Возила за шофери од 7 до 77 години, кои никогаш нема да се заборават на овие простори...пред се , големи имиња
VW Golf 2 1.6D TAS - германеснец од Босна. Нашиот популарен „Гољф“ . Не верувам дека има човек кој поминал на бензинска станица,а не ги видел овие голфови кај што чадат и танкираат нафта за пампури Со минимална потрошувачка од 3.8 литри нафта на 100 километри стана најомилен во класата на ефтини „шпараџии“. Коли со бесмртен мотор и добро заштитени од корозија и сеуште едни од најбараните на пазарот
Peugeot 206 - кога се појави во 1998ма беше дизајнерски бум.СИмпатично, мало, економично , слатко - на прв поглед кола без мана. Доживеа старост од 11 години без да се симне од производната лента, а неговата популарност освен на јакиот дизајн се должи и на релативно ниската набавна цена.
Renault Megane II хеч- толку добра задница. Уште еден смело дизајниран французин кој ги зашемти припадниците, овојпат, на машкиот пол. Куп новости (пр. палење без клуч) ја означија генерацијата што се појави во 2002 година. Пред кратко престана неговото производство и беше заменет со убав, но не толку впечатлив модел
Ford Escort 5, 5b,6. - сите го знаат, а никој не го сака. Едно од најпопуларните имина на форд - Ескорт. Уште еден голем успех во пордажбата во Европа, а популарноста на оваа кола во Македонија се должи на ниската набавна цена како половно возило во Германија што ја имаше Ескорт во времето кога ги исполнуваше критериумите за увоз, а поради „детските болести“ и негрижата на сопствениците сега тешко се најдува примерок во завидна состојба
Daewoo Tico 0.8 - такси фраер. „Туна конзерва“ придвижувана од трицилиндраш. Количе кое направи растур во Романија, Македонија, Бугарија, Чешка и Полска. Ниска набавна цена како ново и половно возило. Во прво време најмногу го сакаа тазе положените шофери, а потоа му се „навртија“ и таксистите и не оставија ни еден здрав примерок . Потрошувачката на гориво се двиши околу 4 литри на 100 километри плин/бензин и издржува големи километражи (700-800 000км ) без ремонт. Се на се, нема лоши зборови за „лилипутанецот“ . Па кој би кажал нешто лошо за кола која не се расипува?
Lada Niva - популарен руски ренџер. Пред многу години, уште во поранешна Југославија оваа Лада стекна голема популарност пред се поради немање конк*ренција. Се појави уште во 1977ма година и освен што е направен еден незначителен фејслифтинг (штоповите се сместени хоризонтално , изменета е шал-таблата и управувачот) ништо се нема променето. Во класата на SUV отскокнува со невозможно ниската цена (околу 10 000 евра) и со добрите off-road карактеристики. Па...кога би му ставиле големи фелни со нископрофилни гуми, хромирани одбојници и убава фарба од него би испаднал добар шармер...
Skoda Felicija - Ренесансата на Шкода . По здружувањето на Шкода со Фолксваген, шкода обнови еден одамнешен модел - Фелиција. Новајлијата беше прв модел кој целосно ја носеше техниката од гигантот. Голем број продадени возила, голем број задоволни клиенти. Во 1998ма изби и на насловните страници со освоената награда „производител на годината“. Со тоа дефинитивно се поправи сликата кај народот што ја беше добил со Шкода 1000МБ (1000 мали брига )
Јас издвоив неколку, па чекам и вие да испратите некој вечен модел...
|