Пророците, угодниците, нивните особини и објавите
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20896
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 22:50 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Пророците, угодниците, нивните особини и објавите
Постирано од: maria_magdalena
Наслов: Пророците, угодниците, нивните особини и објавите
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 13:43
Овде би сакала да проговориме нешто за Божјите пророци. 1. Прво, за тоа каков бил нивниот карактер, какви особини имале, малку да ги анализираме. Зошто токму нив Бог ги избрал како инструменти за објавување на Својата волја, водство, пророкување и правење чуда за Божјата Слава.
2. Како тие реагирале на “позивот“?
3. Како и каде ги добивале откровенијата?
4. Нешто кратко и за исполнувањето на истите.
Желба ми е да проговориме за сите овие Божји угодници, почнувајќи од Авраам, Мојсеј, Јосиф....Има навистина за што да се пишува, но за да не се расплиниме, да се држиме до овие точки.
Напишав пророци и угодници, бидејќи тука сакам да бидат спомнати и луѓе кои не се вбројуваат во пророци а кои на било кој начин имале непосреден контакт со Бог (дали угодници е прав збор?)
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Коментари:
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 13:46
Да почнеме со...што предлагате? Авраам?
Се враќам...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Superior
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 14:38
Сите пророци и Божји угодници за своето време како што треба го исполниле Божјото задолжение.
Алудираш на оваа тема да ставаме нивни биографии каде ќе бидат опфатени точките кои ги наведе на почетокот, или?
------------- Clubmaster
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 15:00
Постирано од: Superior
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 15:12
Навистина е така Acelera! Авраам (Ибрахим) а.с. беше голем човек и уште поголем Божји пратеник. Цврст како стена, непоколеблив да се одзвие на Божјите наредби. А врс тоа и мудар и праведен и учен и поичитуван.
Случката која следи е вистинска мудрост.
ИБРАХИМ А.С. И ПРОМЕНАТА НА ПРАГОТ ОД КУЌАТА
Се пренесува од Ибн Аббас р.а., дека рекол:
,,…Кога мајката Исмаилова умре. Ибрахим а.с., дошол во посета на својот син Исмаил, а Исмаил веќе се оженил и овој не го најде дома и ја праша жена му каде е.
Му одговори: „Отиде по лов.“
Потоа ја праша како живеат и како се снаоѓаат во средината.
Му рече: „Многу лошо, во неволја и теснец сме“, жалејќи му се.
И рече: „Кога ќе се врати маж ти, поселами го и речи му да го смени прагот од куќава.“
Кога Исмаил се врати како да почувствува нешто и праша: „Дојде ли некој?
Жена му одговори: „Дојде еден стар човек, таков и таков, ме праша за тебе и му кажав каде си. Ме праша и како живееме, а јас му реков тешко и бедно.“
Исмаил рече: „Ти остави ли некаква порака?”
Одговори: „Ми рече да те поселамам и да го промениш прагот од куќава.“
Рече: „Тоа е бабо ми и со тоа ми стави до знаење да те избркам кај твоите.“
Се разведе од неа и се ожени со друга од истото племе.
По некое време Ибрахим пак ги посети. Не го најде Исмаила. Влезе кај жена му и ја праша за него.
Одговори: „Отиде по лов.“
Потоа ја праша како се, како живеат и како се снаоѓаат. Одговори: „Добро сме“, заблагодарувајќи се на Аллаховото изобилно добро.
Ја праша: „Што јадете?“
Одговори: „Месо.“
Ја праша: „Што пиете?“
Одговори: „Вода.“
Рече: „О Аллаху мој, благослови ги со месо и вода.“ Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рече: „Тие тогаш немаа посев, а да имаа ќе им го благословеше. Кој не е од Мека нема да му е вкусно месото и водата.“
Во еден друг ривает стои:
Дојде Ибрахим и праша: „Каде е Исмаил?“
Жена му одговори: „Замина по лов.“
и го праша: „Нема ли да се одмориш малку и да се напиеш нешто?“
Рече: „Што јадете и што пиете?“
Рече: „Јадеме месо и пиеме вода.“
Рече: „О Аллаху мој, благослови ги во нивната храна и вода.“
Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рече: „Тоа е бериќет на довата Ибрахимова.“
Рече: „Кога ќе се врати маж ти, поселами го и пренеси му да го зајакне прагот од куќава.“
Кога Исмаил дојде, праша: „Дојде ли некој?“
Одговори: „Да, ни дојде еден старец со многу добар изглед“
- пофалувајќи го - ме праша за тебе и му кажав.
Ме праша како живееме и му одговорив многу добро.“
Исмаил праша: „Остави ли некаква порака?“
Одговори: „Да, те поселами и нареди да го зацврстиш прагот од куќава.“
Рече: „Тоа е бабо ми. Ти си прагот и ми нареди да те задржам.“
------------- Clubmaster
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 18:47
Kolku da ja fokusiram duskijata na ovaa tema, bidejki gledam deka se rasplinuva.
maria posochi nekolku tochki kako ednostavni upatstva, pa bi ve zamolil, da se upravuvate po niv:
1. Прво, за тоа каков бил нивниот карактер, какви особини имале, малку да ги анализираме. Зошто токму нив Бог ги избрал како инструменти за објавување на Својата волја, водство, пророкување и правење чуда за Божјата Слава.
2. Како тие реагирале на “позивот“?
3. Како и каде ги добивале откровенијата?
4. Нешто кратко и за исполнувањето на истите.
Ve molam ne pishuvajte anegdoti i prikazni na ovaa tema bidejki imame druga posoodvetna - "Pouchni prikazni".
Tuka posvetete se na analizata na karakterite na prorocite i ugodnicite, zoshto, kade i koga gi dobivale Bozjite poraki, na koj nachin gi prezentirale istite na lugjeto i koj bil epilogot od seto toa.
Vi blagodaram na sorabotkata.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 19:19
Ацелера, благодарам што ни даде убаба претстава за Авраам. Јас само малку да се надоврзам.
Авраам “беше пријател на Бог“. Тој цело време е во некаков дослух со Бог и ги следел неговите инструкции, почнувајќи од преселбата па натаму. Богобојазен, послушен-неприкосновена е случлката со жртвувањето на Исак односно спремноста на Аврам до крај да Му биде послушен на Бог и да го следи дури и кога Неговите наредби се коселе со сопствената волја.
Како комуницирал со Бог? На некои места можеби директно (Го повика: „Аврааме!” Тој одговори: „Еве ме!” ) а некаде преку ангелите-како кај жртвувањето на Исак.
Гледаме и дека Авраам е вљубен во една жена, Сара, која искрено ја сакал, а и ја слушал. Со други зборови, го почитувал нејзиниот збор. Кога Сара му одобрила да зачне со слугинката-отишол, кога Сара му рекла да ја избрка слугинката-и тоа го сторил од љубов кон Сара. Значи, во срцето бил верен на една жена.
На Божјите повици реагирал безрезервно и послушно. Единствено Сара покажала неверица во однос на ветувањето.
Но сите ветувања и објави биле исполнети од страна на Бог.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Superior
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 19:40
Ова библиска компонента ако се толкува на ваков непрочистен начин, ќе не одведе до сознанието дека Сара била голема грешничка и непослушничка на Бога. Ама за среќа не е така. Работите се одвивале онака според Божјата промисла и одредба. Не му било лесно на Авраам да ја остави Агара и синот Исмаил во изолирано, неатрактивно, празно место, ама едноставно, неговата силна вера го приморала да рече: "Слушам и се покоравам, Боже мој!"
------------- Clubmaster
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 19:59
Superior, imash poenta tuka.
Poligonot Bog-Avram-Sara-Agara-Ismail-Isak ne e ednostaven i ostava mnogu raboti za diskutiranje, pochnuvajki od nedoverbata kon Bozhjeto vetuvanje deka Sara kje zatrudni, preku Sarinoto zemanjeto na rabotite vo svoi race, potoa megjusebniot odnos megju nea i Agara, naslednoto pravo na Ismail kako najstar Avramov sin, nezadovolsvoto na Avram od odlukata na zhena mu, Bozhjoto prifakjanje na Sarinite odluki i reshenija...
Toj jazol na samiot pochetok na Biblijata ja drzhi vrzana istorijata ponatamu koja vo idnina se rasposteluva ne samo na taa teritorija, tuku i preku celiot svet.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: el_kevser
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 20:35
maria_magdalena напиша:
Ацелера, благодарам што ни даде убаба претстава за Авраам. Јас само малку да се надоврзам.Авраам “беше пријател на Бог“. Тој цело време е во некаков дослух со Бог и ги следел неговите инструкции, почнувајќи од преселбата па натаму. Богобојазен, послушен-неприкосновена е случлката со жртвувањето на Исак односно спремноста на Аврам до крај да Му биде послушен на Бог и да го следи дури и кога Неговите наредби се коселе со сопствената волја.Како комуницирал со Бог? На некои места можеби директно (Го повика: „Аврааме!” Тој одговори: „Еве ме!” ) а некаде преку ангелите-како кај жртвувањето на Исак.Гледаме и дека Авраам е вљубен во една жена, Сара, која искрено ја сакал, а и ја слушал. Со други зборови, го почитувал нејзиниот збор. Кога Сара му одобрила да зачне со слугинката-отишол, кога Сара му рекла да ја избрка слугинката-и тоа го сторил од љубов кон Сара. Значи, во срцето бил верен на една жена.На Божјите повици реагирал безрезервно и послушно. Единствено Сара покажала неверица во однос на ветувањето.Но сите ветувања и објави биле исполнети од страна на Бог.
|
da toje verovesnik kogo Allah dz.s vo k*ranot go narece haliliullah . allahov priatel
toj so allahova odredba go izvesti coveckot rod za izvrsuvanje na hadzot prviot izvrsitel na hadzot sto sega se odrzuva vo meka e ibrahim kade vo k*ran veli
i vozglasi go za lugeto hadzot; ke ti doagaat i peski i na kamili istosteni ke doagaat od site strani dalecni(el hadz27)
ibrahim e vtemeluvac na ustanovata kolenje k*rban ie prviot pratenik i covek koj ja prekinal paganskata tradicija na kolenje na najstariot sin vo imeto na lazni bozestva i namesto toa zivotnoto go vovel kako k*rban vo imeto na eden i edinstven i vistinit bog pret toa allah go stavil na iskusenie na ibrahim so sinot ismail veten za k*rban .
------------- kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 21:26
el_kevser напиша:
maria_magdalena напиша:
Ацелера, благодарам што ни даде убаба претстава за Авраам. Јас само малку да се надоврзам.Авраам “беше пријател на Бог“. Тој цело време е во некаков дослух со Бог и ги следел неговите инструкции, почнувајќи од преселбата па натаму. Богобојазен, послушен-неприкосновена е случлката со жртвувањето на Исак односно спремноста на Аврам до крај да Му биде послушен на Бог и да го следи дури и кога Неговите наредби се коселе со сопствената волја.Како комуницирал со Бог? На некои места можеби директно (Го повика: „Аврааме!” Тој одговори: „Еве ме!” ) а некаде преку ангелите-како кај жртвувањето на Исак.Гледаме и дека Авраам е вљубен во една жена, Сара, која искрено ја сакал, а и ја слушал. Со други зборови, го почитувал нејзиниот збор. Кога Сара му одобрила да зачне со слугинката-отишол, кога Сара му рекла да ја избрка слугинката-и тоа го сторил од љубов кон Сара. Значи, во срцето бил верен на една жена.На Божјите повици реагирал безрезервно и послушно. Единствено Сара покажала неверица во однос на ветувањето.Но сите ветувања и објави биле исполнети од страна на Бог.
|
da toje verovesnik kogo Allah dz.s vo k*ranot go narece haliliullah . allahov priatel
toj so allahova odredba go izvesti coveckot rod za izvrsuvanje na hadzot prviot izvrsitel na hadzot sto sega se odrzuva vo meka e ibrahim kade vo k*ran veli
i vozglasi go za lugeto hadzot; ke ti doagaat i peski i na kamili istosteni ke doagaat od site strani dalecni(el hadz27)
ibrahim e vtemeluvac na ustanovata kolenje k*rban ie prviot pratenik i covek koj ja prekinal paganskata tradicija na kolenje na najstariot sin vo imeto na lazni bozestva i namesto toa zivotnoto go vovel kako k*rban vo imeto na eden i edinstven i vistinit bog pret toa allah go stavil na iskusenie na ibrahim so sinot ismail veten za k*rban . |
Како Авраам го известил човештвото за хаџот? Дали имал претстава како ќе изгледа тоа? Мислам со црниот камен и оние ритуали својствени на хаџот?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 21:42
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 23:17
maria_magdalena напиша:
Овде би сакала да проговориме нешто за Божјите пророци. 1. Прво, за тоа каков бил нивниот карактер, какви особини имале, малку да ги анализираме. Зошто токму нив Бог ги избрал како инструменти за објавување на Својата волја, водство, пророкување и правење чуда за Божјата Слава. | Начално скромни луѓе, што не значи дека понекој од нив не бил (барем во еден дел од земниот живот) на добри позиции. Емануел Сведенборг(1688-1772)на пр. пред да почне да прима објави беше ангажиран од Шведскиот кралски двор на други добри позиции.
Најчесто пророците бидуваат исмеани од средината во која живеат, бидејќи многумина немаат или не сакаат да имаат разбирање за пораката која директно се пренесува, или им изгледа неверојатна. Еремија вели во Библијата: Зашто штом ќе проговорам, треба да викам, треба да навестувам: „Насилство! Пропаст!” Навистина Господовото слово ми стана за презир и за потсмев цел ден.
maria_magdalena напиша:
2. Како тие реагирале на “позивот“? | Со одбивање, не прифаќање на пророчкиот позив(Јона, Хилдегарде Бингенска, Џироламо Савонарола, Габриеле од Вицбург).
Јона 1:3
„А Јона стана за да побегне во Тарсис, од Господовото присуство. Слезе во Јафа и најде брод што пловеше во Тарсис. Го плати возењето и слегна во него за да отплови со нив во Тарсис, далеку од Господовото присуство.„
Швјацарскиот протестантски теолог Валтер Ниг(1903-1988) во својата книга „Пророчки мислители„(1957) пишува: „Опирањето поради чувството дека предстои нешто страшно речиси дека е критериум за автентичноста на Божјиот налог„
Нo пророкот е обврзан со своето ветување да го исполни пред Бога кога тој ќе го ослови.
Во Книга на пророкот Еремија 20:9 читаме: И реков во себеси: „Веќе не ќе мислам на Него, ниту ќе зборувам во Негово Име.” Но тогаш во моето срце беше како распламенат оган запретан во моите коски: напразно се трудев да издржам, не можев веќе.
maria_magdalena напиша:
3. Како и каде ги добивале откровенијата? | Во потполно будна состојба. А каде? Интересна е случката со диригентот Јакоб Лорбер(1800-1864) кој лежел во кревет и одеднаш го зачул Христовиот повик во своето внатрешно, да стане да го земе перото и да запишува. Некој тоа го филмувал вака: http://www.youtube.com/watch?v=QX9uoVokRBM - http://www.youtube.com/watch?v=QX9uoVokRBM
maria_magdalena напиша:
4. Нешто кратко и за исполнувањето на истите. | Бог преку пророците најчесто го опоменува човештвото! Бога моли да не се оствари пророштвото Негово
maria_magdalena напиша:
Напишав пророци и угодници, бидејќи тука сакам да бидат спомнати и луѓе кои не се вбројуваат во пророци а кои на било кој начин имале непосреден контакт со Бог (дали угодници е прав збор?) | Мене ми се допаѓаат и називите мистичари, просветлени мажи и жени, носители на Духовната Реч...
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 26.Ноември.2009 во 10:24
ACELERA напиша:
Дали мислите дека Авраам еднаш _паднал_ на тестот, кога пред влезот во Египет ја тера жена си да лаже дека му е сестра наместо жена, за да не го убијат заради нејзе/нејзината убавина?
|
Немал избор. Но токму и тоа е една од особините на пророците-никој од нив не бил безгрешен (овде го изземам Исус бидејќи Тој не беше “обичен“ пророк и единдтвено Тој беше безгрешен, ама буквално безгрешен, почнувајќи од безгрешното зачнување па низ сите делувања за време на Својата Земна служба).
Па така и Авраам. Општеството и приликите во кои живеел налагале да има слуги, наложници, од наша перспектива грев е неговото општење со Агара со оглед на тоа што бил во брак со Сара...А секако во голема дилема бил кога излажал за Сара. Значи, во прилог на карактерот на Авраам, не бил без грев.
(Интересно е дека некои религии изземаат моменти во кој се зборува за овие случки, но тоа го сметам за селективно извртување на Божјите вистини. Па така, исто се случува и за трианглот Давид/Вирсавија/Соломон, за што секако ќе пишуваме)
Сепак, да видиме што мислат и другите...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: el_kevser
Датум на внесување: 26.Ноември.2009 во 14:20
maria_magdalena напиша:
Овде би сакала да проговориме нешто за Божјите пророци. 1. Прво, за тоа каков бил нивниот карактер, какви особини имале, малку да ги анализираме. Зошто токму нив Бог ги избрал како инструменти за објавување на Својата волја, водство, пророкување и правење чуда за Божјата Слава.2. Како тие реагирале на “позивот“? 3. Како и каде ги добивале откровенијата? 4. Нешто кратко и за исполнувањето на истите.Желба ми е да проговориме за сите овие Божји угодници, почнувајќи од Авраам, Мојсеј, Јосиф....Има навистина за што да се пишува, но за да не се расплиниме, да се држиме до овие точки.Напишав пророци и угодници, бидејќи тука сакам да бидат спомнати и луѓе кои не се вбројуваат во пророци а кои на било кој начин имале непосреден контакт со Бог (дали угодници е прав збор?)
|
ucenjeto na verovesnicite i nivnite narodi , za nacinot na zivotot , site tie verovesnici i nivni narodi kako i nastani i slucuvanja gi ima vo k*ran kerim ,.
I NIE TI GI KAZUVAME NAJUBAVITE KAZUVANJA oBJAVUVAJKI TI GO k*rAN (JUSUV3)
VISTINITOST E SVEDOCENJETO NA k*rANOT VO NEIZMENETA I NEZAMENLIVA FORMA ZA OBJAVITE NA SEKOJ NAROD VO SEKOE VREME I PROSTOR.
------------- kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
Постирано од: Superior
Датум на внесување: 26.Ноември.2009 во 15:48
Ако ги анализираме Библискиот и к*р'анскиот стил за Божјите Пратеници ќе видиме дека разликата е голема. Библијата често пати овие Богоугодници ги опишува како неморални, инцестоидни итн., сакајќи на тој начин да ја прикаже тежината на гревот, иако терминологијата е чудна и несфатлива за многумина. к*ранот пак за разлика од Библијата зборува со благородни зборови. Навистина к*ранските описи на Божјите Пратеници отскокнуваат со вистински изрази и потполно разбирливо наравоучение, и за народите тогашни, и за подоцнежните генерации.
Конкретно за Авраам, пошто кај него застанавме, Библијата вели дека се оженил со својата сестра (Прва Книга Мојсеева,20:11,12), додека к*ранот се служи со сите најдобри зборови кои што треба да го красат еден Божји Пратеник.
Ај подоцна, повеќе ќе пишуваме околу оваа работа.
Може и по бајрам.
------------- Clubmaster
|
Постирано од: el_kevser
Датум на внесување: 26.Ноември.2009 во 21:16
vo k*ran moze da se najde znacitelen broj na temi t.e prikaznite za pratenicite na nuh (noe) ibarhim (abrahamn) jusuv(josiv) ilijas(ilija) junus(jona) ejub(job) musa (mojsej) davud(david)sulejman(soloman) za narodot na semud , za narodot na ad,'narodot na lut'' isa (isus) negovata majka merjem(marija)koj prestavuva predmet na brojni izvestuvanje najavata na tatkoto na merjema za nejzinoto raganje za raganjeto na isa (isus) prirodata na isa pratenikot staven na najvisook rang negovoto propovedanje negovite ucenici apostoli cudata negovoto konecno voznesenie kaj Allah .
ALLAH, SEKAKO GI IZBRA I ADEMA I NUHA I SEMJESTVOTO IBRAHIMOVO I SMEJSTVOTO IMRANOVO MEGU LUGETO POTOMSTVO EDNI OD DRUGI (3,33,34)
znaci site pratenisi poteknuvaat od eden tatko kade muhamed a.s veli;;
jas sum najslicen na isa neka e mir nad nego na ovo svet i na idniot svet, verovesnicite se braka i site poteknuvaatod eden tatko, majkite im se razlicni a verata im e edna pomegu nas nemal pejkameber,(buhari muslim).
------------- kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 23.Октомври.2012 во 08:41
Кон темава срдечно го препорачувам видеово:
http://rs.zdravatv.spectar.tv/play/2400/delovanje-hrista-bozjeg-i-bozanske-mudrosti-011" rel="nofollow - За феноменот на пророштвото - емисија од серијалот „Дејствување на Христос и божествената Мудрост„
------------- Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
|