После смртта (ислам)
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20631
Датум на принтање: 13.Декември.2024 во 11:24 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: После смртта (ислам)
Постирано од: Ebu Muaz
Наслов: После смртта (ислам)
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:17
"Секое лице ќе ја вкуси смртта." (Ел-Енебија, 35)
Дали сум подготвен за вечната куќа ? Дали мојот ислам или мојата вера е потполна ? Во што сум слаб ? Ова го знае само Аллах џ.ш. а своите дела ќе ги најдам во отворената книга ...
Јас не знам дали книгата ќе ја примам од својата лева или десна страна, оној Ден кога ќе ми се рече :
" Читај ја својата Книга, за тебе денес е доволно тоа што ќе полагаш сметка. " (Ел-Исра, 14)
Ако книгата ми биде подадена од левата страна, тогаш тешко мене, тогаш ќе бидам ставен во синџири, пранги и во оган распламтен. Нека Аллах џ.ш. сите не спаси од тоа.
А ако книгата моја ми биде подадена од десната страна, мое престојувалиште ќе биде Џеннет и ке имам средба со нашиот Господар во друштво со пејгамерите, искрените верници и шехидите, во убави и мирисни простории во Џеннет.
|
Коментари:
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:17
"О верници, покајте се кај Аллах со покајание искрено ! Господарот Ваш, можеби, ќе ги избрише гревовите Ваши и ќе ве воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат, на Денот во кој Аллах не ќе ве ожалости, пејгамберот и оние кои веруваа со него. Светлината нивна ќе оди пред нив, и од нивната десна страна, ќе зборуваат: - Господаре наш, усоврши ја светлината наша и прости ни. Ти си, навистина, Кадер за се !" (Ет-Тахрим, 8)
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:18
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ?
Оние кои, навистина, зборуваат: - "Аллах е Господарот наш", а потоа се истрајни во тоа, им доаѓаат мелеките и им велат: - "Не плашете се и не тагувајте и радувајте се на Џеннетот што ви е ветен ! Ние сме заштитници ваши и во животот на овој свет и во животот на Ахирет. Во него за вас ќе има се што ќе посакаат душите ваши, и за вас таму го има она што ќе го побарате." Какво угостување од Простувачот и Сомилосниот" (Фуссилет, 30-32)
А на неверниците и расипниците, мелеките ќе им се обратат со грубост:
"Ех, само да видиш кога мелеките на оние кои не веруваа како ќе им ги земаат душите, удирајќи ги по лицата нивни и по плеќите нивни:- Искусете ја казната огнена ! Ете, тоа е заради она што го направија рацете ваши. А Аллах, навистина, не е зулумќар кон робовите !"(Ел-Енфал, 50-51)
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:18
СТРАДАЊАТА ВО ГРОБОТ
Од Ибн Омер, Аллах нека биде задоволен со него, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. рекол: "Страдањата во гробот се вистина. Ако некој би можел да ги избегне тоа би бил С'ад ибн Муаз." Овој хадиз го пренесува Ахмед во Муснед, со веродостоен сенед.
За ова постојат многу хадиси и тоа познати. Зборуваат дека нема никој да ги избегне страдањата во гробот, па дури ниту децата.
Од Енес, Аллах нека биде задоволен со него, се пренесува дека Пејгамберот, а.с. рекол:
"Ако некој ги надминеше и избегнеше страдањата во гробот тоа би било ова момче", т.е. С'ад ибн Муаз.
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:19
ИСКУШЕНИЈАТА ВО ГРОБОТ
Муслиманот е должен да верува во вистинитоста и постоењето на искушенијата во гробот, без дилема и расправија за начинот. Да се верува онака како за тоа не известил Аллаховиот Пратеник с.а.в.с..
Меѓутоа, за оние кои се сомневаат, ќе наведеме пример на човек кој спие и сонува. Тој тогаш може да чуствува бол и тегоба, а исто така може да чуствува среќа и задоволство.
Тој сето тоа го доживува во состојба во која спие, неговото тело е испружено, очите затворени, а како тогаш да не поверуваме во она што не известил Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. за искушенијата во гробот.
Мајката на верниците, Аиша, р.а. Вели:
"Кај мене дојдоа две старици, еврејки, од Медина, и ми рекоа: - Навистина жителите на гробот ќе бидат подложени на казни. А јас не се сложив со тоа", вели Аиша, "па тие заминаа. Потоа дојде Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. и јас го прашав: - Аллахов Пратенику, две старици, еврејки, од Медина беа кај мене. Тие тврдат дека луѓето во гроб ќе имаат потешкотии., така што и стоката ќе слушне. - Јас, вели Аиша, - го видов Пејгамберот како после намаз бара заштита од искушенијата во гробот." (Муслим)
А Есма, ќерката на Ебу Бекр, р.а., вели: - Станал Пејгамберот а.с. еднаш да одржи говор, па ги спомнал искушенијата во гробот со кои луѓето ќе бидат искушувани, па зборувал за тоа, а муслиманите тоа внимателно го следеле. (Бухари)
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:21
Eve vi davam ubava tema za citanje i dijalog, moram vaka na delovi za da ne bide dolgo zza citanje. Pa povelete so komentiranje
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:21
ПРИЧИНИ ЗА ИСКУШЕНИЈАТА ВО ГРОБОТ
Постапките кои предизвикуваат казни во гробот ги наброил оној кој вистината ја кажува во веродостојните хадиси – Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. - Мухамед (саллаллаху алејхи ве селлам).
Тие постапки се следните:
1. нечистење од мокрача:
2. сплеткарење (пренесување на зборови со цел за расипување на односите меѓу луѓето – немиме);
3. претерување;
4. лага;
5. отфрлање на к*ран (непридржување за к*ранските принципи);
6. проституција, блуд (зина);
7. јадење на камата.
А што се однесува до кои зборуваат за казнување на сторителите на овие дела, ќе ги наведам следниве:
Се пренесува од Ибн Аббас р.а. дека: "Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. поминал покрај два гроба и рекол: - Тие сега се на големи маки, но не заради крупни работи. Потоа рече: - Секако, што се однесува до едниот од нив, пренесувал туѓи зборови, а другиот не внимавал при вршење на мала нужда (мокрење). Потоа земал сурова гранка, ја скршил на два дела и ја посадил на двата гроба и рекол: - Нека им се олеснат маките барем се додека овие гранки се сурови." (Бухари и Муслим)
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:23
Возвишениот Aллах џ.ш. не предупредил во Својата книга на заштита од Џехеннем и не известил за сите видови казни од кои човечкото срце се кине одвнатре.
Не предупредил на страотиите на Џехеннем и видовите на казните, а се заради Својата милост кон нас, да правиме добри дела, да бидеме послушни кон она што дошло во к*ран и Сунет, со цел да примаме поука, како што вели к*ран.
"Приближете се кон Господарот ваш и бидете Му послушни пред да ви дојде казната, по тоа не ќе ви се помогне." (Ез-Зумер, 54)
Освен ова Аллах џ.ш.во к*ран вели:
"Плашете се од оганот кој е подготвен за неверниците." (Али Имран, 131)
"Врз робовите Мои, навистина, ќе немаш власт освен врз оној кој те следи меѓу скршнатите во заблуда. Џехеннемот, навистина, е нивната ветена средба за сите ! Џехеннемот има седум врати и низ секоја врата еден од нив ќе поминува." Ел-Хаџр, 42:44)
"И кажи: "Вистината е од Господарот твој...па, кој сака нека верува па, кој сака нека не верува." За зулумќарите Ние , навистина подготвивме оган чии чад ќе ги опфати сите. А ако, пак, побараат помош ќе им се даде помош со вода како растопена руда што ги пржи лицата. Е, само колку лоша напивка е таа ! Е, само колку лошо сместување е тоа !" (Ел-Кехф, 29)
"Оние кои не веруваа во дружини ќе бидат натерани во Џехеннемот. И штом ќе дојдат до него ќе им се отворат вратите негови, и ќе им речат чуварите нивни: "Нели ви доаѓаа пејгамбери меѓу вас кои ви ги кажуваа ајетите на Господарот ваш и ве опоменуваа за Средбата на овој Ден ваш ?" Ќе речат: "Да !" Но, се овистини зборот за казната на неверниците !" (Ез-Зумер, 71)
"А за оние кои не веруваат во Господарот свој има казна џехеннемска. Е, само колку лоѓо свратилиште е тоа ! И кога ќе бидат фрлени во огнот ќе го слушаат неговото пламтење и тој само ќе фрла пламен ! Ете, само што од лутина не ќе се распрсне. И секогаш кога ќе биде фрлено во него, во гомила, чуварите негови ќе го прашуваат: - Нели ви доаѓаше опоменувач ?" (Ел-Мулк, 6:8)
"Над нив ќе има слоеви на оган, и под нив ќе има слоеви на оган. Ете, така Аллах ги заплашува робовите Свои: "О робови мои, плашете се од Мене ! "" (Ез-Зумер, 16)
"A луѓето неисправни – а кои се тие луѓе неисправни ? - тие ќе бидат во оган пламенен и во вода што врие, и во сенката на чадот жежок." (Ел-Вакиа, 41:43)
"Кажи: "Огнот џехеннемски е пожежок !" Е, само кога би сфатиле !" (Ет-Тевба, 81)
"А знаеш ли ти што е тоа Хавие ? Па тоа е оган распален !" (Ел-Кари'а, 10:11)
"А од кај знаеш ти што е тоа Секар ? Во него ништо не останува, ни пепел." (Ел-Муддессир, 27:28)
"О верници, чувајте се себеси и семејствата вачи од огнот: луѓето и камењата ќе бидат негово гориво. А мелеките ќе се грижат за него и ќе бидат строги, не ќе бидат непослушни кон наредбата Аллахова и ќе го работат она што ќе им се наредува." (Ет-Тахрим, 6)
"Како кули ќе фрла искри, како да се камили жолти." (Ел-Мурселат, 32:33)
"И ќе ги видиш силниците на Денот тој, врзани во синџири, а кошулите нивни од катран, а лицата нивни покриени со пламен." (Ибрахим, 49:50)
"Кога ќе има синџири врз вратовите нивни и кога ќе бидат влечени со железни прачки." (Ел-Гафир, 71)
"За оние кои не веруваат ќе им биде сошиена облека од оган, а над главите нивни ќе им се сипа зовриена вода, од неа ќе се стопи она што е во стомаците нивни, и кожите, ието така, над нив има топузи од железо, секогаш кога ќе се впрегнат да излезат од таа спурнина неподнослива....: - Вратете се во неа и искусесте ја казната огнена !" (Ел-Хаџџ, 19:22)
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:23
Ина што личи темава сега после ова????
Гледам дека сакаш да си ја фалиш религијата со постови еден по друг ништо повеќе.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:23
"На оние кои, навистина, не веруваат во ајетите Наши ќе ги фрлиме во огнот, сигурно: Кога кожите нивни ќе се испечат Ние ќе ги замениме со други кожи за да ја искусат казната. Аллах, секако, е Силен и Мудар !" (Ен-Ниса, 56)
"Стеблото Зеккум, навистина е храна за грешниците ! Како ковина ќе врие во стомаците, како што врие жешката вода." (Ед-Духан, 43-46)
"Да, тоа е стебло кое никне од основата џехеннемска, плодот му е како главите од шејтаните." (Ес-Саффат, 64, 65)
"Потоа, о вие во заблуда скршнати, вие што лажете, ќе јадете од дрвото Зеккум, и од него ќе ги полнете стомаците, па, над тоа, вода што врие ќе пиете. Тогаш ќе пиете како што пијат камилите жедни." (Ел-Ваки'а, 51-55)
"А ако, пак побараат помош ќе им се даде помош со вода како растопена руда што ги пржи лицата. Е, само колку лоша напивка е таа ! Е, само колку лошо сместување е тоа !" (Ел-Кехф, 29)
"И кој пие вода што врие, која цревата ќе им ги попари ?" (Мухаммед, 15)
"Џехеннемот е зад плеќите нивни. И ќе се напојува од вода смрдлива, која ќе настојува да ја голтне малку по малку, но не ќе може да ја пренесе низ грлото и смртта ќе му дојде од секоја страна, но не ќе може да умре. И зад него има казна тешка." (Ибрахим, 16,17)
"Да, силниците ќе бидат во казната џехеннемска, и во неа за навек ќе останат, нема да им се олесни и во него ќе бидат безнадежници. И Ние зулум не им направивме, но тие беа зулумќари." (Ез-Зухруф, 74-76)
"Прибежиштето нивно е – Џехеннемот ! И секојпат кога огнот Саир ќе ослабне Ние ќе го разгориме." (Ел-Исра, 97)
"Оние, навистина, кои не веруваа и кои зулум правеа... ним Аллах не им прости и не им го покажа патот, освен патот џехеннемски, во него за навек ќе останат. А за Аллах тоа е едноставно." (Ен-Ниса, 168-169)
"Аллах, секако ги проколна неверниците и им подготви оган, и во него за навек ќе останат, не ќе најдат ни заштитник ни подржник !" (Ел-Ахзаб, 64,65)
"А оној кој ќе биде непослушен кон Аллах и кон пејгамберот Негов... па, за него, навистина има казна џехеннемска ! И во неа за навек ќе останат !" (Ел-Џини, 23)
"А знаеш ли ти што е тоа Хутам ? Па, тоа е Аллаховиот оган, распален ! Кој се вовлекува во срцата. Огнот, навистина, врз нив е затворен со столбови долги !" (Ел-Хумезе, 5-9)
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:24
fiks напиша:
Ина што личи темава сега после ова????
Гледам дека сакаш да си ја фалиш религијата со постови еден по друг ништо повеќе. |
Ne falam tuku davam detalno kako e sto e za da citate vie koi ne znate
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:28
А шо треба да знам јас Ебу?
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:50
Ebu Muaz , forumov ne e mesto za postiranje religiozni tekstovi, sveti pisanija ili vernichki knigi.
Ako ima nekoja rabota koja smetash deka e interesna za chitanje togash objavi go nejziniot naslov i avtorot na knigata ili postavi link preku koj mozhe sekoj chlen, koj e zainteresiran, da go pobara toj tekst preku internet.
Ova shto ti go pravish sega ne e dozvoleno. Zamisli da se izredat chlenovi so vakvi temi kade sto kje ja prepishuvaat Biblijata, Vedite, Knigata na mrtvite i t.n.
Tuka ne interesiraat razmisluvanjata na chlenovite po izvesni verski prashanja. Ako ni se chitaat knigi ili verski traktati kje zememe knigi i kje gi izgasime kompjuterive.
Dokolku imash neshto sto da kazhesh ti lichno okolu toa kako Islamot propoveda za "Posle smrtta", togash poveli.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 19:35
Sakav da gi zapoznavam tie sto nemaat od kade da najdat kniga,a sto sakaat da doznaat poveke za ovaa tema, pa taka ispadna da pisuvam samo jas za na delovi da gledate, Jas od sebe ne mislam nisto, za ova tema se soglsuvam so toa sto kopirav, ama ako ne smee nema veke da pravam taka, pa da vidime dali ke sakate nesto da komentirame za ova do sega
|
|