Испечати | Затвори го прозорот

ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ ........КАКО,ШТО,КАДЕ

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20618
Датум на принтање: 20.Јуни.2024 во 14:16
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ ........КАКО,ШТО,КАДЕ
Постирано од: bijonse1
Наслов: ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ ........КАКО,ШТО,КАДЕ
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 20:39
Подтема на интересни моменти околу автомобилите ..........
секоја информација е добро да се знае .....
еве јас не знаев а научив ......

Како автомобилот „Мерцедес“ го доби своето име............размислување

Во 1897, Австрискиот бизнисмен Емил Јелинек, патувал од својот дом во Ница, Франција за да си купи автомобил од фабрката Дајмлер во Канстат, Германија. На враќањето кон Француската ревиера, неговата спортска кола Дајмлер Феникс привлекла големо внимание и решил да влезе во трка, под името „Мерцедес“, име на неговата омилена 9 годишна ќерка. Увидувајќи го потенцијалот на бизнисот со новиот автомобил, не само што купил уште 36 автомобили, туку обезбедил франшиза за продавање во неколку држави. Готлиб Дајмлер се согласил да ги продава автомобилите под името „Мерцедес“.

Името „Мерцедес“ било регистрирано по смртта на Дајмлер во 1900та, а трикраката ѕвезда станала зашититен знак. Дајмлер еднаш го нацртал амблемот на поштенска честитка и го пратил на својата сопруга, ѕвезда која симболизирал растот на бизнисот на земјата, морето и воздухот.

За Карл Бенз, името на автомобилот било едноставно: Го дал своето име на запчаниците за да го потенцира квалитетот на својот инжинеринг во Мајнхем. Заштитниот знак бил едноставен, венец, кој подоцна станал Ловров венец.

По Првата Светска Војна компаниите Дајмлер и Бенз работеле заедно, најмногу на реклама на исти постери. Тие се соединиле во 1926, комбинирајќи ги двата знака, односно ловровиот венец и трикраката ѕвезда како заштитен знак.

Интересно е што, иако Готлиб Дајмлер и Карл Бенз биле двајцата најголеми пионери во автомобил.  индустрија, најверојатно никогаш не се сретнале, иако живееле на само 100км еден од друг во Германија. Дајмлер починал во 1900тата, а Дајмлер-Бенз се соединиле во 1926.

Gottlieb%20Daimler
Готлиб Дајмлер (1834 - 1900) Одновач на Daimler Motoren Gesellschaft (DMG) во 1890, и на светот му ги понуди првите моторцикли, пикап камиончиња и такси.

Karl%20Benz
Карл Бенз (1844 - 1929) основач на Benz & Co во 1883 со Макс Роуз и Фридрих Њилхем Еслингер.

Mercedes%20Jellinek
Мерцедес Јелинек, ќерката на Емил Јелинек по кого и го носат името познатите автомобили.





Коментари:
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 20:41

Daimler Victoria, првото моторизирано такси во светот претставено во 1897.

На 16 Јуни 1897 било испорачано и првото такси на транспортниот претприемач од Штутгарт Фридрих Греинер со вграден таксиметар, а со тоа за првпат во светот била отворена моторизирана такси компанија...........глупчо


-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk