Испечати | Затвори го прозорот

Охрид или некоја дестинација во странство??

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20996
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 11:19
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Охрид или некоја дестинација во странство??
Постирано од: tevis
Наслов: Охрид или некоја дестинација во странство??
Датум на внесување: 04.Декември.2009 во 13:00
Za letovanje povekje bi otishle vo Ohrid i ludo bi se zabavuvaleee (mislam mladi znaete kako e vo ohrid :D:D:D) ili nekoja destinacija vo stranstvo?



Коментари:
Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 04.Декември.2009 во 20:57
охрид :D :D :D


Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 04.Декември.2009 во 20:59
груевски кога бил во охрид рекол:

-Ох’ид е г’ад на г’адовите, ние дојдовме тука тука со п’ичина :D :D хехе


Постирано од: Момче Македонче
Датум на внесување: 04.Декември.2009 во 22:49
Само што не беше ова за Охрид, туку за Прилеп или Битола. Инаку зашто прашањево е Охрид или странство? Па Охрид не е единтствено место каде што може да се оди во земјава на одмор. Јас ќе одам во еден мал град, каде што секогаш можам да се смирам, да се надишам чист воздух и да се одморам од скопскиве гужви

-------------
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Декември.2009 во 22:51
И коj е градот?

-------------


Постирано од: tevis
Датум на внесување: 05.Декември.2009 во 19:49
Hahaha


Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 06:36
Ama sporedba sto da ti kazam, abe kakov Ohrid, ne doagja vo obzir.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 17:08
Септември и Охрид одлична комбинација...кога може да го дишеш и почувствуваш градот.А за омор и забава....море шо да реча море си е море

-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 17:16
ohrid!....mnogu jadsno,...dusha bi dal za nego,...i...jasno.... gazot!среќа

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: viks13
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 18:45
знаеме како е во Охрид да :)) ама знаеме како е на море
Странство без ,многу мислење


Постирано од: Biolica
Датум на внесување: 24.Февруари.2010 во 14:37
Sporedvate babi i zabi.
Ke odam dve nedeli all inclusive Italija ( Sicilija)
Ke odam i Ohrid , domasen raj , sonce ,koktelcinja , vecera taze riba na zajdisonce so bela Aleksandrija , prosetka okolu Biljanini , na plaza Trpejca , na setknaje po Ohridski cikmaci , mirot na dusata deka si domce ne se dobiva nigde na drugo mesto .
baska dzomleze nemet vo Italija , capishe?намигнување


Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 13.Мај.2011 во 20:08
Охрид секогаш поскап од Грција

Аранжманите коишто ги нудат туристичките агенции за летување во Охрид се многу поскапи отколку во Грција, велат туристичките агенции.
 
За месец јуни евтините аранжмани кои нудат седум ноќевања со превоз на некои од грчките плажи се продаваат по 50 евра, додека ноќевање во Охрид во приватно сместување изнесува од околу 10 евра па нагоре.

„Охрид е многу поскап во однос на сместувањето, додека вонпансионските услуги во Грција како цените за јадење и кафе се повисоки. Ние имаме и аранжмани како за Египет и Тунис, кои се поевтини од сместувањето во Охрид“, вели за „Макфакс“ Александар Стојчевски од туристичката агенција „Еуро Травел“.

Тој појаснува дека причината за оваа разлика во цените е тоа што во странство хотелите директно им се даваат на агенциите во одредување на цената, додека кај нас хотелите нудат една цена, а агенциите друга, при што се создава нелојална конк*ренција.

За престој во Охрид освен холандските туристи, Стојчевски вели дека се очекуваат и посетители од Србија, Бугарија а има најави и за туристи од Германија.

Македонските граѓаните, според македонските туристички агенции, и ова лето се најзаинтересирани за патување во Грција и Турција.

Извор: http://www.makfax.com.mk/ - Макфакс


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 14.Мај.2011 во 12:16
Без пиштол повеќе не одам во Охрид... загриженост не%20зборувам
 
ΕΛΛΑΣ ROULES. голема%20насмевка
 
Значи обожувам да одам во Грција вон сезона... љубов некаде октомври, ноември, си јадам гиро под Акропол, си разгледувам културно-историски споменици, музеи, археолошки локалитети... абе милина... љубовголемо%20гушкање


Постирано од: brza
Датум на внесување: 14.Мај.2011 во 16:05
 
аплауз
...se drugo...pa i nekoja zabokrechina e podobro od.....ohrido-ot!да


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 22.Мај.2011 во 07:00
За мене во Охрид се оди (и тоа вон сезона) на симпозиуми, семинари, конгреси, и сл. а може и на понекоја добра свадба, но не за одмор - скапо е а неквалитетно, освен убавата глетка на Охридското езеро од Канео и други повисоки места.

На одмор се оди во Хрватска, Грција, В.Британија, Словачка(зимно време особено), Норвешка, Канада, Тајланд, Виетнам...


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Мај.2011 во 11:39
Потполно е во право Мајкл!
Охрид како град го сакам,таму ми помина детството имам убави спомени врзани со Охрид,но екстремно високите цени како да влијаеа и на туризмот затоа е намалена посетеноста,па кој би се решил да фрли 1000 евра за десетдневен  одмор во Охрид кога би можел да додаде на планираната сума уште нешто и да си мине одмор со сите нишани на море?!збунетост
А за конгреси,семинари и викенд посета и јас сум ЗА и задолжително одам 2 пати годишно.


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 22.Мај.2011 во 15:07
Од што многу ја „сакам„ Македонија, само еднаш у мој живот имам отидено во Охрид и да ме праша некој странец во врска со туризмот во Македонија, би му препорачала да си иде на викенд во Дојран и да продолжи накај Грција.

А вакво мислење ко мене ќе има секој оној кој е максимално разочаран од државата и изгубил желба за се што е поврзано со Македонија.
Значи дојдена сум до тој степен што не ми е убаво тука во Мк, едноставно не можам да живеам во држава во која сите лажат ....секоја чест на исклучоци , искрени луѓе....

Веќе ми е дојдено преку глава од лицемерни луѓе, од луѓе кои гледат само да ја искористат твојата добрина, од луѓе кои бараат само да им завршиш некоја услуга, од неблагодарни луѓе ,од нехумани луѓе,  од луѓе кои гледаат да те наместат дека си виновен за нешто за што ти поима немаш и од луѓе кои ти се мешаат во приватен живот.

Крајно сум разочарана и апсолутно ништо не ме интересира за Македонија,  исто ми се фаќа дали ќе ја бомбандираат државата, дали ќе го менат името, не ме интересира ништо.

Не ми е јасно како може да сме толку мрзелив народ, па толку вулгарен,  безобразен , да се немало основна култура и почит кон повозрасен.

Од денеска секој од вас може да ми се обраќа со прекар анти - македонка , бидејќи нема ништо што би можело барем малку да го смени лошото мислење што го имам за Македонија во целина. ненене


П.С.  Што се однесува до работа и кариера, за џабе има, кога цело време работиш со нелуѓе, со душмани.болен


-------------


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 24.Мај.2011 во 23:49
далеку од тоа дека туристите би ги отерал во Дојран и Грција, какво е тоа размислување?
ме нервира што Охрид постојано ни се сервира како главна македонска туристичка дестинација, тоа што го има во Охрид го има насекаде низ Македонија и никој не се обидува ни малку да размисли, имаме многу потенцијал, а сеуште вртиме муабети за Охрид и за тоа како биле цените и услугите таму, а и реално гледано доколку Охрид има конк*ренција, ќе видите како одма ќе се скротат и ќе научат како се води бизнисот...

штосе однесува до прашањево, преферирам да биде Македонија или Странство и би ги одбрал и двете, реално гледано, авантуристичка душа сум и сакам сите ќошиња на светот да ги разгледам, но најпрво сакам да си ја посетам цела македонија, кога ќе имам време и шанса, веднаш би прошетал на неколку турнеи во различни области...

мене воопшто не ми значи дали таму каде што ќе одам има плажа, никогаш не сум посетил место поради тоа, иако пливањето ми е омилен спорт, едноставно сакам да ја запознаам културата на местата кои ги посетувам и се што спаѓа во неа, најмногу луѓето да ги запознаам
во Охрид бев во последниве три години и скоро воопшто не ни бев на плажа
Охрид според мене е град што само еднаш се посетува како туристика дестинација, а повторно би отишол на културни манифестации и толку, нема што секоја година да одам таму, дури и условите да се совршени

да не збориме што низ Македонија има многу природни и вештачки езера и и таму е поволно да се развие туризам, а да не збориме за угостителски објекти во чиј склоп има огромни базени со „плажа“ како што има во странство, јас иднината на туризмот ја гледам во тоа


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Мај.2011 во 00:08
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

далеку од тоа дека туристите би ги отерал во Дојран и Грција, какво е тоа размислување?
ме нервира што Охрид постојано ни се сервира како главна македонска туристичка дестинација, тоа што го има во Охрид го има насекаде низ Македонија и никој не се обидува ни малку да размисли, имаме многу потенцијал, а сеуште вртиме муабети за Охрид и за тоа како биле цените и услугите таму, а и реално гледано доколку Охрид има конк*ренција, ќе видите како одма ќе се скротат и ќе научат како се води бизнисот...
 
 
баш ме заинтересира твојот пост и сакам да ми кажеш која е конк*ренцијата на Охрид во Македонија односно летен туризам или било каков туризам.Без зимски се разбира.
 
п.с. несакам да ти одам контра.Само сум радознален да видам која му е конк*ренцијата на Охрид.мечтаење


-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Мај.2011 во 00:37
 moree,..sega so skopskite plazi,...mamata ke si ebat ohridgjani.....definitivno !смеење

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 25.Мај.2011 во 02:47
Originally posted by емил емил напиша:

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

далеку од тоа дека туристите би ги отерал во Дојран и Грција, какво е тоа размислување?
ме нервира што Охрид постојано ни се сервира како главна македонска туристичка дестинација, тоа што го има во Охрид го има насекаде низ Македонија и никој не се обидува ни малку да размисли, имаме многу потенцијал, а сеуште вртиме муабети за Охрид и за тоа како биле цените и услугите таму, а и реално гледано доколку Охрид има конк*ренција, ќе видите како одма ќе се скротат и ќе научат како се води бизнисот...
 
 
баш ме заинтересира твојот пост и сакам да ми кажеш која е конк*ренцијата на Охрид во Македонија односно летен туризам или било каков туризам.Без зимски се разбира.
 
п.с. несакам да ти одам контра.Само сум радознален да видам која му е конк*ренцијата на Охрид.мечтаење
па тоа е поентата, нема конк*ренција, покрај толкави потенцијали за баш било каков вид на туризам меѓу кои и летен, цела Македонија е сведена на Охрид бидејќи очигледно мозокот ни го имаат испрано со него...



-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 15.Септември.2011 во 16:55
Originally posted by tevis tevis напиша:

Za letovanje povekje bi otishle vo Ohrid i ludo bi se zabavuvaleee (mislam mladi znaete kako e vo ohrid :D:D:D) ili nekoja destinacija vo stranstvo?


Охрид е убав. Тој е наш бисер.
Но, прошетајте маку низ просторите на државата во чии склоп како федерална единка до 1991 година бевме. Запознајтеги сите нејзини УБАВИНИ, и вратетесе побогати со една импресија и задоволство, но и тага затоа што некој направи тие простори за секого независно дали е македонец, србин, црногорец, хрват, босанец или словенец, во секоја поранешна федерална Република од тоа време денес мора да влезе како небаре оди во Америка.ДА. Токму така, како да оди во некоја странска земја. Но, сепак после завршувањето на сите лудории во последниве неколку години сепак сечувствуваме како да сме заедно.
Прошетајте за да го доловите тоа чувство.
Чувство на задоволство .




-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Септември.2011 во 01:33
vo ohrid-ot ,...na mochanje samo,...mislam,...vo ezeroto ! да

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 07.Декември.2011 во 11:22
Според Lonelyplanet Охрид спаѓа во топ 10 места на светот за посета .............. према џебот.... вредноста намигнување
 
 

8. http://www.lonelyplanet.com/macedonia/southern-macedonia/ohrid" rel="nofollow - Ohrid , Macedonia

There’s always a race for the next big thing in Europe, and budget-friendly Macedonia is rising in popularity for its mountainous setting of vineyards, lakes and Byzantine churches; it’s also a mainstay stop-off on Balkan trips. Beyond the lively capital Skopje, the spiritual heart is three road hours’ west at http://www.lonelyplanet.com/macedonia/southern-macedonia/ohrid" rel="nofollow - Ohrid , a lovely town with a medieval castle looking over church-lined hilly streets and the lush coastline of Lake Ohrid. Private rooms are easy to find for €10 euro or less, while opulent historic villas turned into B&Bs run for under €50 (US$71.50). Bus services run to sites along the lake coast, including Galičica National Park with hiking, boating and swimming spots.

For info on local services, contact http://www.lostinohrid.com/" rel="nofollow - Lost in Ohrid .

http://www.lonelyplanet.com/usa/travel-tips-and-articles/76857" rel="nofollow - http://www.lonelyplanet.com/usa/travel-tips-and-articles/76857


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 07.Декември.2011 во 23:21
малку ме иритира што охрид е „туристичката дестинација“ на Македонија, ако не одам во странство, порадо би направил една тура низ земјава, одколку да одам „на одмор“ во Охрид, во Охрид би одел ако има некој посебен настан таму или пак на кратко, на една вечер


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 08.Декември.2011 во 13:39
Се согласувам so zabegan, еве ако мора да биде во Македонија, нека биде Преспа, Берово, Битола сосе Пелистер!

-------------
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!


Постирано од: bond....james b
Датум на внесување: 08.Декември.2011 во 19:20
aaahhh,
'' Ohrid,.....sweet Ohrid'' !да


-------------
You live only ONCE!


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 19.Јули.2012 во 17:42
Што подалеку, тоа подобро и поквалитетно...а богами и поефтинода


Ох­рид­ски­от кре­вет двојно пос­кап од грч­ки­от


Не се па­ме­ти ко­га Ох­рид во овој пер­и­од од лет­на­та се­зо­на имал тол­ку мал­ку гос­ти. Не­о­фи­ци­јал­но, на ри­ви­е­ра­та ги има не­кол­ку ил­ја­ди, а мож­нос­ти за смес­ту­ва­ње има за око­лу 30 ил­ја­ди ту­рис­ти.

Хо­те­ли­те се ис­пол­не­ти со 80 от­сто од рас­по­ло­жи­ви­те 4.500 кре­ве­ти. Го­лем број апар­тма­ни што ник­наа пос­лед­ни­ве го­ди­ни се по­луп­раз­ни или праз­ни. Гра­дот е полн са­мо за ви­кен­ди­те.
„Не мо­жам да ви ка­жам кол­ку ту­рис­ти има мо­мен­тал­но на ри­ви­е­ра­та. Хо­те­ли­те се ис­пол­не­ти со 80 от­сто, пре­ку до­го­во­ре­ни аран­жма­ни со Хо­лан­ѓа­ни, Бел­гиј­ци и со Фин­ци. Ин­ди­ви­ду­ал­ни­те угос­ти­те­ли што ну­дат апар­тма­ни, на Са­е­мот во Бел­град из­ле­гоа со це­на од 10 ев­ра за кре­вет, а Гр­ци­те ја сим­наа це­на­та на пет ев­ра за кре­вет во апар­тман. Тре­ба да раз­мис­лат и за прет­ста­ву­ва­ње­то на са­е­ми­те пред се­зо­на­та. Јас ги мо­лев тоа да го нап­ра­ват не­кол­ку ме­се­ци пред по­че­то­кот на се­зо­на­та", ве­ли Дон­чо Та­не­ски, прет­се­да­тел на ХО­ТАМ.
Ту­рис­тич­ки­те ра­бот­ни­ци пос­то­ја­но пов­то­ру­ва­ат де­ка ква­ли­те­тот на по­ну­да­та е тоа што ги прив­ле­ку­ва гос­ти­те.
„Јас ќе ви ка­жам еден би­за­рен при­мер. Гр­ци­те слу­жат биф­тек за 400 де­на­ри, а гос­ти­нот е со но­зе­те во мо­ре, не­га­зи­ра­на во­да и ес­пре­со за 1,5 ев­ро и ска­ра за двај­ца за 12 ев­ра. Пок­рај дру­го­то, и ова е ед­на од при­чи­ни­те што мно­гу на­ши и гос­ти од дру­ги­те зем­ји од­лу­чу­ва­ат да одат на од­мор во оваа зем­ја", наг­ла­су­ва Та­не­ски. 


http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=E85AD0A5F6297E40922B25649CAB853D&arc=1" rel="nofollow - http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=E85AD0A5F6297E40922B25649CAB853D&arc=1



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 20.Јули.2014 во 11:22

http://www.time.mk/r/425e1d5e40/2b79c6d235/" rel="nofollow - (ФОТО) Охриѓани и туристите мора да плаќаат и за несоодветно уреден паркинг



Ај сега...збунетост
а сакав за викенд да одам во Охрид...
и ќе одам бе...
јер се они многу фини...
а и ние од СК сме фини...
сите сме фини...
се е фино...
и финото е фино...

и слонот скока...
и слонот скока од гранче на гранче...
и башка...
и слонот скока од гранче на гранче и пее...

и пусто турско...
и орелски крилја как да си метнам...
и денови ли се денови...
и Ленка се повеќе ја гледам...
и Очи на Шопов се помалку ја паметам...
и Лихнида не ја гледам...

а кајчиња има...збунетост




Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 20.Јули.2014 во 15:38

Сигурно имеТ и кајчиња.
Еве http://www.ohridnews.com/vesti/72744" rel="nofollow - барава сугурно ја чуваат за кајче-паркинг.
хи, хи...





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 30.Јули.2014 во 09:51
Освен паркингот,кој верувам дека исто така ќе го потсредат мора
да признаам дека одлично го средиле Свети Наум.
Да не расправам една две случки,колку и да се бесмислени
рекламите за ендемските видови сепак ги има.


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 23.Октомври.2014 во 18:45
Ако продолжат со ваков маркетинг морам да признаам дека не само скопјаните туку и холанѓаните ќе одат само за да им се измочаат во езерото!



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk