Испечати | Затвори го прозорот

Нема фудбал во Македонија

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фудбал
Опис на форумот: Лига на шампиони, првенства, репрезентации...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20864
Датум на принтање: 20.Април.2025 во 18:16
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Нема фудбал во Македонија
Постирано од: celiot
Наслов: Нема фудбал во Македонија
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 03:36
ZOSTO NEMA KOJ DA IM ZASTANE NA PATOT NA MAFIJATA KOJA SE POVECE GO ZADUSUVA MAKEDONSKIOT FUDBAL. XAGILAMPIE TREBA DA SE ISFRLE OD FFM A NE DA BIDE NA CELO I NEGOVATA MAFIJA KOJA GI TROSE PARITE NAMENETI ZA MAK FUDBALOT



Коментари:
Постирано од: vojnik27
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 03:43
PA NA NEKOJ MU ODGOVARA MAFIJATA DA BIDE NA CELO BIDEJCI NE SAKAAT MAK FUDBAL


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 13:11
Денес на стадионите низ Македонија не се играт натпреварите.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 13:14
Зошто?

-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 13:19
Фудбалерите на Пелистер,Слога,Турново, Македонија не излегоја да иград на денешните средби.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 13:21
Нешто боjкотират ли?Даj повеке инфо де.Зошто не су излезле?

-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 13:23
Заради изборот на ФФМ за претседател

играт само
во Прилеп
Победа-Тетекс

и во Тетово
Ренова-Работнички


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 13:25
А го несакат Хаджиристески.Ништо ке се играт теа мечови на друга дата.

-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 13:27
Комесарот се заканва со казни на сите овие тимови со одзамање на слу. бодови.


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 13:30
Сега збора дека ќе ги исклучел сите овој прилепчанецот Миле Спирковски изгледа ќе игра само со 4 екипи во Лигата


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 13:32
Играт само екипите на Уфа-Медија


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 13:35
Со 4 тима нема како да имате првенство.Наjвероватно ке се намери компромисен вариант.И сите ке продолжат во првенството.

-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 13:53
Лоша работа е ова.

Само не ми е јасно што има да се бунат кога гласањето си дало резултати какви што ги знаеме,а ти се дека Хари си е пак председател на ФФМ.

Ако некој им е виновен тоа се преставниците од општинските фудбалски сојузи кои даваат свои делегати тамо,а тие се гласани од сојузите.
Што е проблемот тука?

Ако дојде некој друг ќе им ја поправи финансиската ситуација???

Нека не ги местат мечевите прво а потоа нека галамат за тој кој бил председател.

Нека играат фудбал чесно и со срце па нека ја вратат публиката на стадионите.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 14:07
Ништо чудно и УЕФА да се намеша и да тури некаква казна на МФФ.
 
Навистина лоша работа е оваа нешто.
 
По принцип УЕФА е против државата да се меша во фудбало и спортот.


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 14:16
Originally posted by fiks fiks напиша:

Лоша работа е ова.

Само не ми е јасно што има да се бунат кога гласањето си дало резултати какви што ги знаеме,а ти се дека Хари си е пак председател на ФФМ.

Ако некој им е виновен тоа се преставниците од општинските фудбалски сојузи кои даваат свои делегати тамо,а тие се гласани од сојузите.
Што е проблемот тука?

Ако дојде некој друг ќе им ја поправи финансиската ситуација???

Нека не ги местат мечевите прво а потоа нека галамат за тој кој бил председател.

Нека играат фудбал чесно и со срце па нека ја вратат публиката на стадионите.

Ама гласање во Битола има два сојузи еден признат од ФФМ а друг од Централен регистар.
Смрди од ФФМ а не во клубовите.
Хари е страм за Македонија


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 14:23
Во изјавата на Миле Спирковски за Македонско радио вели и Пелистер ќе ја игра утакмицата со Милано.


Лагата има кратки нозе ама овие од ФФМ мува не ги лазе


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 14:47
Edno ne mi e jasno nikoj ne go saka Hari a pak e on

-------------



Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 15:05
Парите со кој ги подмитува им се слатки затоа не го менуваат


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 15:07
Па има нешто што ги тера да гласаат за Хари,а после до наредните избори го критикуваат истите кои гласале за него.
Чудна работа

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 15:21
Состојбата во фудбалот со денешните бојкоти го допре дното а за Хари и неговата машинерија нема да има зима ако треба и со 4 екипи ќе го доиграт Шампионатот


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 15:25
Секое чудо за три дена ми изгледа ситуацијава мене.

Ќе ги омекнат за време на еден ручек,ич да немаш гајле.

Штрајкувале демек кого лажат бе,насетиле троа парички имало стигнато од УЕФА и сега бараат подобра прераспределба.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 15:29
нед, ноември 22, 2009
13:00     Ренова     -     Работнички     2     :     0
13:00     Милано     -     Пелистер          :     
13:00     Металург     -     Хоризонт Т.          :     
13:00     Слога Ј.     -     Силекс          :     
13:00     Победа     -     Тетекс     2     :     0
13:00     Вардар     -     Македонија Ѓ.П.          :     

http://www.ffm.com.mk/
Ни збор за денешните случувања.

Оваа го има само во времето на Сталин и Тито тоталитарност.


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 15:29
Originally posted by fiks fiks напиша:

Секое чудо за три дена ми изгледа ситуацијава мене.

Ќе ги омекнат за време на еден ручек,ич да немаш гајле.

Штрајкувале демек кого лажат бе,насетиле троа парички имало стигнато од УЕФА и сега бараат подобра прераспределба.


Од каде слушна да не ти шепна Хари


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 15:33
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Originally posted by fiks fiks напиша:

Секое чудо за три дена ми изгледа ситуацијава мене.

Ќе ги омекнат за време на еден ручек,ич да немаш гајле.

Штрајкувале демек кого лажат бе,насетиле троа парички имало стигнато од УЕФА и сега бараат подобра прераспределба.


Од каде слушна да не ти шепна Хари
 
 
 
Фикс е во пpаво.Ке се налудуват па следниод кpуг ке си го одигpат под пpитисокот од суспензиja


-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 15:36
Абе ќе прајме муабет за неколку дена.
Ти гарантирам ќе има некоја прес конференција во која сите учесници во ШТРАЈКОВ ќе бидат седнати на една маса и ќе дрндаат како Хари бил единствениот човек за председател на ФФМ,како ги испеглале недоразбирањата,како се било во ред и дрн дрн дрн дрн днр и дека наеднаш било се во ред и дека Хари има целосна подршка од нив.
Дежа ву по милионити пат

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 15:48
Мене ми е јасно дека оваа состојба во фудбалот не е од вчера ама да бидиме реални кажете кога и друг пат се случило ваков настан дајте пример


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 16:03
Originally posted by fiks fiks напиша:

Абе ќе прајме муабет за неколку дена.
Ти гарантирам ќе има некоја прес конференција во која сите учесници во ШТРАЈКОВ ќе бидат седнати на една маса и ќе дрндаат како Хари бил единствениот човек за председател на ФФМ,како ги испеглале недоразбирањата,како се било во ред и дрн дрн дрн дрн днр и дека наеднаш било се во ред и дека Хари има целосна подршка од нив.
Дежа ву по милионити пат
http://www.ffm.com.mk/index.php?lang=mk poslem mojot post eve po deset minuti ima informacija za sredbite ama objasnuvane davaat


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 17:16
Абе кои информации,страната од ФФМ е сиромашна ко црковно глувчегазење%20од%20смеење информации пихголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка

Почекај неколку дена и ќе ги видиш на прес насмеани сите ко жени за 8-ми март


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 17:21
И зошто е тогаш целиот овоj цирк?

-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 17:23
Емил се тепаат за колачот од УЕФА кој да лапне повеќе,мислиш дека им е дојдено до фудбал или публиката да биде задоволна.




-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 17:30
Каков колач?УЕФА ни дава и на вас и на вас трошки и си мислиме ке е колач.Скапана работа.Пак начело на МФФ ке си остане тоj што е наjsгоден на Мишел Платини.И се ке си биде постарому.
 
По брзо да доагjа Евро 2016 кога ке играт 24 тимови .И гарнитури како Бугариja и Македониja  ке имат шанси да се пласират.....


-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 17:31
А што мислиш за кого гласаше чичко Хари?голема%20насмевка

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 17:42
Ајде ќе почекаме
Натпреварите на Железарница, на Чаир, на Националната Арена „Филип Втори" и во Куманово не се одиграа бидејќи неколку екипи ги бојкотираа натпреварите.

На средбата Металург -Хоризонт Т. , не се појавија гостите.
На средбата Слога Ј. - Силекс домашната екипа не се појави на стадионот иако гостите и службените лица беа присутни.
На Националната Арена „Филип Втори" не се појавија фудбалерите на Македонија ЃП иако фудбалерите на ФК Вардар беа на теренот.
Во Куманово екипата на Пелистер пристигна во 14. 10 ч. и поради опасноста од стемнување не се одигра натпреварот со ФК Милано.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 17:42
Предполагам за силните на денот????збунетост

-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 17:49
За Платини ќе да гласаше и што мислиш поради кого е тој председател на ФФМ и поради кого дојде да го посети.
Се е јасно само не знам овие штрајкувачиве дали сакаат со глава да урнат ѕид или имаат некој булдожер со нивголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 17:56
Originally posted by fiks fiks напиша:

За Платини ќе да гласаше и што мислиш поради кого е тој председател на ФФМ и поради кого дојде да го посети.Се е јасно само не знам овие штрајкувачиве дали сакаат со глава да урнат ѕид или имаат некој булдожер со нивголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


Платини ќе се слика само во Македонија ,мислиш дека тој е играчот?Не овие од партиите кој намирисаја интерест ги боли нив за ФИФА И УЕФА лани лапнаја по еден лаптоп.патување со репрезантацијата,некој динар за наводни изградби на трибини   во Тетово,Прилеп,Струмица.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 18:31
Ќе омекнат ко памук за неколку дена ич гајле да немашголема%20насмевка

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 24.Ноември.2009 во 10:46
Неодиграните натпревари од Првата македонска фудбалска лига регистрирани со службен резултат

 - Комесарот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлука три од четирите неодиграните натпревари од 14.коло во Првата фудбалска лига да ги регистрира со службен резултат 3:0.

Службени победи забележаа Металург против Турново, Силекс како гостин со Слога Југомагнат и Вардар против Македонија ЃП.

За натпреварот Милано - Пелистер, Комесарот дополнително ќе се произнесе по добивањето на изјавите од службените лица за причините околу неодигрувањето на средбата.

Одлуката на Комесарот Миле Спиркоски следува ден по бојкотот на натпреварите во ПФЛ кој вчера го објавија Македонија ЃП, Хоризонт Турново, Слога Југомагнат и Пелистер. Екипите бараат ново Изборно собрание, сметајќи дека вчерашното е нелегитимно, поради грубото кршење на Статутот на фудбалската федерација, формирање на Здружение на екипите во прволигашката и второлигашката конк*ренција, како и нивна партиципација во давањето делегати кои ќе учествуваат во работата на Собранието на ФФМ.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Ноември.2009 во 10:53
Jаооооо па какви со теа одлуки?изненадувањеизненадувањеНаjнормално беше утакмиците да се беа играли примерно сега во среда.Ама оваа одлука ми налича на работа создадена тако преку прсти.Да се реши казусот ,а дали е правилно нема везе.
 
Единственото убаво е ке Вардар доби 3 бодови  и направи голем чекор кон остануването во прва лига


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 24.Ноември.2009 во 17:23
БИТОЛЧАНИ НЕМА ДА ПОДЛЕГНАТ НА ПРИТИСОКОТ И НЕМА ДА ГО ПОВЛЕЧАТ БОЈКОТОТ

ФФМ НУДИ "НАГРАДА" НА ПЕЛИСТЕР!

* "Управата на Пелистер и фудбалска Битола нема да подлегнат на притисоците и нема да се продадат за услугите што ни ги нудат како награда за продолжување на првенството", се вели во соопштението на Пелистер.

Од Пелистер демантираат дека ќе го продолжат првенството, информација која вчера се појави и на официјалниот сајт на ФФМ. Синоќа во нашата редакција стигна известување од страна на битолскиот тим потпишано од секретарот Методија Миленковски дека бојкотот и натаму продолжува.
"ФК Пелистер сака да ве извести дека одлуката за бојкот на Првата македонска фудбалска лига од страна на нашиот клуб не е повлечена и ќе биде на сила с$ додека не се исполнат барањата од вчерашното соопштение на ФК Македонија, ФК Слога Југомагнат, ФК Хоризонт Турново и ФК Пелистер. Управата на ФК Пелистер и фудбалска Битола нема да подлегнат на притисоците и нема да се продадат за услугите што ни ги нудат како награда за продолжување на првенството. ФФМ доцна се сети на Битола, која немаше делегатни на нејзиното квазисобрание и која нема член на Управниот одбор на ФФМ. Една година сите контакти на ФФМ и ФК Пелистер се исклучиво преку секретарот Методија Миленковски и на секое известување од наша страна стои потпис и печат на клубот. И овој пат ви потврдивме со потпис и печат дека бојкотот продолжува до остварување на крајната цел", се вели во вчерашното писмено известување од страна на Пелистер.




Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 24.Ноември.2009 во 17:23
ВАРДАРЦИТЕ" ВО НЕДЕЛАТА СЕ ПОЈАВИЈА НА "ФИЛИП ВТОРИ", НО...

"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" СО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА БОЈКОТОТ

* "Ние во неделата се појавивме на натпреварот и од тој аспект ставот не е променат, но очекуваме разговор со клубовите кои штрајкуваат околу евентуално приклучување на бојкотот", вели Прелоговски

"Црвено-црните" во неделата се појавија на националната арена "Филип Втори" во очекување на натпреварот од 14. првенствено коло против Македонија ЃП кое не го доживеа својот почеток и крај поради недоаѓањето на "лавовите".
"Вардарците" вчера веднаш добија три бода на зелена маса, меѓутоа според најавите од вардаровиот табор, најтрофејниот македонски клуб е во очекување на официјалното приклучување на страната на четирите клуба кои го бојкотираат првенството поради безредието во ФФМ на чело со Харалампие Хаџи-Ристески.
"Во неделата се појавивме на натпреварот и од тој аспект во моментов ставот не е променет. Ако не повикаат од клубовите кои бојкотираат тогаш сме на располагање. Ние сме во очекување на детални разговори со клубовите кои штрајкуваат по што евентуално би се приклучиле на бојкотот. Но с$ до тогаш нема промена на ставот, а за с$ ново на време фудбалската јавност официјално ќе биде информирана", ни изјави вчера Бранислав Прелоговски од Иницијативниот одбор за спас на клубот кој е еден од двата колективни члена на Собранието на клубот кои во моментов го водат Вардар.
Од вториот колективен член на ФК Вардар, "Мода и спорт" исто така потенцираат дека клубот ќе се приклучи кон бојкотот на прволигашите во намерите за конечно ставање точка на самоволието кое владее во ФФМ под палката на Хаџи-Ристески.

В.Б.


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 24.Ноември.2009 во 17:23
ФФМ прави раздор во Пелистер

Дали може 4 члена од УО на ФФМ да кажат дека Хаџи-Ристески не е претседател и тоа да биде валидна одлука без никаква седница и без никаков состав? Затоа смешно и мизерно беше вчерашниот обид на ФФМ да си го спаси образот со објавувањето на некакво соопштение од ФК Пелистер. На истото потпис меѓу членовите на УО и од Ванчо Атнасов, претставникот на словенечката фирма која е спонзор во Пелистер. ФФМ треба да знае дека тоа е човекот кој заедно со претседателот Круме Волнаров беа на состанокот во Скопје и лично тој нареди Пелистер да се приклучи на бојкотот. Затоа ФФМ треба да се спакува и да не прави ниску удари со кои би направил раздор и поделби во Пелистер. Се знае дека претседателот носи одлуки и кој ако не тој треба да го поседува печатот на клубот. Затоа тоа соопштение кои излезе на веб-страницата на ФФМ е сомнително и прашање е колку потписите се валидни кога некои од потпишаните не биле ниту во државава. Можеби станува збор за уште еден фалсификат од кујната на ФФМ.

По 5.000 денари за секој делегат!
Каков скандал. Секој делегат пред почетокот на Собранието доби подарок од ФФМ. Не само материјали туки и коверт, а во него БИНГО!!! По 5.000 денари. Какви се тие пари!? Со каква одлука истите се поделени!? Каква е таа дневница во Македонија од речиси 100 евра. И ова е невиден криминал затоа што ФФМ за еден собир и за гласање за Хаџи-Ристески потроши 10.000 евра само како дневници за делегатите. А што е со оние 30.000 евра кои се платени за организација на самото Собрание? За жал, многу пари се фрлаат во ветар, а фудбалерите и клубовите едвај преживуваат. Хаџи-Ристески си игра со финансиите кои никогаш не ги насочил за развој на фудбалот.


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 24.Ноември.2009 во 17:25
Оваа се статии од Македонски спорт а во весниците на Дневник,Спорт(нов весник изгледа на Хари оти само тој им е спонзор) состојбата во фудбалот е идеална.


МИРИСА РАБОТАТА


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 00:50
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112491130222&id=19&prilog=0&setIzdanie=21845 - До каде е појдена работата


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 15:44
МАКЕДОНИЈА ЃП И СЛОГА ЈУГОМАГНАТ ИСКЛУЧЕНИ ОД ПМФЛ

Комесарот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, Миле Спиркоски, поради два неоправдано неодиграни натпревари ги исклучи од Првата лига Македонија ЃП и Слога Југомагнат.

Спиркоски денеска донесе одлука неодиграните средби од 15.коло во Првата лига Македонија ЃП - Победа и Тетекс - Слога Југомагнат да ги регистрира со службен резултат 3:0 за Победа односно Тетекс.

Двете исклучени екипи доколку следната сезона сакаат да се натпреваруваат во првенствените натпревари организирани од ФФМ ќе мора да започнат од најнизок степен, односно од општинските лиги.

Натпреварите кои екипите на Македонија ЃП и Слога Југомагнат ги одиграа во првиот круг од сезоната остануваат со постигнатите резултатите, а добиените бодови во натпреварите одиграни во вториот круг (12, 13, 14 и 15 коло) од првенството се одземаат на фудбалските клубови кои ги освоиле, додека во наредните натпревари фудбалските клубови кои треба да играат против исклучените екипи ќе бидат слободни и нема да освојуваат службени бодови


Леле до кај замина работава
ова ги надмина мојте очекувања и прогнозиииии

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 17:33
Originally posted by fiks fiks напиша:

МАКЕДОНИЈА ЃП И СЛОГА ЈУГОМАГНАТ ИСКЛУЧЕНИ ОД ПМФЛ

Комесарот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, Миле Спиркоски, поради два неоправдано неодиграни натпревари ги исклучи од Првата лига Македонија ЃП и Слога Југомагнат.

Спиркоски денеска донесе одлука неодиграните средби од 15.коло во Првата лига Македонија ЃП - Победа и Тетекс - Слога Југомагнат да ги регистрира со службен резултат 3:0 за Победа односно Тетекс.

Двете исклучени екипи доколку следната сезона сакаат да се натпреваруваат во првенствените натпревари организирани од ФФМ ќе мора да започнат од најнизок степен, односно од општинските лиги.

Натпреварите кои екипите на Македонија ЃП и Слога Југомагнат ги одиграа во првиот круг од сезоната остануваат со постигнатите резултатите, а добиените бодови во натпреварите одиграни во вториот круг (12, 13, 14 и 15 коло) од првенството се одземаат на фудбалските клубови кои ги освоиле, додека во наредните натпревари фудбалските клубови кои треба да играат против исклучените екипи ќе бидат слободни и нема да освојуваат службени бодови


Леле до кај замина работава
ова ги надмина мојте очекувања и прогнозиииии


Сега се вели извини што не ти верував,дими за три дена ќе се решеше работата.Оваа е страмота за фудбалот а за овие клубови секоја чест.

За Пелистер знам дека Хари им даде пари на навивачите и тие вршеја притисок на фудбалерите за утакмицата со Дрита,а на фудбалерите освен пари им даде и ветување дека со милано ќе се преигра(па нели записник правеа во 14:30 во Куманово)

Страмота за ФФМ а на нејзиниот сајт мудро си молчи како да е мала работа шампионот и некогашниот шампион да го напуштат првенството..


Милано игра нерегуларно со кадети и младинци...

Победа и Тетекс имат ист спонзор УФА-Медија

Силекс е на Ѕинго а се знае кој е на власт..


Затоа во Европа ќе бидиме последни и Андора ќе не победува


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 17:44
Нема фудбал во Македонија и нема да има ко што тргнале работите.
Нека кршат глава сите,не бидуваат ни клубови ни биле овие нашиве, ни раководство на ФФМ исто така.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 02.Декември.2009 во 00:18

Реизборот на Харалампие Хаџиристески за претседател на ФСМ не донесоа нешто ново во фудбалот

ОДГОВОРНОСТ Реизборот на „Хари Потер“ или „Господарот на делегатите“ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија („службена победа“ од 82:3), а потоа и бојкотот на лигашките и Куп натпреварите на незадоволните Слога, Македонија ЃП, Турново (подоцна се премисли) не донесоа нешто ново. Напротив, целиот циркус е дел од континуираното фудбалско насилство, за кое никој не понесува одговорност. Затоа на ретките чесни и одговорни луѓе во овој спорт, нормално и на гледачите, не им до смеење како на Германците, туку им доаѓа да се фатат во „колото“ на Никола Тесла и да се дрмаат додека може да се дрмаат, или пак, да почнат да одат на сите четири.

На јавноста уште еднаш и се случи улогата на сведок на победата на примитивните односи во фудбалот, кои не се причина туку последица на целокупниот примитивизам во општеството. Феноменот на групирање на ситните души, кој се постулира како пожелен начин на однесување, го конструира на трагичен начин победникот, но на уште потрагичен и поразениот. И финалето во таа фабричка индустрија на синтетични вредности вели дека не е проблемот во избраниот туку во свеста на оној што избира.

Од времето на Ѕинго и неговите моменти на инспирација во кои грмеше: „Ѕинго може да воде спортове десет“, па преку Ламбе Арнаудов и сега во времето на Хари, технологијата е идентична - инхерентно угнетувачка и мизерна, без оглед на тоа кој со неа управува (зато и не е чудо што сега Хари му даде плакета на Ѕинго). Не дека некој ги тепа делегатите, кои самите себе си се крстат фудбалски работници (знак на препознавање им е бакнување три пати наизменично во образ), туку поизверзираните типови лесно возат по патиштата на нивното размислување. Со ситни пари ги обединуваат во едно крупно тело и внатре во него ги тераат примитивистите со својот активизам да резонираат дека со парцијалните интереси носат општо добро, не сфаќајќи дека го продлабочуваат хаосот. Тоа е гласачка машина (во трло најлесно се бега од одговорност), која не може да ја сруши ниту пролетерот од почетокот на 19. век Нед Луд. А, ниту некој „полуд“!


Гледаме и зборуваме за фудбал, а тој стана штетен за здравјето: противкандидатот Благоја Николовски го напушта изборното собрание на ФСМ

Затоа не треба да се занесуваме дека во брзо време во нашиов фудбалски свет ќе го слушнеме гласот на разумот: „Истерав два мандата, а репрезентацијата тапка во место. Не успеавме да одиме на ЕП или СП и затоа заминувам“. Туку бидете убедени дека во времето кога Србија, Грција и Словенија обезбедија пласман на СП, кога БиХ играше бараж, кога големо изненадување е елиминацијата на Хрватска, и натаму ќе слушате манипулирачки пораки од типот: „На ЕП и СП не се оди преку ноќ. Тоа се долги процеси“. Во таа насока, не треба ни да се сомневаме дека некогаш ќе исчезнат од фудбалскиот хоризонт (како што не исчезна Турново) одредени борци за правдата кои до вчера праќаа „томови“ хартија до медиумите со обвинувања за Хари, а потоа од првите редови во салата во “Алекасандар Палас“ високо го кренаа картонот со големото „ЗА“.

ОМРАЗА Простаклукот, агресивноста, сеењето омраза и неодговорност кон јавниот збор е жалосната слика на општата јавна сцена (меѓу надредениот и подредениот, меѓу соседите, во семејствата) па и во таборот на таканаречените опозиционери. Не беа умешни во војната контра умот во „општинските крчми“ па исфрустрирани тргнаа во бојкот. Гласно преку медиумите бараат формирање Здружение на прволигаши, а кога не така одамна ја имаа шансата за тоа, не можеа да се договорат. Ама, ете, сега тврдат дека ќе се договорат само ако ја добијат целокупната организација на фудбалот. Но, доцна е некој да им поверува, бидејќи и тие, помалку или повеќе, се веќе познати фаци во фудбалот кои ги имаат потрошено сите кредити во општата борба за привилегии.


Од сите четири претставници на европската сцена, само еден го мина првото коло, Работнички

Ѓаволски тешка работа е сега да се направи нешто од ѓубрето кои го имаат оставено нашиве фудбалски сезнајковци со длабоки корења. Особено ако се знае дека во целиот проект на трансформација (без офсајд) на примитивноста како нормалност се вклучени и медиумите. Доволно беше деновиве, како и за многу други работи претходно, да го видите знакчето во аголот на екранот па да знаете кој ќе седи во студиото и за што ќе зборува. Ќе видите таму лево, или десно, „А1“ и веднаш ви е јасно што ќе ви влезе во соба. А, ако ги детектирате логата „АБ“, или „Сител“, работата ќе биде малку „посложена“. Ќе ви треба секунда повеќе па на ум да ви дојде врската без врска „Андревски, Латас, Ѕинго, Силекс“. Иако, „Сител“ до неодамна се дереше против Хари, брзо сфаќате дека „салтото мор(т)але“ (фудбалскиот опозиционер Рамковски е секогаш поопасен од Хари), не дозволува цврст став туку скршнување во обратна насока (навигацискиот ситем е чудна работа!). А, дозволува во студиото на „АБ“ гости да бидат комесарот на ФФМ Спирковски и битниот дел од управувачкиот систем на Хаџи Ристески, Мирсад Јонуз.

Да, тој е селектор на националниот тим, кој нулата против Норвешка ја гледа како победа, бидејќи, како што вели, неговите претходници постојано губеле од Скандинавците, но има и други задачи. Меѓу нив да ја надгледува ситуацијата во Општинскиот сојуз во своето Куманово, ама и да отиде, како што објави еден медиум, на гости кај противникот на Хари, Благоја Николовски, и да му каже пријателски од срце дека ако Македонија ЃП и натаму не игра може да му пропаднат 330.000 евра од УЕФА, како награда за минатогодишниот настап на европската сцена. Таквите провинциски „бубамаро донеси ми гости“ наредби, ќе се согласите, тешко дека ќе ги извршуваше Словенецот Среќко Катанец, кој доби катинар од репрезентативците сосе Хари за своите искрени обиди да го измени менталниот склоп. Тој, едноставно, беше опасен за нашава шема.

Среќа негова што си замина, но несреќата е што, како што тврди претседателот на Работнички, Драган Поповски, не може секој клуб така лесно да си замине од светот во кој аргументите не постојат.

„Се согласувам со ставот на клубовите кои бојкотираат. Јас најмногу имам зборувано против ова раководство и прв сум што би го сменил. Сега сум во ситуација како онаа со змијата и магарето. Од една страна сакам силно да се приклучам на оние што бојкотираат, но од друга не смеам порадо бројните обрвски кои ги имам кон спонзорите“, зборува Поповски обидувајќи се попластично да ја долови реалноста: „Три години е договорот со „Јома“ во вредност до 150.000 евра. Доколку јас предизвикам прекин ќе плаќам пенали. Истото е и со рекламите на стадионот, ТВ правата. Се губат и пари од играњето во Европа. Тука е и академијата од 500 деца. Ќе играме, иако знаеме дека со Хари фудбалот ќе умре“.

ИЗЛЕЗ Овие зборови на Поповски не значат ништо друго освен дека нема излез од овој преплет на црева. За него не постои соодветна медицинска интервенција. Опцијата што преостанува е констатацијата дека ни се случува когнитивна дисонанца или негативна психолошка состојба од спознанијата што се недоследни: „Гледаме и зборуваме за фудбал, а тој е штетен за здравјето“.

За да се промени таа состојба потребни се радикални мерки, комплетна демонтажа на системот. Па дури и прекин на фудбалот, додека не се постават работите онака како што треба, не треба да се исклучи како опција. Вака, само се создава лажна слика дека некој игра фудбал, а дека некој друг ја гледа таа мизерија. Од сите четири претставници на европската сцена, само еден го мина првото коло, Работнички!

Сепак, и покрај сета згрозеност и фактот дека секое одолжување на расплетот носи поголема цена, има вистина и во тоа дека многу полесно ќе се стави клуч проектот за стадионите, вака, на хартија, отколку да се спроведе тоа во дело. Разбирливо, за повеќето, особено за оние кои биле некогаш во фудбалот тоа е непотребен дефетизам. Еден од нив е и бившиот македонски репрезентативец Митко Стојковски, кој пред неколу години го водеше Пелистер заедно со, исто така некогашниот репрезентативец, Мицевски. Тој смета дека нештата може да се сменат поинаку, иако ова што се случува е само нова лопата земја врз македонскиот фудбал.

„Јас како спортист не сум за бојкот или не дај боже за затворање на стадионите. Вистина, со години наназад системот е ист. Но, тоа не е поради Хари. Така било и порано, тоа е системски проблем. Според, мене Федерацијата направила добри работи, но и лоши“, вели некогашниот ас на Црвена звезда, обидувајќи си да го најде „партизанот“ кој ќе ги исече конците во оваа коларичу- паничу ситуација. „Фудбалот не е Федерацијата. Долго време се зборува за носење закон за приватизација на клубовите. Мора да бидат чисти односите, кои се сега крајно испреплетени. Има многи луѓе кои немаат врска со спортот и такви кои се цел живот во него и ништо не направиле. Кога ќе се знае титулатор на сопственоста приказната ќе биде поинаква. Неблагодарно е јас да споменувам имиња. Тука секој те разбира погрешно. Се' се сфаќа како лична атака, а не како нечија желба за подобар фудбал“, резонира некогашниот дефанзивец на Вардар и на Црвена звезда, кој смета дека се' почнува и завршува со парите: „Приватниот капитал е појдовна точка. Се согласувам со незадоволните дека треба да се формира Здружение на прволигаши како во речиси сите земји. Но, и за тоа треба пари. Треба спонзори кои би застане зад него. Тоа не би била работа на Федерацијата. Не знам во моментов ситуацијата е крајно очајна. Погледнете ги и младите категории. Некогаш ги победувавме Белгија, Данска, а сега долг период ништо не правиме“.

Политички притисоци, УЕФА, реизбори, паралелни собранија

Мачната приказна во македонскиот фудбал трае од осамостојувањето па до денес. Прв претседател на ФФМ беше Алексо Кипровски, кој ја извршуваше таа функција од 1988 до 1993 година. На првите демократски избори одржани на 7 февруари 1993 година за нов претседател беше избран Љубисав Иванов Ѕинго, кој по второто прегласување го победи својот против кандидат Трајан Бендевски, професор на Правен факултет.

Ѕинго ја имаше комплетната контрола се' до 1999 година, кога веќе не можеше да го издржи политичкиот притисок (тогаш беше близок со СДСМ). За кусо време се одржаа две Собранија. Првото во Кратово беше спорно за УЕФА, па се одржа второто во Универзална сала. Таму победата ја однесе Ламбе Арнаудов.

Тој не го издржа целиот мандат, во 2002 година поднесе оставка меѓудругото и поради проблемите со судот како директор на Елекростопанство.

На новото Собрание на 14 ноември2002 година имаше двајца кандидати: Дарко Панчев и Хари Хаџи Ристески. Победи вториот, кој беше реизбран и на Собранието во Струга на 1 октомври 2005 година. Опозицијата, која се обиде и со насилни методи да направи пуч, тогаш тврдеше дека на Собранието немало кворум. Дури, се случи и нелегитимно паралелно Собрание на кое за претседател беше избран судијата Емил Божиновски. УЕФА мораше пак да интервенира. Не го призна Божиновски за претседател, а го потврди реизборот на Хаџи Ристески.

На 21 ноември во хотелот "Александар Палас" Хаџиристески го доби третиот манадат со убедлива победа над Благоја Николовски од 82:3.
Неделникот Глобус


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 14:21
Вардар дефинитивно контра ФФМ!
12.12.2009



„Вардар дефинитивно ќе го бојкотира првенството. Со одлука на двата колективни члена од Собранието на клубот официјално одлучивме да не го играме неделниот натпревар“, ни изјави вчера Бранислав Прелеговски.

Од двата колективни члена на Собранието на ФК Вардар, кои во моментов раководат со најтрофејниот македонски клуб, Иницијативниот одбор за спас и компанијата „Мода и Спорт“ вчера, останувајќи на претходните најави, и дефинитивно ја донесоа одлуката за бојкотирање на домашниот шампионат.

По меѓусебниот состанок, водечките раководни структури на „вардарците“ вчера со официјална одлука за неиграње на неделниот натпревар со Металург и покрај силните обиди од страна на раководството на ФФМ да ги натераат пред се членовите на Иницијативниот одбор да го променат својот став.

„Вардар и дефинитивно ќе го бојкотира првенството, во знак на нестатурното дејствување на органите на ФФМ. Со одлука на двата колективни члена од Собранието на клубот официјално одлучивме да не го играме неделниот натпревар против Металург“, ни изјави вчера во попладневните часови, претседател на Иницијативниот одбор, Бранислав Прелеговски, притоа потврдувајќи и за вчерашната средба со раководството на Фудбалската федерација.

„Да, имавме средба на која уште еднаш го искажавме нашиот револт и ги презентиравме барањата кои се пред се во интерес конечно да се стави крај на извесно самоволие во ФФМ. Сега нема да го одиграме неделниот натпревар против Металург, со тоа што до крајот на годинава ќе очекуваме извесни промени во начинот на функционирање на ФФМ. Доколку нешто се смени, тогаш ќе размислуваме за евентуално наше натамошно продолжување на натпреварувањето во пролетната сезона. Дотогаш останува бојкотот“.

Како што е познато, револтот на ФК Вардар следеше по издавањето на раскин на стипендискиот договор за 17-годишниот Стефан Ристовски, кој доби исписница од страна на ОФС Гази Баба, а потврдена и од Верификациската комисија при ФФМ, со документ потпишан од страна на поранешниот претседател Бојан Захариев на 7 декември 2009 година, и покрај тоа што Захариев на 27 август оваа година поднесе оставка од претседателската функција.

Од ФФМ во четвртокот, откако Вардар го најави бојкотот, експресно ја „замрзнаа“ одлуката за раскин на договорот на Ристовски, а вчера, навлезени веќе дефинитивно длабоко во сопствениот без излез свесни за се поочигледното „тонење“ на нашата Прва лига се обидоа и да ги убедат „вардарците“ да го преиспитаат својот став.

„Ништо не може да не поколеба. Нема да потклекнеме во нашите намери. Очигледно некои работи во нашиот фудбал не функционираат како што треба и време е да се променат. Ние ги кажавме своите барања на состанокот во ФФМ и не отстапуваме од нив“, истакна Прелеговски.

Бојкотот на најтрофејниот македонски клуб е само продолжување на бојкотот на Македонија ЃП и Слога Југомагнат кои претходно беа дисквалификувани од нашата Прва лига. Очигледно е дека и ФК Вардар дефинитивно се впушта во „битката“ со актуелното раководство на ФФМ само како заокружување на апсолутно нерегуларниот шампионат со кој Македонија живее во оваа сезона.

A1




Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 23.Декември.2009 во 00:13
ПОРАНЕШНИОТ ТРЕНЕР НА МЕТАЛУРГ ВЧЕРА НА ПРЕС ЈА ОБРАЗЛОЖИ ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА ПОРАДИ КОЈА Е РАЗРЕШЕН ОД КЛУПАТА НА "ЖЕЛЕЗАРЦИТЕ"

Џиџи потврди: "Сменет сум поради Лозана"

* "Панов ми рече дека со сведочењето сум го нарушил угледот на Металург, но уште не можам да разберам, со што сум го нарушил угледот кога моето сведочење во Лозана нема врска со работата како тренер", истакна Џиџи.

Она за што пишувавме во изминатите неколку денови вчера на прес-конференција го потврди и најоштетениот во случајов, тренерот Никола Илиевски - Џиџи. И дефинитивно и потврдено, стана јасно дека екс селекторот е сменет од клупата на Металург поради работи кои немаат никакви допирни точки со неговата работа како тренер на овој тим. Присуството во Лозана како заштитен сведок во случајот Победа е главната причина за разрешувањето на Џиџи од клупата на "железарците", нешто што му било соопштено на последниот разговор со претседателот на "металурзите", Александар Панов. Поранешниот стратег на Металург с$ уште не може да разбере каква врска има неговото сведочење во Лозана со неговата работа во таборот на "металурзите".

"Сите медиуми ми се јавија по моето разрешување од Металург и на сите им дадов еден ист одговор, дека немам коментар во моментот и дека ќе дадам изјава за сите медиуми. Одлучив тоа да биде на 21 декември, инаку сум разрешен на 18 декември. Јас ќе се обидам да ви пренесам с$ што се случи и с$ што ми е кажано од Ацо Панов. Инаку, сум повикан преку генералниот секретар на клубот, тогаш Ристе Јосифовски, и беше присутен во текот на целиот разговор", истакна Џиџи, по што потоа го искажа целиот дијалог со претседателот Александар Панов.
"Јас го прашав кои се тие интереси и со што јас сум ги загрозил интересите на Металург кога моето сведочење нема никаква врска со мојата работа како тренер, а на тоа следуваше дополнително прашање дали јас да сум имал договор со клубот ќе сум заминел во Лозана, на што одговорив позитивно. С$ уште не можам да разберам дека Ацо Панов по налог на господинот Минчо ме разреши, иако за многу кратко време мислам дека направив многу за Металург, без оглед на турбуленциите во македонскиот фудбал и неодграните кола. Металург две одигра, и две не ги одигра со што освоивме вкупно 12 бодови, од кои шест ги добивме на 'зелена маса', и тоа против Турново и против Вардар, каде што бев уверен дека ќе победевме и на зелениот терен. Придонесов да се качат од 6-7 место на трето и убеден бев дека да не се случеа сите тие потреси ќе бевме онаму каде што е сега екипата, или во најлош случај на 4. место, пред нас можеби ќе беше само Македонија ЃП во тој момент", истакна Џиџи, кој не побара заштита од тренерската организација, а доколку имал договор со тимот ќе го терал случајов до меѓународните институции.
"Да имав потпишано договор сигурно ќе барав заштита. Имам лоши искуства со македонските клубови и сигурно дека ќе барав директна заштита од УЕФА и ФИФА. И не само мојот, туку и договорите на сите мои соработници, исклучиво преку УЕФА и ФИФА. Требаше токму на тој ден да потпишам договор, и официјално, и сите останати договори позади кои јас стоев. Господинот Минчо е бизнис човек и сигурно дека подолго време е на пат и немаше време, по што дефинитивно беше договорено на 17 или 18 декември да седнеме и да го финишираме мојот и на сите останати договори", рече Илиевски на вчерашната прес-конференција, која ја заврши со зборовите:
"Ете тоа се вистинските причини затоа што навистина бев шокиран во првиот момент и неверојатно изненаден дека Панов може на таков начин да ми пренесе такво нешто.
Според зборовите на тренерот, и дефинитивно е јасно дека Минчо го смени Џиџи по налог од фудбалскиот врв, на чело со прилепскиот 'бос' Харалампие Хаџи - Ристески. Беше јасно дека Харалампие сака да ги "исчисти" сите оние кои ќе сведочат против "неговата" Победа, која е гонета од УЕФА поради скандалот за "местенката" со Пјуник. И не е ништо чудно кога е тој во прашање, се меша и онаму каде што не му е место. Сосема јасно е дека сведочењето на Џиџи нема никаква врска со Металург, но има со ФФМ. А поради "коалиција" на клубот од Железарница и федерацијата, и не зачудува фактот што Џиџи е сменет по "вина" на ФФМ.

Г. Бошев

Ацо Панов - "далечинско" на Минчо!!!

Никола Илиевски, веројатно многу гневен на претседателот Александар Панов, го нарече "далечинско" на "газдата" Минчо Јорданов, кој очигледно и очекувано го има главниот збор во целокупните случувања во Металург.
"Како што реков, бев шокиран од начинот на кој Ацо Панов на таков начин може да ми пренесе такво нешто, но јас во овој момент сум убеден дека Ацо Панов е 'далечинско' на Минчо", истакна Џиџи, кој по само еден месец беше разрешен од функцијата тренер на Металург.

Никогаш повеќе во македонскиот фудбал

Џиџи сосема јасно изнервиран од целокупната ситуација во македонскиот фудбал, особено по неговата последна "авантура", најавува дека никогаш повеќе нема да седне на клупата на некој наш тим или, пак, во институциите поврзани со нашиот далеку мизерен фудбал.
"По ова ми е многу тешко да направам еден пресек во македонскиот фудбал. Старите велат никогаш не вели не, меѓутоа понатаму никогаш повеќе во македонскиот фудбал нема да работам ниту како тренер, ниту како орган или нешто во федерација или што било. Очигледно луѓето во Македонија не сакаат да имаат фудбал", рече Џиџи и се осврна на последните случувања во мак фудбалот.
"И самите гледате каква е ситуацијата, клубови се откажуваат и сигурно дека такво нешто мора да се избегне и мора да се најде решение за доброто на македонскиот фудбал".

ДИЈАЛОГОТ МЕЃУ АЦО ПАНОВ И НИКОЛА ИЛИЕВСКИ - ЏИЏИ

Како Металург дава отказ?

Никола Илиевски на вчерашната прес-конференција го кажа целиот дијалог воден меѓу него и претседателот Александар Панов, кој ви го пренесуваме во целост. Сево ова се случувало и во присуство на тогашниот секретарот Ристе Јосифовски, кој е разрешен по отказот на Џиџи. Јасно се гледа на кој начин еден фудбалски колектив како Металург, му даде отказ на својот тренер.
АЦО ПАНОВ: Џиџи, имам една лоша вест за тебе, и едно прашање за тебе. Џиџи, добив мејл од УЕФА, од Лозана каде надлежните органи на УЕФА ми дадоа информација дека си бил во Лозана да сведочиш за натпреварот меѓу ФК Победа и не знам таму кога играла Победа?
ЏИЏИ: Да, бев во Лозана.
АЦО ПАНОВ: Џиџи, во овој момент престанува нашата соработка со тебе, што значи ти не си повеќе тренер на ФК Металург. Џиџи, ти не си смеел како тренер на Металург да одиш во Лозана и да сведочиш против ФК Победа пред органите на УЕФА и со тоа го наруши угледот и ги загрози интересите на ФК Металург и фудбалската федерација на Македонија. Јас тебе случајно те прашав пред некој ден каде ќе патуваш, и ти ми рече Словенија, Австрија. Значи, ти мене ме излажа и доколку јас и Минчо знаевме дека ќе патуваш, ќе ти забраневме да одиш во Лозана.
ЏИЏИ: Јас сигурно ќе патував во Лозана затоа што не бев поканет од УЕФА туку од арбитражниот спортски суд при Меѓународниот олимписки комитет во Лозана. Ацо, јас с$ уште не сум потпишал договор со тебе, Минчо, односно со ФК Металург, и вие не сте тие кои ќе ме спречат да одам како сведок, каде вие воопшто не сте засегнати.
АЦО ПАНОВ: А, ако го имаше потпишано договорот со мене, односно со ФК Металург и ако јас и Минчо ти забраневме да патуваш во Лозана, дали ќе заминеше?
ЏИЏИ: Да, и да имав потпишано договор, со тебе, со Минчо, односно со ФК Металург јас ќе патував како што и отпатував на покана од арбитражниот спортски суд при Меѓународниот спортски суд во Лозана. Ацо, УЕФА и Меѓународниот олимписки комитет не се општински сојузи ниту членки на ФФМ и на македонскиот олимписки комитет. Туку Македонија, преку ФФМ и МОК се членки на УЕФА, ФИФА и Меѓународниот олимписки комитет.
АЦО ПАНОВ: Добро Џиџи ние со тебе веќе немаме соработка, ти го кажав мојот став и ставот на Минчо. Тебе клубот ќе ти исплати с$ што ти должи (при што веднаш се јави во службата и даде налог да бидам веднаш исплатен).
ЏИЏИ: Сакам писмено да ми врачите отказ, односно да ги наведете причините поради кои сум разрешен со потпис и печат.
АЦО ПАНОВ Таков пишан документ не можам да ти дадам.
ЏИЏИ: Поздрав, и с$ најубаво (при што ја напуштив просторијата
Македонски спорт


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 18:49
По пристигнатите дописи од ФИФА која изрече казна на ФК Победа по потврдувањето на одлуката од Судот за Арбитража во Лозана , изрече казна и на ФК Шкендија поради неподмирени обврски за фудбалерите од Сент Луис Центарот во Сенегал: (Папа Јусу Сол, Папа Бираме Фал и Мустафа Мухамаду Диоп). Комесарот за натпревари при ФФМ , Миле Спиркоски ги имплементираше изречените казни во натпреварувачкиот систем на ФФМ со следните одлуки:



ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Број : 03 – 323

Врз основа на член 10 од Правилникот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија, Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија спроведувајќи ја Одлуката на ФИФА број 090259 ЕЏТ МКД за клубот ФК "Победа" – Прилеп, на ден 03 мај 2010 година донесе:

ОДЛУКА

1. ФК "Победа" – Прилеп се суспендира од натамошното натпреварување во првенствата на Република Македонија под раководство на ФФМ во период од 8 (осум) години почнувајќи од натпреварувачката 2009/2010 година.

2. Натпреварите кои екипата на ФК "Победа" – Прилеп ги одигра во првиот и вториот круг на натпревари од натпреварувачката 2009/2010 година остануваат со постигнатите резултатите, додека во наредните натпревари (29, 30 и 31 коло) фудбалскиот клуб кој треба да одигра натпревар со ФК "Победа" – Прилеп натпреварите ќе ги добива со службен резултат 3 : 0, а согласно член 60 точка 2 став 3 од Правилникот за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија.

3. Добиените опомени и казнени мерки остануваат да важат сe до крајот на првенството за фудбалерите и службените лица кои настапувале за суспендираната екипа и за екипите кои настапувале против суспендираната екипа, а согласно член 25 став 2 од Пропозициите за натпреварување во првата лига во натпреварувачката 2009/2010 година.

4. Одлуката да се достави на знаење и извршување и да се објави во службеното гласило на ФФМ "Макфудбал".

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

По добивањето на Одлуката од Дисциплинскиот комитет на ФИФА број 090259 ЕЏТ МКД што се однесува на клубот ФК "Победа" – Прилеп Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија ја разгледа и изврши нејзина имплементација.

Имајки го во предвид погоре наведеното Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија со примена на нормативата на Фудбалската Федерација на Македонија донесе одлука како во диспозитивот.

ПОУКА: Против Одлуката не е дозволена жалба.

Доставено :
- ФК "Победа" – Прилеп
- Макфудбал
- Архива на ФФМ


Фудбалска федерација на Македонија
Скопје 03 мај 2010 година
Комесар за натпревари
Спиркоски Милан

Фикс кога јас ти реков дека нема фудбал си играше мајтап.Како сега ќе ја завршат лигата?

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 29.Мај.2010 во 02:14

Хаџиристески ќе одговара за криминал тежок повеќе од половина милион евра

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=98&VestID=123659 - Катерина Гетева   javascript:otvoriVideoPrilog%2810/keti-prijava-28-05.wmv,%20123659%29">  
28.05.2010 15:47
Харалампие Хаџиристески
 

Обемната истрага на полицијата дека Харалампие Хаџиристески со уште неколку поранешни челници на ФФМ во изминатиов период правеле разни матни зделки, резултираше со две кривични пријави.

Првиот човек на фудбалската федерација, Хаџиристески кривично ќе треба да одговара за повеќе од половина милион евра. Толку според пресметките на МВР и финансовата полиција тежи криминалот со кој освен буџетот на државата е оштетена касата на федерацијата и на УЕФА.

МВР го сомничи Хаџиристески, дека заедно со Реџеп Беџети, поранешниот потпретседател на ФФМ и бившиот генерален секретар Лазар Митревски во 2004 година платиле столчиња, за фудбалски трибини кои веќе и биле подарени на ФФМ како донација од Нинберг Германија.

МВР овде регистрирала сомнителните трансакции на Хаџи-Ристески и на потпретседателот на ФФМ Реџеп Беџети. Фирмата на синот на Беџети „Артал-Д“, се јавува како набавувач на веќе подарените столчињата.

Иво Котевски
 

„Функционерите на ФФМ преку изготвување на фиктивна документација, со парите добиени од УЕФА практично ги исплатиле овие седишта кои им биле бесплатно донирани и парите ги префрлиле на фирма во која што како ко-сопственик се јавува близок роднина на еден од осомничените, односно од поранешните високи функционери на ФФМ“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Но малверзациите на Хаџиристески и федерацијата според полицијата не завршуваат овде финансова полиција денеска утврди уште еден криминал на првиот човек на федерацијата. Според финансова Хаџиристески го оштетил буџетот на државата за 252 илјади евра, а на ФФМ за околу 197 илјади евра.

Парите кои УЕФА ги од периодот јануари 2005 до февруари годинава Хаџиристески заедно со Александар Забрчанец првиот човек на ФК Победа, пари од УЕФА префрлале на трета сметка на пионерска фудбалска школа од Прилеп, бидејќи сметката на Победа е блокирана од 1995 година во времето уште кога Хаџиристески бил претседател на клубот.

Хаџиристески и Забрчанец парите ги користеле за свои потреби, и за нив не плаќале обврски кон државата. Штетата според финансова која ја направиле тежи 449 илјади евра.

 
Dali konecno ce padne GROBAROT NA MAKEDONSKIOT FUDBAL????


-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: stigma04
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 02:09
Nema ni da ima poveke fudbal vaka ako prodolzat rabotite,

-------------
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Ноември.2010 во 14:08

Македонскиот фудбал тоне побрзо од „Титаник“

http://sport.mnogoo.mk/mk/articles/Fudbal/makedonskiot-fudbal-tone-pobrzo-od-titanik - - Во пресрет на денешниот пријателски натпревар помеѓу Македонија и Албанија, што ќе се игра во Корча, Светската фудбалска федерација ја објави најновата ранг-листа. Изненадување ли е што забележавме пад од шест места и сега сме 76 светска фудбалска сила? Нормално, не. Ранкингот на македонската фудбалска репрезентација е во слободен пад од овој период минатата година. Еве, само за споредба, нашиот денешен противник Албанија во ноември 2009 година се наоѓала на 98-то место во светот, а во моментов е на 58-то. Тоа е неверојатен скок за 40 места за само една година, за разлика од нашата селекција, која, за истиот временски интервал, загуби дури десет места.
- Со фантастичниот скок на Албанија и Црна Гора на ранг-листата на ФИФА, Македонија моментално е најслабо пласираната балканска земја. Хрватска (9 место), Грција (11), Словенија (15), Србија (25), Црна Гора (26), Бугарија (46), ова само доказ што покажува колку нашиот фудбал заостанува на овие простори. Најдобриот ранкинг на Македонија беше во октомври 2008 година, 46-то место, но две години подоцна, наместо да грабиме напред, ние сме помеѓу најслабите европски земји. Црвената светилка одамна е запалена, но очигледно во нашиот фудбал тоа никој не го забележува. Кога земји како Естонија, Ерменија, Боцвана, Замбија и Уганда се подобро пласирани од нас, тогаш треба да ни е јасно дека сме во неволја и нешто мора да се менува.
- Слободниот пад на македонскиот фудбал продолжува. Лошиот старт на квалификациите за Европското првенство во 2012 година придонесе за уште поголеми разочарувања кај фудбалските фанови во земјава, па сега нека каже некој дека пријателскиот натпревар со Албанија нема резултатски императив. Победа ни е потребна пред сè за кревање на моралот, а потоа нормално и за подобар ранкинг.


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 18.Ноември.2010 во 22:10
Плачат како мали деца: бокс "не", дуел "да"


"Го удрив Нанев затоа што ме провоцираше и беше безобразен. Сакаше да ги казнат само навивачите на Шкендија", изјави Кенан Идризи, потпретседателот на ФФМ, за весникот "Лајм" неколку минути по инцидентот. "Имаше само вербален дуел, а не физичка пресметка...", изјавува Хаџи Ристески со цел да ја спушти топката на веќе раскараниот УО на ФФМ

"Носи си го дома Маријан Ристевски....", се зборовите од Лазар Нанев кон Кенан Идризи, кој ја изгубил контролата и станал да се пресмета со членот на УО од Кавадарци. Го удрил и ја напуштил салата каде се одржал состанокот на УО на ФФМ во Куманово. Двајцата во текот на целиот состанок си префрлале, а капак на сe бил моментот кога Нанев почнал да коментира како Маријан Ристески од Кичево постојано бил во контрола на натпреварите кои ги игра Ренова.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Andrey
Датум на внесување: 25.Ноември.2010 во 13:50
Ова не е фудбал.Ова се се дивјаци,невоспитани луге.Еве пред 1 недела прочитав како еден маќедонски судија беше претепан од страна на играчите на Шкендија.Срамота навистина!!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Ноември.2010 во 14:26
Но во истиот момент јас читав дека во Шкотска канат македонски арбитри да свират мечеви......значи нсепак во македонскиот фудбал има искрица надеж кон подобро

-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk