Испечати | Затвори го прозорот

Необично дрво само на необични места

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Животински и растителен свет
Опис на форумот: Раси, одгледување, ветеринарска заштита...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21018
Датум на принтање: 22.Ноември.2019 во 22:17
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Необично дрво само на необични места
Постирано од: bijonse1
Наслов: Необично дрво само на необични места
Датум на внесување: 05.Декември.2009 во 23:08
Необично дрво затоа што не сме го виделе, нека биде тука место за такви дрвја со слика и краток коментар за нив!

Image result for unusual tree



Коментари:
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 05.Декември.2009 во 23:32

Дрво непознато,но расте кај нас
Го има единствено на Преспанскиот остров Голем Град



-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 05.Декември.2009 во 23:35

http://media-cdn.tripadvisor.com/media/photo-s/00/1e/4f/76/joshua-tree-in-bloom.jpg

Joshua drvo


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 01:54
http://travel.mongabay.com/pix/nz-aus/600/nz_aus07-1277.jpg

EUKALIPTUS ..................( nemaj gajle calipso go smeniv naslovot sega si ok намигнување)


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 07.Декември.2009 во 17:21


Palma Chilena


Eднодомен зимзеленo  дoја достигнува височина од 30 метри и дијаметар до 1,1 m raste vo Chile do 1400 nad.visoch.



-------------


Постирано од: deranger
Датум на внесување: 07.Декември.2009 во 19:12



Raste samo po krajbrezhjeto na Kalifornija i severniot del....so rekordni 115 m i 7 m vo dijametar crvenata sekvoja e vistinski djin megu drvjata....


-------------
Simnat od visokite planini


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 18:11
http://eof737.files.wordpress.com/2009/09/baobab_-_alli_cooper.jpg
Баобаб
со просек на стеблото периметар  9-10 метри, на височина од 18-25 метри (во "Гинисовата книга на рекорди" за 1991 година го опишува дрво баобаб со пречник од  54,5 метри).
карактеристичен за австралиска полупустина и сувата савана на тропска Африка http://translate.googleusercontent.com/translate_c?hl=en&sl=ru&tl=mk&u=http://ru.wikipedia.org/wiki/%25D0%2590%25D1%2584%25D1%2580%25D0%25B8%25D0%25BA%25D0%25B0&rurl=translate.google.com&usg=ALkJrhg7_d1HNkO7LiGzo5dvavwU7MWdFA" rel="nofollow - .



Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 18:24
http://idi.bg/gallery/users/76/blogs/610/Image/baobab_tree.jpghttp://www.fotoart.org.ua/albums/userpics/Baobab_Bostwana.JPG
 Баобаб


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 18:26
http://byaki.net/uploads/posts/2007-12/1198611822_16.jpg               http://uaixblog.com/uploads/posts/thumbs/1196834569_20071204161641101_1.jpg
Баобаб


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 18:29
10%20удивительных%20созданий%20растительного%20мира                               10%20удивительных%20созданий%20растительного%20мира
Баобаб


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 18:30
10%20удивительных%20созданий%20растительного%20мира                         10%20удивительных%20созданий%20растительного%20мира
Баобаб


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 18:32

Баобаб


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 17:45
  http://www.carto.net/neumann/travelling/usa_california_2003_08/02_yosemite_sequoia_np_2003_08_11_to_17/147_sequoia_trees.jpg
sequoia drvo


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 17:47
   http://www.destination360.com/north-america/us/california/images/s/california-giant-sequoia-trees.jpg
sequoia drvo


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 17:49
http://www.tree-pictures.com/sequoia-trees.jpg

sequoia drvo


Хиперион (Hyperion) е име на еден примерок на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D0%B5%D0%BA%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B0&action=edit&redlink=1" rel="nofollow - секвоја во http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&action=edit&redlink=1" rel="nofollow - Северна Калифорнија со височина од 115.5 метри, и како такво, ова е највисокото дрво на светот. 

Дрвото било октриено од истражувачот Крис Еткинс и аматерскиот природонаучник Мајкл Тејлор во далечен предел на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A0%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D1%83%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD_%D0%B8_%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA&action=edit&redlink=1" rel="nofollow - Редвудскиот национален и државен парк откупен во http://mk.wikipedia.org/wiki/1978" rel="nofollow - 1978 , во времето на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%8F%D0%B8%D0%BC%D0%B8_%D0%9A%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B5%D1%80&action=edit&redlink=1" rel="nofollow - Џими Картер . Местоположбата на дрвото не се кажува заради посетителите кои би можеле да го нарушат http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BC" rel="nofollow - екосистемот околу него.




-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 18:17
Тема: НЕОБИЧНО ДРВО САМО НА НЕОБИЧНИ МЕСТА...

....aj , neobichni dva e vo red!...ama na neobichni mesta?изненадување....a, koi se pa obichni mesta?збунетост


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 18:37
Originally posted by brza brza напиша:

Тема: НЕОБИЧНО ДРВО САМО НА НЕОБИЧНИ МЕСТА...

....aj , neobichni dva e vo red!...ama na neobichni mesta?изненадување....a, koi se pa obichni mesta?збунетост


па на пример покрај пат кога идеш накај дома и во дворот на комшијта...
се обични , а необични места за нас....е таму ехехе  хехе еехеее далеку стрмно непознато.....трепкање
уништувач на забави......не%20зборувам   ајјј отвори Ти тема да те видам аа?? ајј ајде
Image result for unusual tree


Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 19:21
...a kaj mozesh da vidish sekvoja na primer,...mozebi na ona malku zelenilo megju trakite na avtopatot?изненадување

e,...toa bi bilo stvarno neobichno mesto !намигнување

inache,..ne sum rasipuvach,...samo analitichar...намигнување


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 21:04
Абе овие дрва нели беа спомнувани во `Малиот принц`?плазење

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 22:22
acacia....stepsko..pustinsko...samotno drvceнамигнување so rashirena kroshnja,..




-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: aurelianus
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 22:33
toa je akacija,t.z BAGREM,po naski.
kaj se najde u pustinja covece bozji.

-------------
8"


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Јануари.2010 во 17:21
                Related image      


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Јануари.2010 во 17:26

Бонсаи

Одгледување во саксија, како на дрвја така и на други видови http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" rel="nofollow - растенија , има историски почетоци уште во времето на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%B3%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D1%82" rel="nofollow - Египетската http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A4%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82_%D0%A0%D0%B0%D0%BC%D0%B7%D0%B5%D1%81_III&action=edit&redlink=1" rel="nofollow - Фараонот Рамзес III на стотина храмови подарил градини кои биле составени од маслинки, палми и други растенија посадени во саксии. И во стара Индија се саделе дрвја и други растенија во саксии за медицински цели и исхрана. култура и цивилизација. Постојат слики кои потекнуваат од 4000 п.н.е. и кои прикажуваат дрвја посадени во камени садови.

Изразот penzai првпат се појавува во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D0%BD%D0%B0" rel="nofollow - Кина во времето на Џин (Jìn Cháo) Династијата во периодот од 265 н.е. – 420 н.е. Со тек на времето оваа вештина се развива во нови форми во различни делови на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D0%BD%D0%B0" rel="nofollow - Кина , http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0" rel="nofollow - Јапонија , http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0" rel="nofollow - Кореја , http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B0%D0%BC" rel="nofollow - Виетнам и http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%B0%D1%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD" rel="nofollow - Тајван . Посебно одгледувањето на растенија во саксија било популарно во Јапонија во времето на кинеската Сонг, (Sòng Cháo) Династијата, период на голем развој на Кина, кога Јапонците присвоиле и примениле многу од кинеските знаења и вештини. Јапонскиот Зен калуѓер Kokan Shiren (虎関師錬), (1278-1347), во 1300 год. ги поставува естетските принципи за бонсаи, бонсеки и архитектонските принципи на јапонската градина.

На почетокот Јапонците ги одгледувале минијатурните дрвја во саксии за разубавување на нивните домови и градини. Подоцна одгледувањето на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%90%D0%B7%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%B0&action=edit&redlink=1" rel="nofollow - азалеатa и http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%80" rel="nofollow - јаворот станале симбол на богатство и престиж.

Една од најстарите познати живи збирки на бонсаи, која се смета и за национално богатство на Јапонија е збирката на царот, во која се наоѓа петиглестиот бел бор (Pinus pentaphylla var. negishi), познат како Сандај-Шогун-Но Мацу, за кој се претпоставува дека е стар околу 500 години и дека почнал да се одгледува како бонсаи уште во далечната 1610 година.

Денес одгледувањето бонсаи веќе не е привилегија на богатите, туку тоа стана светски позната http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0" rel="nofollow - хортикултурна http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A3%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82" rel="nofollow - уметност .

http://basik.ru/images/bonsai_museum/005.jpg                                              http://basik.ru/images/bonsai_museum/short.jpg

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 01.Февруари.2010 во 18:31

Златната палма (Chrysalidocarpus lutesces), припаѓа на фамилијата Palmae.
Потекнува од Мадагаскар, каде што расте во височина и до 10 метри. Во САД е позната како "Butterfly palm" или палма-пеперутка. Кај нас го добила името по златножолтите плодови. Оваа палма расте побрзо од Кензијата и затоа повеќе се користи како собно растение. За да расте нормално, треба да ја одржувате почвата оптимално влажна и да не дозволувате водата да се задржува во тацната подолго време. Од пролет до есен секоја недела во водата со која полевате додајте течно ѓубриво, а во зима еднаш месечно. На оваа палма и одговара место на источен или западен прозорец. Во лето температура што и одговара е 21-27 Целзиусови степени, а за презимување може да се чува на пониска температура, но не пониска од 15 Целзиусови степени. Во земја за саксиски растенија додајте една третина песок. Малите растенија пресадувајте ги секоја година во март или во април, а големите дури тогаш кога коренот ќе прерасне во саксијата.

Кокосовата палмичка (Microcoelum weddeliaum) потекнува од тропските краеви на Бразил.
Овој вид палма е тежок за одгледување затоа што бара многу топлина и висока влажност на воздухот. Иако се нарекува кокосова палмичка, нема ништо заедничко со големата кокосова палма. Има низок раст, така што дури и израснат примерок достигнува височина само 120 см. Оваа палма е една од ретките растенија, која поднесува постојано да има вода во тацната. Дури и мало просушување предизвикува потемнување на врвовите на листовите. Чувајте ја на многу светло место, но никако на директно сонце. Во текот на целата година држете ја на топло место, но не на температура пониска од 20 Целзиусови степени. Ако успеете да го одржите растението, пресадувајте го на секои две години и не користете преголеми саксии.

Цикасот (Cycas revolute) припаѓа на фамилијата Cycadaceae.
 Иако по изгледот прилега на палма, не припаѓа на фамилијата Palmae. Станува збор за сосема различно растение од фамилијата цикаси, кое нема ништо заедничко со палмите. Цикасите се најстари растенија во историјата на Земјата. Бидејќи неговите листови потсетуваат на листови од палма, многумина бараат да купат ваква палма - затоа се вбројува во фамилијата палми. Расте многу бавно, но е толку убав, што е вистинско задоволство да се одгледува. Ако се одлучите да го одгледате растението од семе, треба да поминат шест месеци за семето да про'рти. За да израсне растението до големина за собно одгледување, може да поминат и две години. Се полева умерено. Меѓу две полевања оставете ја земјата добро да се просуши и никако не дозволувајте да се задржува вода во тацната. Чувајте ја на светло место, заштитена од директно сонце, затоа што листовите може да изгорат. Во текот на целата година бара собна температура, но зимно време не смее да падне под 14 Целзиусови степени. Пресадувајте ја поретко, а во супстратот што го користите додајте и една третина песок.

Панданусот (Padaus veitchii) припаѓа на фамилијата Paadaaceae.
И овој вид само по надворешниот изглед потсетува на палма. Нејзините листови, кои се прошарани со бели ленти, спирално израснуваат од основата на растението. Лесна е за одгледување и за многу кратко време израснува во големо бујно растение. Се размножува многу лесно со одвојување на страничните избојци, заедно со дел од коренот, кога тој ќе израсне околу 20 см......... среќа


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 23:27

http://www.solipamet.com/wp-content/uploads/socotra-island-1042.jpg">socotra%20island%201042%20500x342%20socotra%20island%201042

Дрвја во облик на печурки....



-------------


Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 16.Април.2010 во 22:52


AAAAAAAA MOETO DRVCEљубов


-------------
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 16:04

Balerina drvo...

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 16:06
Related image


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 16:19

Кинески мебел
Бамбус дрвото  се многу популарни за правење мебел во Кина.

http://themetoday.com/wp-content/uploads/2009/05/bambus-brushes.jpg http://4.bp.blogspot.com/_gCzwTHKbEhI/SEI_1SRWwKI/AAAAAAAAAug/V-mqF-yWEhw/s1600-h/images.jpg">


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 16:23



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 16:24
%5bbamboodaruma.jpg%5dLaura%20Ashley%208%20Bamboo%20Tree%20and%20Pot
Bambus drvo


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Април.2010 во 16:28

 Садење бамбус во двор ?


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 02.Мај.2010 во 17:31
Парк со бонсаи...

http://lh4.ggpht.com/_dbiX2XwYWH4/ScpesoqraTI/AAAAAAAAA2k/NHiTegRef1g/DSC05867.JPGhttp://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/7/76/Bonsai_forest_at_the_gardens_of_pagoda_Yunyan_Ta.jpg


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 02.Мај.2010 во 17:50
http://i39.photobucket.com/albums/e168/dilemo/0804/IMG_1235.jpghttp://i39.photobucket.com/albums/e168/dilemo/0804/IMG_1247.jpg
 Бонсаи парк...
Тоа е убаво уреден простор каде може да се опуштите и уживате...се наоѓа на крајот од градскиот парк, наспроти хотелот Aleksandar Palace..... Локацијата е добро избрана, и делува како да е многу подалеку од градскиот бетон и сивило, кои се на дофат. Ширината и чистината на погледот кој се пружа од паркот, дава визуелно чувство на пространост и тесна врска со околниот парк и Водно во позадина. Површините со трева и растенија се добро избалансирани во природна врска  со  цветните аранжмани и природните камења и песок. Влезот не се наплатува, а функционира и како продажно место, каде може да си купите некое бонсаи. Колку што можев да видам, цените се движат од некои 700 ден. па се  до некаде 30-тина илјади денари....Покрај бонсаи, овде може да си најдете и доста интересни дрвца и грмушки, како и разновидни цвеќиња за вашите дворови и балкони..........да


-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 20:02

SILK COTTON TREE-Камбоџа


2034725546_971bc471f3




-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 01.Октомври.2010 во 17:25
Dracaena Tree





-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 23.Октомври.2010 во 21:12
Sequoia стара ни помлаку ни повеќе туку 2300-2700 год лоцирана  Giant Forest во Sequoia National Park, California. Во 2002 го доби ептетот за најголемо дрво во светот маса од 487 метра кубик наречена General Grant Sherman sequoia по името на америчкиот воен водач William Tecumesh Sherman...
 http://farm2.static.flickr.com/1397/1473677494_0e6271519b.jpg http://thecontaminated.com/wp-content/uploads/2008/05/world-biggest-tree-1.jpg http://qualityjunkyard.com/wp-content/uploads/2009/01/10-most-magnificent-trees-in-the-world-giant-sequoias-general-sherman-3.jpg

-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Март.2011 во 00:14



-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 04.Март.2011 во 08:49
Секој ден  од иста страна ветер и види што му се десило  на дрвцево....ццццизненадување

-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 07.Октомври.2011 во 19:46


-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 11.Јануари.2012 во 07:14
 


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 11.Јануари.2012 во 07:15
 


Постирано од: brza
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 01:26
ima edni preobichnindrva ,...na neobichni mesta  !
 
..koj ke pogodi ,..kade?


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 04:13
Originally posted by brza brza напиша:

ima edni preobichnindrva ,...na neobichni mesta  !
 
..koj ke pogodi ,..kade?


Во Вардарѓавол


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 22:39
Има едно дрво кај мене во канцеларија...
или тоа не е необично место?


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 07.Мај.2012 во 21:30
Не е баш необично,но вреди да се знаесреќа
 НАЈСТАРОТО БОНСАИ ДРВО СЕ НАОЃА ВО МАКЕДОНИЈА
 Бонсаито (мало засадено дрво во сад) потекнува уште од времето на египетската култура, а некои „се враќаат“ и до 4.000 години п.н.е. истражувајќи го неговото потекло.

Фараонот Рамзес Трети на стотина храма им подарил градини со маслинки и палми, кои биле засадени во саксии, а имале главно медицински, лековити цели.

Волшепството наречено „пензаи“ се појавува во времето на династијата Џин во Кина, во периодот од 256 – 420 година н.е., а во Јапонија се развива во времето на кинеската династија Сонг. Естетските принципи за бонсаи ги поставува еден јапонски зен-калуѓер, додека комерцијализацијата на бонсаито се случува дури во 19 век, кога завладува феудализмот во Јапонија, и тогашните трговци се среќаваат со тоа мало џуџесто дрво со огромна филозофија во себе.

Во 19 век бонсаито доаѓа и во Европа, а основоположник на бонсаи-културата во Македонија е Благоја Сотировски Џагуре. Според тврдењата на многу експерти по хортикултура од странство, првенствено на оние што се посветени на проучување на дрвјата бонсаи, во Македонија се наоѓа еден редок вид бонсаи дрвце – македонска зеленика.

Таа македонска зеленика, Вардарска долина, се смета за најстаро бонсаи во светот и го чека своето објавување во Гинисовата книга на рекордите, а денес се чува во градината на „Хорти експерт МК“. „Ова бонсаи е старо речиси цели 557 години, има дебелина на стебло од околу 36 сантиметри и не може да се спореди со моменталниот рекорд на бонсаи, кое е во Англија и е старо околу 300 години.

Нема споредба ни во староста, ни во автентичноста, ниту во убавината што ја има оваа наша зеленика. Цена не постои за ова бонсаи. Ни се јавувале многу колекционери од секој дел од светот, но македонската зеленика – вардарска долина, за нас нема цена, таа е нешто бесценето“, вели Мите Филков, косопственик на „Хорти експерт МК“ и вљубеник во бонсаи-уметноста.



-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 21.Јуни.2012 во 13:36
Originally posted by brza brza напиша:

ima edni preobichnindrva ,...na neobichni mesta  !
 
..koj ke pogodi ,..kade?


еве го!големо гушкањенамигнување





-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Јуни.2012 во 15:05
...bogami...od ovaa ,изненадување

...i na  taze mrtovec ke mu se....drvosa!намигнување


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 20.Октомври.2012 во 23:20



Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 23:33
Три врби во коритото на Вардар 


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 23:34


-------------


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Ноември.2014 во 06:30
Како се викаат искрено не знам дрвцава, интересни се, а се наоѓаат на островот Socotra


 


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Декември.2015 во 20:10






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Март.2016 во 17:10

Ова „Дрвото на животот“ – дрвото кое едноставно не сака да умре

Во Олимпискиот Национален Парк во Вашингтон се наоѓа дрво кое му пркоси на законот на гравитација. Борејќи се за својот живот, „Дрвото на животот“ се протега над бездна, закачувајќи се на карите со неколку цврсти ластари на своите корења.

Овој изненадувачки случај на растеж е резултат на тоа што карпата под него полека еродирала, но и покрај тоа, џиновското дрво продолжува да се бори за својот живот и да напредува.

http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/05/dr01.jpg" rel="nofollow">dr01

Неверојатното дрво сѐ уште разеленува секоја пролет и покрај тоа што неговите корења имаат многу мал допир со почвата. Иако бројни бури ја погодуваат крајбрежната област кадешто се наоа, сѐ уште не се превртело и осталано отпорно. Дрвото нема официјално име, но во областа го викаат „дрво на животот“ и „дрво-бегалец“.

http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/05/dr02.jpg" rel="nofollow">dr02

http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/05/dr03.jpg" rel="nofollow">dr03

Висечкото дрво не е единственото коешто успеало да расте во невообичаени услови. Друго „дрво на животот“ ги зачудува туристите со години – овој пат во Бахреин. Дрвото заштитено од УНЕСКО е старо приближно 400 годни. Се наоѓа во пустина и е единственото дрво со километри наоколу и покрај тоа што нема снабдување со вода. Се претпоставува дека дрвото црпе вода од длабочините благодарение на своите длабоки корења, но сѐ уште останува мистерија.

http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/05/dr06.jpg" rel="nofollow">dr06

Кривата Шума во Грифино, Полска, е исто така природно чудо сочинето од невообичаено искривени стебла. Покрај тоа, дрвото бомбакс (свилено памучно дрво) во Та Пром, Камобџа, е фасцинантна глетка со своите големи корења обвиткани околу чудесен храм.

http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/05/dr05.jpg" rel="nofollow">dr05

   http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/05/dr04.jpg" rel="nofollow">dr04




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Март.2016 во 17:33

Најстарите дрвја во светот

Некои од овие стари дрвја изгледаат прекрасно и величествено, и сѐ уште го обновуваат своето зеленило, додека други се исушиле и станале извртени, изветвени од пожари, ветришта и дожд. Како и да е, овие дрвја стојат како сведоштво за нивното преживување и нѐ потсетуваат за тоа колку краток е нашиот престој на оваа планета.

Метузалем, Инјо Каунти, Калифорнија

dr01

Метузалем е стар 4.840-годишен долговечен бор кој расте во Белите Планини во Инјо Каунти во источна Калифорнија. Многу години ова дрво се сметало за најстариот неклонски жив организам, сѐ додека приматот не му бил одземен со откритието на друг долговечен бор во 2013г. во истата област, коешто е старо 5.064 години.

dr02

Точната локација на метузалемското дрво се крие од јавноста за да се заштити од вандализам, и се знае само областа каде се наоѓа, како тоа дека расте на надморска височина од 2800 до 3000 метри.

dr03

dr04

Пандо, национален парк Фишлејк, Јута

dr05

Пандо, уште познат и како Треперливиот Џин, е трепетлика за која се претпоставува дека е стара 80.000 години. Се претпоставува дека дрвото има огромен коренски систем и севкупно растението тежи 6.600 тони, што го прави најтешкиот жив организам.

dr06

Секое стебло поединечно живее 40-150 години над земјата, но коренскиот систем на колонијата е долговечна, испраќајќи нови и нови стебла како што постарите умираат, ширејќи се околу метар со секоја година, понекогаш покривајќи и цели хектари земја.

dr07

Џаја Шри Маха Боди, Адурадапура, Шри Ланка

dr08

Џаја Шри Маха Боди е света смоква во Анурадапура, Шри Ланка. Се вели дека е јужна варијанта на дрвото Бод Гаја, под коешто Буда го доживеал своето просветление. Било засадено приближно во 288 г.пр.н.е. и е најстарото дрво засадено од човек во светот со познат датум на засадување. Денес тоа е едно од најсветите реликвии на будистите од Шри Ланка и е почитувано од будистите од целиот свет.

Старото Тико, Даларна, Шведска

dr09

Ова е 9.550 – годишна смрека за која се сметало дека е најстарото дрво во светот.

Лангернивска тиса, Велс, Велика Британија

dr10

Лангернивската тиса е древно дрво кое се распаднало и неговата срцевина е изгубена, останувајќи само со неколку огромни гранки.Дебелината на дрвото при дното изнесува 10.75 метри.

Јомпн Суги, Јакушима, Јапонија

dr11

Дел од светското наследство на УНЕСКО, Јомон Суги е најстарото дрво на островот и се смета дека е старо 2170-7200 години.

dr12

Сарв-е Абарку, Јазд, Иран

dr13

Сарв-е Абарку, наречено и „Зороастриски сарв“ е стар чемпрес во Иран. Се смета дека дрвото е старо најмалку 4000 години, живеејќи низ целата зора на човечката цивилизација која се појавила во негова непосредна близина. Многумина сметаат дека ова дрво е најстарото во Азија.

Алерке, Чиле

dr14

Во 1993 година во Алерке бил најден примерок на чемпрес во Чиле стар 3622 години, со што тоа е најстарото дрво од било кој друг жив вид на дрво, веднаш после долговечниот бор.

Маслиновото дрво од Вувес, Крит, Грција

dr15

Маслиновото дрво од Вувес е веројатно една од најстарите маслини во светот и се наоѓа во селото Ано Вувес на островот Крит, Грција. И покрај тоа, ова дрво сѐ уште раѓа маслини.

dr16

Точната возраст на дрвото не може да се процени, бидејќи срцевината со текот на вековите исчезнала. Но со анализа на годовите се утврдило дека е старо најмалку 2200 години, а некои научници од Крит сметаат дека е двојно постаро.

Патриарка Де Флореста, Санта Рита До Паса Кватро, Бразил

dr17

Веројатно најстарото неиглолисно дрво Бразил се проценува дека е старо приближно 3000 години. Неговото име значи „Патријарх на шумата.“

Светиот банјан, Џјотисар, Индија

dr18

Светиот банјан наводно бил сведок кога богот Кришна го донел учењето за кармата, и се смета дека дрвото е старо 5000 години.

dr19

Локалната традиција вели дека е разгранок на оригиналното дрво, така што не е сосема јасно дали ова дрво е толку старо колку што се тврди.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Март.2016 во 17:39

17 прекрасни дрвја што докажуваат дека природата е способна за неверојатни нешта

Сложени и убави, дрвјата се едни од најпрекрасните чуда на светот на природата и се извор на разни неопходни нешта за човекот уште од самите наши почетоци.

Метузалем стар 4.843 години

drv01

Сместен во Белите Планини во Калифорнија, се смета дека овој долговечен бор е најстариот жив организам сѐ до пронаоѓањето на уште еден кој е стар 5000 години.

На едно дрво растат 40 вида овошје

drv02

drv03

Ова дрво е скалемено така што може да расте 40 различни видови на овошје, почнувајќи од праски до цреши. Вистинско современо чудо, кое ги отвара вратите за слични вакви дрвја кои можат да помогнат во исхраната на луѓе во сурови средини.

144-годишна јапонска розова глицинија

drv04

Покривајќи површина од преку 2000 квадратни метри, ова дрво е дел од цветниот парк Ашикага во Јапонија уште од 1870 година. Поради природата на ширењето на глициниите, неговите тешки гранки денес се крепат на метални структури овозможувајќи им на туристите да прават неверојатни фотографии под неговата крошна.

Генералот Шерман, џиновска секвоја, е највисокото дрво во целиот свет

drv05

Наоѓајќи се во Националниот парк Секвоја во Калифорнија, ова величенствено дрво е високо преку 83 метри и се смета дека е старо помеѓу 2300 и 2700 години.

Африканските дрвја боабаб

drv06

Изгледајќи како нешто од некоја друга планета, дрвјата боабаб својот уникатен облик го должат на тоа што водата ја складираат во нивните стебла, поради долгите суши во суровите африкански климатски услови. За некои од овие дрвја се утврдило дека за време на дождовните сезони во нивните стебла успеваат да складираат преку 120.000 литри вода.

Ангелски даб

drv07

Се смета дека овој даб, кој се наоѓа во Чарлстон, Јужна Каролина, е стар речиси 1400 години. Некои од неговите гранки се долги околу 60 метри.

Циркуски дрвја

drv08

drv09

Овие генетски модифицирани дрвја биле дизајнирани од страна на хортикултурологот Аксл Ерландсон. Дрвјава можат да се виткаат во секакви форми, правејќи ги вистинска жива атракција.

Костенот на стоте коњи

drv10

Најстариот костен во светот е стар околу 4000 години, но тоа што го прави посебен овој сицилијански костен е легендата за него. Соред приказната, за време на едно невреме под него се засолнале 100 витези, што му го дало името на ова дрво.

Еукалиптус-виножито

drv11

drv12

Овие разнобојни дрвја имаат темнозелена кора која често ги менува нијансите со текот на возраста или како последица на влијанието на временските услови, што го прави да изгледа речиси како виножито.

400 годишно јапонско бонсаи

drv13

Иако сепак не е најстарото бонсаи, ова дрво е особено бидејќи успеало да ја преживее нуклеарната бомба врз Хирошима во 1945. Сега се наоѓа во Националниот Бонсаи музеј во Вашингтон, САД.

Дрвото од Туле

drv14

drv15

Овој чемпрес се наоѓа на градскиот плоштад во Санта Марија дел Туле во Мексико. Се смета дека неговото уникатно стебло е најдебелото во светот. Не се знае за точната старост на дрвото, но проценките се движат од 1200 до 5000 години.

Боаб дрвото-затвор

drv16

Шупливото стебло на ова боаб дрво во Дерби, Западна Австралија наводно било употребувано од страна на австралиските абориџини како затвор за нивните злосторници. Се разбира, ова е само легенда и нема цврст доказ дека навистина било така.

Уште еден стар даб, The Major Oak – стар 1000 години

drv17

Сместен во срцето на шумата Шервуд во Нотингамшир, Англија, ова дрво наводно било скривалиштето на Робин Худ. Во последните години станало слабо, поради што сега неговите гранки се поддржувани од структури направени од човечка рака.

Банјан

drv18

drv19

Банјан е вид смоква која започнува да расте врз стеблата на други дрвја. Дрвото домаќин на крај умира скапувајќи, давајќи му го препознатливиот „издлабен“ изглед на банјанот.

drv20

Неговите шуплини се дом за најразлични видови животни.

Маслината од Вувес

drv21

Се смета дека ова е најстарата маслина во светот. Проценето е дека Маслината од Вувес на Крит, Грција, е стара преку 3000 години, и сѐ уште раѓа маслини кои се крајно скапи.

Накривените дрвја од Слоуп Поинт, Нов Зеланд

drv22

drv23

Разните дрвја кои растат во јужната област на Нов Зеланд постојано се изложени на силни ветрови од Антарктикот. Нивната препознатлива накривеност е потсетник за издржливоста на Мајката Природа.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Март.2016 во 17:51

Шумата од 400 искривени дрвја во Полска сѐ уште претставува мистерија за научниците


Во Западна Померанија, Полска, има една шумичка со обични борови којашто стана позната поради еден мал заплет во приказната – сите 400 стебла кои се наоѓаат таму имаат чудна закривеност кај нивниот корен.Дрвјата биле засадени во 1930 година во област која тогаш ѝ припаѓала на Германија.

Сите дрвја веднаш над почнвата имаат чудно скршнување од 90 степени, за потоа пак да почнат да се извишуваат во грациозна закривеност. Нивниот чуден, но прекрасен изглед совршено е овековечен во фотографиите на Килиан Шонбергер.

Никој со сигурност не знае како и зошто овие дрвја се искривени, но повеќето веруваат дека тоа се случило преку однапред смислен вештачки механички процес. Други пак теоретизираат дека мистериозната закривеност е резултат на обилен снег. Што и да е причината, со сигурност е глетка која заслужува да се види.

http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/12/dr01.jpg" rel="nofollow">dr01 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/12/dr02.jpg" rel="nofollow">dr02 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/12/dr03.jpg" rel="nofollow">dr03 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/12/dr04.jpg" rel="nofollow">dr04 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/12/dr05.jpg" rel="nofollow">dr05 http://www.motika.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/12/dr06.jpg" rel="nofollow">dr06



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 09.Јуни.2017 во 23:02
Image result for unusual tree


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Мај.2018 во 16:47

Dracaena cinnabari – змејско крваво дрво

Топ 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светот

Овој вид е најверојатно еден од најпознатите и најкарактеристичните видови на островот Сокотра во Индискиот Океан. Неговиот изглед е во форма на превртен чадор и има густа крошна. Ова е зимзелен вид кој лачи темно црвена смола што потсетува на крв по што го добил и своето име.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Zelenikovo
Датум на внесување: 09.Август.2018 во 02:30
Originally posted by <font color='#0000FF'>http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21018&PID=3096310#3096310 rel=nofollow</font> - <u>Valerija</u> http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21018&PID=3096310#3096310 rel=nofollow - Valerija напиша:

]Метузалем, Инјо Каунти, Калифорнија


интересно уште малку и ќе се поклопи со Библискиот Метузалем

https://christianity.stackexchange.com/questions/3595/significance-of-methuselahs-death-year" rel="nofollow - https://christianity.stackexchange.com/questions/3595/significance-of-methuselahs-death-year

единствено што тој би бил тродупло постар како период во кој живеел доколку репер е претпоставката дека тој живеел во малото ледено доба

http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15648&PID=3127614#3127614" rel="nofollow - http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15648&PID=3127614#3127614

простете за дигресијава, но не можам да постирам во подфорумот Вероисповест каде сакав да потенцирам зошто живееле толку долгу првите земјани т.е. ако земјината ротација била успорена од одреден фактор пр. ко на МерК*р или Венера денеска, тоа би било и возможно да терале накај илјадарка некогаш Луѓето тука, дали!?

https://www.exploratorium.edu/ronh/age/" rel="nofollow - https://www.exploratorium.edu/ronh/age/

https://www.universetoday.com/37507/years-of-the-planets/" rel="nofollow - https://www.universetoday.com/37507/years-of-the-planets/

не сум на чисто бидејќи матиматички сум мрзлив но и за староста кај Лушето сигурно постојат и други варијабили ко и кај староста на земјата

https://discourse.biologos.org/t/how-did-people-like-methuselah-and-adam-live-so-long/498/12" rel="nofollow - https://discourse.biologos.org/t/how-did-people-like-methuselah-and-adam-live-so-long/498/12



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk