Испечати | Затвори го прозорот

Најмалите цицачи на светот

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Животински и растителен свет
Опис на форумот: Раси, одгледување, ветеринарска заштита...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21137
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 08:35
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Најмалите цицачи на светот
Постирано од: dimigor
Наслов: Најмалите цицачи на светот
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 17:32
Кога првпат го видов животинчево останав со зината уста.Изгледа како од научно-фантастичен филм излезено суштество.Рака на срце многу ми се допаѓа,преслатко е! Може ли некој да ми каже како се вика ова животно и ако знае каде може да се најде!Дефинитивно ако најдам си земам едно дома!
http://mesto.com.mk/video/c330c087887c9f4/ - Најмалиот цицач на светот!



Коментари:
Постирано од: сашо
Датум на внесување: 17.Декември.2009 во 12:46
pustinski skocimish, ne e najmaliot cicac na svetot

-------------
objektiv pred aparat, subjektiv pozadi


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 29.Ноември.2011 во 16:17
ТОП 5 најмали цицачи во светот
 
 
Можеби изгледаат слатко и неодоливо, но нивната големина помага многу
повеќе од само да изгледаат „слатко“. Тие се качуваат по тенки гранчиња за да уловат храна, се кријат во многу мали отвори, нивната „мала големина“ му дава голема предност.

alt

5. Пигмејски опосум

Иако изгледа како да е роднина со чинчилата, сепак пигмејскиот опосум е дел од фамилијата торбари, каде припаѓаат и кенгурите, тасманскиот ѓавол и коалата. Со големина од 5 – 10 сантиметри, пигмејскиот опосум тежи од 10 до 45 грама.

Тие се ноќни животни, а живеат во Австралија, Папуа Нова Гвинеја и Индонезија. За време на зимата, се свиткуваат во топка, ги покриваат очите со ушите и стапуваат во хибернација. За време на овој период тие не јадат и преживуваат од мастите кои му се складирани во опашката.

alt

4. Американски мал крт

Со тежина од само 10 грами и должина од само 10 сантиметри ова мало суштество заслужува да се најде на оваа листа. Има остри нокти со кои рие низ земјата, но за разлика од другите висови кртови ова мало кртче излегува и над земја и лови инсекти по грмушките.

alt

3. Пигмејски скокач

Изгледа како вкрстување на глушец и кенгур, но ова мало суштество е најмалиот глодар во светот со тежина од само 3 грами. Живее во врелите пустини, а најчесто се наоѓа во Пакистан, Авганистан и Кина. Достигнува максимална должина на телото од само 4 сантиметри, а опашката може да му биде долга од 7 до 20 сантиметри.

alt

2. Етрурски крт

Тежи само 2 грама или нешто помалку од тежината на монета од 1 денар. Достигнува должина на телото од 3 – 5 сантиметри, а опашката може да биде долга и до 7 сантиметри.

Интересно е што јаде два пати повеќе храна од својата сопствена тежина секој ден. Срцето му чука 25 пати во секунда, или 1500 пати во минута. Живее во јужните делови на Европа, северна Африка, на блискиот Исток и централна Азија.

alt

1. Лилјакот – бумбар

Дефинитивно најмалиот цицач во светот, лилјакот – бумбар тежи само 2 грама и има должина од 2 – 3 сантиметри (димензии колку поголем бумбар). Живее во варовнички пештери во шумите на Тајланд и Мјанмар. Нивните живеалишта се уништуваат со сечењето на шумите и урбанизацијата, заради што ова животно е прогласено како загрозен вид.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 18:29
pygmy-possum-02Pygmy possum


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 18:30

american-shrew-mole-02American shrew mole


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 18:31
pygmy-jerb-02Pygmy jerboa


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 18:32
etruscan-shrew-02Etruscan shrew



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk