Готик и Романтизам-целта на црковната архитектура?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21103
Датум на принтање: 30.Ноември.2024 во 16:37 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Готик и Романтизам-целта на црковната архитектура?
Постирано од: DDarko
Наслов: Готик и Романтизам-целта на црковната архитектура?
Датум на внесување: 10.Декември.2009 во 22:24
Во времето на романтизмот и готицизмот се граделе многу цркви, градовите биле преплавени од такви градби слични на замоци и римо католички цркви. Но, дали тие биле посебна гранка на Христијани, која е целта на тоа унапредување на таа архитектура? Дали нивните цркви имале римо католички карактер и дали само ги граделе за уметност или за да ги задоволат своите догматски потреби?
Што знаете за животот на овие луѓе од минатото, а и денес има луѓе занесени во тоа и живеат во современ Готик стил?
Дали во времето на Готицизмот и Романтизмот се користел латинскиот јазик за основна комуникација и за нивната проповед?
|
Коментари:
Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 12:46
Тоа се само архитектонски стилови кои обележале една епоха во Западна Европа.Не е тоа некој посебен народ или култура.
Колку што знам готските катедрали се така многу високи бидејќи се сакало да се истакне дека Бог е на небесата и зато идат до толку многу у висина,скоро како дека е недостижен.
Затоа и немаат сводови како во класичните цркви на Истокот на кои пак поентата им е да го престават целиот свет во мало.
Но сепак тоа се обиди вечното да се престави симболичното меѓу другото и преку архитектурата.
------------- Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 12:55
Kako arhitektura mi se dopagja mnogu, ama denesnive zabegani gotici..uopste ne mi praat keif
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 14:24
blueprayer напиша:
Kako arhitektura mi se dopagja mnogu, ama denesnive zabegani gotici..uopste ne mi praat keif
|
Денешниве Готици само го превземале црнилото и го трансвормирале стилот, нешто како Готско-анти-сатански-монаси. А тоа изгледа нешто вака.
-------------
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 12.Декември.2009 во 01:22
Мешаш два сосема различни поими во случајов.
Готика како архитектурен стил и Готика како стил на живеење.
Готиката како архитектурен стил настанува во доцното средновековие и во почетокот на Ренесансата, и се издвојува како уникатно европски стил. Еден од најимпресивните стилови на градење во историјата на човештвото. Мајсторството со кое се градени овие градби не е надминато дури ни денес. Со релативно примитивна техника, со примена на антички закони за градење и спојување на елементите (се појавува во ера во која Европа е опседната со антиката - почеток на 14-ти век), се градат градби кои се ненадминати и денес во својата прецизност, комплексност, детаљи. Голем дел од градбите не користеле малтер како сврзувачки елемент, туку самите камења биле редени така што да создаваат стабилни врски. Ова е првиот период во кој градбите почнуваат да се стремат да бидат што повисоки.
Во Македонија нема градби во овој стил. Најблиските се наоѓаат во Војводина, но тие не се особено значајни од архитектурна гледна точка. Една од најубавите градби изградена во овој стил е катедралата Свети Стефан (Stephansdom) во центарот на Виена, чија кула се издигнува на 136 метри височина. Детаљите на фасадата се толку бројни, што за да се разгледа секој поединечно, потребни се неколку години.
Во 19-тиот век се појавува нео-готиката во архитектурата, пред се во Англија и земјите под нејзино влијание (Канада - зградата на парламентот во Отава, градското собрание во Торонто, зградите на Универзитетот во Торонто), како и во Германија (најзначајна градба од овој период - катедралата во Келн).
Готските катедрали се католички, не е тоа некој посебен религиозен стил, правец или секта - туку е само архитектонски стил - а религијата е католицизмот.
Тоа е што се однесува на архитектонскиот стил.
Што се однесува до другиот дел од твоето прашање - готскиот стил кој денес е присутен и поимот кој се користи масовно...
Во 18-тиот век во Англија се појавува таканаречената Нео-готика, која се манифестира пред се во литературата. Има "опседнатост" со стари разрушени замоци (во тоа време ги има многу во Англија, како резултат на неколку вековни внатрешни конфликти), со вештерки, духови кои ги опседнуваат тие замоци и слично. Тоа се надоврзува на богатата традиција на вештерство на островот, која е оставена во наследство од келтите.
Особено во 19-тиот век се пишуваат многу романи со духови, со мистерии, со натприродни работи. Се појавува фасцинираност со вампири, врколаци и слични чудовишта. Кон крајот на 19-тиот век, има цело движење во Франција и Англија кое е следбеник на ваквите идеи.
Тоа замира за неколку децении, за да се обнови во раните 80-ти години на 20-тиот век, кога во Англија еден од ограноците на панк движењето почнува да го промовира овој стил, како форма на бунт против "добрите" во општеството, брзо бива потфатено од дел од хеви-метал движењето (особено во Америка) и станува дел од поп-културата. Се врзува и со засилената појава на сатанизмот и вештерството во САД, иако денешниот Гот веќе ја нема таа врска.
Нема никаква врска со готската архитектура, ниту со религијата од тоа време, туку е реален производ на 80-тите години. Во крајот на 90-тите малку замре ова движење, за сега во последниве неколку години повторно да е во пораст (сега веќе е "тренд", а не бунт против трендот како што било во 80-тите).
------------- Do what is right, come what may...
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 12.Декември.2009 во 04:38
DDarko напиша:
Дали во времето на Готицизмот и Романтизмот се користел латинскиот јазик за основна комуникација и за нивната проповед? | Латинскиот јазик со векови бил тоа што е денес англискиот, т.е. бил во меѓународна употреба од страна на интелектуалците во Европа. Проповедите низ црквите на запад биле долго време на латински јазик се до појавата на Мартин Лутер кој прв ја преведува Библијата на народен германски јазик во 16 век. Но и понатака повеќето книжевни дела, научни трудови, песни и тн. биле пишувани на латински јазик. Дури во 19 век почнува да преовладува францускиот и германскиот(во прв ред низ средна европа), за по 1945 год. почне се повеќе да се популаризира англискиот. За неколку децении можеби повеќе нема да биде ни англискиот туку шпанскиот или кинескиот
|
|