Испечати | Затвори го прозорот

Дали Бог создаде диносауроси и прачовеци?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20739
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 15:43
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Дали Бог создаде диносауроси и прачовеци?
Постирано од: DDarko
Наслов: Дали Бог создаде диносауроси и прачовеци?
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 16:21
Пронајдени фосили од диносаурури, пред многу години. Пронајдени нај разни видови слични на нас, но со различен скелет. Дали Христијанинот и муслиманот треба да го негира постоењето на диносаурусите и на праживотните, како и лугето кој не се homo - sapiens? Дали некаде овие работи се споменати во Словото и зошто едноставно постоеле кога според Библијата не постоеле?



Коментари:
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 20:01
БОГ - Кој е СОВРШЕНА МУДРОСТ - преку својата Мудрост создал сè што е на Небото и земјата а на крајот како круна на творевината Го создава човекот според Својот лик!

Зборот Нomo sapiens потекнува од латинскиот и означува: Нomo = Човек,    sapiens = мудар.

Јас лично познавам само еден Кој е ем потполно Човек, ем потполно мудар!

Поздрав

п.с. Змејот се споменува во Библијата како нешто животонепријатно и кое е уништено одозгора поради истата особина! Само кротките имаат сигурна иднина на земјата!





-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 21:06
Originally posted by spiros spiros напиша:

БОГ - Кој е СОВРШЕНА МУДРОСТ - преку својата Мудрост создал сè што е на Небото и земјата а на крајот како круна на творевината Го создава човекот според Својот лик!

Зборот Нomo sapiens потекнува од латинскиот и означува: Нomo = Човек,    sapiens = мудар.

Јас лично познавам само еден Кој е ем потполно Човек, ем потполно мудар!

Поздрав

п.с. Змејот се споменува во Библијата како нешто животонепријатно и кое е уништено одозгора поради истата особина! Само кротките имаат сигурна иднина на земјата!





Пријателче или братче, сеедно, дали со ова сакаше да ми кажеш дека познаваш само Исус кој е и просветлен и Човек и Господ? И прв пат гледам ова за змејот. А за homo - sapiens ми е се добро познато, но прашањето ми беше дали Бог создаде и homo - habilis, homo erectus, neandertalec, avstralopitek?
Дали Бог покрај змејот создаде и живи диносауруси и живи праживотни, а не само нивни фосили?среќа

Твојот коментар на темата многу пријатно ме изненади и многу ми се допаѓа.
Поздрав.големо%20гушкање


-------------


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 22:35
Originally posted by DDarko DDarko напиша:


..., но прашањето ми беше дали Бог создаде и homo - habilis, homo erectus, neandertalec, avstralopitek?Дали Бог покрај змејот создаде и живи диносауруси и живи праживотни, а не само нивни фосили?среќа


Сè!!!

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 23:15
Da. I dinosaursi i pracoveci. Pracoveci od Kavadarci, da a ... So bi rekol Stole Andov...


PRALUGJE, eeeejjjj!


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 23:30
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Пронајдени фосили од диносаурури, пред многу години. Пронајдени нај разни видови слични на нас, но со различен скелет. Дали Христијанинот и муслиманот треба да го негира постоењето на диносаурусите и на праживотните, како и лугето кој не се homo - sapiens? Дали некаде овие работи се споменати во Словото и зошто едноставно постоеле кога според Библијата не постоеле?
Даре јас ќе ти одговорам според моето убедување, а тоа се откровенијата примени од Небесниот свет низ пророчицата за денешно време која дејствува во заедницата Универзален живот.

Бог создава духовни(тнр. етерични форми) во циклуси на создавање. Во едниот од тие циклуси постоеле и диносаурусите. Но нивната мисија како такви е завршена како во Небесата така и на Земјата, и поради тоа нив ги нема ниту ваму ниту таму повеќе, нивните духовни души имаат еволуирано во некои поинакви форми.

Се она што го има во природата на планетата Земја го има и во Царството Небесно но во изменета, попрофинета духовна форма. Земјата многу одамна била населувана од огромни животни кои ние популарно под еден општ назив ги викаме диносауруси.

Кога се случил Падот на ангелите, паднатите т.е. сатанските битија повлекоа цели делови на духовниот универзум во „бездната„. Така сосема постепено настана материјалниот свет, физичкиот универзум. Бог дозволи да бидат повлечени и дел од животинскиот и растителниот свет со цел да ги подсеќа отпаднатите битија на изворната татковина. Кога диносаурусите оделе по Земјата, човечкото тело какво што го познаваме денес, сеуште не било „искристализирано„, такаречи оформено и како такво присутно, но битијата на падот, оние кои подоцна станале луѓе - веќе биле присутни на Земјата и влијаеле со своите моќи на нејзиното обликување како и на тековите во материјалниот природен свет(наместо да го искористат за да го разгорат копнежот во вистинската татковина - Небото).
Поради нивните манипулации и негативно однесување, генетскиот материјал на дел од животните ги превзел програмите на страв и агресија што пак за последица имало некои од нив да почнат да се напаѓаат и јадат едни со други, па така и дел од диносаурусите. Воедно активностите на битијата на падот имаше влијание и врз драстична промена на климата(како што и денес човекот влијае врз неа) што исто одеше во прилог исчезнувањето на диносаурусите.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk