Испечати | Затвори го прозорот

Македонците од САД се пребројуваат пред пописот

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Македонци ширум светот
Опис на форумот: Новости и активности на нашинците од сите континенти
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21181
Датум на принтање: 26.Април.2024 во 01:10
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Македонците од САД се пребројуваат пред пописот
Постирано од: kultuzin
Наслов: Македонците од САД се пребројуваат пред пописот
Датум на внесување: 16.Декември.2009 во 14:08
Македонците од САД се пребројуваат пред пописот

     
Да се регистрираат сите Македонци што живеат во САД затоа што ако покажеме дека сме повеќе, ќе бидеме повлијателни и признаени во американското општество



     
Со оваа цел, македонските организации во САД почнаа кампања за регистрација на Македонците на пописот на населението што треба да се одржи идната година. Коалицијата што ја сочинуваат околу десет македонски организации ќе ги едуцира македонските иселеници да се регистрираат како Македонци на пописот.

Како и многу други етнички групи, Македонците традиционално не беа вистински изброени, што водеше да бидат помалку влијателни во САД, оценува Обединетата македонска дијаспора. Идејата за формирање на коалицијата произлегла од форум на Интернет на една од организациите.

Според препораката на коалицијата, секој Македонец на пописот ќе треба во полето „други“ своерачно да впише „Македонец“. Преку утврдувањето на реалниот број Македонци, според коалицијата, граѓаните ќе имаат соодветен пристап до јавни и приватни услуги.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12169102675&id=9&prilog=0&setIzdanie=21863

Многу важна активност на дијаспората во Америка...



Коментари:
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 21.Декември.2009 во 16:06
E ај да видиме колку се сложни Македонците во Сад



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk