може да го постигнеш со помеки или повисоки шпирали, ама со тоа колата ќе добие на висина или ќе биде далеку по несигурна на големи брзини(+140). Не правев муабет за крутост на воланот туку крутост на потпирањето ( патем, сеат леон во секој пакет на опрема стандардно има хидрауличен серво волан кој мислам и дека е подесив по висина плус) Верувај, ќе бидеш разочарана од непрегледноста на колата , од малиот простор во внатрешноста, од млитавиот основен мотор , малиот и неваријабилен багашник... и уште мал милион негативни ствари.... ако имаш пари и сакаш вистински секси расен спортист без размислување иди на Фолксваген Широко (VW Scirocco) или Астра GTC.... позз до тебе, па кога ќе дојде време за да купуваш кола отвори една тема и ќе го доправиме муабетов
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 22:17
I VW Scirocco e dobro.Jas se mislev megju Leon, Astra ovoj model ( http://www.ibherdesign.com/eb/astra/astra.jpg - http://www.ibherdesign.com/eb/astra/astra.jpg i Ibiza..
a Ibiza?
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 22:19
blueprayer напиша:
ako sakas ekonomicnost mene nikoj ne mi veruva deka mesecno trosam samo 4000 den na gorivo (benzin). 5 mi e gradska 3 i pol otvoreno. a ne izlagam od kola.
|
За економичност и КЛАСА Ауди А4 1.8 од 1995 - 11 плин градска и тоа не МПИ плин туку оној поевтиниот систем. Со МПИ потрошувачката бензин-плин е 1:1
------------- Земете БРОНХИ полесно се дише
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 22:20
Ибица е хаварија бетар од Леон пошто има исто потпирање , а е дупло помала. Плус, не е лошо да се избегаваат тие марки без традиција.... Оди на нешто проверено
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 22:20
so i fali na mojata bre. plus benzinec e
http://www.virtual-showroom.co.uk/images/vehicles/11611_226787_0_0.jpg - http://www.virtual-showroom.co.uk/images/vehicles/11611_226787_0_0.jpg
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 22:21
volkswagen напиша:
Ибица е хаварија бетар од Леон пошто има исто потпирање , а е дупло помала. Плус, не е лошо да се избегаваат тие марки без традиција.... Оди на нешто проверено
| niso...Astrata mi preostanuvaa.... pa posle ke sanjame za edno Bmw-nce
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 22:24
volkswagen напиша:
Оддолу ни далеку не е Голф. Голфот е далеку посовршен од шпанската мушичка...упс...количка... Тоа е фолксваген само под хауба, не целосно одоздола. Инаку како секој сеат е чутук во потпирање, скратен во комфор, тежок за оджување. Мазда 3 е на некој начин совршенство во компакт класата.
Со прости зборови: Немој да се думаш ич за маздата , одма земај ја оти имаат многу квалитетни мотори и не се појавуваат никакви дефекти кај целата кола со години. Напредокот на авто-иднустријата го следам и јас, па ако сакаш прати ги тоа бројките и ќе ти ги преведам најбитните на македонски ЛИТЕРАТУРЕН јазик.
@blyeprayer: прво не гледам што убавина гледаш во таа кола. Само однадвор е убава а внатре е толку неприфатлива , тоа чудо едно. Ама остави тоа.... Технички, можни се такви преправки, Тоа може да го постигнеш со помеки или повисоки шпирали, ама со тоа колата ќе добие на висина или ќе биде далеку по несигурна на големи брзини(+140). Не правев муабет за крутост на воланот туку крутост на потпирањето ( патем, сеат леон во секој пакет на опрема стандардно има хидрауличен серво волан кој мислам и дека е подесив по висина плус) Верувај, ќе бидеш разочарана од непрегледноста на колата , од малиот простор во внатрешноста, од млитавиот основен мотор , малиот и неваријабилен багашник... и уште мал милион негативни ствари.... ако имаш пари и сакаш вистински секси расен спортист без размислување иди на Фолксваген Широко (VW Scirocco) или Астра GTC.... позз до тебе, па кога ќе дојде време за да купуваш кола отвори една тема и ќе го доправиме муабетов
|
Минатава недела Гуглав и ГУГЛ вели дека не е баш така како што велиш, ДУРИ оди дотаму што Леонот го смета во многу работи подобро возило од Голфот5. Но нејсе, благодарам за помошта Фолцваген ако не друго ме натера повнимателно да го разгледам Леонот. Сепак и тоа е нешто
------------- Земете БРОНХИ полесно се дише
|
Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 22.Декември.2009 во 22:27
споредби на коливе http://test.koli.com.mk/novi_sporedba_modelski_izvedbi.aspx?id=3379&iid1=4914&iid2=3574
со голф6
------------- Земете БРОНХИ полесно се дише
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 11:44
Bronhi напиша:
Форумџии малку помош. Го продадов Рејсерот и сега барам да купам нова кола. Не нова од салон, туку повторно стара, ама 3-4 години стара. Ми нудат Сеат Леон 1.4, 2006, со 24000 (човекот го знам колата е чувана под стаклено ѕвоно), а втората е Мазда 3, 1.4, 2006 со 4300 (не го познавам човекот :) ). Цената на двете е 9300 евра.
Лично ми фаќа око Маздата бидејќи е Мазда иако како да и виси гепекот, и Леонот е убав, но е копија на Голф 5.
Некој совет, предлог, мислење, споредба на овие две возила.
П.С. Во игра влегува и Сузуки Игнис 1.3 дизел (мултиџет фиатов мотор) 2005 со 14000км.
Би сакал до Нова година да имам една од овие три. Малку тежок избор...
|
Џипчето исфрли го од игра... од проста причина што тој модел на дизелов агрегат воопшто не е прикладен за теренски возила... всушност воопшто не е прикладен како агрегат...Премногу е мал, исфорсиран е малце, премногу бучен, со големи осцилации во работата, и премногу вибрации во каросеријата... Ако му земеш во предвид дека Игнис е правен на платформа на Самурајот, ќе видиш дека има премногу круто подвозје, воопшто не е флексибилен, и со слаба каросерија.. општо градско возило со многу маани на него... Мој совет ти е... Опел Астра модел H, или Голф 4-5... Тоа се возила кои се имаат доволно докажано како бестселери во своите марки.... Ако алудираш на потрошувачка, сите ќе ти трошат над 10 во град, од причина што агрегатите од 1.4 се мали за нивната големина, претежно се на принцип на ланче малце се побучни, потромави, ама со голем век на траење.. Ако не ти игра многу голема улога потрошувачката тогаш можеш да одиш и на појак мотор, од типот 1.5, 1.6......Квалитетот на изработка кај сите е доведен на високо ниво.. дури и кај Авеото, и Логанот... Значи сепак дефинирај си каков агрегат сакаш, која да му е потрошувачката, и што очекуваш од возилото... Инаку Сеатот и те како напредна.. Шкодата е мн. понесофостицирана.. Сеатот користи исто подвозје, иста електроника и исти агрегати со Фолкваген.. Разлика е името....
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 11:53
blueprayer напиша:
member_profile.asp?PF=20227&FID=58 - volkswagen aj sea eden sovet. gi znam skoro site mani na Leonot. Ama sum luda po nego sega vozam Corsa, no na prolet sakam da zemam Leon. Moze li nekako da se opravi eve sto vikas napred se osekja sekoja dupka-moze li so pojaki amortizeri toa da se sredi...??? I krutosta...so serva volan..
|
Крутоста на самото возило мн. зависи од флексибилноста на самата шасија.. Колку е пофлексибилна шасијата, толку е помеко возењето.. Исто така преправката на целата суспензија кај Леонот, ќе те чини мн. пари, од проста причина што тоа е скоро максимум што може меко да биде... Ако сакаш можеш да ја направиш покрута само.. Искрено тоа е голема маана, која ја има Фолксваген во својата групација.. Астрата не е ништо помека.. Посебно актуелниот модел т.е Аstra H... Многу тврдо возило, со мн. тврда суспензија.. Воопшто не е флексибилна самата шасија, суспензијата е камен. Но е затоа многу поцврсто направена од самиот Фоклсваген.. Самата суспензија е прикачена на 6 места, додека кај Фоклсвагенот, Сеатот и Шкодата кај 4 точки. Исто така каросериски, Опел се врати на стариот добар лим, додека Фолксваген сеуште вградува ПВЦ во каросериите.. Моторите кај Опел се доста поквалитетни.. Посебно 1.4 моторот, кој е доста посилен од порано, доста поиздржлив. Сепак Опел за прв пат го произведе 1.4 моторот, после тоа почна копирањето од страна на останатите марки. Но потрошувачката си остана иста.. Нешто над 10 л градско возење... А додека 1.6 кај Опел троши 9 л. градско возење.. Сосема е различен принципот на самиот мотор. Кај Сеат и Фоклсваген за пофалба е електрониката, и цврстината на самите возила, ама не е за пофалба цената... Гарантниот период кај Опел и Фолксваген е 2 год, и неограничен број на килом. те ЕУ гаранција..
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 11:59
volkswagen напиша:
Ибица е хаварија бетар од Леон пошто има исто потпирање , а е дупло помала. Плус, не е лошо да се избегаваат тие марки без традиција.... Оди на нешто проверено
|
Да те демантирам... Новата Ибица е нешто сосема ново.. Тоа е новото поло само prereleased. Пракса стана на Фолксваген, да лансира прво модел кај Сеат, за да може да ги отстрани сите негативности кај своите модели, Голф, Поло, Пасат.... Значи блу, ако планираш да се подновиш со новата ибица слободно ти ја препорачувам, бидејќи, таа е солидно возило, со прележани детски болести.. 1 година на пазарот ги покажаа сите слабости, и сега тие се целосно отстранети.. Воедно порасна во меѓуоскиното растојание за разлика од старата, која беше најголема во својата класа.. што значи внатрешниот простор кај кабината доби на простор, посебно на задната клупа. Воедно се вградуваат новите ТСИ мотори кај неа.. Избегнувај го 1.2 моторот, тромав, бучен, мн. троши.. Мала е разликата во цена од 1.2 до 1.4. Електрониката е докажаната од Сеат Леон и Голф 5. Убаво возилце за пристојна сума.. Башка има екстра кампањи сега во Кадис...
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 12:01
blueprayer напиша:
ako sakas ekonomicnost mene nikoj ne mi veruva deka mesecno trosam samo 4000 den na gorivo (benzin). 5 mi e gradska 3 i pol otvoreno. a ne izlagam od kola.
|
Кој мотор го возиш? 1.0 или 1.2? Ако е со новиот Twinport мотор, тогаш тоа е екстра економично возилце...
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 12:04
blueprayer напиша:
volkswagen напиша:
Ибица е хаварија бетар од Леон пошто има исто потпирање , а е дупло помала. Плус, не е лошо да се избегаваат тие марки без традиција.... Оди на нешто проверено
| niso...Astrata mi preostanuvaa.... pa posle ke sanjame za edno Bmw-nce
|
Астрата ти ја препорачувам заради својот комфор, и квалитет на изработка.. не ти ја препорачувам заради потрошувачката.. 1.4 троши 10 л. и мн. повеќе во град... Гтц каросеријата е стварно убаво возило, ако е за млад човек.. за фамилија никако..
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 12:22
volkswagen напиша:
Верувај, ќе бидеш разочарана од непрегледноста на колата , од малиот простор во внатрешноста, од млитавиот основен мотор , малиот и неваријабилен багашник.......
|
Тука си ептен во право......
volkswagen напиша:
и уште мал милион негативни ствари.... ако имаш пари и сакаш вистински
секси расен спортист без размислување иди на Фолксваген Широко (VW
Scirocco) или Астра GTC |
Фолксваген Широко да... јаки мотори.. Астра GTC е само каросериска изведба.. т.е назив за моделот со 3 врати (Grand Tourismo coupe). Моторите се истите како кај хечбекот.... Нема ништо спортско кај неа.. OPC моделот е спорт тип... Ама не OPC line.. тоа е само кит опрема на колата.. т.е спојлери напред под браникот, на праговите, на задниот браник, и кровен спојлер..
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 14:07
Нема теорија Сеат да да биде Фолксваген. Ако беа исти-исто пари ќе беа. Сеатите се покрути од матичната марка, пробај ги ќе осетиш. Опелите имаат супер подвозје, ако биде помеко од тоа веќе ќе страдаат деловите на потпирањето по нашиве улици многу лесно. (пример имаш со француските коли , конкретко меган претходна генерација, на која предницата ја менуваат на „секој“ сервис. ). Што се однесува до потрошувачката на Астра , како и кај сите во тој сегмент основни бензинци троши од 9 па нагоре (зависи од режимот на возење). Не е тоа некоја голема потрошња за компакт Бронхи, ти си знаеш сепак, ама јас не би го зел леонот иако ми е преубав надворешно освен поклон ако не ми го дадат, пошто е ептен спортски поставен и ептен е неприфатлив за низ град. Блу, кажи што пари сакаш да одделиш за кола , па ќе пробам да ти издвојам неколку супер понуди кои ќе бидат и убави и квалитетни.
-------------
|
Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 22:00
Благодарам за помошта на сите, конечно си купив кола денес. Тојота Корола 2003г 1.6 VVT-i.
------------- Земете БРОНХИ полесно се дише
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 23:07
Топ избор.... со здравје да си ја возиш.... Ако може да знаеме која цена?
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 31.Декември.2009 во 12:43
Bronhi напиша:
Благодарам за помошта на сите, конечно си купив кола денес. Тојота Корола 2003г 1.6 VVT-i.
| е така бе мали Со здравје да се вози количето и безброј безгрижни километри ти посакувам Па.... прати некај слика од колата да ја видиме ако сакаш
-------------
|
Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 02.Јануари.2010 во 23:08
Гледав неколку, 8 мислам дека беа. Мојата е 2003, а останатите беа понови 2004-05. Најевтината од нив беше 7900е со околу 60 000км, ама дознав дека сегашниот газда и е четврти и реални има околу 210 000км. Убаво е да познаваш некој што работи препродажба на коли, сите што се сомнителни ги познаваат. Мојата ја платив 7000евра со 136 000км. Си ја тестирав во Тојота пред да ја купам и не и најдоа мана.
Инаку цените ги ставаат, барем оние што ги гледав од памет и сите бараа над 9000евра, но од старт ти пуштаат по 300-400евра, а за поише колку те бива
------------- Земете БРОНХИ полесно се дише
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 02.Јануари.2010 во 23:15
Uvek e taka.Nabivaat ceni za posle da spustat do tolku kolku sto planirale Bronhi so zdravje da si ja vozis
|
Постирано од: fotoja
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 23:22
kolku (ke) trosi Tojotata? :)
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 09:56
моја претпоставка е дека ќе троши околу 10л. во град...... но затоа пак моторот на тие модели посебно со ввти технологијата е премногу добар и нема смрт.....
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 15:59
ех... 10 онаа мојана што е со карбураторско, и од таа генерација што колите трошат премногу ми троши до 10 градска, а не пак современо тојотче. Мислам дека ќе оди и испод 9 на королката Па јапонец е, колку упаљач троши....
-------------
|
Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 20:01
Ако возам културно градска ПЛИН просечна 5,9л/100км вика она компјутерот, а ако ја стиснам ко шо си знам 11/12л плинче
Си ја сакам Тојотката. утре ја тераме малку низ Македонија, наредниве 3 дена планирам барем 500км да и сторам.
П.С. Најекономочна е во 4та брзина, 2000/2500обртаи - 60км/час. тогаш оди и под 5,5л/км. Имам 20и нешо литарска боца плин (во гепек на местото од резервната гума), ја наполнив цела кога ја купив и до сега имам поминато 342км и уште има, ме интересира до кога
------------- Земете БРОНХИ полесно се дише
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 17:38
Bronhi напиша:
Ако возам културно градска ПЛИН просечна 5,9л/100км вика она компјутерот, а ако ја стиснам ко шо си знам 11/12л плинче
Си ја сакам Тојотката. утре ја тераме малку низ Македонија, наредниве 3 дена планирам барем 500км да и сторам.
П.С. Најекономочна е во 4та брзина, 2000/2500обртаи - 60км/час. тогаш оди и под 5,5л/км. Имам 20и нешо литарска боца плин (во гепек на местото од резервната гума), ја наполнив цела кога ја купив и до сега имам поминато 342км и уште има, ме интересира до кога
| нема никаков мерач за тоа плинот? Види по пазарине, можиш да најдиш. Многу полесно ќе си минуваш
-------------
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 18:02
ne se za veruvanje... mnogu pati imaat zgreseno pa posle problem so palenje, pa na sred ulica izgasila i sl....
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 18:12
abe hunter ostavi go covekot ako ja zel kolata toj kje kaze kakva e
------------- Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 11.Јануари.2010 во 13:52
volkswagen напиша:
Bronhi напиша:
Ако возам културно градска ПЛИН просечна 5,9л/100км вика она компјутерот, а ако ја стиснам ко шо си знам 11/12л плинче
Си ја сакам Тојотката. утре ја тераме малку низ Македонија, наредниве 3 дена планирам барем 500км да и сторам.
П.С. Најекономочна е во 4та брзина, 2000/2500обртаи - 60км/час. тогаш оди и под 5,5л/км. Имам 20и нешо литарска боца плин (во гепек на местото од резервната гума), ја наполнив цела кога ја купив и до сега имам поминато 342км и уште има, ме интересира до кога
| нема никаков мерач за тоа плинот? Види по пазарине, можиш да најдиш. Многу полесно ќе си минуваш
|
Има сонда на боцата уште колку има во неа и пишти кога е при крај ама се уште не знам на колку, но сакав да знам колку километри ќе помине со една боца
Инаку вака викендашки боцата се испразни на 336,38 км, според километражата. Просек културно возење и беше околу 6-7 литри, ама Велес-Скопје потрошив четвртина резервоар (цело време на плин) и тоа не стигнав до дома. На обиколницата некаде кај излезот за Радишани почна да пишти сондата дека сум при крај и не ми се ризикуваше префрлив на бензин. Можеби имаше уште 4-5 литра плин, ама одев со 170км/час и не ми се ризикуваше да ми строкира. Максимум ја стиснав 185 (поише не ми се ризикуваше, нема асален пат за поголема брзина, и 170 на автопатот од Велес кон Скопје беше ризично, на два пати морав на тоа кривините асално да кочам, башка кај нас луѓето сметаат дека крајната лева лента е за возење, а не за претекнување. Ситуација 1: Југо пред тебе што вози некаде 100-110, а ти улетан доаѓаш и блендираш ко луд (настанов се случува синоќа околу 18.00 значи темно) типов ама нема намера да мрдне, не му чуе да се префрли недај Боже у средна лента да вози, истово ми се случи и со една вектра. Ситуација 2: најкултурно гледаш возило некаде светка пред тебе и пушташ средно светло, како се доближуваш блиндираш еднаш да му кажеш дека ќе го поминеш, го минуваш и типот ни не помислува да смени долгото со средно светло. Пушташ трепкачи да знае дека не ти е ОК, батката нема абер шо ми кажуеш. Ситуација 3: исто како претходново, само овој пат е камион кој откако ќе го поминеш ти пушта се што му свети напред. Типов имаше некои светла над кабината, ме оќоре. Ситуација 4: возиш у колона, чисто на километар пред тебе и сакаш да претекнеш, даваш лев трепкач, после 2-3 секунди тргаш, на типот пред тебе у истиот миг кога ти тргаш да го поминеш му текнува дека и тој сака да претекнува, само што ни на крај памет не му е да даде трепкач, за и другите да знаат што намислил. Ај закочив типов трга, јас чекам да ги помине (3 коли беа пред него). Ја минува првата, втората, тргам јас, ја минува третата јас го стигам, нема намера да се врати у десната лента туку стиска на тоа гаста мислиш животот му отиде ако ме пушти да го минам, а беше голф4 некој дизел чади зад него мислиш Џемс Бонд димни завеси пушта.
Еј се изнервирав само шо се присетив како ми го уништија колегиве-нешофери патувањето. Имам уште да прикажувам ама ме стегна желудников од нервоза.
Како и да е колата се покажа бомбонче, ржи кога ќе ја стиснеш, многу интересен звук: ти вели нема проблем, кај сакаш, кога сакаш, како сакаш, ама кога таа ќе посака Забележав дека обртомерот веднаш реагира на гаста, ама моторот не ја испорачува веднаш силата како што би очекувал туку некако рамномерно со некое задоцнување. Како да ја собира прво некаде и потоа полека ја испорачува. Личи на возење авион, прво брчи и потоа веднаш те лепи на седиште. Прашав, сите Тојотки биле такви шо имаат ВВТ-и мотор. Она малото i значело интелигенција
I love My TOYOTA
P.S. Боцата збирала околу 30, а не 20 литри.
------------- Земете БРОНХИ полесно се дише
|
Постирано од: EKCTPA
Датум на внесување: 11.Јануари.2010 во 14:32
ako bocata ti e vo vid na rezervno trkalo togash ti sobira 36-38l plin
------------- Немој да правиш мали планови, во нив нема магија...
Прави големи планови, цели високо во надежта и работата.
|
Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 11.Јануари.2010 во 17:13
EKCTPA напиша:
ako bocata ti e vo vid na rezervno trkalo togash ti sobira 36-38l plin |
Да! Тогаш супер. Преска ја наполнив собра 30 литра, 1050 денари. Значи резерва би требало да биде од 6-8 литра, откако ќе почне да пишти внатре.
Благодарам за инфото.
------------- Земете БРОНХИ полесно се дише
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Март.2010 во 08:32
Seat IBE - идниот Leon?
Seat на саемот за автомобили во Женева го претстави концептот со нулта емисија на штетни гасови, чиј изглед неверојатно потсетува на Audi A3. Се уште не се знае што ќе настане од овој интересен концепт.
Како што врз база на последната генерација на Audi A4 беше развиен моделот Seat Exeo, така сега би можело од моделот Audi A3 да настане новиот Seat.
Концептот Seat IBE е особено компактен. Должината на автомобилот изнесува 3,87 метри, а висината изнесува 1,2 метар. За погонот се задолжени електромоторите со сила од 102 KS и максималниот вртлив момент од 200 Nm. Тоа се слични параметри со оние од моторот 1.2 TSI, но разликата е во тоа што електромоторите не испуштаат ниту еден грам CO2.
Seat IBE е тежок помалку од еден тон, а забрзува до 50 км/час за 3,4 секунди, До 80 км/час за 6,3 секунди, а до 100 км/час Seat IBE забрзува за само 9,4 секунди.
Ова се одлични резултати за еден електричен автомобил. Со цел да се продолжи автономијата (односно бројот на поминати километри со едно полнење на батеријата), силата е намалена на 68 KS, а максималната брзина е ограничена на 160 км/час.
-------------
|
|