Испечати | Затвори го прозорот

Панајот Гиновски

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20853
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 15:35
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Панајот Гиновски
Постирано од: mungos80
Наслов: Панајот Гиновски
Датум на внесување: 18.Ноември.2009 во 17:14



Коментари:
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 18.Ноември.2009 во 19:56


За Ѓиновски дали текстовите што ги покажа се негови и дали се печатени во Русија, како што се разбира. Како го објаснуваш присуството на српските букви, ако правилно сум разбрал... Појаснувај малку те молам Мунгосе!


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 18.Ноември.2009 во 20:01
Ако Ѓиновски не можи да го направиш бугар одма станва руски шпиун или српски.На секоја тема иста работа од тебе

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 18.Ноември.2009 во 20:05
Не ја матам, таа си е матна и те замолив да објасниш кое од каде е. Каде виде тука шпиуни и слично? Од тоа што си го покажал се разбира дека текстовите се од Ѓиновски, во руска книга, со српски букви. Нешто има нејасно и сакав да појасниш малку кое како е.


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 17:10
Најдов си го 27 број на „Живаја старина“. Сега ќе го прегледам па тогаш ќе можам да заклучувам.
http://www.archive.org/stream/zhivaiastarinap12tngoog#page/n7/mode/1up - http://www.archive.org/stream/zhivaiastarinap12tngoog#page/n7/mode/1up


Постирано од: depo
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 17:20
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Најдов си го 27 број на „Живаја старина“. Сега ќе го прегледам па тогаш ќе можам да заклучувам.
http://www.archive.org/stream/zhivaiastarinap12tngoog#page/n7/mode/1up - http://www.archive.org/stream/zhivaiastarinap12tngoog#page/n7/mode/1up
Благодарам што си постирал. Како што погледнав набрзинка мислам дека нема особено да ти се допадне тоа таму напишаното. Македонските Славјани ги дели на Егзархисти, Патријаршисти и Муслимани.

Гледам дека и на Македонски дијалект пишувал како што пишуваше за Икономов. Дали и тој не си ја вршел добро работата или било стремеж кај сите Македонци да си пишуваат на сопствените Македонските наречја. Тоа второто ќе да е.   


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 17:38

А ете малку и ЗА ЃИНОВСКИ.





-------------


Постирано од: depo
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 18:05
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Тоа со Славјаните егзархисти, патриаршисти и муслимани е од Ростковски (човекот на Мисирков)
Има и за Драганов пишано.
А ете малку и ЗА ЃИНОВСКИ.


Од било кој да е во наша полза е, а ја руши слабата бугарска пропаганда. Нема бугари во Македонија само Македонски Славјани, поделени според религијата и црквата на која и припаѓаат.

Исто така во текстот каде што пишува за Гиновски , пишува дека сакал да се врати дома, да напише собере зборник со народно творештво , без никакви измени, и да ги запознае другите со својот говор, поезија и поговорки.
Го влечело неговото, како и многумина Македонци.

А какви Српски букви се " ја, ', i " можеш ли да објасниш. Гледам ги употребува кога го запишувал народното творештво. Ти авторството за кирилицата уште малку и на србите ќе им го предадеш.

-------------


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 18:25

Originally posted by depo depo напиша:

Од било кој да е во наша полза е, а ја руши слабата бугарска пропаганда. Нема бугари во Македонија само Македонски Славјани, поделени според религијата и црквата на која и припаѓаат.


Има значење зошто е Русин, руски дипломат, конзул во Битола, а токму тогаш е таква политиката на Русија. Значи немало Македонци ами некакви Славјани?

Originally posted by depo depo напиша:

Исто така во текстот каде што пишува за Гиновски , пишува дека сакал да се врати дома, да напише собере зборник со народно творештво , без никакви измени, и да ги запознае другите со својот говор, поезија и поговорки.


Интересно е да се знае кој е авторот на овој текст пишан во Подгорица и потпишан со иницијали (С.Р.)

Originally posted by depo depo напиша:


Го влечело неговото, како и многумина Македонци.
Неговото не гледам да е опишано како македонско, насекаде стои МИЈАЧКО.

Originally posted by depo depo напиша:

А какви Српски букви се " ја, ', i " можеш ли да објасниш. Гледам ги употребува кога го запишувал народното творештво. Ти авторството за кирилицата уште малку и на србите ќе им го предадеш.
Има и српски.

Немој да генерализираш Депо, пишува дека татко му бил учител. Интересно е во какви училишта предавал и ред други прашања има.




-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 20:17
Пошто ме повика.Дали знаеш зошто оди во Србија?И кој му го дава материјалот на Русинот?


Секоја книга има своја историја а сигурно во тоа време немало литературен јазик ни бугарски,ни српски а ни македонски литературен јазик,односно мијачкиот јазик или на други места народниот јазик бил печатен за описменување на Македонците зошто тие не знаеле грчки,српски,бугарски.Има разлика во народот кој живеел во градовите и зборувале на повеќе јазици и народот од селата за кој оваа пропаганда била туѓа.


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 20:27
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Пошто ме повика.Дали знаеш зошто оди во Србија?И кој му го дава материјалот на Русинот?

Јас ако знаев немаше да те прашам. Ти ако знаеш - кажи!
Немој да ме мачиш. Ако сакаш да ме испровоцираш со брејнсторминг - успеваш. Ќе го најдам кој е авторот на материалот, ама е потребно време.


Постирано од: depo
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 20:28
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Немој да генерализираш Депо, пишува дека татко му бил учител. Интересно е во какви училишта предавал и ред други прашања има.


Напротив, ти генерализираше, ти кажа дека тоа била Српска азбука што воопшто не е точно. Јас не ја определив азбуката како нечија. Без разлика какво училиште посетувал, самиот факт што сакал да го собере своето народно творештво и да ги запознае другите со својот говор кажува многу за него. А за мијаците познато е дека имаат преданија за античките Македонци и се сметаат за нивни потомци, тоа го пишуваат и други мијаци. Така да мијачки никогаш не означувало нешто друго освен Македонски.


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 20:32
Јас не кажав за српска азбука, за српски букви пишував. Многу ме зачуди зошто во руско списание ќе има српски букви, ама сега малку по малку ми се пројаснува.
За Мијаците од Драганов е познато дека се сметале за Албанци, потомци на Скендербег, а тој го носи името на Александар и може од таму да е поврзаноста со античките Македонци.


Постирано од: depo
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 20:43
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Јас не кажав за српска азбука, за српски букви пишував. Многу ме зачуди зошто во руско списание ќе има српски букви, ама сега малку по малку ми се пројаснува.
За Мијаците од Драганов е познато дека се сметале за Албанци, потомци на Скендербег, а тој го носи името на Александар и може од таму да е поврзаноста со античките Македонци.
Многу ја тупиш не знам друго што да кажам. Не било Српска азбука Српски букви биле. Заради Скендер бег кој имал исто име со Александар Велики се сметале за негови потомци. Дури не ми се дебатира за вакви смешни тврдења.


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 20.Ноември.2009 во 20:30


Значи братот на Панајот Ѓиновски - Василиј ги дал материјалите на фамозниот П.Р., а тој ги испратил во Русија од Цетине.
П.Р. напишал „Браќата Ѓиноски биле принудени да го напуштат родното место и да ја посветат својата дејност и сите свои способности на родствените им српски земји“
Мунгос изгледа не го знае кој е П.Р.Утре веќе треба да го разбереме.


Модераторот дали ќе има против да издели посебна тема за Ѓиновски, нешто многу ме заинтересира, а и изгледа не е многу познат.

http://www.archive.org/stream/zhivaiastarinap12tngoog#page/n126/mode/1up - http://www.archive.org/stream/zhivaiastarinap12tngoog#page/n126/mode/1up
Тука е опишан животот на Панајот - со болна нога лежел дома, на 20 тата година ја загубил ногата до коленото. Во 1881 се преселил во Врање, таму посетувал гимназија и сакал да стане учител, ама УВИ, на 6 август 1886 година, на 45 години се преселил во вечноста.


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 20.Ноември.2009 во 20:58


I


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 21.Ноември.2009 во 01:23
По желба на членовите, постовите за Панајот Гиновски ги одвојувам во посебна тема. Ако нешто сум заборавил, а сметате дека е дел од темата, слободно кажете, а истото важи и ако нешто дополнително е префрлено, сепак, не разбирам руски.



-------------


Постирано од: чоли
Датум на внесување: 21.Ноември.2009 во 06:34
Дали е роднина на големиот бугарски скулптор http://translate.google.com/translate?hl=bg&sl=bg&tl=mk&u=http%3A%2F%2Fbg.wikipedia.org%2Fwiki%2F%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%80_%D0%93%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 - Владимир Гиновски ?


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 21.Ноември.2009 во 08:21
Како не - тука е и поэнатиот Маријан Гиновски - секретарот на обединетата Македонска дијаспора - абе се селебретис

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 21.Ноември.2009 во 19:26
Роден е во Галичиик 1842 год.Како малечок учел во старовремското училиште. Подоцна оттаму влегува во зографската тајфа, постанува зограф и како такав шетa по целиот Балкански полуострав. Работел во Македонија, Србија и Бугарија. Составил еден вечен календар. Собирал разни народни умотворби и обичаи. Ја преведува и "Ерминијата" учебник за зографство. Bo руското списание "Живаја старина", после неговата смрт, е издаден зборник под наслов: Зборник Панајота Гиновског из села Галичиика, песни, обичаји, и разин мелки материјал". Умре во Врање 1886, каде беше избегал од родното село поради турскте зулуми.


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 07.Февруари.2010 во 15:23
Мунгосе, никако не можам да разберам кој е овој П.Р. кој од Црна Гора ги испратил материјалите на Ѓиновски во Русија. Помогнете малку.


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 18:11
Брат му?


-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 05.Септември.2010 во 13:52
P.R. treba da e Rovinski.

M. Grgorov.



Со сигурност

http://new.runivers.ru/bookreader/book42941/ - http://new.runivers.ru/bookreader/book42941/




-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk