Збор два околу исхраната на милениците
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Животински и растителен свет
Опис на форумот: Раси, одгледување, ветеринарска заштита...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21215
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 20:03 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Збор два околу исхраната на милениците
Постирано од: NRGMKD
Наслов: Збор два околу исхраната на милениците
Датум на внесување: 18.Декември.2009 во 11:36
Ајде малце да продискутираме за тоа со што ние ги храниме нашите миленичиња, колку е тоа квалитетна исхрана, а колку е исхрана ради реда.
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Коментари:
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 18.Декември.2009 во 11:44
Јас конкретно мојата кучка ја хранам со дехидрат т.е класична кучешка храна претежно на база пилешко и зеленчук или јагнешко, пилешко и зеленчук од производителот Hill`s. Нормално целата исхрана не се сведува на тоа, туку во текот на една недела кучето добива и домашно приготвена храна специјално за неа, која содржи, парчиња говедско месо, пилешко месо, говедски коски, компир, моркови и ориз. Сето тоа убаво зготвено без никакви зачини, бидејќи сите знаеме дека зачините се многу штетни за кучињата. Инаку покрај главните оброци, кучето дневно добива млеко со рендани јаболка и моркови, или кисело млеко или јогурт со јајце и малку пивски квасец. Како адитив понекогаш користам од општо познатите препарати СА-37 или Кафортан.
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 18.Декември.2009 во 13:09
Veke dobro e poznato deka hranata t.e. primarnite konzervi za milenicinja se mnogu pozdravi od nasite salami i pasteti. Ako vaseto milenice e na zdrav rezim cel svoj zivot, dajte mu salama...ke se rasturi piejki voda....sto od kiselini sto od teskotija zasto tesko se vari..
Mojata macka koja ima 6 god (i momentalno mi spie potprena so glava na lap top) 80% e na zdrav rezim na ishrana od svojot zivot. Znae nekogas da si kasne maslinka, znae da si kasne pire i jogurt (cisto od sto gleda kako drugite jadat) no nejzina glavna hrana e zajacka, govedska, rakcinja ili pak misirkina primarna konzerva. Suvata hranai ja davam kako uzinka so zelencukov sos (vo koj ima i govedsko meso) od Whiskas... I se na se dnevno jade okolu 300 gr primarna hrana i okolu 80-100 gr suva
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 18.Декември.2009 во 13:22
Се извинувам за оф топик, но на сликава мачката ми изгледа како да го куцала постот и сега позира, слатко нема што
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 18.Декември.2009 во 13:23
NRGMKD напиша:
Јас конкретно мојата кучка ја хранам со дехидрат т.е класична кучешка храна претежно на база пилешко и зеленчук или јагнешко, пилешко и зеленчук од производителот Hill`s. Нормално целата исхрана не се сведува на тоа, туку во текот на една недела кучето добива и домашно приготвена храна специјално за неа, која содржи, парчиња говедско месо, пилешко месо, говедски коски, компир, моркови и ориз. Сето тоа убаво зготвено без никакви зачини, бидејќи сите знаеме дека зачините се многу штетни за кучињата. Инаку покрај главните оброци, кучето дневно добива млеко со рендани јаболка и моркови, или кисело млеко или јогурт со јајце и малку пивски квасец. Како адитив понекогаш користам од општо познатите препарати СА-37 или Кафортан.
|
И после некој ќе зборува за “кучешки живот“
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 18.Декември.2009 во 13:27
maria_magdalena напиша:
И после некој ќе зборува за “кучешки живот“
|
Bogami ako taka se grizi za site kucinja... togas i jas bi sakala da sum negova kucka
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 18.Декември.2009 во 13:37
maria_magdalena напиша:
Се извинувам за оф топик, но на сликава мачката ми изгледа како да го куцала постот и сега позира, слатко нема што
|
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 19.Декември.2009 во 16:04
Мачката на Блу е многу слатка, морам да ја пофалам. Убаво распоредени шари и тркалезна фацичка.
По препораки од ветеринарот моите зајковци ги хранам со дехидрирана храна за џуџести зајаци,ситна, богата со целулоза и многу важна за нивниот дигестивен систем, заби и крзно. Плус мора да им се дава и свежо сено секој ден, свежа вода, свеж зеленчук и овошје ко брокули, карфиол, моркови, цвекло, многу ретко зелка(не е добро за нивната сорта), спанаќ,јаболки, многу ретко јагода и банана.
Плус повремено им давам и свежи билки како босилек, мајчина душичка, магдонос и нане.
Секој ден и ги частам по некое специјално овошно бисквитче онакво за мотивација
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Декември.2009 во 16:27
se e ok, no jas bi ti rekla barem zino vreme rastvori im vo voda sulfonamidi....kolku za zastita od Kokcidioza. Fala za komplimentot
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 03.Февруари.2010 во 18:06
Еве неколку работи кои не смеете да им ги давате на вашите кучиња...
-Алкохолни пијалоци и јадења кои во себе имаат алкохол (можат да предизвикаат труење, кома, смрт).
-Храна за бебиња
(може да содржи кромид во прав, кој е многу токсичен за кучињата. Ако
се дава во поголема количина треба да се има во предвид дека не содржи
доволна количина на витамини и минерали кои им се потребни на
кучињата).
-Коски од риба и живина (можат да доведат до повреда на дигестивниот тракт)
-Храна за мачки (содржи голема количина на протеини и масти).
-Чоколадо, чај, кафе ...
содржат големи количини на кофеин (содржи кофеин, теобромин или
теофилин, кои можат да бидат многу токсични и да му наштетат на срцето
и нервниот систем)
-Агруми (можат да предизвикаат повракање)
-Грозје и суво грозје (содржат токсин кој може да ги оштети бубрезите)
-Додатоци во човековата исхрана кои содржат железо (можат да му сметаат на работата на дигестивниот систем и да бидат токсични за јетрата и бубрезите)
-Големи количини на џигери (можат да предизвикаат хипервитаминоза на витаминот А, што штети на мускулите и коските).
-Млеко и други млечни производи
(некои возрасни кучиња немаат доволно количество на ензимот кој го вари
млекото и затоа често доаѓа до дијареа. Најдобро би било да се користи
специјално млеко кое не содржи лактоза)
-Лук и кромид (свеж, варен или воправ, содржи сулфоксиди и дисулфиди кои можат да предизвикаат анемија)
-Домати и компири (содржат оксилати кои можат да влијаат на дигестивниот, нервниот и уринарниот систем)
-Свежи јајца
(софржат ензим авидин кој ја смалува абсорпцијата на биотинот (витамин
Б). Ова може да доведе до проблеми со кожата и влакното. Исто така, во
свежите јајца често има и Салмонела)
-Свежа риба
(може да доведе до дефицит на тиамин (витамин Б)што предизвикува губење
на апетит, грчеви, а во некои случаеви, кај помалите раси и смрт).
-Сол (ако се дава во поголеми количини може да доведе до нерамнотежа на електролитите во организмот)
-Храна во која има многу шекер (води кон дебелеење, проблеми со забите, дијабетис и сите проблеми кои ги носи дијабетисот)
-Остатоци од вашето јадење
(не се нутритивно избалансирани и не би требало да сочинуваат повеке од
10 % од исхраната на кучето. Маснотијата од месото треба да се извади,
а коските воопшто да не се даваат).
-Квасец за тесто
(може да предизвика многу болни гасови во дигестивниот систем. Во некои
случаеви знае да направи и озбилни проблеми во цревата и стомавот) http://www.mojnet.com/korisnik/demon/slika/slika-87775/87775"> http://www.mojnet.com/korisnik/demon/slika/slika-87776/87776">
http://www.mojnet.com/korisnik/demon/slika/slika-87775/87775 -
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Февруари.2010 во 18:53
Se dodeka ne dojde nekoj veterinar i ne mi obrazlozi zasto ova nekoj go napisal i koj toa go napisal-ne veruvam. Moeto kuce obozavase pivo, kisela voda,step sok.
Hranata za macki e istata sto i za kucinja samo vo pogolema ambalaza (a nekoi i vo pogolemi parcinja)-zboram za primarnata konzervirana hrana.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 03.Февруари.2010 во 19:17
хммммм зборуваме за често давање.........не некогаш во исхраната..... споредба со човекот кој обожава да пуши или да јаде хамбургер и да пивне повеќе...... а сепак делува негативно на органите..... така и кај животните тие можеби го обожаваат тоа но зборуваме за можни последици....... да дојде НЕКОЈ ВЕТЕРИНАР да образложи?? ахаааа сега ми е јасно... нажалост немаме на форумот доктор ветеринар ..... НО можеби ќе се регистрира благовремено некој
-------------
|
Постирано од: FANTASMA
Датум на внесување: 24.Август.2010 во 05:38
Да,да се е тоа точно напишано што несмее да се дава на кучињата.И јас такви ствари никогаш не му давам на моето куче.
Јас моето куче го хранам исклучиво со квалитетен дехидрат.Најчесто тоа е Eukanuba или Royal Canin со вкус на говедско и Purina ProPlan со вкус на лосос.
Мислам дека не постои куче што може да одолее на Purina ProPlan со вкус на лосос,мојата Пудла е луда по тој вкус.
Еве што можат и е препорачливо кучињата да јадат
-Варено пилешко месо,Риба од конзерва (најчесто сардина или туна),Ориз,Палента,Кисело млеко,Јогурт,Павлака,Јајце варено(не многу често 1 до 2 пати во неделата) а живата жолчка дава одличен сјај на влакното,Морков (да се избегнува да се дава на бели кучиња),Овошје,Зеленчук...
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 24.Август.2010 во 15:42
Зајците ги ранам со зелка, со кори од јаболки, моркови... што ќе се најде за грицкање.
Кучето со врска неам каква храна е таа, од кој производител. Обожава да лиже сладолед и да јаде патлиџани, што куче ќе беше незнам...
Џукелите низ двор ги хранам со остатоци од вечера/ручек, колку да не се фрлат.
Мачките ги раниме со коски од риби и со млеко и лепче.
И то...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: CuciTo
Датум на внесување: 24.Август.2010 во 22:52
па папагалите се знае шо јадат
просо ама понекогаш знае и да дојде и да проба од се што ние јадеме без разлика што е
------------- ★ Мајка го прашува синчето:
– Кажи ѝ на мама, како прави кучето?
– Ав, ав.
– А мачето?
– Мјау, мјау.
– А како прави глувчето?
– Клик, клик. ★
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 25.Август.2010 во 01:05
Na maceto i davame bukvalno SE!!! Skara, ribi, mleko!!! Poubavo jade i od mene nekogas!!!
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Октомври.2010 во 16:48
Потреби од калциум и фосфор кај кучињата и мачките
Калциумот и фосфорот се есенцијални минерали во организмот на кучињата и на мачките. Дневните потреби зависат од староста и од состојбата на кучето. Од сите минерали, калциумот е потребен во најголем износ. Тој е неопходен за организмот за многу функции вклучувајќи ги формирањето на коските, коагулацијата на крвта, контракцијата на мускулите и преносот на нервните импулси. Присуството на калциумот во составот на храната варира. Коските, млечните производи и одредени растителни продукти содржат големо количество калциум, додека повеќето житни зрна и месо содржат мали количества. Фосфорот е втор по ред минерал за кој организмот има релативно високи потреби. Месото и органите се со висока концентрација на фосфор. Недостигот од фосфор е сигнификантно кај хербиворите, додека кај мачките и кучињата дефицитот е исклучително ретка појава. Интензивното хранење со продукти кои содржат фосфор може да ја забрза прогресијата при реналната инсуфициенција. Многу состојки од храната кои се ниски со калциум се високи со фосфор или, пак, високи концентрации на калциум ги следат и високи на фосфор. Спроведувањето на адекватен сооднос помеѓу калциумот и фосфорот е неопходно да биде 1,2 дела калциум спрема 1 дел фосфор. Недостигот од калциум е една од најчестите појави кај младите кучиња. Исхраната базирана на месо не овозможува адекватно количество калциум и правилен сооднос со фосфорот. Во овие случаи се развиваат коскени абнормалности или рахитис. Коските стануваат меки, тенки и кршливи. Една од предностите на готовата храна е адекватниот сооднос на калциум и фосфор, со што се спречуваат ваквите појави. Додавањето калциум во високи дози кај младите кучиња од големите раси честопати предизвикува проблеми со коскениот апарат, кој се рефлектира со патолошки промени на коскеното ткиво.
-------------
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 18:12
Кучето на моите родители јаде само месо и коски.. Храната за кучиња не ни сака да ја помириса..
|
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 15.Јули.2017 во 19:14
moeto milenice e srce,mirno pitomo zlato.
|
|