Русија предлага евроатлантски пакт за мир
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Свет
Опис на форумот: Масони, Рокфелер, Ирак, Иран, Балкан Експрес...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20664
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 14:11 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Русија предлага евроатлантски пакт за мир
Постирано од: Popi
Наслов: Русија предлага евроатлантски пакт за мир
Датум на внесување: 06.Ноември.2009 во 14:42
Новата безбедносна рамка на Медведев и на Путин треба да обезбеди мир од Ванкувер до Владивосток и практично го релативизира постоењето на НАТО |
|
|
|
|
|
Сите безбедносни прашања да се решаваат заеднички и да се дејствува заеднички, никој да не формира воени сојузи и да се има максимална контрола врз вооружувањето. Ова е суштината на руската безбедносна рамка, која треба да го редефинира 21 век „од Ванкувер до Владивосток“, како што стои во документот, кој ексклузивно го добивме од рускиот амбасадор Владимир Солоцински.
За предлогот на Русија нејзиниот претседател Димитри Медведев зборуваше уште на Конференцијата за светска политика во Евијан во октомври 2008 година, потоа на самитот Русија–ЕУ во Ница во ноември 2008 година, и на истапувањето во Хелсинки во април годинава. Предлогот е конкретизиран на 27 јули годинава, и според руската замисла, би требало да се разгледува на Паневропски самит, специјално организиран за тоа, каде што покрај европските земји, учество ќе земат и САД и Канада.
Иако амбасадорот децидно тврди дека рускиот предлог не значи барање да се укине НАТО, во предлогот може да се насети постепеното одумирање на северноатлантската алијанса.
Документот се состои од шест точки. Првата наведува дека „треба да се содржат јасно потврдените базични принципи на безбедност и меѓудржавни односи на евроатлантскиот простор. Тоа е приврзаност за совесно исполнување на меѓународните обврски, уважување на суверенитетот, територијалната целосност и политичка независност на државата“.
Во втората точка се предлага јасно да се потврди дека не е прифатлива примена на сили во меѓународните односи. Договорот треба да е должен да даде гаранција за еднообразно толкување и придржување на тие принципи.
Понатаму во третата точка, која е посебно интересна бидејќи го релативизира НАТО, се предлага да се гарантира еднаква безбедност.
„Тука е неопходно е да се направи трето „не“. Имено – да не се обезбедува својата безбедност за сметка на безбедноста на другите. Да не се допушта (во рамките на саканите воени сојузи и коалиции) дејства со кои се ослабнува безбедноста на општото пространство. Да не се дозволува создавање воени сојузи што со своето постоење би и нанеле штета на безбедноста на другите учесници во Договорот“, пишува во документот.
Четвртата точка на некој начин го укинува американското однесување на „светски полицаец“, па вели:
„Во Договорот е важно да се потврди дека ниту една држава и ниту една меѓународна организација не можат да имаат ексклузивни права на одржувањето на мирот и стабилноста во Европа. Во полна мера ова се однесува и на Русија“.
Со петтата точка се предлага контрола на вооружувањата, а со шестата, зајакнување на меѓународната соработка во борбата против трговијата со дрога, тероризмот и другите форми на криминал.
На крајот, во документот се наведува дека веќе има позитивни сигнали за прифаќање на руската иницијатива.
„На самитот Русија - ЕУ во Хабаровск на 22 мај оваа година, генералниот секретар на Советот на ЕУ и висок претставник на ЕУ за општа надворешна политика и политика на безбедноста Хавиер Солана, официјално ја објави спремноста на ЕУ да се вклучи во дијалог за евробезбедноста, во согласност со иницијативата на Русија“. |
|
|
|
|
Shto mislite vie za ovoj niven predlog?
|
Коментари:
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 06.Ноември.2009 во 14:49
нема што да се мисли .........
ПАМЕТНО ..............
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 06.Ноември.2009 во 14:54
...hahaha...a be, i kjorav moze da vidi shto se krie zad toa,...... shto i e namerata na rusija?!,...svoiata inferiornost( i iskomplexiranost)...na globalno nivo...da ja iskompenzira so ...so iniciranje na nekoi si ,..."miroljubivi" predlozi...samo,...se nadevam deka evropjanive ne se tolku glupavi,...pa, da ne go primetat toa!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 06.Ноември.2009 во 14:57
инфериорност ..........
http://images.google.com/imgres?imgurl=http://www.banjalukalive.com/images/stories/D08/100508%2520rusi.jpg&imgrefurl=http://www.banjalukalive.com/content/view/8555/&usg=__nKzgMtV-QAWl5oAroPcexRdTNiI=&h=190&w=250&sz=53&hl=en&start=53&tbnid=wPg7HffdoUSsfM:&tbnh=84&tbnw=111&prev=/images%3Fq%3Dvojna%2Bparada%26gbv%3D2%26ndsp%3D21%26hl%3Den%26sa%3DN%26start%3D42 - http://images.google.com/imgres?imgurl=http://www.banjalukalive.com/images/stories/D08/100508%2520rusi.jpg&imgrefurl=http://www.banjalukalive.com/content/view/8555/&usg=__nKzgMtV-QAWl5oAroPcexRdTNiI=&h=190&w=250&sz=53&hl=en&start=53&tbnid=wPg7HffdoUSsfM:&tbnh=84&tbnw=111&prev=/images%3Fq%3Dvojna%2Bparada%26gbv%3D2%26ndsp%3D21%26hl%3Den%26sa%3DN%26start%3D42
мислам дека е време да паднат маските ....... за вистинската функција на нато сојузот и империјалистичко - глобалистичките ционистички претензии на уса и англија кон РУСИЈА и остатокот на светот .......
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 06.Ноември.2009 во 15:04
joze ...had said:
.". кон РУСИЈА и остатокот на светот ......."
...poubavo ne mozeshe da go kazesh!...toa i i e vistinskata "dijagnoza" na denseshnata rusija....paranoichnosta!...deka ..."zapadot" nema popametna rabota sega) otkolku da se bavi so nea...
.....samo nemoj...nekoi ruskji....i srpski linkovi....ziti mene!...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 06.Ноември.2009 во 15:10
Постирано од: brza
Датум на внесување: 06.Ноември.2009 во 15:27
...jozeee!! ne beri gajle,...za zapadot.....toj si e...zapad ,.kako i isekogash...od nego "se" poteknalo....i sekogash ke bidat ...prvi...vo sekoj smisol...( a najmnogu onoj za ...dostoinsben zivot na obichniot chovek!)....shto ne moze da se kaze ...za nekoi....rusii...kini....indiii....i ..............................................................makedonii?
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 06.Ноември.2009 во 20:02
|