Мистерија во Долината на смртта
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мистерии и астрологија
Опис на форумот: Хороскоп, сонови, гледање во кафе, во карти, во раце, во НЛО...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20833
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 20:14 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Мистерија во Долината на смртта
Постирано од: fiks
Наслов: Мистерија во Долината на смртта
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 17:24
Мистерија во Долината на смртта
Невообичаени
фотографии откриваат бизарни случувања кои се уште не му се јасни на
научниот свет. Мистериозноста е во тоа што големи карпи се лизгаат на
сред пустина.
Во чудната тишина на калифорниската Долина на смртта, џиновските карпи без никаква помош се движат по топлата земја.
Овие
карпи, кои понекогаш тежат и повеќе од 108 килограми, се лизгаат по
целосно рамната површина на долината и може да патуваат и по 315 метри
годишно.
Научниците веруваат дека феноменот е предизвикан од специфичните
временски услови. Истражувањата претпоставуваат дека станува збор за
комбинација од ветрови, ладни формации и тенки слоеви на влажна глина
која што може да се најде на површината од пустината.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 17:26
Е ова е многу интересна тема тема за дискусија. Дали има тука мистерија или пак временските услови си играат играчки прво со парчињата карпи а потоа и со нас земјаните
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 17:57
за се има научно објаснување така да не се залетувајте на верување дека има натприродни сили.
побарај те кај чичко гугл тој ќе ви кажи
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 23:43
Нагаѓам дека е магнетизам.
Составот на карпите треба да се проучи и траекторијата.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 20.Ноември.2009 во 16:16
"Овие
карпи, кои понекогаш тежат и повеќе од 108 килограми, се лизгаат по
целосно рамната површина на долината и може да патуваат и по 315 метри
годишно."
...........najprvo ...ova ne "shtima"?!....teshko deka karpive na slikive imaat samo tolku ...kila!....kako i da e...prvpat "slusham"!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 20.Ноември.2009 во 16:18
Ех магнетизам сега.
Па знаеш ли колкав магнетизам треба да постои за да се помести некој камен со маса од 120 килограми,плус во себе треба да содржи некоја железна руда за да делува врз него магнетизмот.
Најверојатно се временските прилики виновниците.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 20.Ноември.2009 во 20:30
Не сфаќам како може камен со толкава маса да се движи низ пустина со помош на временски прилики.
Единствено што ми доаѓа у глава е дека би можел да се створи ситен воздушен џеб/џебови испод каменот и да се смали триењето измеѓу каменот и мократа почва.
Но незнам многу физика ќе оставам на вас да ме удостоите со логичен одговор.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 10:50
Ova shto go vidov na fotografiite pogore navistina e nesekojdnevno i mistichno,koga kje najdete fizichar koj kje ja objasni ovaa pojava bi sakala da prochitam objasnuvanje za ovoj fenomen.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 11:09
Па нема сигурно објаснување за ова Рената.
Прв кој ја прослави оваа мистерија е познатиот Артур Кларк во неговата книга Сите мистерии на светот.
Најлогично објаснување е со помош на временските прилики и некои вртложни движења на воздухот кои се јавуваат,нешто слично ко малечки торнада.
Или пак друго објаснување е човечка рака оди ги поместува и после сензација на вести и си играат играчки
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 11:17
Vo prv moment i na mene istoto objasnuvanje mi padna na um,no gledam deka Dzo ima alternativno objasnuvanje. Kako i da e ova navistina e nesekojnevna pojava ,pa duri i chovecheka raka da si poigrala vo pesokot.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 11:22
Ќе биде од оваа појава мистерија се додека не начекаат некого како ги турка камењата во некое глуво доба од ноќта
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 11:25
Vidi Fiks....jas pak gi razgledav fotografiite,ni taa teorija so chovechkata raka ne drzi. Togash bi imalo stapalki na pesokot,pogledni podobro.....
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 11:30
Рената така тврдеа луѓето и за снимката со круговите во жито во Англија на која снимка се појавуваа и кугластите молњи кои шетаа над житото и оп здола се форумираа кругови во житото за на крај човекот кој го објави тоа да си признае на Дискавери дека го направил тоа во своето домашно студио со помош на специјални ефекти.додека уфолозите пред тоа се обидуваа и да ја посочат и планетата од која дошле незнајните посетители
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 11:35
Izgleda naskoro kje se zapoznaeme i so vonzemjanite koi se glavni vinovnici za vnimanieto koe ni go privlekoa so ovaa nivna kreacija. A nie ovde tupime mozok ,barame objasnuvanja....
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 11:39
Знаеш има многу поголеми мистерии кои не се разрешени.
Еве пример.-Зошто спиеме?
На ова прашање нема некој точен одговор,ама никого не го интересира бидејќи е составен дел од животот.
Мистериите сами си ги наметнуваме а потоа се обидуваме да разрешиме нешто што сме го измислиле и оп ете ти тема за пишување.
Сепак е интерсно за муабет какво и да е објаснувањето.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 12:01
fiks напиша:
Знаеш има многу поголеми мистерии кои не се разрешени.
Еве пример.-Зошто спиеме?
На ова прашање нема некој точен одговор,ама никого не го интересира бидејќи е составен дел од животот.
Мистериите сами си ги наметнуваме а потоа се обидуваме да разрешиме нешто што сме го измислиле и оп ете ти тема за пишување.
Сепак е интерсно за муабет какво и да е објаснувањето. |
точно така
|
Постирано од: Rita.MD
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 13:53
fiks напиша:
Еве пример.-Зошто спиеме?
|
За да може мозокот и рецепторите да се одморат, мозокот да ги сортира информациите, телото да се регенерира и обнови, да се зацврсти склетниот и мускулниот систем и да се зголеми имунитетот.
Исто така спиењето ги одржува срцето и крвните садови здрави, стимулира раст кај деца, се регулира апетитот и метаболизмот.
------------- A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 15:01
Da Rita toa se telesnite rezultati na spienjeto gledani od medicinski aspekt,no Fiks prashanjeto go postvavi kako eden vid mistichna pojava.....zoshto chovekot da ne fumkcionira bez spienje? Eh vaka moze so saati da si razmenuvame mislenja i postojano niz odgovorite da si nametnuvame novi i novi prashanja,no koj znae dali gi imame vistinskite odgovori.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Rita.MD
Датум на внесување: 24.Ноември.2009 во 16:11
renatax напиша:
Da Rita toa se telesnite rezultati na spienjeto gledani od medicinski aspekt,no Fiks prashanjeto go postvavi kako eden vid mistichna pojava.....zoshto chovekot da ne fumkcionira bez spienje?Eh vaka moze so saati da si razmenuvame mislenja i postojano niz odgovorite da si nametnuvame novi i novi prashanja,no koj znae dali gi imame vistinskite odgovori.
|
Нема тука ништо мистично, се е чиста физиологија: мозокот мора да помине низ тие фази (пр. РЕМ) на спиењето, за да се среди, да се обнови, да излезе на површина и потсвесното (пр. со сонувањето), инаку човекот може и да пролупа (ако нема спиено со денови (повеќе од 5).
Исто како Disk Defragmentation i Disk Cleanup.
------------- A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|