Размислувања за исламот
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20628
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 12:01 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Размислувања за исламот
Постирано од: Ebu Muaz
Наслов: Размислувања за исламот
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 15:13
Za tie shto znaat nesto za islamskata vera:
Shto e toa shto najveke ve privleklo kon islamot ili najveke vi se dopadnalo (primer nekoj stih, nekoja regulativa, nekoja islamska praktika)
i
Shto e toa shto ve odvleklo podaleku od islamot, ili shto ve nateralo da mislite deka islamot ne e pravata religija.
(samo nemojte za teroristi da pisete)
Pozdrav
|
Коментари:
Постирано од: Rita.MD
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 15:21
http://www.youtube.com/watch?v=Hcm873G94jo - Повелете нешто за исламот.
Женава многу јасно кажува. Само се надевам дека брзо читате англиски или разбирате арапски.
------------- A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 15:25
O Allah da ja kazni. Pa ova e trik, neli gledate? Zenata zela pari za da pluka po Islamot. Ne e prv pat
|
Постирано од: Rita.MD
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 15:28
Ebu Muaz напиша:
O Allah da ja kazni. Pa ova e trik, neli gledate? Zenata zela pari za da pluka po Islamot. Ne e prv pat |
Типичен изговор.
Дали цитатите постојат во к*ранот? Ако постојат, тогаш имаме некој проблем.
------------- A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 15:33
Абе борецу за исламот ,зар не си чул за Wafa Sultan?!!а башка ова старо е.
Како ќе бидеш газија ако немаш стомак за еден бивш муслиман(и то жена бе!!!).
Во битка се познаваат јунаците.
------------- Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 15:39
Ne sum cul, i ne sum borec za islamot toa zvuci kako so sila da nametnuvam, jas um Allahov rob i povikuvac na iskrenite lugje da gi otvarat ocite i da dojdat vo Islam
|
Постирано од: Rita.MD
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 15:49
Ebu Muaz напиша:
Ne sum cul, i ne sum borec za islamot toa zvuci kako so sila da nametnuvam, jas um Allahov rob i povikuvac na iskrenite lugje da gi otvarat ocite i da dojdat vo Islam |
Нема да бидам ничиј роб, кога можам да бидам дете на Царот, возљубено создание на Творецот, Божја избраничка.
------------- A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 15:52
Ne vo taa smisla, tuku pokoren na Allah dz. sh. takov rob, se pokoruvam celosno na nego
|
Постирано од: Rita.MD
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 15:58
Ebu Muaz напиша:
Ne vo taa smisla, tuku pokoren na Allah dz. sh. takov rob, se pokoruvam celosno na nego |
Многу добро јас ти ја разбирам смислата. И многу добро го разбирам исламот. Се повеќе ми наликува на политичко и општествено, отколку на религиозно определување.
Како може алах, кој според вас ги создал сите луѓе, да бара од други да ги убиваат оние кои не веруваат во него?
Што е со таа случката што ја опишува жената на клипот?
Зарем Мухамед со своето однесување личи на Божји човек?
Повеќе шанси кај мене имаат мормоните отколку исламот.
Зашто самата доктрина на исламот повикува на борба против "неверниците"? Каков селам, ислам, мир е тоа?
------------- A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:09
Ima etapi pred da dojde do fizicka borba so nevernicite, ne e toa vednas, ajt. Prvo opomena, dijalog, da im se objanuva edna na tie sto zalutale, o trpenie. A ako i posle se nesakaat da vidat koj rekol deka treba so loso. Distanca od niv i gotovo
eve vi da vidite i sami
Аллах навистина ги љуби оние кои се борат на Неговиот пат во редови како да се, токму бедеми зацврстени! (Ес-Сафф,4)
А за оние кои ќе загинатна Аллаховиот пат не велите дека се мртви.Но не! Живи се ,но вие тоа не го чуствувате.(Ел-Бекаре,154
На Аллаховиот пат убивајтеги оне кои вас ве убиваат.Но не преминувајтеги границите;Аллах навистина не ги љуби претерувачите! (Ел-Бекаре190)
|
Постирано од: Rita.MD
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 16:31
А шо праиме со:
"Бори се против оние кои не веруваат во Алах (9:29"
"Борете се против нив, а Алах ќе ги казни со рацете ваши "(9:14)
"Пoјдете во борба на Алаховиот пат... Ако не појдете во борба, Он ќе ве казни"(9:38-39)
Многу етапи има. Посебно Џихадот.
------------- A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 18:24
Spiros mnogu ubavo ni kazhuva i mnogu ubavo razmisluva za Islamot. Ima li pogolem i poubav Islam od onoj na Isus Hristos...?
-------------
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 18:39
Ebu Muaz напиша:
Ne sum cul, i ne sum borec za islamot toa zvuci kako so sila da nametnuvam, jas um Allahov rob i povikuvac na iskrenite lugje da gi otvarat ocite i da dojdat vo Islam |
Добро брате, ќе ни објасниш ли на кратко што нуди исламот... неколку причини ЗОШТО НИЕ ДА ДОЈДЕМЕ ВО ИСЛАМ... и такви слични работи, за на тој начин да отвориме дискусија...
Вака - се е бесмислено...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 19:30
so ovaa tema sakav da doznavam sto na lugeto nemuslimani im izgleda ubavo i privlecno kaj nasata vera, zasto nemoze sve da ne vi e po kejf, mora nesto da vi e ubavo naprimer mene mi kazale deka im se dopagja sto nie drzime mnogu visoko nivo na higiena, sto vie na primer ne go praktikuvate, t.e. tuka zboruvam za toj del posle vrsenje na golema nuzda, kaj nas obavezno toa se mie, i ete mi kazale deka toa e dobro im izgleda kako dobro nesto potoa mi kazale deka im se dopagja toa sto imame pravo da imame poveke soprugi (sekako so dopustenie od Allah xh.sh. i po strogi pravila)
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 20:34
Ebu Muaz напиша:
Za tie shto znaat nesto za islamskata vera:
Shto e toa shto najveke ve privleklo kon islamot ili najveke vi se dopadnalo (primer nekoj stih, nekoja regulativa, nekoja islamska praktika)
i
Shto e toa shto ve odvleklo podaleku od islamot, ili shto ve nateralo da mislite deka islamot ne e pravata religija.
(samo nemojte za teroristi da pisete)
Pozdrav |
Љубовта и Мирољубивоста на во Исус Христос отелотвореното СЛОВО БОЖЈЕ (ЕЛОАХОВО, АЛАХОВО) е Тоа што најповеќе ме привлекува во Вистинската Вера (Ислам) а највеќе ме одбива и ме гади лагата што ја ширеле и шират лажните арапски книжници за Него!
Бидејќи вистинскиот пророк Мухамед (с.а.в.с) никогаш не водел војни, не убивал, не препорачал да се убива, немал повеќе жени освен Хаџида, не имал сексуален однос со малечко девојче, никогаш не се споредувал со Живото Евангелие (Исус Христос) и никогаш не дозволил некој да го споредува со Него, туку во такви ситуации секогаш велел: Јас сум одоздола и негов незаслужен слуга а Тој е одозгора и Единсвениот од БОГА избран Кој ќе го порази непријателот БОЖЈИ на земјата!
I Love True Evangelical Islam in Jesus Christ
I`m loving it
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 20:40
Исламскиот фанатизам - актуелен последните години на Балканот собено во Македонија - бидејќи кај нас никогаш немало толку многу џамии дивоградби како денес; многу штети на традиционалниот ислам... штета што изумреа старите добри турци - вистински верници...
НА ОВА ФАНАТИЦИТЕ - НЕ БЛАГОДАРАМ!!!
ТАКОВ ИСЛАМ (ФАНАТИЧКИ - КАКОВ ШТО СЕ ШИРИ КАЈ НАС) - НЕ БЛАГОДАРАМ!!!
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 21:10
Tetratka напиша:
Исламскиот фанатизам - актуелен последните години на ... НЕ БЛАГОДАРАМ!!!
|
Ти сведочам дека тој и секој друг животонепријатен фанатизам (од сите вери и деноменации) немаат никаква врска со Правата Вера, со Правиот Ислам ,како што БОГ (ЕЛОАХ, АЛАХ) за спасение на сите го отелотвори во Живото Евангелие (Исус Христос)!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: al_islamia
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 21:49
spiros напиша:
Ebu Muaz напиша:
Za tie shto znaat nesto za islamskata vera:
Shto e toa shto najveke ve privleklo kon islamot ili najveke vi se dopadnalo (primer nekoj stih, nekoja regulativa, nekoja islamska praktika)
i
Shto e toa shto ve odvleklo podaleku od islamot, ili shto ve nateralo da mislite deka islamot ne e pravata religija.
(samo nemojte za teroristi da pisete)
Pozdrav |
Љубовта и Мирољубивоста на во Исус Христос отелотвореното СЛОВО БОЖЈЕ (ЕЛОАХОВО, АЛАХОВО) е Тоа што најповеќе ме привлекува во Вистинската Вера (Ислам) а највеќе ме одбива и ме гади лагата што ја ширеле и шират лажните арапски книжници за Него!
Бидејќи вистинскиот пророк Мухамед (с.а.в.с) никогаш не водел војни, не убивал, не препорачал да се убива, немал повеќе жени освен Хаџида, не имал сексуален однос со малечко девојче, никогаш не се споредувал со Живото Евангелие (Исус Христос) и никогаш не дозволил некој да го споредува со Него, туку во такви ситуации секогаш велел: Јас сум одоздола и негов незаслужен слуга а Тој е одозгора и Единсвениот од БОГА избран Кој ќе го порази непријателот БОЖЈИ на земјата!
I Love True Evangelical Islam in Jesus Christ
I`m loving it |
znaci vi e priznavate deka muhamed e posleden verovesnik i svetata kniga k*ran bozja kniga k*ran kerim , ako go priznavate kako posleden verovesnik togas zasto on dojde kako verovesnik ,
dali oteotvoreniot isus go preskazal toa deka ke dojde verovesnik , ako ne preskazal od kade ti veruvas deka muhamed e everovesnik
pozdrav
|
Постирано од: Ebu Muaz
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 23:05
Toa sto e gore napisano za Muhammed s.a.v.s od kade go vide te molam kazi mi?
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 21:57
Ne mi e jasno samo edno... Kako toa muslimanite chesto vikaat, Allah da ja kazni, da go kazni, gnevot Allahov da bide vrz ovoj vrz onoj... Toa mi izgleda nekako anti - ok.
-------------
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 22:29
al_islamia напиша:
znaci vi e priznavate deka muhamed e posleden verovesnik i svetata kniga k*ran bozja kniga k*ran kerim , ako go priznavate kako posleden verovesnik togas zasto on dojde kako verovesnik ,
dali oteotvoreniot isus go preskazal toa deka ke dojde verovesnik , ako ne preskazal od kade ti veruvas deka muhamed e everovesnik
pozdrav |
Шалом + Селам + Мир на сите вам !!!
Вистинскиот Мухамед (мир и благослов да е врз него) е еден од најголемите Христови Апостоли кој делувал на овој свет во 7иот век после Христа! Него му беше доделен пророчки дар од БОГА преку Христа за арабското полуострово и поколенијата што потекнуваат од Исмаил (с.а.в.с) синот Ааврамов (Благословен да е во вечни векови). За поколенијата Исмаелеви кои беа (и за жал многу однив сёуште се) оддадени на најразлични несовршени преданија и обожавања на најразнични култови, божанства, идолопоклонства, каменопоклонства ... и тоа во Името БОЖЈЕ (ЕЛОАХОВО, АЛАХОВО)дебаре било тоа Негова СОВРШЕНА ВОЛЈА!
За жал, истите тие иделопоклонички и каменопоклонички “духовни водачи“ на арапските народи ја злоупотребија Радосната Вест - Која БОГ (ЕЛОАХ, АЛАХ) преку Неговото Живо СЛОВО (Христос) му заповеда на Мухамед да им ја пренесе - и направија од таа Совршено Чиста Вест една прилично тажна и крвава вест!
На твоето прашање дали го признаваме Мухамед (с.а.в.с), одговорот е категоричен: ДА! Но во истиот здив ти сведочам со мојот живот и дар што ми го дал БОГ (ЕЛОАХ, АЛАХ) дека не е нити првиот, нити последниот Кој ќе го уништи противникот БОЖЈИ на земјава!
Ако сёуште веруваш дека некој друг освен Исус е последниот што ќе се појави, ти сёуште си во магла и не ја познаваш СОВРШЕНАТА ВИСТИНА
На твоето прашање дали ја признаваме светата книга кyранот, одговорот е дека ние признаваме сё што е Свето, но дека кyранот за нас е само дар на Мудроста БОЖЈА (како и сё друго што дал БОГ), што незначи дека е Светол!
Кој ти дал право да наречеш нешто друго СВЕТО освен Единиот БОГ (ЕЛОАХ, АЛАХ), Неговото Творечко СЛОВО и Неговиот Вечен ДУХ???
Одсрце посакувам на сите луѓе да им се отворат срцата и очите за СОВРШЕНАТА ВИСТИНА!
п.с. Кажими кој книжник, кој учител ти дал право да го наречеш кyранот Светол?
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: hleb20
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 22:29
Go priznaavaat ISLAMOT vo Isus, a jasno znaeme deka ISLAMOT povikuva kon Eden Edinstven Bog (Allah), go pravshe toa i Isus :
Зашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето - човекот Христос Исус. (Прво послание до Тимотеј 2:5)
------------- Vo imeto na Allah Milostiviot,Somilosen.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 22:44
Ebu Muaz напиша:
Toa sto e gore napisano za Muhammed s.a.v.s od kade go vide te molam kazi mi?
|
Побратиме, за тие што веруваат повеќе на антгели, пророци, книги, писанија, ... повеќе одколку на БОГА (ЕЛОАХ,АЛАХ) Неговото Живо СЛОВО, Неговиот СВЕТОЛ ДУХ, Тој Изворот е недостапен!
Те молам простими, бидејќи и да сакам да ти кажам, неможам да го сторам тоа!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 22:51
hleb20 напиша:
Go priznaavaat ISLAMOT vo Isus, a jasno znaeme deka ISLAMOT povikuva kon Eden Edinstven Bog (Allah), go pravshe toa i Isus :
Зашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето - човекот Христос Исус. (Прво послание до Тимотеј 2:5)
|
Потполно точно побратиме хлеб 20!
Само Еден СОВРШЕН ИСЛАМ и САМО ЕДЕН СОВРШЕН БОГ, Оној БОГ (ЕЛОАХ, АЛАХ) Кој лично беше и ё во прачистото Срце на отелотворението на Својата МУДРОСТ (Исус), Кој лично со Главата доземја се поклонуваше пред БОГА, во своето срце а не кон камен, слика, склуптура, ...!
Кога би бил вистински муслиман кој неследи ништо друго освен СОВРШЕНАТА ВИСТИНА, ти би требал ова одамна да го знаеш и следиш!
Иншалах да постанат сите вистнски верници (муслимани)!
Селам
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Dzingis Kan
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 23:40
Tetratka напиша:
Исламскиот фанатизам - актуелен последните години на Балканот собено во Македонија - бидејќи кај нас никогаш немало толку многу џамии дивоградби како денес; многу штети на традиционалниот ислам... штета што изумреа старите добри турци - вистински верници...НА ОВА ФАНАТИЦИТЕ - НЕ БЛАГОДАРАМ!!!ТАКОВ ИСЛАМ (ФАНАТИЧКИ - КАКОВ ШТО СЕ ШИРИ КАЈ НАС) - НЕ БЛАГОДАРАМ!!!
|
Не!Ти не тажиш по вистинските верници, туку по номиналните, комунистичките.
Тебе и те како ти сметаат Џамиите , иако знаеш дека тие се градат од потреба, а не за реклама како вашите ви Цркви и Манастири, во кој речиси не влегува никој, освен секако, замастените и со темјан и босилек намирисани свештеници.
Тебе ти доаѓа да цркнеш од мака што муслиманите од ден во ден во Македонија се будат и го практикуваат ( живеат) Исламот. Вие секогаш по теркот на западот, таквите ќе ги квалификувате како фундаменталисти, фанатици, теористи. Не од друга, туку од стравот што тие се будат,а вие се подлабоко тонете во вашиот сон.
Али тоа е тоа. Без оглед колку некому му се допаѓа.
Аллаху Екбер!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 06.Ноември.2009 во 00:20
Алах уЕгбер, побратиме!
муслиманите кои не го познаваат а го извртуваат СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ, се баш тие кои им ја отвараат устата и им даваат повод на западните (но не само западните) медиуми.
Пред извесно време во ал-жазира еден водечки редактор нервозно извикал изјавувајќи: “За жал во моментов најповеќе терористи доаѓаат од нашата култура“ !
Овој факт не е случаен побратиме, исто како што луѓето (како хитлер, сталин, пол пот, хусеин, младиќ или сл.) кои го изигравале, извртувале и потценувале учењето Христово, постанале најголемите убијци на овој свет!
Селам
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: deshad
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 22:59
Rita.MD напиша:
http://www.youtube.com/watch?v=Hcm873G94jo - Повелете нешто за исламот.
Женава многу јасно кажува. Само се надевам дека брзо читате англиски или разбирате арапски. |
Ехеее, колку ги има кои уште појасно кажуваат. И јас се надевам дека ова полека ќе го проследиш.... до крај.
http://www.youtube.com/watch?v=H3bfoD06mVM - Бујрум мила моја
------------- "Ако питаш који сам странац, поносно кажем:ЈА САМ БОСАНАЦ!"
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 09.Јануари.2010 во 18:04
Тешко дека моите размислувања за исламот би можеле да се сведат во кус параграф. Но да речеме, никако не наоѓам оправдување во на некои делувања кои се пропишани или дозволенио во к*ранот и Хадисите. Ма пример, не ми се бендисува тоа што на секоја страна се повикува на непријателство и истребување на Христијаните и Евреите, што секоја страница изобилува со клетви од типоит “Алах да ги проколне“, “проклети да се“, потоа, браковите со малолетници, бракови меѓу роднини (и тоа блиски),тоа што жената е суштество од понизок ранг (жената вреди колку половина маж, сведоштво на една жена не се смета за валидно итн), па да речеме некои “лапсуси“ од науката (к*ранот и човековото семе на пример), тоа што е религија на принуда (муслиман не смее да се откаже од ислам), тпа што е религија на одмаздување (око за око-паста за заби) и мнооооооооогу други.
Состојбата на муслиманите низ светот, начинот на кој живеат е најдобар показател за тоа колку к*ранот е Божја реч.
Така, тоа е моето видување
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: deshad
Датум на внесување: 09.Јануари.2010 во 22:05
Добро рече, тоа е само твое видување.Ти само експресно си поминала низ к*ранот, без волја да подзастанеш и подразмислиш за неговата содржина.Но, секој со својата намера нели?
------------- "Ако питаш који сам странац, поносно кажем:ЈА САМ БОСАНАЦ!"
|
Постирано од: dust
Датум на внесување: 10.Јануари.2010 во 19:58
Rita.MD напиша:
Ebu Muaz напиша:
Ne vo taa smisla, tuku pokoren na Allah dz. sh. takov rob, se pokoruvam celosno na nego |
Многу добро јас ти ја разбирам смислата. И многу добро го разбирам исламот. Се повеќе ми наликува на политичко и општествено, отколку на религиозно определување.
Како може алах, кој според вас ги создал сите луѓе, да бара од други да ги убиваат оние кои не веруваат во него?
Што е со таа случката што ја опишува жената на клипот?
Зарем Мухамед со своето однесување личи на Божји човек?
Повеќе шанси кај мене имаат мормоните отколку исламот.
Зашто самата доктрина на исламот повикува на борба против "неверниците"? Каков селам, ислам, мир е тоа?
|
Очигледно е дека сте слушале или можеби читале за исламот, но тоа сигурно не е доволно за критика или дискусија во врска со него.
Во говорот на Ресулулаах на последниот Хаџ, тој меѓудругото вели:
...Ви оставам два аманети(препораки), Алааховата книга и мојот Суннет, држете се до нив, и нокогаш нема да залутате...
Не судете го Исламот според муглиманите, туку муслиманите според Исламот.
Аллаховата книга(к*р’ан) не е објавена само за свештениците(оџите), како што е случај со некои “свети книги“, туку Тој е објавен за сите луѓе(без разлика на нивното религиско убедување).
Дозволено е критичко анализирање, меѓутоа не треба да се вадат работите од контекст.
Аллах(џ.ш.) во Книгата ги поставува границите-законите со кои ние(луѓето) ќе судиме во меѓучовечките односи. Така било и пред к*р‘ан, кога на неговите пратеници им објавувал закони. Тие закони некогаш се почитувале, некогаш се прекршувале. Но, не биле книгите и законите виновни за таквата ситуација, туку човекот со неговата ароганција. Законите се совршени, затоа што доаѓаат од Совршениот. Проблем има само во нивната имплементација.
Никаде нема да најдете дозвола за убивање на оние кои не веруваат. Дозволено е да се убива оној или оние што тргнале вас да ве убијат, оние што го загрозуваат животот на вашите блиски.
А и тие не се убиваат без претходно да се направи напор тоа на мирен начин да се реши.
А колку за неверниците: Вам вашата вера, мене мојата(к*р‘ан 109/6)
|
Постирано од: DOMOSTROJ
Датум на внесување: 08.Јануари.2013 во 18:36
Поглед на исламот
Денеска нема да зборуваме само за исламот како ислам. Секако, и натаа тема треба да разговараме, бидејќи многу луѓе воопшто не знаат што е исламот; знаат нешто за традиционална религија, зборуваат само за добро... Ќе зборуваме и за тоа, но ќе зборуваме и за посебните струи кои сега постојат внатре во исламот, бидејќи многу луѓе не сфаќајќи ја реалната ситуација, почнуваат да зборуваат: „Па, да, ете, муслиманите вршат терористички напади, сите тие се терористи“ или обратно: „Никој од нив не е терорист, затоа што муслиманот што јас го познавам, не подготвува напади“. Сето тоа е поврзано со фактот дека луѓето не знаат каква е внатрешната структура на исламската зедница, која на арапски се нарекува „ума“ [1]. 1. Ума - религиозна заедница и облик на општествена организација на луѓето. Теориски муслимаската заедница ги обединува сите муслимани на светот, независно од нивната етничка или културна припадност.
|
Постирано од: DOMOSTROJ
Датум на внесување: 08.Јануари.2013 во 18:37
Ние сме во состојба од гледна точна на Господа Бога да го оцениме овој религиозен правец. Зошто велам „од гледна точка на Господа Бога“? Затоа што ние, христијаните, се трудиме воопшто да немаме сопствена точка на гледиште. Таа нам воопшто не нé интересира. Според зборовите на еден англиски писател: „можеш да имаш илјада точки на гледишта, сé додека не ја најдеш вистината. Тогаш ќе постои само една точка на гледиште – вистинската“. Прво, треба да кажеме што е ислам. Кога зборуваат за ислам, многу често почнуваат да зборуват за него како за религија. Под зборот „религија“ се подразбира одредена религиозна организација, црква или секта – религиозна организација каде луѓето се собираат да се помолат, да решат некои духовни прашања.
|
Постирано од: DOMOSTROJ
Датум на внесување: 08.Јануари.2013 во 18:38
Во реалноста, тоа воопшто не е така. Исламот во таа смисла е мошне далеку од религијата според нашето традиционално сфаќање. Тоа е многу важно да се запамети, бидејќи разговорот кај нас често станува разговор на „глув телефон“. Кога разговараме со муслиманите, тие ни зборуваат за едно, а ние ним за друго. Не можеме да се разбереме едни со други, затоа што под едни исти зборови опфаќаме потполно различни сфаќања. Ете, неодамна еден добар човек ми предложи да го примам исламот и ми ја објасни причината зошто се обратил и зошто исламот е вистинската религија. Тој човек ми објасни дека исламот е вистинска вера затоа што муслиманите не пијат, не се дрогираат, сите нивни девојки се невини, не се допушта разврат и затоа исламот е многу добра религија, единствена надеж на напредниот човечки род.
|
Постирано од: DOMOSTROJ
Датум на внесување: 08.Јануари.2013 во 18:39
Иако фактите велат дека тоа не е вистина, макар само заради тоа што 80% од хероинот се одгледува во исламски земји... Меѓутоа, суштината е дека човекот ја доживува религијата како одреден проект на земен поредок. И тоа, патем речено, е силно изразена црта. Ако одиме на исламските интернет сајтови, ќе забележиме дека поголемиот број од материјалите кои се наоѓаат таму, претставуваат материјали за уредување на животот: за источната кујна, пазарот; кои се нормите на шеријатот за должината на брадата, за должината на ногавиците или било што – ете такви нешта! Тоа претставува одреден обид за глобално уредување на светот, кое се основа на Божјиот авторитет. Во таа смисла, исламот повеќе може да се споредува не со црква – Православна или римокатоличка – туку со проектите како национал - социјалистички, комунистички, сегашната глобализација. Токму тоа е проект на изградба на некакво царство Божјо на Земјата, со земни средства, под покровителство на Господа Бога.
|
Постирано од: DOMOSTROJ
Датум на внесување: 08.Јануари.2013 во 18:43
Исламот во кратки црти
Исламот проповеда фатализам, при кој слободното самоопределување на личноста се преобратува во фикција. Сè е условено и предодредено. Божеството го голта човекот, не оставајќи место за неговата слободна волја. Промислата Божја во исламот се претвора во ненадминлива судбина, а животниот пат на човекот – е во остварувањето на порано одреден план: сè што се случува со човекот, се прима како неизбежност. Таквиот поглед во неговата логична завршница треба да доведе со мисла за тоа дека нема можност за морален избор. Но, исламот не води до тоа. Неговите теолози ја разработиле концепцијата на паралелизмот, која дозволува морална слобода, но не и морална автономија. Тој поглед е сличен на концепцијата на блажениот Августин, отфрлена од Црквата, и на учењето на калвинистите. Противречноста меѓу моралната одговорност и ограничената слобода на волјата, исламските теолози се обидуваат да ја надминат со учењето за спасение на сите муслимани. Според нивниот закон на справедливост, муслиманите кои ќе согрешат треба да поднесат соодветна казна во задгробниот свет, но по молитвите на Мухамед и на имамите на исламот и на сиот исламски свет, дури и на најгрешните од муслиманите на крајот на краиштата ќе им биде простено. Треба да се обрати внимание на тоа дека во исламската религија нема посредник меѓу Бога и човекот, а Мухамед е – само пратеник, така што меѓу трансцедентното Божество и светот лежи непроодна пропаст. Ако е Евангелието монолитно, тогаш во сурите на Коранот, особено меѓу сурите на мекискиот (раниот) и мединскиот (доцниот) период, има противречности. Објаснувањето на муслиманите за тоа е дека Мухамед имал право да ги менува или да ги укинува своите одлуки, а исто така да ги заменува со други. Воопшто, за муслиманите, едно од карактеристичните својства на вистината е нејзината внатрешна противречност. Треба да се укаже и на своевидната „двојственост” на муслиманската религија, која на своите следбеници им припишува разни правила и обврски во однос на муслиманите и немуслиманите. Треба да се забележат религиозните војни со друговерците, што исламот ги заповеда. Може да се каже дека муслиманите се наоѓаат во состојба на постојана војна со немуслиманските народи, војна во која може да има привремени примирја, но не мир. Треба да се забележи и препораката на Коранот за принудните, насилни мери што се применуваат во однос кон победените народи за преобратување во ислам. Сметаме дека секое насилство во име на религијата е пред сè навреда за самата религија. Не можеме да се сложиме ниту со дозволеното во исламот многуженство, зашто бракот го сметаме за сојуз на љубов на две личности и нивно единство. Муслиманската мистика е најсилно изразена во суфизмот, кој извршил длабоко влијание врз литературата и уметноста на Средна Азија и Блискиот Исток. Тоа учење собрало во себе многу претстави и идеи од индуските мистички школи и секти и затоа се колеба меѓу монотеизмот и пантеизмот. Суфистичката поезија нашироко користи алегории и еротски образи за изразување на мистичките доживувања. На исламската мистика и припаѓаат многубројните дервишки редови; тие се засноваат на заповеди, што понекогаш напомнуваат на монашки завети, но се длабоко различни од нив внатрешно. Излегувањето од дервишкиот ред е слободно и никој не го порекнува. Повеќето устави на дервишките редови содржат во себе укажувања на такви аскетски методи, како што се пост, ноќни бденија, послушание на наставникот – имам итн. Но обично за висока духовна состојба се смета екстазата, која се постигнува со ритмички движења, танц, а во некои случаи – земање дрога. Кај шиитите религиозните празници ги следат театрализирани претстави и улични процесии. В прочем, треба да се каже, дека и покрај принципиелната разлика меѓу православната мистика на Божествената светлина и вештачката (уметничката) егзалтација на муслиманските дервиши, во целина исламот сочувал повеќе елементи на аскетизам отколку современиот католицизам, а уште повеќе – од протестантизмот.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Јануари.2013 во 19:29
Верување е нешто што не може да се докажи. Затоа е верување, а не е егзактна наука.
Убаво е кога човек си ги промовира своите верувања.
Не е убаво кога ги напаѓа туѓите.
Оној што го прави тоа треба да очекува дека евентуално ќе му се врати со иста мера од некој како него, но од другата страна.
Ова го говорам од долгогодишното искуство модерирање на овој подфорум. С'е се започнува со "докажување" на сопственото верување и негирање на туѓото, па со ескалирање на расправата не се доаѓа никаде подалеку од привремено или трајно банирање од форумов.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 08.Јануари.2013 во 19:42
A ima i takvi koj sami ke si gi izbrishat postovite.
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Јануари.2013 во 19:45
Има и такви кои си ги менуваат никовите, ама и тоа е за бадијала. Волкот си го менува рувото, ама не и ќудта.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: DOMOSTROJ
Датум на внесување: 08.Јануари.2013 во 23:19
Господине, точто е тоа дека верата е вера, но треба да направиме разлика помеѓу вера и теологиата, бидејки теологиата е наука за бога, ако тогаш теоологиата е наука за бога,ние треба да истражуваме, кој е вистинскиот Бог, каде вистински Бог се има откриено и после тоа која е вистината, и погоре наведувате дека верувањето неможе да се докаже, тоа е сосема погрешно мислење, бидејки вистинското верување се докажува со тоа каде бог вистински се богооткри. Јас се извинувам ако повредив некој од форумов, но мислам го кажав моето размислување за исламот и за неговата теологиа, и пред се не нападнав никого и друго ако има некој да ги поништи овие докази, но истражи и докажи дека исламот не проповеда фатализам,брави за него. Пред се простетеми што ке ви кажам уште нешто, отворете ги и другите теми за исламот кои се на форумов за да видете како спротивната стра се користи. поздрав.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Јануари.2013 во 06:04
Теологија е верска наука за Бога, а како таква таа не е ексклузивна само за Христијанството, туку постои и во Исламот, Јудаизмот, Хиндуизмот и сите други верувања и религии.
Со самото повикување на некаква наука за Бога, која се втемелува во нечие конкретно верување, не се докажува апсолутно ништо бидејќи секое верување се повикува на својата теологија.
Доколку твојата намера е доблесна, убеди ги луѓето со докажување на сопствената религија, а не со напаѓање на туѓите.
Eдна убава индијанска поговорка вели: повеќе пчели ќе уловиш со мед отколку со стап.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 12.Јануари.2013 во 08:44
Јас го обожавам Совршениот Ислам, како што Единствениот Вистински и Совршен БОГ ни го престави во инкарнацијата на Неговата Прасвета Мудрост - Исус!!!
После воскресението Исусово и Неговата средба со ними ... Додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им рече: “Шалом Алеихем!“ (“Селам Алејкум“), што преведено значи: „Мир вам!”
Ев. Лука 24:36
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: the stranger
Датум на внесување: 25.Јануари.2013 во 23:12
DOMOSTROJ напиша:
Господине, точто е тоа дека верата е вера, но треба да направиме разлика помеѓу вера и теологиата, бидејки теологиата е наука за бога, ако тогаш теоологиата е наука за бога,ние треба да истражуваме, кој е вистинскиот Бог, каде вистински Бог се има откриено и после тоа која е вистината, и погоре наведувате дека верувањето неможе да се докаже, тоа е сосема погрешно мислење, бидејки вистинското верување се докажува со тоа каде бог вистински се богооткри. Јас се извинувам ако повредив некој од форумов, но мислам го кажав моето размислување за исламот и за неговата теологиа, и пред се не нападнав никого и друго ако има некој да ги поништи овие докази, но истражи и докажи дека исламот не проповеда фатализам,брави за него. Пред се простетеми што ке ви кажам уште нешто, отворете ги и другите теми за исламот кои се на форумов за да видете како спротивната стра се користи. поздрав. |
Имаш уште материјал на порталот ВИСТИНАТА ЌЕ ВЕ ОСЛОБОДИ. Продолжи си со постирање.
|
|